луси оливер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Apr 2018 13:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луси оливер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата ги истражува заканите кон сопругата на Мајкл Оливер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-gi-istrazuva-zakanite-kon-soprugata-na-majkl-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-gi-istrazuva-zakanite-kon-soprugata-na-majkl-oliver/#respond Sun, 15 Apr 2018 13:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=40942

Откако Би-Би-Си јави дека Луси, сопругата на судијата Мајкл Оливер, кој досуди контроверзен пенал во продолжението на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, добила бројни закани, полицијата соопшти дека ги истражува наводите оти неколку лица удирале на вратата на куќата на брачниот пар и извикувале разни навреди низ отворот за пошта. Инаку, на социјалните мрежи бил објавен и мобилниот телефон на Луси каде ги добила заканите. Луси Оливер добивала закани и преку социјалните мрежи. Здружението на професионалните судии во Премиер лигата го поддржа Оливер и ги осуди навредите кон неговата сопруга. Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон по напреварот остро го критикуваше судијата и рече дека наместо срце има канта за ѓубре, а вчера посочи дека стои зад се што кажа. Тој призна дека можеби малку претерал, но потенцираше дека 33-годишниот Оливер е млад за толку важен натпревар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-gi-istrazuva-zakanite-kon-soprugata-na-majkl-oliver/feed/ 0
Каталонците ја разрешија мистеријата: Сопругата на Оливер е вљубена во Мадрид и во Реал (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kataloncite-ja-razreshija-misterijata-soprugata-na-oliver-e-vljubena-vo-madrid-i-vo-real-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kataloncite-ja-razreshija-misterijata-soprugata-na-oliver-e-vljubena-vo-madrid-i-vo-real-foto/#respond Thu, 12 Apr 2018 19:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=39852

Реакциите по вчерашниот реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус уште долго време ќе биде тема на разговор меѓу фудбалските навивачи. Како што е познато, судијата Мајкл Оливер досуди мошне контроверзен пенал во последните секунди од судиското надополнување во корист на Реал, па Кристијано Роналдо со голот кој го постигна го одведе „Кралскиот клуб“ во полуфиналето иако во Мадрид загубија со 1:3. Италијанците, очекувано, „грмат“ преку своите медиуми за односот и досудениот пенал во корист на „Кралскиот клуб“, но уште погласни од нив се каталонските медиуми. „Спорт“, како медиум близок до Барселона, на своето онлајн издание ја откри „мистеријата“ за тоа зошто Оливер досудил таков пенал во корист на Реал Мадрид. Имено, неговата сопруга Луси Оливер е голем љубител на главниот град на Шпанија, а сето тоа е поткрепено и со фотографии на социјалната мрежа Твитер, каде позира заедно со својот сопруг. Најголеми реакции сепак предизвика нејзината фотографија на „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид, што беше доволно за навивачите на Јувентус да започнат нова лавина на теории на заговор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kataloncite-ja-razreshija-misterijata-soprugata-na-oliver-e-vljubena-vo-madrid-i-vo-real-foto/feed/ 0