лустрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jan 2020 08:03:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лустрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лустрираните обесштетени со вкупно 32.400 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustriranite-obesshteteni-so-vkupno-32-400-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustriranite-obesshteteni-so-vkupno-32-400-evra/#respond Sat, 18 Jan 2020 08:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=291405

Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент за застапување на Република Македонија, пред ЕСЧП, Даница Џонова, за МИА изјави дека, освен за овие предмети, не може да даде други информации дали постојат во Стразбур други апликации на оваа тема. Според Џонова, владиниот агент, преку него и државата прв пат дознава за поднесени апликации тогаш кога тие ќе бидат доставени на одговор. -Од моментот на нивно поднесување до моментот на нивно доставување одговор за државата може да поминат години”, појаснува Џонова. Во однос на пресудите на ЕСЧП, таа додава дека вкупниот износ на обесштетување од шесте досегашни пресуди изнесува 32.400 евра”. Моментално пред ЕСЧП, како што истакна Џонова, во тек се постапките за предметите за лицата Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски. Инаку, прва пресуда на ЕСЧП, против процесот на лустрација во Македонија, беше за поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, објавена во јануари 2016, односно оваа одлука стана правосилна во април истата година. Потоа следеше пресудата за Петар Карајанов, во 2017 година. Во следната 2018 година, ЕСЧП објави две пресуди за Исак Ајрули и Никола Костурски. Последните пресуди против процесот на лустрација од страна на ЕСЧП беа објавени во 2019 година, односно во септември беа објавени одлуките за Драги Билески и во ноември за поранешниот пратеник на ПДП, Сефедин Харуни.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustriranite-obesshteteni-so-vkupno-32-400-evra/feed/ 0
Со укинувањето на лустрацијата, СДСМ собира политички поени: Сите предмети се врз основа на законот и документите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ukinuvanjeto-na-lustracijata-sdsm-sobira-politichki-poeni-site-predmeti-se-vrz-osnova-na-zakonot-i-dokumentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ukinuvanjeto-na-lustracijata-sdsm-sobira-politichki-poeni-site-predmeti-se-vrz-osnova-na-zakonot-i-dokumentite/#respond Wed, 15 Jan 2020 19:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=290287

Томе Аџиев, поранешен претседател на Комисија за лустрација, вели дека Комисијата за верификација на фактите немала никакви притисоци при својата работа. Сите предмети на лустрација, рече, имале поткрепа со документи. -Ќе кажам дека сите предмети кои ги помина Комисијата за верификација на факти кои завршија со одредени решенија врз основа на кои беше прогласено дека одредено лице било соработник се прецизни врз основа на документи. Нема ниту еден предмет каде што фалат документи, или каде што нема документи или пак кај што некој креирал документи. 11 членови беа во комисијата сите ги гледаа документите и гласаа според својата совест, вели Аџиев. Тој потенцира дека сите предмети се врз основа на законот и документите со кои што располагаше комисијата. -Сите предмети се врз основа на законот и документите со кои што располагаше комисијата. Документите најчесто беа добивани од државниот архив на Република Македонија каде што се архивирани сите досиеја тоа се некаде околу 15 илјади досиеја и нешто од УБК, таму некоја помала група добивме. Никој не можеше да биде лустриран врз основа на не знам, политички влијанија ако нема документи, не можеше да биде лустриран. Никој од членовите, сите беа сериозни луѓе, не би влегол во таква игра да направи некој преседан да гласа како што ќе му текне без да има документи без ништо. Тие документи сите се архивирани во Државниот архив, секој може да го види ќе одговараме сите ние ако нема документи, вели тој. За новинарот Тодор Пендаров, укинувањето на законот е поради политички причини и нема никаква поврзаност ниту со правда, ниту со правдина. -Сега од СДСМ доаѓа идеја овој закон да се укине што мислам дека нема никва врска ниту со правда, ниту со правдина туку се обидуваат сега во предизборието да фатат некакви политички поени иако според мене е веќе доцна за било какви политички поени кои ќе им донесат победа, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ukinuvanjeto-na-lustracijata-sdsm-sobira-politichki-poeni-site-predmeti-se-vrz-osnova-na-zakonot-i-dokumentite/feed/ 0
Ѓорчев: Катастрофалниот и мизирен закон на СДСМ за поништување на лустрацијата ќе ги награди оние кои прогонувле и убивале дејци на ВМРО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-katastrofalniot-i-miziren-zakon-na-sdsm-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-kje-gi-nagradi-onie-koi-progonuvle-i-ubivale-dejci-na-vmro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-katastrofalniot-i-miziren-zakon-na-sdsm-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-kje-gi-nagradi-onie-koi-progonuvle-i-ubivale-dejci-na-vmro/#respond Tue, 14 Jan 2020 16:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=289602

Се навршуваат 75 години од масакрот во Велес кога 53 видни Велешани беа егзекутирани и убиени без судење. Според обдукцијата биле усмртени на најсуров начин, односно со токмаци и железа со удари во главата, а некои и стрелани. Тоа беа жртвите на комунистичкиот режим чија масовна гробница беше откопана дури во 1996 година, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев дебатирајќи на седницата на која се утврдуваше дневен ред, при што предложи точката за расправа по поништување на Законот за лустрација да се повлече. Тој укажа дека тој ден без судење е убиен 40-годишен лекар доктор Богдан Поп Ѓорчев деец на Македонската младинска револуционерна организација, на свиреп начин убиен е Благој Ѓорчев на 36 години кој бил служител, Димко Крепиев на 60 години кој бил деец на ВМРО, Лазар Крепиев на 64 години без судење со удари во главата, и многу други. -Убиени се без судење, убиени се неколку години потоа петте струмички студенти на 19 години, убиен е со еден куршум во главата и еден во срцето Стево Топчев на 19 години, Мирко Пецев на 23 години, Јармов на 22 години, Костуранов на 21 и Белев на 22 ги собрале од игранка од корзо и ги однеле на Беласица. Затворени се и убиени илјадници други луѓе, рече Ѓорчев. Според него „ваков каков што е предложен катастрофалниот и мизирен закон на СДСМ ќе ги награди оние кои ги прогонувле, убивале, кодешеле овие луѓе“. -Од тие причини предлагам во име на историската правда, точката за поништување на правни акти, дејствија да се повлече, посочи Ѓорчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-katastrofalniot-i-miziren-zakon-na-sdsm-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-kje-gi-nagradi-onie-koi-progonuvle-i-ubivale-dejci-na-vmro/feed/ 0
Лустрацијата : СДСМ = 1:0 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustracijata-sdsm-1-0/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustracijata-sdsm-1-0/#respond Mon, 13 Jan 2020 16:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=289076

Нема кворум за поништување на лустрацијата, извести ТВ Телма. Во Комисијата за политички систем, не почна закажаната расправа за потребата од поништување на лустрацијата. Три часа по закажаниот термин и неколкуте обиди, кворум не беше обезбеден: ДУИ не дојде, а ВМРО ДПМНЕ остана надвор од салата. СДСМ очекува прашањето да се реши со политички консултации на повисоко ниво меѓу сите партии. СДСМ во салата, ВМРО ДПМНЕ надвор од неа. Вака заврши последниот обид денеска да почне разгледувањето на предлогот за поништување на лустрацијата. Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски, констатираше дека кворум не може да се обезбеди поради опструкции од пратениците и дека проблемот може да се надмине само со дополнителни политички консултации. „Ние спроведовме мека лустрација, во сосема бенигна форма за да се избегнат дополнителни поделби и ширење зла крв“. Со вакви аргументи, ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе се спротивстави на поништувањето на лустрацијата со сите законски средства. Лустрацијата беше спроведувана од 2009-та до 2015-та. Комисијата за лустрација донесе околу 200 решенија за угледни политичари, професори, писатели, активисти и полициски функционери. Пред две години Комисијата беше укината, како и неколку десетици од нејзините решенија, а неколкумина од оние што беа прогласени за соработници на безбедносните служби, својата недолжност ја докажаа преку Судот во Стразбур. Законот за поништување е предложен од Владата и вклучува обештетување на оние кои неправедно биле прогласени за кодоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lustracijata-sdsm-1-0/feed/ 0
Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на обидот за поништување на лустрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-kje-se-sprotivstavi-na-obidot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-kje-se-sprotivstavi-na-obidot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata/#respond Mon, 13 Jan 2020 14:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=288974

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на повикот за присуство на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и дека кога и да е ќе присуствува на неа, но и дека сериозно ќе се спротивстави на обидот на СДСМ за носење на законот за поништување на лустрацијата, изјави пратеникот на оваа опозициска партија Илија Димовски. -Нашето прашање е кои се жртвите? Тие кои што овозможувале лица да бидат политички ликвидирани и физички ликвидирани или тие коишто биле политички и физички ликвидирани. Македонија треба да одлучи дали ќе оди по патеката на евроинтеграции, дали ќе гради демократски систем по примерот на сите земји од Централна и Источна Европа или се уште ќе живее во времето кога со политички нарачки се воделе судски процеси. Ние ги разбираме социјалдемократите, тие и денеска го прават истото со политички нарачки. Министри ги правеа списоците кои лица политички неистомисленици треба да одговараат пред СЈО и пред судството, министри од СДСМ и денеска ги координираат судските постапки. Затоа тие не разбираат што прават и со овој закон за поништување на лустрацијата, изјави Димовски, притоа потсетувајќи на 75-годишнината од ликвидацијата без судска пресуда на 53 велешани на ридот над градот, заради тоа, што според него, се залагале „за демократски систем во Македонија, како што се залагале во своите први иницијативи членовите на АСНОМ. Тој нагласи и дека на денешната седница на Комисијата за политички систем не присуствувал министер или заменик министер од Министерството за правда, додавајќи дека освен СДСМ како „наследник на претходниот режим“, никој не сака да даде поддршка на овој, според него, ретрограден закон. Димовски оцени и дека земјава имала „најмека форма лустрација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vmro-dpmne-kje-se-sprotivstavi-na-obidot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata/feed/ 0
Дескоска да дојде и да го образложи Законот за поништување на лустрацијата, бараат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-da-dojde-i-da-go-obrazlozi-zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-baraat-pratenicite-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-da-dojde-i-da-go-obrazlozi-zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-baraat-pratenicite-na-vmro-dpmne/#respond Mon, 13 Jan 2020 10:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=288877

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за поништување на лустрацијата на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложениот текст пред нив да го образложи министерката за правда Рената Дескоска. Кирацоски даде пауза од 30 минути, за, како што рече, да ја контактира министерката иако на седницата беше присутен заменик министерот за правда. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара министерката за правда да дојде на седницата и да го образложи Законот со кој се овозможува поништување на лустрацијата и давање можност за нивно обештетување. Според Милошоски, со овој закон на кодошите кои напредувале во кариерата врз таа основа им се овозможува дури и обештетување. Предложениот закон е во спротивност со Резолуцијата на Советот на Европа од 1996 година со која се препорачува сите држави каде што имало поранешни комунистички режими да воведат лустрација. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ ја отвори дилемата дали во државата е поважно да се поништи лустрацијата на кодошите или да се донесе системски закон за жртвите на државните кодоши. Пратениците од опозициската партија на седницата реагираа дека министерката Дескоска речиси и да не дошла на седници на оваа Комисија да образложи законски предлози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-da-dojde-i-da-go-obrazlozi-zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-baraat-pratenicite-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Мицкоски: Децата и внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-decata-i-vnucite-na-komunistichkite-kodoshi-kje-gi-amnestiraat-kodoshite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-decata-i-vnucite-na-komunistichkite-kodoshi-kje-gi-amnestiraat-kodoshite/#respond Fri, 27 Dec 2019 20:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=283217

Нашиот став е јасен дека децата и внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите, рече Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Македонската радио телевизија за поништување на законското решение за лустрација. Според него ова законско решение е лошо, бидејќи токму тие го злоупотребиле системот за да напредуваат во кариери а врз основа на тоа невини луѓе биле казнувани само поради тоа што ја сакале државата. -Денеска ги амнестираме кодошите кои го злоупотребиле системот да напредуваат, не за квалитет туку затоа што биле добри поданици. Тоа говори доволно за карактерот на овие луѓе. Ќе се амнестираат кодошите кои граделе кариера врз тоа што кодошеа затоа што сме си ја сакале државата на крајот на денот, и голем број на невини жртви биле таму, рече Мицкоски. Тој додаде дека наместо да се зборува за рехабилитација на Ченто и Шатев денеска власта ги рехабилитира кодошите. -Наместо да зборување за рехабилитација на еден Ченто, рехабилитација на Шатев ние ги рехабилитираме кодошите, смета Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-decata-i-vnucite-na-komunistichkite-kodoshi-kje-gi-amnestiraat-kodoshite/feed/ 0
Правниците остро против Владата: Поништувањето на лустрацијата е деградирање на правниот и уставен систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/#respond Wed, 25 Dec 2019 12:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=282064

Усвоениот предлог-закон од Владата со кој одлуките од спроведената лустрација и правните последици ќе станат ништовни, предизвика бура кај експертската јавност. Тајните соработници на Службата за државна безбедност, кодошите, од партијата на власт добија прошка, а од државниот буџет ќе бидат и финансиски обештетени.

Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов не го поддржува ваквиот предлог-закон. Според него оваа законска иницијатива е бесмислена.

-Таа значи повампирување на џелатите, удбашите и кодошите од комунизмот. Враќање во 1949 година и владеење на Партијата и Големиот Брат. Повторно судење, т.е. „пукање“ на Брашнаров, Пирузе, Ченто, Шишков, и многу други жртви на комунизмот УДБА, и КОС. Во крајна линија судење или пукање во АСНОМ, а рехабилитирање на џелатите, удбашите, крвниците и кодошите. Срамно, скандалозно и бедно, вели Костов за Курир. За тоа како е воден целиот процес на лустрација, Костов вели дека е потребна исцрпна анализа, а не, како што рече, жалопојки на лустрираните. -Едно е да се направени грешки во водењето на лустрацијата, ако се направени, а друго е правно поништување на целата лустрација. Каде, во кој закон тоа е дозволено? Има ли таква можност во Уставот на Република Македонија? Не! Не! и Не! Не може да се поништат одлуките на Комисијата за лустрација и одлуките на Управните судови без законска предвидена постапка. Тоа е деградирање на правниот и уставниот систем. Што правиме ако утре некој побара да се поништат сите кривични пријави и судски одлуки? Одиме во беззаконие. Доколку имало грешки тие во законски предвидена постапка треба да се исправат, а не наместо во 2020 година, ние да влегуваме, се враќаме во 1949. година, дециден е Костов во изјава за Курир според кого апсурдно е лустрираните лица да може да бараат надомест од државата. -Жртвите од комунизмот не се обештетени, а некој сака да ги обештетува нивните џелати и крвници. Тоа пред се е голема духовна и морална штета, а секако и материјална, посочува поранешниот обвинител. Сличен став има и претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев кој вели ваквиот потег на владата е бандитизам и дилетантизам. Во изјава за КУРИР, Аџиев вели дека поништувањето на правосилни одлуки со закон не постои и тоа е противуставно. -Си има закони и процедури како може да се направи нешто такво. Замислете, утре на некој да му текне да ги поништи сите кривични пресуди и да нема осудени лица. На што ќе личи тоа? Се прашувам кои луѓе ја водат оваа држава, имаат ли читано право? Па, јас на сите им ги знам имињата, втората и третата генерација на кодошите сега се вработени во институции, па и во погорните ешалони, а некои пружаат поддршка преку невладини организации. Трагедија е за Македонија да се размислува на овој начин. Затоа не не’ примаат во ЕУ, за вакви работи, криминалот цвета. Нека му е на чест на тој што го смислил ова, вели Аџиев во телефонската изјава за Курир. Првиот човек на Комисијата за лустрација додава и дека за правната веродостојност на нивните одлуки потврдил и судот во Стразбур. Аџиев посочува дека Комисијата била составена од 11 луѓе кои одлучуваа и два суда. Вели, за нивната работа и донесените одлуки потврдил и Судот во Стразбур кој за двата поднесени предмети ја потврдил одлуката на Комисијата. Според Аџиев ова што се прави е само да се задоволат нечии апетити и барања, а всушност се руши целиот правен систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/feed/ 0
Аџиев за Курир: Краен дилетантизам на Владата, лустрацијата ја потврди и Судот во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/#respond Wed, 25 Dec 2019 10:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=282032

Бандитизам и дилетантизам. Ова е првичната реакција на претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев на поднесеното законско решение со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, а лустрираните лица ќе може да побараат надомест од државата. Во изјава за КУРИР, Аџиев вели дека поништувањето на правосилни одлуки со закон не постои и тоа е противуставно. Ваквата одлука според него да не е трагична, ќе е хумористична. -Си има закони и процедури како може да се направи нешто такво. Замислете, утре на некој да му текне да ги поништи сите кривични пресуди и да нема осудени лица. На што ќе личи тоа? Се прашувам кои луѓе ја водат оваа држава, имаат ли читано право? Па, јас на сите им ги знам имињата, втората и третата генерација на кодошите сега се вработени во институции, па и во погорните ешалони, а некои пружаат поддршка преку невладини организации. Трагедија е за Македонија да се размислува на овој начин. Затоа не не’ примаат во ЕУ, за вакви работи, криминалот цвета. Нека му е на чест на тој што го смислил ова, вели Аџиев во телефонската изјава за Курир. Првиот човек на Комисијата за лустрација додава и дека за правната веродостојност на нивните одлуки потврдил и судот во Стразбур. -Комисијата беше составена од 11 луѓе кои одлучуваа, тука беа и два суда. За нашата работа и донесените одлуки потврди и Судот во Стразбур кој за двата поднесени предмети ја потврди нашата одлука. Ова што се прави е само да се задоволат нечии апетити и барања, а всушност се руши целиот правен систем, додава Аџиев во изјавата за Курир. Имено, Владата на вчерашната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/feed/ 0
Реакција на Твитерџија за ништовност на лустрацијата https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/reakcija-na-tviterdzija-za-nishtovnost-na-lustracijata/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/reakcija-na-tviterdzija-za-nishtovnost-na-lustracijata/#respond Tue, 24 Dec 2019 20:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=281856

Во 1991 Естонија со својата независност веднаш направи лустрација и ги отпушти сите судии, обвинители, тајни служби и слично. Изговорот на Естонската Влада бил не може да сте добри за 5 режими и на сите верно сте им служеле. Естонија денес има просечна плата поголема од Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/reakcija-na-tviterdzija-za-nishtovnost-na-lustracijata/feed/ 0