мачор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 21:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мачор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Преживеал 30 минути во машина за перење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/#respond Fri, 28 Jan 2022 20:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=624176

Мачор по име Брошa мина половина час во вклучена машина за перење облека и преживеа. Инцидентот се случил во Украина. Сопствениците објасниле дека мачорот Брошa обожава да спие во машината, а со оглед дека е сив, со истата боја како и внатрешноста на машината, не го забележале во текот на вклучувањето. Ова е објавено на Facebook страницата на ветеринарната клиника на која мачорот бил доведен за спасување. Според зборовите на вработените во клиниката, Брошa бил во машината за перење облека околу 30 минути пред сопствениците да го слушнат неговиот врисок. „Замислете ги шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачорот толку долго бил во машината за перење. Изненадува тоа што веднаш по отворање на машината мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Го фатиле, веднаш го исушиле и го одвеле на ветеринар“, додаваат тие. Во текот на прегледот животното имало ниска температура, очите не му биле доволно отворени поради прашокот за перење, а устата силно му мирисала на детергент. Ветеринарите му одредиле терапија потребна за закрепнување, а откако резултатите му биле уредни мачорот набргу си заминал дома. Сега, повторно е активен, трча, скока по дома и има апетит. „Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брошa навистина има голема среќа. не за џабе се вели дека мачките имаат 9 животи“, додаваат од ветеринарната клиника. Слична приказна имаше и во 2020 година во Австралија кога мачка преживеа 12 минути во машина за перење алишта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/feed/ 0
ВИДЕО: Мачор преживеал 30 минути перење во машина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-machor-preziveal-30-minuti-perenje-vo-mashina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-machor-preziveal-30-minuti-perenje-vo-mashina/#respond Fri, 28 Jan 2022 08:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=623782

Мачорот Брош, во сопственост на семејство од Дњепар во Украина, минал половина час во машина при перење и – преживеал. Сопствениците објаснуваат дека мачорот обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога таа била вклучена. Ова е објавено на Фејсбук-страницата на тамошната ветеринарна клиника „На рабочаја“. Вработените во клиниката сведочат дека при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а устата силно му мирисала на детергент. „Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брош имаше многу среќа. Не залудно се вели оти мачките имаат девет животи!“, додаваат од ветеринарната клиника. Слична приказна се случи во 2020 година во Австралија. Мачка преживеала 12 минути миење со топла вода и детергенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-machor-preziveal-30-minuti-perenje-vo-mashina/feed/ 0
ФОТО: Лила конечно откри со кој го дели креветот, ова е убавецот со зелени очи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-lila-konechno-otkri-so-koj-go-deli-krevetot-ova-e-ubavecot-so-zeleni-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-lila-konechno-otkri-so-koj-go-deli-krevetot-ova-e-ubavecot-so-zeleni-ochi/#respond Tue, 25 Jan 2022 21:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=622941

Лила на социјалните мрежи често споделува фотографии од Рангар, или Раги како што таа нагалено го нарекува нејзиниот мачор кој е миленикот на семејството. Додека Лила ужива да се фотографира, Раги тоа го мрази најмногу на светот, но нема избор кога неговата најдобра пријателка е инфлуенсерка.
Убавината на Рагнар ги привлече и маркетинг агенциите, па од неодамна на миленикот на водителката доби понуда за соработка. Рангар на профилот на Лила рекламираше храна за мачки.
Откако му се „усладија парите на овој убавец“, тој одеднаш почна да позира како вистински професионалец, но сè уште не открил колку точно заработува од една објавата. Деловна тајна! Омилената работа на Рангар е да одмара, особено на креветот во спалната соба на водителката или на гости кај нејзиниот син Филип. Рангар „за медиумите“ нема да открие каде ќе преноќи оваа ноќ.
Водителката често позира со својот мачор – инфлуенсер, а секоја нивна заедничка фотографија е меѓу омилените кај бројните следбеници на водителката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-lila-konechno-otkri-so-koj-go-deli-krevetot-ova-e-ubavecot-so-zeleni-ochi/feed/ 0
Најпознатиот мачор во Лондон заминува в пензија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpoznatiot-machor-vo-london-zaminuva-v-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpoznatiot-machor-vo-london-zaminuva-v-penzija/#respond Mon, 10 Aug 2020 10:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=388763

Палмерстон, познатиот мачор на британското Министерство за надворешни работи, по 4,5 години стаж на буден и одговорен „ловец на глувци“, заминува в пензија. По тој повод, неговиот „официјален“ Твитер-профил објави и писмо во име на мачето, обележано со две шепи наместо потпис. Писмото е адресирано до Симон Мекдоналд, потсекретарот на Министерството. Во него, говорејќи во прво лице еднина се вели дека Палмерстон по четири и пол години служба, мора „да излезе од центарот на вниманието“ и да почне да ужива во „слободното време“ што ќе го има за себе. – Поради пандемијата на коронавирус, многумина, како мене, беа присилени да почнат со работа од дома. Открив дека животот зад првата истурена линија е поопуштен, потивок и поедноставен. Сега уживам да се качувам по дрвја и да одам по нивите што го опкружуваат мојот нов дом на село, се наведува во писмото. Мачорот има над 100.000 следачи на Твитер. Повеќе познати личности од британскиот јавен живот се простија од своето милениче, истакнувајќи оти ќе им недостига и посакувајќи му мирна пензија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpoznatiot-machor-vo-london-zaminuva-v-penzija/feed/ 0
Го нарекуваат Мачкагенер: Овој мачор билдер го освои целиот свет- никој не може да верува колкави мускули има (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-narekuvaat-machkagener-ovoj-machor-bilder-go-osvoi-celiot-svet-nikoj-ne-moze-da-veruva-kolkavi-muskuli-ima-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-narekuvaat-machkagener-ovoj-machor-bilder-go-osvoi-celiot-svet-nikoj-ne-moze-da-veruva-kolkavi-muskuli-ima-foto-video/#respond Fri, 01 Jun 2018 09:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=60911

Пругаст мачор со широки рамена која изгледа баш како да излегла од теретана, стана вистинска сензација на интернет. Фотографиите и видеата од мачор, на чие тело би завидувале многу бодибилдери, не престануваат да ги шокираат луѓето ширум светот, затоа што никој не може да открие во што е тајната на ваквата градба на ова животно. Колку е овој мачор популарен, сведочи и фактот што има Твитер профил кој е преполн со фотографии и видеа од него. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-narekuvaat-machkagener-ovoj-machor-bilder-go-osvoi-celiot-svet-nikoj-ne-moze-da-veruva-kolkavi-muskuli-ima-foto-video/feed/ 0
ФОТО: Мачор му се врати на сопственикот по 18 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/#respond Sat, 26 May 2018 10:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=58503

По 18 години лутање, мачор по името Кимба му се вратил на својот сопственик во германскиот главен град Берлин. Исцрпен и запуштен, Кимба го нашла полицијата по неколку повици на загрижени поминувачи кои пријавиле дека „мјаукал тажно“ на улица во берлинскиот кварт Маринфелд. Скенирањето на неговиот микрочип покажало дека неговиот сопственик Питер Фабијан (65) го пријавил неговото исчезнување пред 18 години. Кимба бил вдомен од засолниште за животни во Минхен во 2000. година. Фабијан раскажал дека тогаш осуммесечниот црн мачор „бил многу посебен“. Недолго по неговото исчезнување Фабијан се преселил од Минхен во Берлин, каде што живее до денес. Верува дека Кимба не сакал да се пресели од неговиот град и поради тоа си заминал од него. -Направив посебна вратичка за него, но еднаш кога отиде, никогаш повеќе не се врати, изјави Фабијан. Минатиот петок тој добил изненаден повик од полицијата во Минхен.   Со оглед на тоа дека Кимба бил чипуван, сопственикот не било тешко да се пронајде, изјави портпаролката на полицијата. Односот меѓу сопственикот и мачорот се уште е на стаклени нозе, но постепено напредува и се поправа. Фабијан е пресреќен и планира неговиот миленик да му ја разубави староста. Мачките можат да живеат и 25 години, ако сопствениците добро се грижат за нив, нивниот вообичаен животен век е од 14 до 18 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/feed/ 0