МААЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 17:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МААЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МААЕ: Иран го забавува збогатувањето ураниум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/#respond Mon, 04 Sep 2023 17:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=874497

Иран го забави збогатувањето на ураниум кој е близу до нивото погодно за употреба во нуклеарно оружје, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ). Доверливиот извештај, во кој имале увид некои светски агенции, доаѓа додека Иран и САД преговараат за размена на затвореници и ослободување на ирански имот во вредност од милијарди долари, замрзнат во Јужна Кореја. Забавувањето на збогатувањето ураниум е знак дека Техеран се обидува да ги намали тензиите со Америка кои се зголемија од 2015 година, кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран. Во извештајот на МААЕ се наведува дека Иран има 121,6 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е многу побавен раст од претходно. Во претходните извештаи се наведуваше дека Иран има малку повеќе од 114 килограми таков ураниум во мај и 87,5 килограми во февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/feed/ 0
МААЕ не пронајде експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-pronajde-eksploziv-na-pokrivot-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-pronajde-eksploziv-na-pokrivot-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Fri, 04 Aug 2023 16:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=863499

Меѓународните набљудувачи не пронашле мини или други експлозивни направи на покривите на украинската нуклеарна централа во Запорожје, објави денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Украинската разузнавачка агенција СБУ на крајот на јули тврдеше дека Русија ја минирала таа електрана и дека планирала терористички напад. Москва ги отфрли тие обвинувања. Соопштението на МААЕ доаѓа откако на нејзиниот тим за првпат му беше дозволено да изврши инспекција на нуклеарна централа под руска окупација. Шефот на таа агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси нагласи дека на тимот на МААЕ досега му било дозволено да ги прегледа покривите на само два од шесте реактори, како и халите со турбините. Гроси побара и пристап до преостанатите реактори. Истовремено, МААЕ соопшти дека е задоволна од нивото на водата на каналот што ја снабдува фабриката со ладна вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-pronajde-eksploziv-na-pokrivot-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
МААЕ потврди присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-potvrdi-prisustvo-na-mini-vo-blizina-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-potvrdi-prisustvo-na-mini-vo-blizina-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=859641

Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје, што е окупирана од руските сили. За време на инспекцијата пред два дена тимот на МААЕ регистрирал мини лоцирани во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните бариери на локацијата. Мините се лоцирани во ограничена област, недостапна за персоналот, се наведува во соопштението на МААЕ. Агенцијата на ОН истакнува и дека присуството на такви експлозиви на локацијата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност и создава дополнителен психолошки притисок врз персоналот на централата и покрај првичната процена на МААЕ, дека евентуално детонирање не треба да влијае на системите за нуклеарна безбедност и безбедност на локацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-potvrdi-prisustvo-na-mini-vo-blizina-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-se-ushte-nema-pristap-do-pokrivot-na-nuklearkata-vo-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-se-ushte-nema-pristap-do-pokrivot-na-nuklearkata-vo-zaporozhje/#respond Fri, 21 Jul 2023 06:36:36 +0000 https://kurir.mk/?p=858618

Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ објавен вчера, додава германската агенција. Сепак, МААЕ продолжи да бара пристап до покривите на реакторите и нивните турбински сали, се наведува во соопштението, цитирајќи го генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. -Експертите на МААЕ не пријавија дека слушнале експлозии во текот на изминатата недела, за разлика од претходната недела кога тоа беше речиси секојдневна појава, рече Гроси. МААЕ продолжи да ја следи достапноста на вода за локацијата, по уништувањето на браната Каховка во јуни и последователното исцрпување на огромниот резервоар во близина на централата. „Тимот на МААЕ објави дека достапното снабдување со вода останува релативно стабилно, при што нивото на водата се намалува за околу еден сантиметар дневно поради користењето и испарувањето. Локацијата продолжува да има доволно вода за следните неколку месеци“. Украинскиот претседател Виолодомир Зеленски ја обвини Русија за поставување експлозиви во нуклеарната централа, додека Москва пак го обвини Киев дека планира да ја нападне централата со ракети и беспилотни летала камикази. Најголемата нуклеарна централа во Европа е под руска контрола од почетокот на март 2022 година, веднаш по инвазијата на Москва. Сите шест реактори се исклучени од септември, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-se-ushte-nema-pristap-do-pokrivot-na-nuklearkata-vo-zaporozhje/feed/ 0
МААЕ не најде докази за минирање на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Wed, 05 Jul 2023 17:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853254

За време на последната инспекција на нуклеарната централа Запорожје што ја држат Русите, експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не воочиле никакви знаци на поставени мини или експлозиви во централата, но за да бидат целосно сигурни во тоа, им треба подобар пристап до електраната, соопшти денеска МААЕ. Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинија дека планираат напад на најголемата нуклеарна централа во Европа. МААЕ постојано предупредуваше дека таму може да се случи катастрофа поради воени судири во близина. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за гранатирање, кое неколку пати досега предизвика прекин на електрични водови важни за ладење на шесте реактори на електраната и за спречување на дефекти. Експертите на МААЕ „во последните денови и недели прегледаа делови од централата, вклучително и делови од периметарот на големиот базен за ладење, а ја посетија и целата област, но досега не забележаа видливи знаци на поставени мини или експлозив во централата“, се вели во соопштението на МААЕ. - Експертите на МААЕ побараа дополнителен пристап, кој е неопходен за да се потврди отсуството на мини или експлозиви, се додава во соопштението. Поточно, од суштинско значење е пристап до покривите на реакторските единици 3 и 4, како и пристап до делови од салите за турбини и некои делови од системот за ладење во централата. Украинската војска вчера објави соопштение во кое тврди дека на покривот на третиот и четвртиот реактор биле поставени „експлозивни направи“ и оти е можен напад „во блиска иднина“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
Директорот на МААЕ пристигна во Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-maae-pristigna-vo-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-maae-pristigna-vo-zaporozhje/#respond Thu, 15 Jun 2023 11:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=846100

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна на територијата на регионот Запорожје, кој е под контрола на Русија, каде што треба да ја посети нуклеарната централа во Енергодар. Руски медиуми цитираат локален руски функционер кој рекол дека Гроси денеска ќе ја посети нуклеарната централа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-maae-pristigna-vo-zaporozhje/feed/ 0
Мисија на МААЕ доаѓа во Украина со план да и помогне на земјата по пукањето на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-maae-doaga-vo-ukraina-so-plan-da-i-pomogne-na-zemjata-po-pukaneto-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-maae-doaga-vo-ukraina-so-plan-da-i-pomogne-na-zemjata-po-pukaneto-na-branata-kahovka/#respond Fri, 09 Jun 2023 18:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=844198

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска започна програма за помош на Украинците по пукањето на браната Нова Каховка, изјави директорот на агенцијата Рафаел Роси, додавајќи дека ќе дојде во Украина „во наредните денови“ на чело на мисијата што ќе пружи помош, јави Си-Ен-Ен. Според Роси, тој во таа прилика ќе му претстави план за помош на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие мерки се одговор на молбите за меѓународна помош од Киев, по катастрофата предизвикана од пукањето на браната на реката Дњепар. Шефот на МААЕ ќе ја посети и нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, и која добива вода за ладење на реакторите од блиската термоцентрала, која црпи вода од резервоарот за вода во близина на пробиената брана Каховка. Водата за ладење е од суштинско значење за безбедноста на електраната. Роси рече дека мисијата ќе користи нуклеарна технологија за да го процени интегритетот на критичната инфраструктура во централата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-maae-doaga-vo-ukraina-so-plan-da-i-pomogne-na-zemjata-po-pukaneto-na-branata-kahovka/feed/ 0
MAAE ќе го зголеми своето присуство во Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ke-go-zgolemi-svoeto-prisustvo-vo-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ke-go-zgolemi-svoeto-prisustvo-vo-zaporozhje/#respond Thu, 08 Jun 2023 08:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=843566

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) следната недела ќе го зголеми своето присуство во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, соопшти агенцијата на ОН. Нов, поголем тим ќе ја замени групата која моментално се наоѓа во нуклеарката во јужна Украина кога директорот Рафаел Гроси ќе ја посети следната недела, се вели во соопштението на МААЕ. - Во светло на интензивирањето на активностите на МААЕ според нововоспоставените принципи, Гроси ќе го зајакне присуството на МААЕ на локацијата, заменувајќи го сегашниот тим со поголема група која ќе патува со него преку линијата на фронтот, се вели во соопштението.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ke-go-zgolemi-svoeto-prisustvo-vo-zaporozhje/feed/ 0
МААЕ: Базенот за ладење во нуклеарната централа Запорожје е полн со вода, има залихи за неколку месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bazenot-za-ladene-vo-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje-e-poln-so-voda-ima-zalihi-za-nekolku-mesetsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bazenot-za-ladene-vo-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje-e-poln-so-voda-ima-zalihi-za-nekolku-mesetsi/#respond Wed, 07 Jun 2023 06:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=843010

Големиот базен за ладење во нуклеарната централа Запорожје, лоциран во близина на браната што вчера експлодираше, е полн и има доволно вода за неколку месеци, соопшти вчера Агенцијата за атомска енертгија на ОН (МААЕ). Горниот дел од големата брана од советската ера во близина на нуклеарна централа во јужна Украина вчера беше пробеин, испуштајќи вода и поплавувајќи ја низводно воената зона, што и Украина и Русија го опишаа како намерен напад од другата страна. Вештачкото езеро зад браната обезбедуваше вода што се користи за ладење на јадрото на шесте реактори во најголемата европска нуклеарна централа, како и за потрошено гориво и дизел генератори за итни случаи што мораа постојано да се користат кога надворешното напојување ќе испадне од системот. -Постојат бројни алтернативни извори на вода. Главниот голем басен за ладење се наоѓа веднаш до тоа место над нивото на вештачкото езеро, рече шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во изјава по пробивањето на браната Каховка. „Водата од езерото треба да обезбеди доволно вода за ладење за неколку месеци“, рече Гроси, додавајќи дека неговата агенција ќе го потврди тоа „многу скоро“. Во друга изјава подоцна, МААЕ соопшти дека базенот е полн и дека има доволно вода за „неколку месеци“, бидејќи шест од реакторите на централата моментално се затворени. -Затоа, од витално значење е овој базен за ладење да остане недопрен. Не смее да се направи ништо за потенцијално да се загрози неговиот интегритет. Ги повикувам сите страни да се погрижат да не се стори ништо за да се загрози, рече Гроси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bazenot-za-ladene-vo-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje-e-poln-so-voda-ima-zalihi-za-nekolku-mesetsi/feed/ 0
МААЕ по руските напади во Запорожје: Си играме со оган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-ruskite-napadi-vo-zaporozhje-si-igrame-so-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-ruskite-napadi-vo-zaporozhje-si-igrame-so-ogan/#respond Thu, 09 Mar 2023 11:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=809908

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно предупреди за опасноста по рускиот удар врз украинската нуклеарна централа во Запорожје. „Секогаш кога играме со оган и ако дозволиме оваа ситуација да продолжи, еден ден среќата ќе ни го заврти грбот“, изјави Гроси пред Одборот на гувернери на МААЕ во Виена. Тој апелираше до сите „да се посветат на заштитата на безбедноста“ на централата, со формирање посебна зона. Нуклеарната централа Запорожје, окупирана од руската армија на југот на Украина, денеска беше исклучена од украинската електрична мрежа по руски напад, соопшти операторот Енергоатом. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-ruskite-napadi-vo-zaporozhje-si-igrame-so-ogan/feed/ 0