лук шо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jul 2021 08:09:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лук шо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лук Шо израмни рекорд на Дејвид Бекам во дресот на репрезентацијата на Англија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-izramni-rekord-na-dejvid-bekam-vo-dresot-na-reprezentacijata-na-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-izramni-rekord-na-dejvid-bekam-vo-dresot-na-reprezentacijata-na-anglija/#respond Sun, 04 Jul 2021 08:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=531597

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо одлично игра на репрезентативно ниво особено на Европското првенство каде неговата селекција Англија се пласираше во полуфиналето.
Шо на мечот против Украина кој Англија го доби и повеќе од лесно со убедливи 4:0 запиша две асистенции и беше меѓу најдобрите играчи на теренот на „Олимпико“ во Рим.
Левиот бек запиша две асистенции за погодоците на Хари Кејн и Хари Мегваер и со тоа стигна до бројката од вкупно три асистенции на Европското првенство. Со ваквата бројка, Шо се израмни со некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам кој досега го држеше рекордот за најмногу асистенции на едно Европско првенство како член на селекцијата на Англија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-izramni-rekord-na-dejvid-bekam-vo-dresot-na-reprezentacijata-na-anglija/feed/ 0
Јунајтед размислува за разделба со Лук Шо поради Бен Чилвел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-razmisluva-za-razdelba-so-luk-sho-poradi-ben-chilvel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-razmisluva-za-razdelba-so-luk-sho-poradi-ben-chilvel/#respond Tue, 14 Jul 2020 20:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=375764

Манчестер јунајтед би можел да се раздели со Лук Шоу, доколку сакаат да го привлечат дефанзивецот на Лестер, Бен Чилвел, тврди „Сан“. „Лисиците“ сакаат околу 60 милиони евра за правата на својот играч, а се верува дека „црвените ѓаволи“ во моментов се чекор пред Челси и Манчестер Сити, кои исто така се заинтересирани за бекот. Сепак, според изворот, можниот трансфер на Чилвел во Јунајтед би значел помалку време за играње на Шо. Англичанецот се соочи со конкуренција оваа сезона за своето почетно место во лицето на Брендан Вилијамс. Поради добрите перформанси на младиот фудбалер, Шо беше оставен на клупата неколку пати, но по продолжувањето на сезоната тој започна од првата минута на секој досегашен натпревар. Сепак, во случај на привлекување играчот на Лестер, Јунајтед би ја разгледал можноста за разделба со својот играч и со тоа да го наметне Чилвел во почетниот состав. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер не ги коментираше гласините кои ја поврзуваат неговата екипа со привлекување на Англичанецот, но рече дека многу зависи од тоа дали клубот ќе се квалификува во Лигата на шампиони. Јунајтед моментно е на петтото место, само еден бод зад третопласираниот Челси и со ист број на поени со четвртопласираниот Лестер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-razmisluva-za-razdelba-so-luk-sho-poradi-ben-chilvel/feed/ 0
ФОТО: Шо му се смееше на Лукаку по испаѓањето на Интер од ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sho-mu-se-smeeshe-na-lukaku-po-ispagjanjeto-na-inter-od-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sho-mu-se-smeeshe-na-lukaku-po-ispagjanjeto-na-inter-od-lsh/#respond Wed, 11 Dec 2019 07:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=275809

Интер не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите и на пролет ќе продолжи во второто по квалитет клупско натпреварување – Лига Европа. Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо на Твитер го исмеваше поранешниот соиграч Ромелу Лукаку. – Добредојдовте! – напиша Англичанецот. За потсетување, минатата сезона Лукаку играше за Манчестер јунајтед од каде летото си замина во Интер поради тоа што клубот не обезбеди учество во ЛШ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sho-mu-se-smeeshe-na-lukaku-po-ispagjanjeto-na-inter-od-lsh/feed/ 0
Лук Шо: Луѓето брзо заборавија што направи Мурињо за Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-lugjeto-brzo-zaboravija-shto-napravi-murinjo-za-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-lugjeto-brzo-zaboravija-shto-napravi-murinjo-za-junajted/#respond Mon, 24 Dec 2018 15:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=144384

Бекот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, изјави дека на Мурињо треба да му се оддаде заслужена почит за она што го постигна на „Олд Трафорд“. Португалецот беше отпуштен од „црвените ѓаволи“ минатата недела по слабиот старт на сезоната. За време на престојот во клубот, Мурињо често го критикуваше Шо, но и му даде шанса да се истакне. – Не е многу пријатно кога нешто толку големо ќе се случи во клубот, но мислам дека сите ние, играчите, треба да покажеме почит. Луѓето брзо заборавија што направи Жозе за Јунајтед, трите трофеи кои ги освои. Тој направи многу. Еден од трофеите (Лига Европа) клубот никогаш не го освоил. Затоа луѓето треба да го почитуваат и да се сетат на она што го сторил. Не само играчите туку и навивачите, изјави Шо. По одличното деби на Оле Гунар Солскјер и победата од 5:1 над Кардиф, Шо призна дека ова е начинот на кој тимот треба да игра. – Кај секој менаџер, при секакви околности, тоа е начинот на кој од Манчестер Јунајтед се очекува да игра. Ја движевме топката побрзо, бевме поефикасни. Во претходните натпревари имавме шанси, но не ги користевме повеќето од нив, коментираше дефанзивецот. Тој додаде дека целта пред тимот е да влезе во топ 4 и рангирање во Лигата на шампионите, иако тимот заостанува осум поени од Челзи и Арсенал, кои се моментно четврти и петти. – Се разбира дека сакаме да бидеме во топ 4, сакаме да играме во Лигата на шампионите следната сезона. Ако продолжиме да играме како против Кардиф, не гледаме зошто не можеме да успееме. Патот е долг и мора да се концентрираме на тоа како да ги стигнеме тие пред нас, додаде фудбалерот на „црвените ѓаволи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-lugjeto-brzo-zaboravija-shto-napravi-murinjo-za-junajted/feed/ 0
Лук Шо по повредата соопшти дека се чувствува добро https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-po-povredata-soopshti-deka-se-chuvstvuva-dobro/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-po-povredata-soopshti-deka-se-chuvstvuva-dobro/#respond Sun, 09 Sep 2018 10:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=98402

Англискиот репрезентативец Лук Шо тешко се повреди по судирот со Дани Карвахал на натпреварот против Шпанија од Лигата на нации. Шо падна на главата и остана неподвижно да лежи на теренот, по што веднаш беше пренесен во болница. Инцидентот предизвика загриженост кај навивачите, но денеска фудбалерот преку својот Твитер профил соопшти дека се чувствува добро. - Ви благодарам за целата љубов и поддршка. Јас сум добро и во најдобрите раце. Борец сум и наскоро ќе се вратам, напиша Шо. Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето во Лондон. За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luk-sho-po-povredata-soopshti-deka-se-chuvstvuva-dobro/feed/ 0