луксузни производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 12:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луксузни производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Има доволно време да се креира листа за ДДВ на луксузни производи која нема да ги афектира граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ima-dovolno-vreme-da-se-kreira-lista-za-ddv-na-luksuzni-proizvodi-koja-nema-da-gi-afektira-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ima-dovolno-vreme-da-se-kreira-lista-za-ddv-na-luksuzni-proizvodi-koja-nema-da-gi-afektira-graganite/#respond Mon, 23 Jan 2023 12:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=790709

Министерството за финансии сака да направи листа за ДДВ на луксузни производи која на ниеден начин нема да задира во основните производи што ги користат граѓаните и за тоа има доволно време, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Министерството за финансии задно со Царинската управа, коморите и Управата за јавни приходи работи на дефинирање на листата за ДДВ за луксузни производи. Сметам дека лесно ќе дојдеме до листа која нема да ги афектира граѓаните во однос на финалната цена на производите. Штом ќе биде направена листата, ќе биде доставена до институциите кои треба да ја спроведат, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на компанијата „Метро“. Порача дека изгласувањето на законите зависи од седниците што ги закажува Собранието и од расправата што се одвива во Комисијата за финансирање и буџет и на пленарна седница. -Штом ќе имаме детални информации од координациите во Собранието во однос на закажаните седници ќе можеме да знаеме кога кој закон ќе биде поминат, прецизира Ковачевски. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ima-dovolno-vreme-da-se-kreira-lista-za-ddv-na-luksuzni-proizvodi-koja-nema-da-gi-afektira-graganite/feed/ 0