мачнини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 08:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мачнини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Имате мачнини после тренинг, еве како да ги спречите истите https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/imate-machnini-posle-trening-eve-kako-da-gi-sprechite-istite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/imate-machnini-posle-trening-eve-kako-da-gi-sprechite-istite/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=846415

Понекогаш, за време на вежбање, може да почувствувате ненадејна мачнина и непријатност во стомакот. Овој вообичаен феномен е познат како мачнина предизвикана од вежбање и иако е непријатна, всушност е прилично нормална реакција. Според Health, еве што треба да знаете зошто тоа се случува, кога е време да се грижите и што можете да направите за да си олесните. Не значи дека не сте во форма Постои заблуда дека гадењето за време или после вежбање е показател за вашата севкупна кондиција, но тоа не е точно. – Гадење предизвикано од вежбање може да се јави кај секого, од олимпијци до почетници вежбачи – нагласува специјалистот за спортска медицина Брајан Бабка. Авторите на студијата Frontiers in Physiology објаснија дека вашиот дигестивен систем е виновен за ова чувство. Поточно, вежбањето ја попречува работата на гастроинтестиналниот тракт, што доведува до симптоми како гадење и повраќање. Кога ќе го зголемите интензитетот на вежбањето, вашите црева може да страдаат Кога вежбате, крвта тече до мускулите што ги движите и до вашите витални органи кои вредно работат – како срцето, белите дробови и мозокот. Помалку крв се дистрибуира до органите за варење, што ги паузира процесите што ја разградуваат храната во вашиот стомак. – Варењето на храната е секундарно во однос на примарниот инстинкт на „бегање од мечката“ – истакнува д-р Мајкл Ричардсон. Тој додава дека овој процес е важен од гледна точка на опстанок: – Кога трчаме за фитнес или забава, гадењето обично станува непријатен несакан ефект. Колку повеќе крв се пренасочува, толку веројатно ќе бидат поинтензивни вашите симптоми. Јадењето и пиењето пред вежбање може да влијаат на гадење – Најголем фактор за тоа дали ќе почувствувате мачнина или не е што и кога сте јаделе пред да вежбате. Ако јадете непосредно пред тренинг, не му давате доволно време на вашиот дигестивен систем да ја разгради храната, а ако јадете прерано, може да се чувствувате гладни и тромави – истакнува физиологот Џим Вајт и додава: – Секој е различен, но оброкот еден до три часа пред вежбање е препорачаниот прозорец за да се спречи непријатност во стомакот, а истовремено да се зајакнат вашите перформанси. Кога гадење после вежбање е причина за загриженост Ако гадењето се случува само од време на време и не е придружено со посериозни симптоми како треска, грчеви во мускулите, болка во градите, целосен недостаток на пот или кафеава урина (што е знак за опасната состојба наречена рабдомиолиза), д-р Бабка истакнува дека тоа не е нешто за што треба премногу да се грижите. Од друга страна, ако постојано чувствувате гадење, разговарајте со вашиот лекар за да исклучите посериозни медицински состојби. Или, од друга страна, обидете се да го намалите интензитетот на тренингот бидејќи можеби претерувате, а вашето тело ве предупредува да бидете побавни и понежни кон себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/imate-machnini-posle-trening-eve-kako-da-gi-sprechite-istite/feed/ 0
Научниците открија решение против мачнини за време на патување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-reshenie-protiv-machnini-za-vreme-na-patuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-reshenie-protiv-machnini-za-vreme-na-patuvanje/#respond Sat, 28 Jul 2018 08:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=82032

Не е мал бројот на луѓе кои за време на долгите патувања чувствуваат вртоглавици, главоболки и мачнини. Нови пластични очила наречени Seetroen можат да ви помогнат да се излечите од мачнините за време на патувањата. Иако не изгледаат премногу атрактивно, сепак тие делуваат. Мачнините се предизвикуваат поради конфликт на перцепцијата меѓу внатрешното уво и очите, што меѓу другото, претставува и морска болест, мачнини на копно за време на возење, но и мачнини за време на возење во забавни паркови. Функционираат на тој начин што очилата се пополнети со сина течност која служи да го имитира хоризонтот и да го врати вашиот слух во потполен баланс. Само по 10 до 12 минути мачнините престануваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-reshenie-protiv-machnini-za-vreme-na-patuvanje/feed/ 0