луксембург – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 06:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луксембург – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Португалците со „деветка“ за Луксембург, БиХ загуби на Исланд https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugaltsite-so-devetka-za-luksemburg-bih-zagubi-na-island/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugaltsite-so-devetka-za-luksemburg-bih-zagubi-na-island/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=877125

Португалија ја забележа шестата победа во шест меча во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, декласирајќи го досега најпријатното изненадување во квалификациите Луксембург со високи 9:0, додека во истата група Ј, надежите на Босна и Херцеговина за пласман беа уништени со 1:0 пораз на Исланд. Гонсало Инасио го отвори резултатот во 12. минута, потоа новата ѕвезда на ПСЖ, Гонсало Рамос стрелаше во 18. и 34. минута од мечот, за Инасио во финишот на полувремето да зголеми на 4:0. Тимот на Роберто Мартинез не застана тука – Диого Жота (57. и 77.) и Рикардо Хорта (67.) зголемија на 7:0, Бруно Фернандеш по трите асистенции даде гол во 83. минута, а Жоао Феликс ги постави конечните 9:0 во 88. минута. Во групата Ј, сега второто место го имаат Словаците, кои без проблеми со 3:0 го совладаа Лихтенштајн, откако БиХ загубија со 1:0 од Исланд со гол во 93. минута на Алфред Финбогасон. ГРУПА Д Летонија – Велс 0:2 ГРУПА Ј Исланд – Босна и Херцеговина 1:0 Португалија – Луксембург 9:0 Словачка – Лихтенштајн 3:0]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugaltsite-so-devetka-za-luksemburg-bih-zagubi-na-island/feed/ 0
Евростат: Граѓаните на Луксембург најбогати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/#respond Thu, 23 Mar 2023 13:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=815490

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат. Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ. Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/feed/ 0
Три земји на ЕУ добиваат 433 милиони евра за помош на украинските мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zemji-na-eu-dobivaat-433-milioni-evra-za-pomosh-na-ukrainskite-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zemji-na-eu-dobivaat-433-milioni-evra-za-pomosh-na-ukrainskite-migranti/#respond Fri, 15 Jul 2022 14:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=705788

Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и да најдат работа. Луксембург добива 390 илјади евра за обезбедување на основните потреби на бегалците, како храна и социјалните последици од пандемијата со Ковид-19. Италија добива 136 милиони евра за да се олесни притисокот врз здравствениот систем на државата, да се помогне за вработување на здравствени работници и да се покријат дополнителните часови на лекарите и останатиот здравствен персонал, соопшти Европската комисија. Дополнително 264 милиони евра ќе одат за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно алатката РЕакт-ЕУ, во 2021, мобилизираше 40 милијарди евра за земјите членки на ЕУ за справување со последиците од пандемијата, инвестиции во зелената и дигиталната транзиција и интегрирање на лицата кои бегаат од војната во Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zemji-na-eu-dobivaat-433-milioni-evra-za-pomosh-na-ukrainskite-migranti/feed/ 0
Уште една земја во Европа одлучи да го легализира канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-zemja-vo-evropa-odluchi-da-go-legalizira-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-zemja-vo-evropa-odluchi-da-go-legalizira-kanabisot/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=691654

Луксембург ќе стане втора држава во Европа која ќе го легализира одгледувањето на канабисот за лични потреби и консумација, но не и за поседување и продажба. Министерката за правда Сем Тансон го претставила предлог законот кој ќе им овозможи на граѓаните дома да одгледуваат до четири билки, но напоменала дека тие не смеат да бидат на видно место. Тансон додала дека новиот закон ќе овозможи консумирање на марихуана, но само дома. На јавните места тоа и натаму ќе биде забрането. -Легализација на одгледување и приватна потрошувачка е првиот чекор во рамки на концептот за спротивставување на илегалниот пазар и илегалната трговија со канабис, се наведува во презентацијата. Новото законско решение не се однесува на малолетни лица кои доколку бидат фатени ќе добијат пријава. Откако нацрт законот беше претставен, истиот е испратен во парламентот на разгледување и усвојување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-zemja-vo-evropa-odluchi-da-go-legalizira-kanabisot/feed/ 0
Maкедонските репрезентативки изгубија од Луксембург https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-reprezentativki-izgubija-od-luksemburg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-reprezentativki-izgubija-od-luksemburg/#respond Tue, 12 Apr 2022 19:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=662132

Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа пораз со 2:1 на денешното гостувањето во Луксембург во рамките на квалификациите за Светското првенство 2023. Селекцијата предводена од селекторот Кирил Изов дојде до водство уште во првата минута со голот на Гентјана Рочи, но до крајот на првото полувреме Луксембург направи пресврт со двата гола на Томсон. Во продолжението Македонките пропуштија неколку шанси за израмнување,. „Црвено-жолтите“ го запишаа седмиот пораз во групата и се претпоследни на табелата со три бода. Луксембург е четврти со девет бода. До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два меча, со Летонија на домашен терен и на гости против Австрија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-reprezentativki-izgubija-od-luksemburg/feed/ 0
Еврокомесарка предупредува на закани од Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarka-predupreduva-na-zakani-od-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarka-predupreduva-na-zakani-od-avganistan/#respond Fri, 08 Oct 2021 20:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=575735

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска повика посериозно да се сфатат безбедносните закани што можат да произлезат од миграцијата од Авганистан. -Според мене, во однос на терористичката закана што произлегува од Авганистан … нивото на загриженост не е доволно високо. Со сигурност мора да го подигнеме, рече Јохансон. Таа ја даде изјавата во Луксембург по состанокот на Советот за внатрешни работи на ЕУ. Јохансон, исто така, ги повика земјите-членки на ЕУ да ги проверат и регистрираат сите што пристигнуваат од Авганистан. Во исто време, изрази загриженост за „огромниот ризик Ал Каеда повторно да се појави во Авганистан“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarka-predupreduva-na-zakani-od-avganistan/feed/ 0
Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-hospitaliziran-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-hospitaliziran-poradi-koronavirusot/#respond Sun, 04 Jul 2021 17:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=531837

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој на 27 јуни беше тестиран за Ковид-19 и притоа утврдено дека е позитивен вирусот, утрово е примен во болница, пренесува „Гардијан“. Како што се наведува, направени му се дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа, поради претпазливост. Откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирусот, беше соопштено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена. Бетел (48) сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-hospitaliziran-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Премиерот на Луксембург, позитивен на Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/#respond Mon, 28 Jun 2021 05:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=528708

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел. „Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена“, објави весникот „Луксембургер Ворт“. Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „АстраЗенека“, а втората доза требало да прими неделава. За време на самитот, Бетел се дружел со голем број европски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел. Фотографиите од самитот покажуваат дека Бетел, меѓу другото, бил во близок контакт со австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но сите тие носеа маски на ваквите средби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/feed/ 0
Ковид-19: Луксембург ќе го тестира целото население https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-luksemburg-kje-go-testira-celoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-luksemburg-kje-go-testira-celoto-naselenie/#respond Sat, 20 Jun 2020 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=360121

Луксембург, земја со околу 600 илјади жители, планира да го тестира целото население за коронавирусот, со цел да спречи втор бран на зараза. Во овој поглед, жителите и вработените се поделени во мали групи, чии членови редовно наизменично се тестираат. – Кога ќе се појави нова инфекција, тогаш ќе знаеме точно каде се случило и можеме да го прекинеме ланецот, изјави за агенцијата ДПА директорот на здравствената установа во Луксембург, Улф Нербас. Во моментов, дневно може да се спроведат до 20.000 тестови во 17 станици за тестирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-luksemburg-kje-go-testira-celoto-naselenie/feed/ 0
Од први март јавниот превоз целосно бесплатен во Луксембург https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-prvi-mart-javniot-prevoz-celosno-besplaten-vo-luksemburg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-prvi-mart-javniot-prevoz-celosno-besplaten-vo-luksemburg/#respond Wed, 26 Feb 2020 06:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=308836

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите. Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата. Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока. Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-prvi-mart-javniot-prevoz-celosno-besplaten-vo-luksemburg/feed/ 0