луксенбург – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 20:39:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луксенбург – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Триумф за македонските ракометари на гостувањето во Луксембург https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/triumf-za-makedonskite-rakometari-na-gostuvaneto-vo-luksemburg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/triumf-za-makedonskite-rakometari-na-gostuvaneto-vo-luksemburg/#respond Wed, 26 Apr 2023 20:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=828035

Македонската ракометна репрезентација забележа многу важна победа вечерва на гостувањето кај Луксембург со 28:23. Ова беше претпоследниот натпревар за „црвено-жолтите“ во квалификациите за Европското првенство 2024. Домаќините им пружија силен отпор на нашите репрезентативци, во првото полувреме на неколку наврати имаа и два гола предност, но Македонците со серија од 3:0 во финишот на првиот дел заминаа на пауза со водство 14:12. До средината на второто полувреме се играше рамноправно, а потоа македонските ракометари стигнаа до највисоките +7 (25:18) во 49. минута. До крајот со рутинирана игра го приведоа натпреварот до крајот. Најефикасен во победничкиот состав беше Филип Талески со осум голови. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар од трибините имаа поддршка од стотина наши иселеници. Со оваа победа Македонија речиси да го обезбеди пласманот на Еуро 2024. За потврда ќе треба да не загуби со повеќе од осум голови разлика во последното коло, против Турција во Скопје. Турците денес загубија на домашен терен од лидерот во Групата-1, Португалија со 35:37. Португалците со максимални пет победи и 10 бода сигурни се на првото место. Македонците со шест бодови се втори, Турција е трета со четири, Луксембург е последен без ниту еден бод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/triumf-za-makedonskite-rakometari-na-gostuvaneto-vo-luksemburg/feed/ 0
Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Лукесмбург https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotniot-chas-najevtin-vo-bugarija-a-najskap-vo-lukesmburg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotniot-chas-najevtin-vo-bugarija-a-najskap-vo-lukesmburg/#respond Sat, 01 Apr 2023 08:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=818737

Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра, соопшти Евростат. Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани изснесувале 30,7 евра, во градежништвото 27,3, а во услужните дејности 30,2 евра. Во пресметаката на трошоците за работна сила се вклучени две главни компоненти - платите и социјалните придонеси што ги плаќаат работодавачите за работниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotniot-chas-najevtin-vo-bugarija-a-najskap-vo-lukesmburg/feed/ 0
Николоски: Отидов сам во Луксмебург и покрај се да лобирам за датум за преговори, зошто така се бори за Македонија, за жал таму никој немаше од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otidov-sam-vo-luksmeburg-i-pokraj-se-da-lobiram-za-datum-za-pregovori-zoshto-taka-se-bori-za-makedonija-za-zal-tamu-nikoj-nemashe-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otidov-sam-vo-luksmeburg-i-pokraj-se-da-lobiram-za-datum-za-pregovori-zoshto-taka-se-bori-za-makedonija-za-zal-tamu-nikoj-nemashe-od-vladata/#respond Thu, 24 Jun 2021 18:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=527626

Јас на сопствена иницијатива со воз отидов во Луксембург се видов со тие со коо можам да се видам, значи од позиција на опозиција беез никаква формална причлчина и ги молев Македонија да добие датум за преговори. За жал не ги видов ни Османи, Димитров, ниту Заев не ги видов таму што говори колку се сериозни кон својата работа. Можат да кажат дека не било поканети, но и ја не бев поканет и дополнително сум опозиција, но отидов таму да се борам за Македонија, рече потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевзија Сител. -Јас лично се борам за сопствената држава, но одлуките не ги носам јас, не ги носи ни ВМРО-ДПМНЕ, ги носи Владата. Мора да имаат чисто досие за да ко ќе отидат таму да бидат разоружани сите други држави да го направат притисокот врз Бугарија, рече Николоски. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа „и затоа сум многу прецизен одредени држави не се за бугарското вето, но немаат ништо против бугарското вето“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otidov-sam-vo-luksmeburg-i-pokraj-se-da-lobiram-za-datum-za-pregovori-zoshto-taka-se-bori-za-makedonija-za-zal-tamu-nikoj-nemashe-od-vladata/feed/ 0
Во Луксенбург ќе се тестира целото население за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-luksenburg-kje-se-testira-celoto-naselenie-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-luksenburg-kje-se-testira-celoto-naselenie-za-kovid-19/#respond Tue, 28 Apr 2020 16:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=338865

Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече денеска министерот за истражување, Клод Меиш. Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург. Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред да се отворат училиштата на 4 мај. – Може да се прават најмалку 20.000 тестови секој ден, рече министерот. – Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќепати, истакна Меиш, додавајќи дека може да се направи во релативно краток период, благодарение на фактот дека земјата е мала. Во Луксембург има 3.792 регистрирани случаи на заразени и 88 починати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-luksenburg-kje-se-testira-celoto-naselenie-za-kovid-19/feed/ 0
Од Атина за Луксембург заминаа 12 деца бегалци без придружба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-atina-za-luksemburg-zaminaa-12-deca-begalci-bez-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-atina-za-luksemburg-zaminaa-12-deca-begalci-bez-pridruzba/#respond Wed, 15 Apr 2020 15:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=332751

Ова е нов чекор во вашите животи, им порача алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос на 12-те деца бегалци без придружба, кои денеска од Грција заминаа за Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина. Децата кои досега беа во прифатните центри на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос, сега веќе ќе започнат нов живот во северниот дел на Луксембург. На атинскиот аеродром, децата бегалци ги испратија алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, специјалната претставничка од грчката Влада за заштита на децата бегалци без придружба, Ирини Агапидаки и амбасадорот на Луксембург во Грција, Пол Стаимец. Кумуцакос, според грчката новинска агенција АНА-МПА, не децата им подели подароци за да не ја заборават Грција, додека пак Стаимец ги информирал за Луксембург, објаснувајќи им дека ќе живеат во мало и мирно туристичко село на северниот дел од земјата. Паралелно, им порача дека сега треба да одат на училиште, да научат француски или германски и додаде дека половина од населението се странци, па така „нема да се чувствуваат малцинство“. – Ова е почеток на еден обид, на една иницијатива и на еден европски план што се однесува на вкупно 1.600 деца бегалци без придружба, кои ќе се релоцираат од Грција во други земји-членки на Европската унија. Денеска почнавме. Ова беше првата група. Ова беше почетокот, знак на видлива солидарност од пријателската земја Луксембург. Земја која презема 12 деца, а е земја со 600.000 жители, втора најмала во Европа по Малта. Па така, дава пример за други, поголеми земји, посилни и побројни, рече Кумуцакос по заминувањето на децата. Релокацијата доаѓа по договорот меѓу алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос и министерот за надворешни работи, миграција и азил на Луксембург, Жан Аселборн. За сабота, планирано е 50 деца без придружба од Грција да заминат за Германија. Кумуцакос, во четвртокот, преку видеоконференција ги информираше странските дописници во Атина и за започнатите процедури за релокација на децата згрижени во Грција, објасни дека досега, меѓу земјите кои изразиле интерес за прием се Швајцарија, Франција, Финска, Србија, Белгија, Литванија, Хрватска, Ирска и Бугарија, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека во овој момент во Грција има 5.240 деца бегалци без придружба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-atina-za-luksemburg-zaminaa-12-deca-begalci-bez-pridruzba/feed/ 0
Деца бегалци без придружба од Грција заминуваат за Луксембург и Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deca-begalci-bez-pridruzba-od-grcija-zaminuvaat-za-luksemburg-i-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deca-begalci-bez-pridruzba-od-grcija-zaminuvaat-za-luksemburg-i-germanija/#respond Tue, 14 Apr 2020 10:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=331941

Од островите Лезбос, Самос и Хиос 12 деца бегалци без придружба утре заминуваат за Луксембург, со што и официјално започнува реализацијата на европскиот план за релокација на 1.600 деца од Грција во членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. За сабота, планирано е 50 деца без придружба од Грција да заминат за Германија. По договорот меѓу алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос и министерот за надворешни работи, миграција и азил на Луксембург, Жан Аселборн, од атинскиот аеродром, утре наутро ќе заминат 12-те деца. Кумуцакос, во четвртокот, преку видеоконференција ги информираше странските дописници во Атина и за започнатите процедури за релокација на децата згрижени во Грција, објасни дека досега, меѓу земјите кои изразиле интерес за прием се Швајцарија, Франција, Финска, Србија, Белгија, Литванија, Хрватска, Ирска и Бугарија, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека во овој момент во Грција има 5.240 деца бегалци без придружба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deca-begalci-bez-pridruzba-od-grcija-zaminuvaat-za-luksemburg-i-germanija/feed/ 0