лувр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 Oct 2023 13:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лувр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Музејот Лувр затворен поради безбедносни причини, посетителите евакуирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzejot-luvr-zatvoren-poradi-bezbednosni-prichini-posetitelite-evakuirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzejot-luvr-zatvoren-poradi-bezbednosni-prichini-posetitelite-evakuirani/#respond Sat, 14 Oct 2023 13:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=888802

Музејот Лувр во Париз денеска е затворен поради безбедносни причини, бидејќи Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас. „Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители“, изјави портпаролката на Музејот по објавувањето на затворањето на социјалните мрежи. Таа посочи дека одлучиле да го евакуираат Музејот и да го затворат цел ден, додека не ги извршат потребните проверки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzejot-luvr-zatvoren-poradi-bezbednosni-prichini-posetitelite-evakuirani/feed/ 0
Париз: Демонстрантите против пензиската реформа го блокираа влезот во музејот Лувр https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-demonstrantite-protiv-penziskata-reforma-go-blokiraa-vlezot-vo-muzejot-luvr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-demonstrantite-protiv-penziskata-reforma-go-blokiraa-vlezot-vo-muzejot-luvr/#respond Mon, 27 Mar 2023 12:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=816899

Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители. Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат да работат до 64 години за да се балансира пензискиот буџет. „Пензионирајте се на 60 години - работете помалку за да живеете подолго“, пишуваше на еден транспарент. Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има редица разочарани туристи, кои негодуваат бидејќи, некои од нив, со деца од странски земји допатувале за да ја видата богатата колекција на Лувр. Протестот се случи еден ден пред 10-тиот круг на национални штрајкови и улични маршеви, повремено придружени со насилство. Во одделен случај, париската полиција објави дека спроведува операција за спречување на неовластени собири пред Центарот Помпиду, уште еден историски музеј во Париз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-demonstrantite-protiv-penziskata-reforma-go-blokiraa-vlezot-vo-muzejot-luvr/feed/ 0
Версај и Лувр порано ќе ги гаснат светлата за да се заштеди енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-i-luvr-porano-kje-gi-gasnat-svetlata-za-da-se-zashtedi-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-i-luvr-porano-kje-gi-gasnat-svetlata-za-da-se-zashtedi-energija/#respond Sat, 17 Sep 2022 10:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=734038

По Ајфеловата кула и другите култни париски згради – дворците Лувр и Версај – ќе се откажат од надворешното осветлување. Тоа е симболична мерка потребна за да се сврти вниманието кон енергетската криза, изјави денеска француската министерка за култура Рима Абдул Малак. Од вечерва пирамидата на Лувр наместо до 1 часот по полноќ ќе биде осветлена до 23 часот, најави таа. Слична одлука веќе е донесена и за Ајфеловата кула и Хотел де Вил, чии светла ќе се изгаснат порано од вообичаено. „Почнувајќи од следната недела ќе ги гасиме светилките на фасадата на замокот во Версај во 22 часот, односно еден час порано“, додаде министерката. И покрај овие „симболични мерки“, таа повика на поконкретни акции за еколошка транзиција во музеите, кината, театрите и сите културни објекти во Франција. „Музејот Орсе во Париз, на пример, ја намали потрошувачката на енергија за една третина само со менување на светилките и префрлување на лед диоди. Се обидуваме да го направиме тоа во сите музеи. Разговараме и за замена на проекторите во кината. Доколку се префрлат на ласер, може значително да се намали потрошувачката на енергија, рече Абдул Малак. Цените на енергијата драматично се зголемија во последните месеци поради руската инвазија на Украина и се прават многу напори за намалување на енергетските ресурси.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-i-luvr-porano-kje-gi-gasnat-svetlata-za-da-se-zashtedi-energija/feed/ 0
Лувр повторно отворен за посетителите со строги мерки за заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/#respond Mon, 06 Jul 2020 07:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=369648

По три месеци, музејот Лувр ќе ги отвори вратите за посетителите, под строги санитарни услови поради коронавирусот. Санитарните мерки ќе останат на сила најрано до септември, односно задолжително носење на маска започнувајќи од возраст од 11 години. Посетителите ќе треба да дојдат опремени со маска, бидејќи музејот нема да им ја дава. Во музејот постои добро утврдена патека за посетата која се советува, но која може да не се почитува ако нема многу посетители.  За да се види Мона Лиза или Жаконда, сега ќе се влегува преку Големата Галерија и ќе се излегува на другата страна од салата Државната сала, преку салата Сенон. Пред сликата на Мона Лиза поставени се столпчиња и ленти, со цел да им се дозволи на посетителите да го зачуваат растојанието. Резервацијата на влезницата се советува да се направи преку интернет, бидејќи само таа гарантира влегување во музејот, освен ако музејот нема продадено 400 влезници за секој половина час на влегување, тогаш туристите ќе можат да купат влезница на самиот влез.  Околу 30 отсто од салите на Лувр се затворени, но турситите не треба да се грижат на нивните погледи се ставени на располагање 30 000 дела на 45 000 квадратни метри изложбен простор. Ноќните посети засега нема да се одржуваат. Дневно се очекуваат меѓу 8 и 10 000 посетители, наместо вообичаените 40 000. Лувр е еден од најпосетените музеи во светот со 10 милиони посетители, од кои дури 75 отсто се странски туристи. Според музејот на 23 јуни само 12 000 лица резервирале влезници за месец јули, додека за месец август немаше ниту една резервација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/feed/ 0
Лувр одбележува 500 години од смртта на Леонардо да Винчи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/#respond Thu, 24 Oct 2019 06:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=255432

Парискиот музеј Лувр денеска отвора изложба посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи. На неа ќе се најдат дела на уметникот од самиот трезор на музејот, но и од други институции ширум светот. Изложбата ќе опфати околу 160 негови дела – слики, десетина научни трудови и нацрти, како и слики на други уметници од неговото опкружување. Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелен приказ посветен на „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, коешто се наоѓа во редовната постава на парискиот музеј. Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година. Лувр до понеделникот имаше продадено 220.000 влезници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/feed/ 0
Лувр – најпосетуваниот музеј во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luvr-najposetuvaniot-muzej-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luvr-najposetuvaniot-muzej-vo-svetot/#respond Fri, 29 Mar 2019 10:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=180136

Парискиот музеј Лувр е најпосетуваниот музеј на светот, со повеќе од 10 милиони луѓе лани, посочува новата ранг листа на „Арт Њуспејпер“. Посетеноста на музејот е за 26 отсто повисока од пред две години. Една од причините за поголемата популарност на Лувр е видеоспотот на Бијонсе и Џеј-Зи снимен во него. На второ место на листата е Националниот музеј на Кина во Пекинг, а на трето – Метрополитен во Њујорк, САД. Натаму во првите 10 се и Музејот на Ватикан, галеријата Тејт во Лондон, Лондонската национална галерија, Националната галерија на уметностите во Вашингтон, Ермитаж во Санкт Петербург и Музејот на Викторија и Алберт во Лондон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luvr-najposetuvaniot-muzej-vo-svetot/feed/ 0
Нов рекорд за Лувр со над 10 милиони посетители во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-rekord-za-luvr-so-nad-10-milioni-posetiteli-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-rekord-za-luvr-so-nad-10-milioni-posetiteli-vo-2018-godina/#respond Thu, 03 Jan 2019 13:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=147862

Лувр, најпознатиот музеј во светот, ја надмина бројката од десет милиони посетители во 2018 година, неспоредлива за еден меѓународен музеј на ликовна уметност и антиквитети, јави дописникот на МИА. – Првпат во историјата на музеите, повеќе од десет милиони луѓе го посетија Лувр во 2018 година, изјави директорот на Лувр, Жан-Лук Мартинез. Со 10,2 милиона посетители, Лувр забележа зголемување на посетеноста од 25 отсто во споредба со 2017 година (8,1 милиони) и го урна својот рекорд за посетеност (9,7 милиони во 2012). Според Мартинез, рекордот е „ постигнат благодарејќи на враќањето на странските туристи во Париз”, по падот од 30 отсто во последните години поради терористичките напади. Исто така, посетеноста делумно се објаснува и со градежните зафати во последните две години кои го зголемија капацитетот на музејот. Новина за оваа година е дека ќе има бесплатни посети на Лувр секоја прва сабота од месецот, но само во ноќните термини од 18 до 21,45 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-rekord-za-luvr-so-nad-10-milioni-posetiteli-vo-2018-godina/feed/ 0