лука софрониевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Apr 2019 10:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лука софрониевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БРАВО ЗА ЛУКА: Талентираното дете од Македонија ја освои публиката и третото место на меѓународен натпревар https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-luka-talentiranoto-dete-od-makedonija-pobedi-na-megjunaroden-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-luka-talentiranoto-dete-od-makedonija-pobedi-na-megjunaroden-natprevar/#respond Fri, 29 Mar 2019 09:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=180127

На познатиот меѓународен натпревар малиот Македонец Лука Софрониевски го освои третото место. КУРИР за ова талентирано дете пишуваше во својата рубрика „млади таленти“. Настапи на интернационалниот фестивал Polihymnia, со програмата која ја гледате во продолжение. Пијаното прво му беше интерес, а потоа хоби. Денес ги совладува вештините и навистина успева во тоа. Талентот, вели, го наследил од својот татко и од чичко му. Лука е син на Владимир Софрониевски-Фриц, кој исто така е музичар. Видеото од настапот можете да го погледнете ТУКА.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-luka-talentiranoto-dete-od-makedonija-pobedi-na-megjunaroden-natprevar/feed/ 0
Звучи како светски познат маестро, а тоа е нашиот 10-годишен Лука (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/#respond Tue, 27 Feb 2018 14:49:17 +0000 http://kurir.mk/?p=25373

Лука Софрониевски има само 10 години, а со своите златни прстиња го покажува големиот талент кој го поседува. Има дарба за музика, но и многу работи на тоа да се доградува себеси. Свири и пее одлично уште од најрана возраст, па веќе успеа да се избори за своето место меѓу најталентираните дечиња во Македонија. Затоа денес, тој е дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. Пијаното прво му беше интерес, а потоа хоби. Денес ги совладува вештините и навистина успева во тоа. Талентот, вели, го наследил од својот татко и од чичко му. Лука е син на Владимир Софрониевски-Фриц, кој исто така е музичар. Има помали братче и сестричка, за кои се надева дека ќе ги следат неговите стапки. -Одам во Музичко училиште кај професорката Лиле Атанасова која ме подготвува за натпревари и концерти. Навистина многу научив таму. Имам добиено две први награди и многу сум среќен. Тие ми се мотив да научам да свирам уште поубаво, вели малиот Лука за КУРИР.МК. Во музичко училиште оди веќе четири години бидејќи, за секоја пофалба, уште на 6-годишна возраст точно знаел што сака. -Во иднина сакам мојата професија да биде музиката. Многу вежбам и се трудам да си го исполнам тој сон. Сакам еден ден да бидам врвен пијанист, рече Лука. Освен неговиот татко Софрониевски, на Лука му е идол македонската гордост Симон Трпчевски. Од кога почна да посетува часови, Лука заборави на детските песнички или она што го слушаат децата на негова возраст. -Секогаш слушам класична и забавна музика. Кога ќе слушнам добра композиција, веднаш сакам да ја отсвирам. Ги слушам настапите на Симон Трпчевски, кој е еден од моите идоли, од него навистина многу можам да научам, вели овој млад талент. Пијаното му е најголема љубов меѓу инструментите, но Лука не запира во својот талент за инструменти. -Најмногу свирам пијано, но многу се трудам и успеав да научам да свирам и на ударни инструменти. Свирам тарабука и тапани, ни откри Лука. За негова  возраст, Лука на сцена се однесува како вистински професионалец. Токму затоа никого не остава рамнодушен. -Имам трема, ама не како да се плашам, туку трема од возбуда. Секогаш кога настапувам давам се од себе. Чест ми е кога после настапот ми се доближуваат луѓе и ми викаат дека сум одличен. Ме нарекуваат “вистински мајстор“ за тоа што го свирам. Секако, тоа ме тера да вежбам уште повеќе, вели Лука за КУРИР.МК. Стручни лица во неговата област не штедат пофалби за ова мало момче. Професорите по музичко веднаш го забележуваат неговиот талент. -Постојано вежбам, но пред настап навистина посветувам многу време за тоа. Имам повеќе приватни часови од вообичаеното, а потоа вежбам и сам дома. Мојата професорка е прекрасна, таа е заслужна за мојот досегашен успех. Ме учи и ме поттикнува да станам уште подобар, кажа Лука за КУРИР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/feed/ 0