лукоил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 17:35:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лукоил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина уште еден директор на „Лукоил“, се противеше на војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ushte-eden-direktor-na-lukoil-se-protiveshe-na-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ushte-eden-direktor-na-lukoil-se-protiveshe-na-vojnata-vo-ukraina/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=892672

Претседателот на руската нафтена компанија „Лукоил“, Владимир Некрасов, ненадејно почина на 66-годишна возраст. Тој е вториот шеф на „Лукоил“ кој почина за нешто повеќе од една година. Компанијата објави дека неговото срце откажало, пишува Скај њуз. Некрасов работеше скоро педесет години во секторот за нафта и гас. Претходниот шеф на „Лукоил“, Равил Маганов, почина во септември минатата година откако падна од прозорецот на болницата во Москва. „Лукоил“ јавно зазеде став против инвазијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ushte-eden-direktor-na-lukoil-se-protiveshe-na-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
„Политико“: Претстои ли крај на владеењето на „Лукоил“ во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politiko-pretstoi-li-kraj-na-vladeeneto-na-lukoil-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politiko-pretstoi-li-kraj-na-vladeeneto-na-lukoil-vo-bugarija/#respond Mon, 28 Aug 2023 10:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=871689

На крајот на следната година истекува рокот до кој филијалата на најголемата руска приватна нафтена компанија „Лукоил“ во Бугарија ќе биде исклучена од санкциите на ЕУ, со што постои опасност таа да ја загуби својата привилегирана позиција во енергетскиот сектор на земјата, оценува бриселскиот портал „Политико“. Со сегашниот договор, бугарската филијала на „Лукоил“ е во можност да ја снабдува својата рефинерија „Нефтохим“ во Бургас со евтина руска нафта, што ја става во попривилегирана позиција во однос на останатите нафтени компании во Бугарија. Енергетскиот аналитичар Виктор Катона во изјава за „Политико“ оценува дека по истекот на период за исклучување од европските санкции, рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас може да биде доведена во криза. Поради можноста од вакво сценарио, бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев уште во јуни најави дека „ако е потребно“ Владата во Софија е подготвена да ја преземе рефинеријата „Нефтохим“, доколку биде загорозено нејзиното работење. Бугарија месечно увезува по околу три милиони барели руска нафта, што ја прави четврт најголем купувач на овој енергенс од Русија во светот, по Индија, Кина и Турција. Рафинеријата „Нефтохим“ задоволува 80 отсто од потребите на Бугарија за дизел и бензини и учествува со една десетина во бугарскиот БДП. Со 5.000 вработени, рафинеријата е најголем работдавач во регионот на Бургас и има значаен придонес за економската состојба во градот, што и дава на „Лукоил“ и одредено политичко влијание. Претседателот на Комисијата за енергија во бугарското Собрание, Дељан Добрев кој лани поднесе 18 иницијативи за намалување на влијанието на „Лукоил“, од кои повеќето пропаднаа, оценува дека со конституирањето на секој парлментарен состав во Бугарија, се формира и „Коалиција на Лукоил“. Според експертот на Центарот за проучување на демократијата, Мартин Владимиров, својата економска моќ „Лукоил“ ја преточува во политичко влијание, преку финансирање на одредени медиуми и партии. - Нејзиното влијание врз бугарската политичка и економска елита е огромно, смета Владимиров. Аналитичарот и поранешен бугарски амбасадор во Русија, Илијан Василев наведува дека влијанието на „Лукоил“ во Бугарија е толку големо и делумно затоа што бугарската држава не би можела да се справи со кризата што би била предизвикана со евентуален прекин на испораките на нафта од Русија. - „Лукоил“ се потпира на локални проруски медиуми, како и на политичари врз кои влијае преку локални посредници, како што се снабдувачите со гориво на големо, вели Василев. Токму поради зависноста од руската нафта, Бугарија лани лобираше во Брисел бугарската филијална на „Лукоил“ да биде исклучена од санкциите на ЕУ за увоз на енергенсот од Русија. Тогашниот, но и актуелн бугарски министер за финансии Асен Василев, кој беше главниот преговарач со ЕУ во име на Бугарија, дури се закани и со вето на санкциите кон Русија, доколку Софија не добие отстапки. Врз основа на компромисните отстапки, Бугарија доби можност да продолжи да увезува руска нафта само по морски пат, додека на неколку други земји членки им беше дозволено да продолжат да се снадуваат со енергенсот од Русија преку нафтоводите. Софија ги негираше тврдењата дека Василев лобирал во име на „Лукоил“, тврдејќи дека отстапката била побарана затоа што преку рафинеријата во Бургас со гориво се снадува и Украина. Дури и тогашниот бугарски премиер Кирил Петков во интервју за германски „Велт“ изјави дека повеќе од една третина од потребите за гориво на Украина на почетокот на војната биле обезбедени преку рафинеријата „Нефтохим“ во Бургас. Бугарското Министерство за финансии во одбрана на својата позиција посочи и дека во првите шест месеци по стапувањето во сила на добиените отстапки, малопродажните цени на горивата во Бугарија се намалиле за 20 отсто. Но, Владимиров наведува дека слични намалувања на цените на енергенсите имало и во други земји на ЕУ кои не добиле никакви отстапки, додавајќи дека рафинеријата може да работи и без руска нафта. И Добрев смета дека апсолутно нема ниту еден аргумент за отстапките за Бугарија, бидејќи тие не резултирале со позначителен пад на цените на горивата за потрошувачите. Сепак, од друга страна, Бугарија отворено застана зад Украина по руската агресија, испраќајќи и оружје и муниција и ги одби барањата на Москва за плаќање на енергенсите во рубљи со што стана првата земја од ЕУ на која и беше прекинато снадувањето од Русија. Минатиот месец, бугарското Собрание и ја одзема концесијата на „Лукоил“ за управување со нафтениот терминал „Розенец“ во близина на Бургас. Со одлуката, на „Лукоил“ и е дозволено да продолжи да го користи нафтениот терминал, но ќе треба да и плаќа даноци на Бугарија. Најава дека „Лукоил“ за првпат ќе почне да и плаќа даноци на Бугарија, Владата во Софија даде уште во јануари, но досега, според Добрев, компанијата се уште не платила ништо. Од „Лукоил“ за „Политико“ изјавиле дека „колку што им е познато законската регулатива се уште не е стапена во сила“ и не се информирани од властите за тоа колку треба да платат. Дополнително, „Лукоил“ ги отфрли како неосновани „обвинувањата за политички ангажман“ во Бугарија, посочувајќи дека е „меѓународна приватна компанија без државен удел“. Според Владимиров, по завршување на периодот за исклучување од санкциите, „Лукоил“ ќе нема мотив да продолжи да работи во Бугарија, затоа што веќе нема да може да ги генерира огромни профити. Тие се се уште тука затоа што ги користат големите пропусти и генерираат многу пари, заклучува Владимиров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politiko-pretstoi-li-kraj-na-vladeeneto-na-lukoil-vo-bugarija/feed/ 0
Италија привремено ја става под државна управа рафинеријата на рускиот гигант „Лукоил“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-privremeno-ja-stava-pod-drzavna-uprava-rafinerijata-na-ruskiot-gigant-lukoil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-privremeno-ja-stava-pod-drzavna-uprava-rafinerijata-na-ruskiot-gigant-lukoil/#respond Fri, 02 Dec 2022 07:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=769869

Новата италијанска Влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, вчера ја стави рафинеријата на рускиот нафтен гигант Лукоил во Приоло, Сицилија, под „привремено управување“ на државата за да избегне нејзино затворање и да гарантира континуитет во снабдувањето со енергија, изјави владин извор. Како што пренесе БТА, постоеше опасност рафинеријата ИСАБ (ИСАБ), една од најголемите во Европа, која е под контрола на Лукоил, да го запре производството поради претстојното стапување во сила на 5 декември на ембаргото на Европската унија за увоз на руска сурова нафта по морски пат. – Привремената администрација е планирана за максимален период од 12 месеци, прецизира изворот. Владата донела декрет за оваа цел. – Итната интервенција има за цел во исто време да ги заштити стратешките национални енергетски локации и нивоата на вработеност кои се многу важни за Сицилија и за целата земја, рече Мелони во кратката изјава, без да ја прецизира содржината на декретот. Со ставање на рафинеријата под државен надзор, Рим го следи примерот на Берлин, кој во септември ја презеде контролата врз германските операции на руската нафтена групација Роснефт, која таму управува со повеќе рафинерии. Опстанокот на рафинеријата ИСАБ е доведен во прашање, бидејќи таа е принудена целосно да се снабдува со нафта од Русија, додека пред војната во Украина, уделот на руската нафта беше 10-15 проценти. Стравувајќи од санкции, европските банки престанаа да ја финансираат рафинеријата и да и ги даваат потребните гаранции за увоз на нафта од други земји. ИСАБ има капацитет да рафинира 10 милиони тони сурова нафта годишно, со можност тој да се зголеми на 14 милиони тони. Обезбедува околу 20 отсто од националните потреби. Ова е привремено решение за да се избегне „блокирање на машини и активности и последователни катастрофи за вработеноста“, коментираше Ренато Сцифани, гувернер на регионот Сицилија, пред министерскиот совет. – Одлуката за ставање на компанијата под државен надзор ќе овозможи да се бараат можни купувачи, без нужно да се исклучи опцијата за национализација, истакна тој. Во таа насока, американскиот инвестициски фонд „Crossbridge Energy Partners“ преговара за договор со „Лукоил“ за купување на рафинеријата, чија вредност се проценува на 1 до 1,5 милијарди евра, објави вчера „Фајненшл Тајмс“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-privremeno-ja-stava-pod-drzavna-uprava-rafinerijata-na-ruskiot-gigant-lukoil/feed/ 0
Наградна игра на „ЛУКОИЛ Македонија” за сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nagradna-igra-na-lukoil-makedonija-za-site-chlenovi-na-lukoil-klub-programata-za-lojalnost/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nagradna-igra-na-lukoil-makedonija-za-site-chlenovi-na-lukoil-klub-programata-za-lojalnost/#respond Tue, 25 Oct 2022 11:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=750147

„ЛУКОИЛ Македонија” ја наградува лојалноста на своите потрошувачи. Наградната игра им нуди можност на своите потрошувачи и членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, со собрани минимум 4 поени на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или мобилната апликација, да добијат вредни награди. Доколку не сте, време е да станете дел од најдобрата Програма за лојалност. За наградната игра „Собери 4 поени на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и освој вредни награди” Учество во наградната игра на „ЛУКОИЛ Македонија” ќе можат да земат сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе соберат минимум 4 поени на својата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и ќе испратат СМС порака на бројот 14775, со следнава содржина: БРОЈ НА СЛИП–СМЕТКА (празно место) LUKOIL (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛИП – СМЕТКА (пример на формат за СМС порака:12345 LUKOIL 16:03). Цената на СМС пораката е 5,9 денари со вклучен ДДВ. Наградната игра трае од 24.10.2022 година до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени вкупно 1 ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8 ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32 ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми. “Снабдувањето со гориво со постојан и сигурен квалитет и високото ниво на услуги за задоволување на потребите на клиентите е дел од нашата долгогодишна стратегија. Оцена за нашето успешно работење е задоволството на нашите корисници. Постојано работиме во насока на создавање доверба и градење лојални односи со корисниците. Затоа, и оваа година обезбедивме вредни, корисни и атрактивни награди, како директна благодарност за користењето на нашите услуги. На сите учесници во наградната игра им посакувам среќа!“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија. Извлекувањето ќе биде по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 26.12.2022 година ќе биде извлечена главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“. Деталите и правила на наградната игра можете да ги најдете на www.lukoil.com.mk, а до нив може директно да се пристапи на овој линк. Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на 072/917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот. Она што е важно за сите корисници што ќе учествуваат е дека треба да ги чуваат слип-сметките од кодовите што ќе ги пратат, со цел да ги прикажат како доказ при освојување една од наградите. На сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ им посакуваме среќа. Добриот избор секогаш води кон вредни награди!]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nagradna-igra-na-lukoil-makedonija-za-site-chlenovi-na-lukoil-klub-programata-za-lojalnost/feed/ 0
Британската Влада го ажурира списокот на санкционирани, додадени претседателот и косопственик на Лукоил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-go-azurira-spisokot-na-sankcionirani-dodadeni-pretsedatelot-i-kosopstvenik-na-lukoil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-go-azurira-spisokot-na-sankcionirani-dodadeni-pretsedatelot-i-kosopstvenik-na-lukoil/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=662480

На листата на британски санкции се додадени претседателот и косопственик на Лукоил, Вагит Алекперов, претседателот на Система, Владимир Евтушенков и поранешниот претседател на Руските железници Владимир Јакунин. На веб-страницата на британската Влада денеска е објавена ажурирана верзија на документот, на која се вклучени уште 206 лица од Русија, Доњецк и Лугањск. - Додека управува со Лукоил, Алекперов продолжува да ги користи предностите на руската Влада и/или да ја поддржува, се вели во документот. Воведувањето санкции се оправдува и со „стратешката важност на енергетскиот сектор“ за руската Влада. Шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ Виктор Медведчук, исто така, се најде на листата на британски санкции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-go-azurira-spisokot-na-sankcionirani-dodadeni-pretsedatelot-i-kosopstvenik-na-lukoil/feed/ 0