М-НАВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 07:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png М-НАВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НОВИ ДЕТАЛИ ВО 12 ЧАСОТ: Афера Паразити – Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-vo-12-chasot-afera-paraziti-direktorite-vo-m-nav-zemaat-plata-od-pola-milion-evra-za-eden-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-vo-12-chasot-afera-paraziti-direktorite-vo-m-nav-zemaat-plata-od-pola-milion-evra-za-eden-mandat/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=760670

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. -За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата. Овие двајца директори во М НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат. И додека директорите на М НАВ земаат стотици илјади евра за еден мандат на име плата, народот страда. Нити две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошница. Тоа што до пред една година можело да се купи за 500 денари како намирници во продавница, сега не може ниту со 1.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Аферата Паразити покажува зошто власта не се грижи за економијата и зошто нема слух за проблемите и високата инфлација. За функционерите на власта инфлацијата не значи ништо, таа удира по народот. Затоа се потребни промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-vo-12-chasot-afera-paraziti-direktorite-vo-m-nav-zemaat-plata-od-pola-milion-evra-za-eden-mandat/feed/ 0
УО на М-НАВ постапи добро со конкурсот за контролори на летање, смета Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uo-na-m-nav-postapi-dobro-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje-smeta-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uo-na-m-nav-postapi-dobro-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje-smeta-kovachevski/#respond Sat, 12 Nov 2022 13:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=759625

Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада, рече Ковачевски одговарајќи на прашањето што ќе преземе Владата по последните случувања со конкурсот на контролори на летање во МНАВ, на отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје. Нагласи дека од тоа што директорите ќе го кажат на Влада ќе зависат следните чекори што ќе се преземат. Раководството на М-НАВ АД Скопје вчера го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција и даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) кој изрази сомнеж дека има планови за поништување на огласот бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери, најави дека ќе бара одговорност за случувања со кои сметаат дека се нарушил кредибилитетот на нивната професија. Од УО на М-НАВ вчера во соопштени наведоа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uo-na-m-nav-postapi-dobro-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje-smeta-kovachevski/feed/ 0
Тасевски: Ќе бараме одговорност за случувањата околу огласот за контролори на летање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-kje-barame-odgovornost-za-sluchuvanjata-okolu-oglasot-za-kontrolori-na-letanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-kje-barame-odgovornost-za-sluchuvanjata-okolu-oglasot-za-kontrolori-na-letanje/#respond Fri, 11 Nov 2022 15:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=759333

Од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) велат дека со одлуката што ја донесе денеска Управниот одбор на М-НАВ за упатување на обука на кандидатите за контролори на летање се затворил проблем за, како што вели, нешто што требаше да се реализира уште пред 15 дена без да се создаваат нервози и да се изнесуваат состојбите во јавноста. Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски во изјава за МИА најави дека ќе бараат одговорност од менаџментот за случувањата околу Огласот за изборот на кандидати за обука за контролори на летање. -Сега се прават некакви интервјуа со кандидатите како аргумент за текот што го зеде целата ситуација по реакциите, што е неиздржано затоа што селектираните кандидати веќе ги поминаа сите фази. Нема да отстапиме и ќе бараме одговорност од раководството за целата ситуација и непотребните нервози со што се наруши кредибилитетот на нашата професија, изјави Тасевски. Синдикатот во изминатите два дена преку медиумите реагираше на одвивањето на постапката околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање и побара да стартува обуката на селектираните кандидати, а од иста причина условни оставки доставија раководни лица од пониско ниво во М-НАВ- помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… Како што појасни претходно Тасевски, во целиот избор се вклучивме како набљудувачи за да бидат избрани квалитетни кандидати, како што биле од претходната класа. Изборот се одвиваше со примена на алатка (FEAST), со која се прави правилна селекција. Но, се сомневаме дека не се избрани кандидати блиски на менаџментот и на високи политички функционери и сега компанијата се обидува да го поништи целиот процес, да постави нови критериуми за избор за тие да влезат. Со тоа ќе пропаднат парите дадени за целиот процес, кој се одвиваше во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а можно е да треба да плаќаме пенали, изјави претходно Тасевски. Случувањата во М-НАВ вчера ги коментираа и од Владата, од каде порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но дека согласно со меѓународните стандарди е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка. Откако М-НАВ АД Скопје вчера ги демантираше тврдењата на Синдикатот и најави дека процесот за кандидатите ќе биде завршен наскоро во предвидениот рок, денеска соопшти дека е донесена одлука за упатување на кандидатите на обука. Од М-НАВ во соопштението истакнаа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено било точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваат кон нормативните акти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-kje-barame-odgovornost-za-sluchuvanjata-okolu-oglasot-za-kontrolori-na-letanje/feed/ 0
Владата се огласи по скандалот со конкурсот за контролори на летање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-po-skandalot-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-po-skandalot-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje/#respond Thu, 10 Nov 2022 12:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=758632

Од Владата велат дека според информациите што ги имаат, постапката за избор на кандидати за обука на контролори на летање е се уште во тек, како и дека М-НАВ, давателот на услуги на воздухопловна навигација, која го спроведува конкурсот, е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, којашто е обврзана да ги следи строгите правила во воздушниот сообраќај. На прашање на МИА за коментар на случувањата во М-НАВ по објавите за оставки и за оспорување на конкурсот за контролори на летање и дали Владата ќе преземе нешто со оглед на сензитивноста на областа во поглед на безбедноста на авиосообраќајот, портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска истакна дека М-НАВ е институција која има сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет. – Во однос на вашите прашања според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на обука на кандидати за контролори на летање е се уште во тек. Согласно со меѓународните стандарди, М-НАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка, рече Арсовски. Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори за летање (ССКЛ), претходно изјави дека како синдикат и како професионалци нема да отстапат од намерата за целосно спроведување на конкурсот за контролори на летање во М-НАВ како што е по регулативата. Тој потврди дека вчера до менаџментот на М-НАВ е доставено писмо со кое раководните лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти, побарале да бидат разрешени, а како реакција на тоа што, како што вели, се уште не е почната обуката по завршената селекција на кандидатите за контролори на летање во М-НАВ, што ја поминале 12 од 250 пријавени апликанти. Како што објаснува, компанија на која државава и делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во земјава, уште не одобрила да почне обуката на избраните кандидати, иако за изборот била задолжена лиценцирана фирма од Данска. Тасевски вели дека веќе имале разговори со раководството на М-НАВ од кое побарале да почне обуката на избраните кандидати и укажале на последиците доколку таа не биде спроведена. – Во целиот избор се вклучивме како набљудувачи за да бидат избрани навистина квалитетни кандидати, како што беа од претходната класа. Изборот се одвиваше со примена на алатка (FEAST), со која се прави правилна селекција. Но, се сомневаме дека не се избрани кандидати блиски на менаџментот и на високи политички функционери и сега компанијата се обидува да го поништи целиот процес, да постави нови критериуми за избор за тие да влезат. Со тоа ќе пропаднат парите дадени за целиот процес, кој се одвиваше во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а можно е да треба да плаќаме пенали, изјави Тасевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-po-skandalot-so-konkursot-za-kontrolori-na-letanje/feed/ 0
Рашковски два пати нудел оставка, Заев не видел причина да ја прифати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-dva-pati-nudel-ostavka-zaev-ne-videl-prichina-da-ja-prifati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-dva-pati-nudel-ostavka-zaev-ne-videl-prichina-da-ja-prifati/#respond Fri, 26 Jul 2019 08:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=222963

Обвинителството молчи за тоа дали е отворена истрага за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и за директорите на М НАВ за наводно местење на тендер за набавка на радарскиот систем. Новинарите кои ги објавија аудио материјали, а Рашковски лично потврди дека гласот кој се слуша е негов беа повикани во МВР да дадат изјава. Љупчо Златев рече дека од него било побарано да го открие изворот. Во меѓувреме премиерот Зоран Заен од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања тврдеше дека Рашковски два пати му понудил оставка, но тој не видел одговорност за да ја прифати. -Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам. Набавката на радарската опрема во МНАВ, комплетно со одлука за избор на јавна набавка, е завршена во 2016 година. Владата и генералниот секретар се во канцеларијата на Владата од 1 јуни 2017 година. Јавната набавка е завршена тогаш, од директор, кој е татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски. Разговорот се водел со цел да се убедат директорите на МНАВ да потпишат договори и да одат во имплементација. Но знаејќи дека бандитска власт била претходно и не е така лесно, но влегле во имплементација и затоа се закажани состаноците. Јас имам одржано состанок со МНАВ на ова прашање зборувајќи „ајде луѓе треба да се реализира, имате пари, кредитна линија, Европска банка за обнова и развој беше консултант во целата постапка и треба да се реализира. Апсолутно не може да се каже дека некој барал провизија прво на затворено, а второ на осум луѓе кои седат на состанок, истакна премиерот. Иако официјално од Јавното обвинителство нема информација дека е отворена истрага, премиерот Заев од собраниската говорница потенцираше  дека се спроведува истрага и во Антикорупциска и во Обвинителство за евентуална злоупотреба, но оти постои и истрага за неовластено снимање и пуштање во промет на снимки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-dva-pati-nudel-ostavka-zaev-ne-videl-prichina-da-ja-prifati/feed/ 0
М-НАВ ги демантира обвинувања за можен судир на два авиона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-gi-demantira-obvinuvanja-za-mozen-sudir-na-dva-aviona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-gi-demantira-obvinuvanja-za-mozen-sudir-na-dva-aviona/#respond Tue, 02 Jul 2019 19:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=214895

Од дозволената сепарација од осум километри хоризонтално, двата авиона споменувани вечерва на телевизија Сител и во неколку портали, се доближиле на шест километри што претставува далеку од било каква можност за судир, се истакнува во соопштението на М-НАВ АД Скопје кои најостро ги демантираат обвинувањата дека во мај годинава бил можен судир на два авиона над македонското небо. -Настанот е уредно пријавен до АЦВ и испитан за што се преземени мерки согласно законските прописи. Ваквите настани се случуваат во авијација и истите се предвидени во безбедносните таргети, појаснуваат од македонската авијација. Според нив, изјавите од таканаречените свиркачи – експерти, претставуваат еклатантен пример за непознавање на постапките и процедурите во воздухопловството, поради фактот што ниту еден настан неможе да се сокрие заради обврската за негово пријавување од контролорите на летање, но и од пилотите на авиокомпаниите. Од М-НАВ појаснуваат дека секоја пријава за намалено растојание помеѓу воздухоплови  на минимално пропишаните норми, се класифицира според европските норми и истите се пријавуваат од страна на контролорите на летање на посебни формулари, што е во согласност со позитивната домашна законска регулатива и европска пракса во воздухопловството. Воздухопловната навигација, информираат од М-НАВ, во последните две години бележи одлични резултати во растот на сообраќај, кој е повеќе од 40 проценти. -Секоја година имаме надминување на рекордот во делот на број на прелети на ден, што беше случај и претходната саботата, 29 јуни 2019 година, кога повторно го надминавме рекордот и достигнавме 1.042 прелети на ден. Паралелно со ова зголемување на сообраќајот пораснаа и финансиите на Друштвото за повеќе од пет милиони евра во периодот од две години што е резултат на посветеноста и работата на директните чинители во давањето на услугите во водухопловната навигација, Секторот за воздухопловна навигација предводен од новото раководство, истакнуваат од М-НАВ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-gi-demantira-obvinuvanja-za-mozen-sudir-na-dva-aviona/feed/ 0
М-НАВ: Пилотот на цесната имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-pilotot-na-cesnata-imashe-dozvola-za-sletuvanje-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-pilotot-na-cesnata-imashe-dozvola-za-sletuvanje-na-skopskiot-aerodrom/#respond Wed, 03 Apr 2019 14:59:37 +0000 https://kurir.mk/?p=182034

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загинаа четворица бугарски државјани, имал дозвола за слетување на аеродромот во Скопје, како алтернативен аеродром согласно веќе одобрениот план за летање, информираат денеска од М-НАВ. – На воздухопловот цесна П210Н  кој вчера попладне се уран во близина на Солунска Глава му беше одобрено да се упати кон скопскиот аеродром согласно одобрениот план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во нашиот главен град, се вели во демантот од македонската навигација. Од М-НАВ најостро ги демантираат наводите пласирани во одредени медиуми дека не било дозволено упатување на воздухопловот кон скопскиот аеродром. – Уште еднаш потенцираме дека на воздухопловот цесна П210Н, му било одобрено да се упати кон скопскиот аеродром, согласно одобрен план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во Скопје, се наведува во соопштението од воздухопловната навигација. М-НАВ апелираат во интерес на истрагата и од почит кон загинатите и нивните најблиски да не се шират понатамошни дезинформации. Директорот на М-НАВ и претседател на УО Николче Тасевски, за МИА, рече дека воздухопловната навигација целосно и транспарентно соработува со Комитетот за истраги на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството и Јавното обвинителство за поефикасно спроведување на истрагата и утврдување на причините за несреќата. Од М-НАВ вчера информираа, дека пилотот на цесната поради лошите временски услови побарал да слета во Скопје, што му било одобрено, но по кратко време одлучил да породолжи за Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-nav-pilotot-na-cesnata-imashe-dozvola-za-sletuvanje-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Стоилковски: М-НАВ се поднови со 24 нови партиски кадри, меѓу кои има и имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-m-nav-se-podnovi-so-24-novi-partiski-kadri-megju-koi-ima-i-iminja-kako-rodninata-na-ministerot-za-zemjodelstvo-ili-pak-partnerot-na-zaev-stojanche-angelov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-m-nav-se-podnovi-so-24-novi-partiski-kadri-megju-koi-ima-i-iminja-kako-rodninata-na-ministerot-za-zemjodelstvo-ili-pak-partnerot-na-zaev-stojanche-angelov/#respond Sat, 24 Nov 2018 11:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=131479

Денеска прашуваме „Има ли пилот во државата“ со потпрашање за македонската навигацијата за непотизам односно - Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ. Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде: „Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување. На листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн.“ Стоилковски побара М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Запраша дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повика надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ. Стоилковски потенцираше: „Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри! А во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија, на локација добро позната на директорот! Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација кон ЕУ и НАТО, тоа е борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите овие напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија.' -М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата. М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква Навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока дупка. Република Македонија не заслужува таков пат, Република Македонија заслужува многу подобро, подвлече Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-m-nav-se-podnovi-so-24-novi-partiski-kadri-megju-koi-ima-i-iminja-kako-rodninata-na-ministerot-za-zemjodelstvo-ili-pak-partnerot-na-zaev-stojanche-angelov/feed/ 0
Николовски денеска призна дека е во роднинска врска со вработен во М-НАВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-deneska-prizna-deka-e-vo-rodninska-vrska-so-vraboten-vo-m-nav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-deneska-prizna-deka-e-vo-rodninska-vrska-so-vraboten-vo-m-nav/#respond Wed, 21 Nov 2018 12:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=130376

Министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски денеска ја потврди информацијата дека негов роднина е вработен во М-НАВ. Тој побара институциите да истражат како се водел процесот на вработување на лицето во М-НАВ. – Да, лицето е во роднинска врска со мене. Барам да се утврдат сите процедури и постапки кои биле направени. Тоа институциите нека го проверат. Едно е јасно, станува збор за висок стручен професионален кадар школуван во Јапонија, во Кина, дипломиран, токму на проблематиката каква што се бара, на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Македонија треба да се бори, изјави денеска Николовски,]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-deneska-prizna-deka-e-vo-rodninska-vrska-so-vraboten-vo-m-nav/feed/ 0
Мицковски: Во М-НАВ вработени роднина на министер, син на директор, сестра на вицепремиер… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-vo-m-nav-vraboteni-rodnina-na-minister-sin-na-direktor-sestra-na-vicepremier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-vo-m-nav-vraboteni-rodnina-na-minister-sin-na-direktor-sestra-na-vicepremier/#respond Tue, 20 Nov 2018 14:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=130035

Ивор Мицковски кој важи за догогодишен поддржувач на ССМ на социјалните мрежи открива дека во државната агенција М-НАВ се вработени блиски роднини на високи владини функционери или коалициони партнери. -Во М-НАВ, државното претпријатие во кое се исплатуваат плати седум-осум пати повисоки од просечната, од минатата недела е вработен роднина на еден министер од актуелната влада. И таткото на нововработениот работи во М-НАВ. На листата на вработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци се наоѓа и синот на директорот на еден од социјалните фондови, сестрата на еден од вицепремиерите, внуците на директорот на телекомуникацискиот оператор и на висок претставник на помалиот коалициски партнер, синот на пратеничка од истата партија, пишува Мицковски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-vo-m-nav-vraboteni-rodnina-na-minister-sin-na-direktor-sestra-na-vicepremier/feed/ 0