луке галески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 14:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луке галески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dodeka-vladata-i-arsovska-si-ja-prefrlaat-topkata-stradaat-1000-semejstva-bez-plati-i-skopjani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dodeka-vladata-i-arsovska-si-ja-prefrlaat-topkata-stradaat-1000-semejstva-bez-plati-i-skopjani/#respond Wed, 19 Oct 2022 14:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=747807

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“. Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“. - Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води, рече Галески. Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот. - Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска. Галески потенцираше: „жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dodeka-vladata-i-arsovska-si-ja-prefrlaat-topkata-stradaat-1000-semejstva-bez-plati-i-skopjani/feed/ 0
Галески до Арсовска: Демантот не е само од Перински, не е само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од ЕИБ, ама некогаш молчењето значи потврда повеќе од зборувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-arsovska-demantot-ne-e-samo-od-perinski-ne-e-samo-od-vmro-dpmne-tuku-i-od-eib-ama-nekogash-molchenjeto-znachi-potvrda-povekje-od-zboruvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-arsovska-demantot-ne-e-samo-od-perinski-ne-e-samo-od-vmro-dpmne-tuku-i-od-eib-ama-nekogash-molchenjeto-znachi-potvrda-povekje-od-zboruvanjeto/#respond Thu, 15 Sep 2022 10:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=733162

Јас ќе поставам три прашања, а сите три прашања се однесуваат до градоначалничката Данела Арсовска, ќе отворам повеќе дилеми и на крај ќе го поставам конкретното прашање. Првото прашање се однесува на најжешката тема оваа недела, а тоа е компромитацијата на проектот за изградба на пречистителната станица, проект кој што е тежок 160 милиони евра. Како што кажа директорот на „Водовод и канализација“, кој што беше разрешен Златко Перински, тој е жртва на притисок од страна на градоначалничката Данела Арсовска која побарала смена на Комисијата за еваулација на понудите за овој проект. Дека овие тврдења имаат поткрепа тоа е и дописот кој што го држам во рака, и каде што со потпис на Данела Арсовска се бара смена на членовите на Комисијата. Овој допис е испратен на 25.07.2022 година односно пред повеќе од месец и половина, и ако се точни тврдењата дека е Перински кој тој вршел притисок и влијание врз процесот и демонстрирал самоволие како што кажа градоначалничката, тогаш овој документ кој што го држам во рака потврдува дека Вие сте знаеле за тоа, а не сте ги известиле надлежните институции повеќе од месец и половина. Останува неодговорено прашањето зошто сте чекале месец и половина и зошто и покрај јасното тврдење на Европската инвестициона банка која што одговорила негативно за разрешување на членовите, Вие тоа сте го барале, ја запраша градоначалничката на град Скопје, Луке Галески, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната седница на советнички прашања. Галески додаде дека се работи за сериозен сомнеж за влијание на процесот преку упад на смена членови на Комисијата за еваулација потврда стигна и вчера вечер од Европската инвестициона банка. „Банката вели, слушајте добро градоначалничке – „Секој обид за ревидирање на стратегија за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост ќе предизвика одложување на процесот за набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата“. Се надевам дека добро слушате“, и нагласи Галески на Арсовска. Советникот посочи дека ЕИБ заклучува од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата, набавките се спроведени согласно Водичот за набавки на ЕИБ и во согласност на одобрената стратегија. До денес комитетот за еваулација потпомогнат од искусен тим на меѓународни консултанти ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Галески нагласи дека сето тоа пишува во реакцијата на ЕИБ. „Значи согласно ова загрозен е проект за кој што Европската инвестициона банка определила огромна сума на пари. Значи демантот на Арсовска не е само од Перински, не е само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од ЕИБ. А, она што исто така привлекува внимание е тоа што градоначалничката во светот на медиумите важи за доста прилично затворена, жена која што има слаба комуникација со новинарите, но затоа истиот ден кога се отвораа понудите во „Водовод и канализација“ , таа имаше мотив да упадне на прес конференцијата. Можеби мотивот зошто тоа направивте лежи во овој лик тука, овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите не знам од каде дознале дека е учесник на тендерот 160 милиони евра“, ја запраша Галески Арсовска. „Во јавноста излезе дека понудата на турска компанија имала 20 милиони евра пониска понуда од останатите. Навистина е симптоматично од каде се таквите информации кога понудите се уште не биле отворени. Дали за ова требаше промена на членовите на Комисија за еваулација? И факт е дека уште двајца други директори си поднесоа оставки. Истите директори кои што Арсовска ги фалеше претходниот ден дека се исполнителни, дека ги извршуваат своите обврски веќе следниот ден беа разрешени. Е сега кога беа добри, дента кога ги фалевте или следниот ден кога баравте оставка? Тие сами си заминаа. Но, веднаш потоа беше пуштена информација во медиумите од страна на Градот Скопје и од Арсовска дека понудата била или дајте си оставки или заминете. Непотврдени информации говорат дека се случувал вистински хаос во Архивата на Градот Скопје. Па, така само ќе предупредам дека лицата Ѓорѓи Грковски, Филип Силјановски ако не биле предупредени треба да знаат дека антидатирањето на документи е кривично дело“, предупреди Галески. Тој истакна дека главните забелешки на скопјани не се за пречистелната станица, не е само за целиот овој искреиран хаос туку во насока на неисполнувањето на ветеното. „Главната поента на ова прашање е дали сте го знаеле ликот кој што го посочив? И второто потпрашање е зошто кога сте знаеле за обиди за влијание пред месец и половина тие не сте ги искажале односно не сте ги пренеле во Обвинителство“, ја запраша Галески градоначалничката. „Второто прашање исто така се однесува до градоначалничката, а тоа е колку должи Градот и на кои компании? Дали има вистина дека се плаќа само на оние компании кои што ќе исполнат еден услов? И кој е тој услов, треба да ни каже градоначалничката. А, третото прашање се однесува на ветувањето за бесплатен јавен превоз исто така до градоначалничката. Ова ветување беше клучно во кампањата и добро е јавноста да знае дали конечно ќе се реализира. И на крај претпоставувам дека градоначалничката нема да има одговор на ништо од ова ама некогаш молчењето значи потврда повеќе од зборувањето“, нагласи Галески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-arsovska-demantot-ne-e-samo-od-perinski-ne-e-samo-od-vmro-dpmne-tuku-i-od-eib-ama-nekogash-molchenjeto-znachi-potvrda-povekje-od-zboruvanjeto/feed/ 0
Галески: ЈСП оставено со загуба од 205 милиони денари минатата година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jsp-ostaveno-so-zaguba-od-205-milioni-denari-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jsp-ostaveno-so-zaguba-od-205-milioni-denari-minatata-godina/#respond Wed, 20 Apr 2022 12:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=665931

Една од оставштините кои што ни ги остави претходната администрација беше продажбата на нова административна зграда по цена која е далеку помала од реалната. А друга оставштина која што ни ја остави се загубите на претпријатијата во градот Скопје и тоа многу лесно може да се види од годишната сметка на Јавното сообраќајно претпријатие за 2021 година, вели Галески советник во Советот на Град Скопје на денешната седница. Галески потенцираше дека ЈСП бележи загуби од 205 милиони денари, како и дека претпријатието земало и кредит за кое што годишно според извештајот треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари. -ЈСП бележи загуба од 205 милиони денари, ете толку домаќински се работело. Од извештајот може да се забележи зголемување на ставката за трошоци на суровини и материјали од цели 107 милиони денари, или 1 милион и 700 илјади евра при намален приход. Значи пред минатата година биле 248 милиони, а во 2021 година тоа се 356 милиони денари. Добро е да се знае за што се потрошени овие пари и зошто е зголемена сумата од цели 1 милион и 700 евра. Како тоа да не било доволно претпријатието земало и кредит за кое што годишно според извештајот треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари, истакна тој. Галески додаде дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и праша зошто овие возила се оставени во таква состојба со оглед на тоа дека во извештајот стои дека се инвестирани инвестирани пари, нагласувајќи дека претходната градска управа со ваква лоша финансиска состојба објавила оглас за вработување на 175 нови вработувања во претпријатие за административен кадар, но не и за возачи на автобуси за кои како што рече се дефицитарни. -Според извештајот исто така може да се забележи дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и прашање е зошто при толку многу потрошени пари овие возила биле оставени во таква состојба. И ако некој има дилеми зошто претпријатието има загуби од 205 милиони денари, добар одговор може да даде и настанот пред една година токму во оваа сала, кога тогашната градска управа предложи план за вработување во ЈСП кои што предвидуваше 175 нови вработувања. Значи 175 нови вработувања, а загуба од 205 милиони денари, и тогаш ние укажувавме на тоа дека претпријатието финансиски се истоштува, а одговорот беше дека има солиден план за консолидација на претпријатието. Епа еве го гледаме тој солиден план, 175 вработувања за една година, а загуби од 205 милиони денари. Во истата година за привремени вработувања согласно извештајот се дадени дополнителни 4 милиони и 720 илјади денари или 76.000 евра, а претпријатието ангажирало и приватен преведувач бидејќи не можело да користи сопствени ресурси и за тоа се дадени некаде околу 472 илјади денари, дециден е тој. Галески рече дека ја поздравува одлуката на градската управа и градоначалничката за намалување на цената на автобускиот билет, посочувајќи дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани. -И сега сигурно образложението би било па ЈСП постојано се храни со субвенции од градот, па таа практика мора да се промени. Инаку за потенцирање овие 175 нови вработувања согласно планот кој што минатата година го усвои претпријатието не се предвидени за дефицитариот кадар за возачи на автобуси, туку се предвидени вработувања за друг административен кадар и можеме да претпоставиме за што станувало збор со оглед на тоа дека мината година беше изборна година. И се разбира дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани и во таа насока ја поздравувам иницијативата на оваа градска управа и на градоначалничката да се намали цената на билетот и да се најде друг начин за финансиски да се консолидира ова претпријатие, заклучи Галески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jsp-ostaveno-so-zaguba-od-205-milioni-denari-minatata-godina/feed/ 0
Галески: ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување на машини на фирма блиска до струмичкиот клан и екс генералниот секретар на владата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/#respond Thu, 10 Mar 2022 16:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=644981

ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување на машини, познато е дека минатата градска власт покрај тоа што е позната како обожавател на бифтеци, била обожавател на тендери, така за изнајмување на механизација била ангажирана компанија која во јавноста беше кажано дела била блиска до претходниот генерален секретар на владата против кого се водат повеќе кривични постапки, а самата компанија потекнува од Струмица и е блиска до струмичкиот клан кој е фаворизиран и омилен на централната власт, изјави Галески, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје наменета за советнички прашања. Галески прашува бидејќи ова претставува основен сонмеж за корупција дали актуелниот директор планира во иднина набавка на сопствена механизација како би се спречиле понатамошни сомнежи при ангажирање на компании. Директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски во својот одговор истакна дека досегашната пракса за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува и станува минато, а претходното раководство трошело многу повеќе пари за таа намена. - Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното Претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски. Галески упати и две прашања до директорот на ЈП Водовод кои се однесуваат на можноста на плаќање на сметките без камати, но и во врска со инвестициите на водоводната и канализациона мрежа кои очигледно беа запоставени од претходното раководство - Другите две прашања се однесуваат до директорот на ЈП Водовод. Започна одлична акција, со оглед дека голем дел граѓани имаат економски потешкотии, а тоа е можноста за плаќање на сметки за вода без камата, колку е искористеноста на оваа акција? Второ прашање е дали се планира инвестиции во однос на водоводната и канализационата мрежа со оглед дека Скопје има децениска зпоставеност во одредени делови на градот, изјави Галески. Во однос на прашањата директорот на ЈП Водовод, Златко Перински истакна дека во врска со акцијата за наплата на сметки без камата од страна на стопанството и домаќинството реализирани се 310 договори во вредност од 22 милиони денари, додека во врска со реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа согласно постоечката рамка со важност до 15 април планирано е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари. - И во таа насока согласно потребите на Градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде после 16 април дополнително околу 90 милиони денари во делот на водоводната мрежа ќе ни бидат на располагање за реконструкција и околу 70 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на канализациона мрежа. Така што имаме доволно средства предвидено во оваа година, ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, вели Перински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/feed/ 0
Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-jp-gradski-parking-bila-kidnapirana-institucija-od-strana-na-lica-od-vlasta-rodnini-i-prijateli-na-lider-na-politichka-partija-na-vlast-del-od-vrabotenite-vo-ovaa-institucija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-jp-gradski-parking-bila-kidnapirana-institucija-od-strana-na-lica-od-vlasta-rodnini-i-prijateli-na-lider-na-politichka-partija-na-vlast-del-od-vrabotenite-vo-ovaa-institucija/#respond Thu, 24 Feb 2022 14:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=636087

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје. Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале. - Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој. Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата. - И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески. Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-jp-gradski-parking-bila-kidnapirana-institucija-od-strana-na-lica-od-vlasta-rodnini-i-prijateli-na-lider-na-politichka-partija-na-vlast-del-od-vrabotenite-vo-ovaa-institucija/feed/ 0
Галески: Дали е точно дека директори, министри, и советници на власта и нивни соработници паркирале бесплатно и го злоупотребувале ЈП Градски паркинг https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dali-e-tochno-deka-direktori-ministri-i-sovetnici-na-vlasta-i-nivni-sorabotnici-parkirale-besplatno-i-go-zloupotrebuvale-jp-gradski-parking/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dali-e-tochno-deka-direktori-ministri-i-sovetnici-na-vlasta-i-nivni-sorabotnici-parkirale-besplatno-i-go-zloupotrebuvale-jp-gradski-parking/#respond Thu, 20 Jan 2022 13:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=621309

-Тука беше спомнато дека претпријатието „Паркинзи“ во минатото работело домаќински, но од актуелниот директор слушнавме дека во минатото биле давани од Градот Скопје 37 милиони денари за субвенции и дека претпријатието должи 33 милиони денари кон Градот Скопје. Толку од домаќинското работење на претпријатието. А, што се однесува до бранењето на принципите, до укажувањето дека премногу се штитени интересите на претпријатието и слично, тука директорот посочи некои индиции кои што отвораат големи сомнежи, но еве јас ќе говорам и за она кое што претставува јавна тајна, па демантирајте ме дали е така, истакна Луке Галески, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница. Дали е точно дека директори, министри, советници и нивни луѓе паркирале бесплатно преку ипад на системот за паркирање? Галески запраша дали е водено плаќање кое што не било фискално прибележено во претпријатието, а тоа траело со години? „Дали е точно дека има советници кои што седат во овие советнички клупи, чии што автомобили биле прибележани и кои што имале право да прибележат автомобили на кои што им биле давани годишни карти и биле со ослободувања со цел бесплатно паркирање? Дали на тој список има и министри, актуелни шефови на кабинети? И дали еден поранешен градоначалник со целото негово семејство е на списокот за бесплатно паркирање на претпријатието“, рече Галески. Галески побара од директорот да поработи на овој случај и истите наоди и индиции да ги сподели со јавното обвинителство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-dali-e-tochno-deka-direktori-ministri-i-sovetnici-na-vlasta-i-nivni-sorabotnici-parkirale-besplatno-i-go-zloupotrebuvale-jp-gradski-parking/feed/ 0
Галески: Оставштината на Шилегов се 160 милиони евра долгови и заглавени проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-ostavshtinata-na-shilegov-se-160-milioni-evra-dolgovi-i-zaglaveni-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-ostavshtinata-na-shilegov-se-160-milioni-evra-dolgovi-i-zaglaveni-proekti/#respond Wed, 29 Dec 2021 20:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=614665

Кога се збори за еден предлог Буџет треба да се има во предвид дека тој ги изразува тенденциите и развојните планови на она кое што е наследено и на она кое што претходно е направено. И кога се гради една куќа таа никогаш не се почнува од кровот, туку секогаш треба да се гледа во темелите, а темелите треба да ги гледаме во претходните четири години кои што ги потроши претходниот градоначалник затоа што тој беше градоначалник пред само 40 до 50 дена, вели советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески на денешната седница. Галески истакна дека кога претходниот градоначалник на Град Скопје потрошил четири буџети во вкупна вредност од 380 милиони евра, а резултатот од неговата работа е дупка од 160 милиони евра Претходниот градоначалник потроши четири буџети со вкупна вредност од 380 милиони евра и јас нема да зборам на памет туку ќе зборам многу прецизно. Резултатот од неговата работа е дупка од 160 милиони евра или прецизно 158.196.797 евра. За каков развој зборуваме тука кога потрошени се четири буџети за четири години, а ова е оставштината од градоначалникот, додаде Галески. Галески укажа дека од правен аспект за реализација на проектите мостот АСНОМ и Момин Поток ќе бидат потреби од една до четири години, додавајќи дека претходната власт потрошила потрошени 160 милиони евра за мостот АСНОМ а оставила 139 предмети да се доработат, додека за проектот Момин Поток потрошила 18 милиони евра а оставила дури 105 активни постапки. Мостот АСНОМ 139 предмети кои што остануваат да се доработат, а потрошени 160 милиони евра. Момин Поток 18 милиони евра, 105 постапки кои што се активни. Правно гледано минимум за овие постапки треба од една до четири години, што значи дека една до четири години ќе треба реализација само за овие проекти, изјави тој. За мостот Љубљанска Галески укажа дека секаде во светот мостот е објект кој поврзува, само во Скопје како што рече тој мостот е објект кој што поврзува ништо. За Љубљанска има договор само за мостот и секаде во светот мостот е објект кој поврзува два крај, но само кај нас мостот е објект кој што поврзува ништо. Од овие 168 милиони евра кои што ги остави претходниот градоначалник, 58 милиони 140 илјади евра се доспеани и недоспеани обврски, 11 милиони и 380 илјади се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори. Има 7 договори за заем, и тоа 4 договори од Светска Банка, еден со ЕБОР, два договори со домашни и комерцијални банки и сите во вкупна вредност од 32 милиони евра. Кога се грижите за развојот на Скопје треба да ги спомнете и овие обврски. БРТ 70 милиони евра без предвидени средства за дислокација и изградба на потребниот мост меѓу Карпош и Влае, резултатот 160 милиони евра, рече тој. Во однос на изјавите за лева и десна страна на Скопје, Галески порача дека тој не познава ниту лева ниту десна страна од градот, туку дека има само едно Скопје, како што има една Македонија. Тука некој спомна дека има лева и десна страна на градот, но јас таква не познавам затоа што има само едно Скопје, исто како што има само една Македонија, порача Галески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-ostavshtinata-na-shilegov-se-160-milioni-evra-dolgovi-i-zaglaveni-proekti/feed/ 0
Галески: Пукаат плочките на Кеј, но „пука“ и цената по која се набавени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-pukaat-plochkite-na-kej-no-puka-i-cenata-po-koja-se-nabaveni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-pukaat-plochkite-na-kej-no-puka-i-cenata-po-koja-se-nabaveni/#respond Fri, 09 Jul 2021 12:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=534417

Луке Галески, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска во изјава за Нетпрес вели дека забетонираните дрва на Шилегов на Кејот 13 Ноември се само едната страна од приказната, другата вистина која е многу подлабока е практично самиот тендер, или материјалот кој се употребува, нивниот квалитет, како и цените од самиот договор кој речиси достигнува 1.5 милион евра за неколку стотина метри поплочување, што отвора прилично многу сомнежи. -Пукаат плочките, но институциите треба да проверат дали пука и цената на партнерите плочки кој се поплочуваат, а која доколку се направи едноставно истражување ќе се види дека е за неколку пати поголема од таа која се продава на пазарот, вели Галески. Инаку во тендерската документација стои дека плочките се околу 4 700 денари за квадратен метар, додека на пазарот поскапите плочки се продаваат за цена од 10 евра за метар квадратен. Оттука се поставува прашањето за огромната разлика во цените од 10 евра пазарна вредност до над 70 евра метар квадратен колку што е цената на плочките на кејот. Галески вели дека од друга страна веројатно ќе ги има овој кеј и најскапите светилки во Скопје од 5800 денари една светилка, или низа други работи кои отвораат сомнеж целата работа темелно да се испита. -Има тендери и кои доколку се погледнат целосно не се спорни, но доколку се погледаат поединечните цени ќе се видат прилично многу спорни работи и нелогично високи цени. И она што е најспорно е што граѓаните добиваат проект кој сигурно за неколку години, а во овој случај и неколку месеци мора пак да биде предмет на реконструкција. Во трката за создавање на перцепција дека се реализираат ветени проекти се прават набрзина склопени проекти кои не говорат за темелен пристап, туку за импровизации. Тие импровизации скапо чинат, вели Галески.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-pukaat-plochkite-na-kej-no-puka-i-cenata-po-koja-se-nabaveni/feed/ 0
Галески: Шилегов ќе го задолжи градот за нови 5 милиони евра, ребалансот е неразвоен и за создавање на лажна перцепција дека се работи нешто, кога не се работи ништо https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-shilegov-kje-go-zadolzi-gradot-za-novi-5-milioni-evra-rebalansot-e-nerazvoen-i-za-sozdavanje-na-lazna-percepcija-deka-se-raboti-neshto-koga-ne-se-raboti-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-shilegov-kje-go-zadolzi-gradot-za-novi-5-milioni-evra-rebalansot-e-nerazvoen-i-za-sozdavanje-na-lazna-percepcija-deka-se-raboti-neshto-koga-ne-se-raboti-nishto/#respond Tue, 06 Jul 2021 12:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=532821

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот Скопје, Луке Галески на денешната седница каде се дискутираше за ребаланс на градскиот буџет кажа дека истиот е неразвоен, популистички и во духот на изборите кои следат, создавајќи лажна перцепција дека се работи нешто, во ситуација кога не се работи ништо. -Она што може да се забележи е тоа дека овој ребаланс на буџетот никако не може да се каже дека е развоен, туку пред се популистички, и воедно во духот на изборите кои следат. Во суштина е поттикнат од потребата да се направи некаково движење на работите кои беа ветени, а 4 години тапкаат во место. Ова е ребаланс за предизборна кампања, ребаланс кој треба да создаде лажна перцепција дека се работи нешто кога не се работи ништо, истакна Галески. Тој додаде дека градот ќе се задолжи за над 5 милиони евра, кога не се знае каде се парите од 12 милиони евра од продадената градска куќа, и 2 милиони евра субвенции за загубите на градските претпријатија чија неспособност повторно ќе се финансира и покрива од градот. -Она што може да се заклучи е дека градот не се откажува од задолжување, ќе се задолжи за нови 320 милиони денари, што е задолжување на скопјани за нови над 5 милиони евра. Притоа не е сосема јасно за какви точно нови капитални проекти се работи, во исто време кога се зголемува ставката за исплата на плати за администрација што значи две работи или дека се продолжува праксата на партиски вработувања пред избори или тоа се пари за К-15 што по 4 години заборав значи исто така чист популизам или лажна грижа. Од друга страна 2 милиони евра се даваат за субвенции на јавните претпријатија што значи дека ако не е градот нема како да функционираат истите и се работи за лошо менаџирање. До кога градот ќе ја покрива неспособноста на директорите на градските претпријатија, праша советникот Галески. Тој посочи дека е забележително што за капитални инвестиции во животна средина нема никакви дополнителни инвестиции и зголемувањето е нула денари. -Во 2018-та година градоначалникот кажа нема поголем приоритет од заштитата на животната средина. Еве гледаме тој е нула денари. Или за заштита на животна средина ќе зборат само кога треба да се земе од граѓаните со еколошка такса или зелен данок, а кога ќе треба да се даде повеќе за капитални инвестиции износот е нула, истакна Галески на денешната седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-shilegov-kje-go-zadolzi-gradot-za-novi-5-milioni-evra-rebalansot-e-nerazvoen-i-za-sozdavanje-na-lazna-percepcija-deka-se-raboti-neshto-koga-ne-se-raboti-nishto/feed/ 0
Галески до Шилегов: Како една иста маркетинг агенција е победник на тендерите во Град Скопје, грдата реалност се покрива со скапи кампањи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-shilegov-kako-edna-ista-marketing-agencija-e-pobednik-na-tenderite-vo-grad-skopje-grdata-realnost-se-pokriva-so-skapi-kampanji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-shilegov-kako-edna-ista-marketing-agencija-e-pobednik-na-tenderite-vo-grad-skopje-grdata-realnost-se-pokriva-so-skapi-kampanji/#respond Wed, 30 Jun 2021 11:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=529886

На денешната седница на Советот на градот Скопје советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, изнесе повеќе информации кои фрлаат сомнеж за промотивните активности и кампањи на градоначалникот Шилегов кои се платени со народни пари. Во месец февруари градот Скопје склучува договор со агенцијата Њу Момент. Цената на договорот е 8 милиони денари. Воочливо е да се забележи дека како и повеќето јавни набавки особено кога станува збор за асфалтирање, но и други активности на градот, има само една понуда. И таа е оценета како единствена и „нормално" најниска. Во иста таква постапка градот Скопје склучува договор со истата ПР агенција и во 2020 година во месец февруари во износ од 2.5 милиони денари. И во 2019-та година исто така договор со град Скопје овој пат во износ од 2 милиони денари, истакна Галески. Тој посочи дека оваа компанија не е случајна, и дека таа е добитник и на други тендери, поврзани со владини институции. Само оваа година омилената агенција на власта добила тендери од државна видео лотарија, од МНР, претходно од Секретаријат за европски прашања, Централен Регистар. Таа е истата агенција која доби грант од Фондот за иновации воден од Коста Петров. Дали ова не е начин за можеби предвремено отплаќање на некоја идна кампања, и дали грдата реалност ќе се покрива со скапи кампањи праша советникот Галески. Тој се осврна и на поврзувањето на Ѓорче Петров со Илинденска кое преставува уште едно неисполнето ветување на Шилегов. Констатирајќи дека после 4 години е јасно дека Шилегов не си ги сработи основните проекти, кои сам ги вети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galeski-do-shilegov-kako-edna-ista-marketing-agencija-e-pobednik-na-tenderite-vo-grad-skopje-grdata-realnost-se-pokriva-so-skapi-kampanji/feed/ 0