Луис Инасио Лула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 06:35:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Луис Инасио Лула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден и Лула најавија ново партнерство за поддршка на работничките права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/#respond Thu, 21 Sep 2023 06:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=880078

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Бразил, Џозеф Бајден и Луис Инасио Лула да Силва, денеска на состанокот во Њујорк ја изразија својата взаемна наклонетост кон правата на работниците, јасно воздржувајќи се од презентирање на какви било разлики во врска со војната во Украина и други прашања. Бајден и Лула се сретнаа на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации за климатските промени. Претседателите на двете најголеми демократии во Северна и Јужна Америка најавија ново партнерство за поддршка на работничките права, притоа избегнувајќи отворени дискусии за руската инвазија на Украина и американското ембарго против Куба. Бајден и Лула истакнаа дека имаат заеднички цели. Бајден, долгогодишен поддржувач на синдикатите, се обиде да го поврзе состанокот со Лула со проблемите на американските работници и тие се важен дел од неговата кампања за реизбор на претседателската функција во 2024 година. Тој ги поддржува тековните големи и важни штрајкови на работниците во автомобилската и филмската индустрија кои бараат подобри плати и заштита на правата во глобалната економија која паѓа. -Кога средината е добро, на сите им оди. Луѓето од работничката класа имаат шанса да напредуваат. А на богатите сè уште им оди добро - се додека плаќаат даноци, му рече Бајден на Лула. Лула, пак, посочи дека никогаш не слушнал американски претседател да зборува толку позитивно за работниците и ја опиша нивната заедничка кауза како шанса да се трансформираат врските меѓу нивните две земји. -Оваа средба за мене е повеќе од билатерална, тоа е раѓање на нова ера во односите меѓу САД и Бразил, рече Лула нарекувајќи ја средбата како „златен момент за нас“. Целта на нивното ново партнерство за трудот е да се запре експлоатацијата на работниците и принудната и детската работа, како и дискриминацијата на работното место, истовремено создавајќи можна рамка за другите да се приклучат на Групата 20. Двајцата лидери, исто така, сакаат да гарантираат дека транзицијата од фосилни горива кон обновлива енергија ќе се фокусира на правата на работниците.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
Издаден налог за апсење на Лула да Силва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-lula-da-silva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-lula-da-silva/#respond Fri, 06 Apr 2018 07:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=37193

Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва. Налогот е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција. Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден месец затворска казна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-lula-da-silva/feed/ 0