Лук Стајнс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Jan 2023 11:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лук Стајнс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стајнс не е целосно фокусиран на Македонија и СП: Причината е смртта на неговиот татко https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stajns-ne-e-tselosno-fokusiran-na-makedonija-i-sp-prichinata-e-smrtta-na-negoviot-tatko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stajns-ne-e-tselosno-fokusiran-na-makedonija-i-sp-prichinata-e-smrtta-na-negoviot-tatko/#respond Sun, 15 Jan 2023 11:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=787524

Очите на холандската спортска јавност се вперени кон ракометниот Мундијал во Полска и Шведска, но особено кон својата најголема ѕвезда Лук Стајнс. Ракометарот на Пари Сен Жермен призна дека не е целосно фокусиран на Светското првенство и не е во најдобра форма. Причината е смртта на неговиот татко, Леи Стајнс непосредно пред големиот христијански празник, Божиќ. Стајнс вели дека сè уште му е тешко. „Тоа беше тешко време и ако бидам искрен, сè уште е. Се обидувам да го пополнам сето тоа најдобро што можам и мислам дека успевам доста добро“. Париз од родниот град на Стајнс, Лимбург е оддалечен четири часа возење, а откако дозна дека неговиот татко не може повеќе да се лекува покрај тренинзите и натпреварите го користеше секој момент за да патува и да го посети. Долгите патувања му одзеде многу енергија. „Избрав да му дадам приоритет на моето семејство. Тоа не е добро за врвен спортист, но најдобар избор за мене. Останува да најдам нова рамнотежа. Сакам да бидам 100 проценти вклучен во врвниот спорт, имајќи предвид дека тоа не е најважното нешто“, вели ракометарот. Стајнс се очекува да биде најголемата закана за македонските ракометари на натпреварот во рамки од второто коло од првата групна фаза на Мундијалот во Полска и Шведска. извор: gol.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stajns-ne-e-tselosno-fokusiran-na-makedonija-i-sp-prichinata-e-smrtta-na-negoviot-tatko/feed/ 0