мачу пикчу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 09:06:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мачу пикчу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мачу Пикчу повторно отворен за туристи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/machu-pikchu-povtorno-otvoren-za-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/machu-pikchu-povtorno-otvoren-za-turisti/#respond Thu, 16 Feb 2023 09:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=801174

Мачу Пикчу, една од главните туристички атракции во Јужна Америка, повторно беше отворена за посетителите вчера по неколку недели неработење поради немирите. Протестите предизвикани од соборувањето и затворањето на поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо во декември го блокираа туризмот на Андите, па и ги принудија властите да го евакуираат Мачу Пикчу. Беа запрени и возовите што сообраќаат меѓу ова историско место и градот Куско. Иако блокадите на патиштата на југот на Перу продолжуваат, последниве денови владее релативен мир. Повторното отворање уследи по договорот меѓу туристичките компании, властите и тамошната заедница, за гарантирање на безбедноста околу Мачу Пикчу и за превозните услуги. Мачу Пикчу бил изграден во 15 век, веројатно во времето на Империјата на Инките. Бил напуштен при шпанското освојување, а откриен е во 1911 година од американскиот истражувач Хирам Бингам.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/machu-pikchu-povtorno-otvoren-za-turisti/feed/ 0
Евакуација на туристите заглавени на Мачу Пикчу поради протестите што го зафатија Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-turistite-zaglaveni-na-machu-pikchu-poradi-protestite-shto-go-zafatija-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-turistite-zaglaveni-na-machu-pikchu-poradi-protestite-shto-go-zafatija-peru/#respond Sun, 18 Dec 2022 14:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=777269

Околу 200 од туристите кои беа блокирани во познатиот археолошки комплекс во Перу, Мачу Пикчу, се евакуирани од таму поради протестите што го потресуваат Перу околу 10 дена. Евакуацијата е извршена со воз. Туристите биле пренесени во градот Пискакучо. Таму, пак, огромен камен ги блокираше шините и туристите, од кои повеќето Европејци и Северноамериканци, мораа да се симнат од возот и да пешачат два километри за да се качат во автобуси и транспортирани во градот Куско, кој има меѓународен аеродром. Градоначалникот на селото во близина на Мачу Пикчу, Дарвин Бака изјави дека 5.000 туристи се блокирани во градот Куско. Најмалку 622 туристи, од кои 525 странци и натаму се блокирани на Мачу Пикчу. Возот е единственото средство за враќање од таму до градот Куско, но линијата е блокирана. Аеродромот во Куско продолжи со работа во петокот, а од таму започна евакуацијата на туристите. А оние што ќе останат на Мачу Пикчу ќе бидат пренесени со четири хуманитарни летови на армијата од таму до Куско. Перу е зафатен од протести во кои загинаа најмалку 19, а повредени се 569 лица. Тие избија по импичментот и апсењето на претседателот Педро Кастиљо на 7 декември.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-turistite-zaglaveni-na-machu-pikchu-poradi-protestite-shto-go-zafatija-peru/feed/ 0
Мачу Пикчу отворен за само еден турист од Јапонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/#respond Tue, 13 Oct 2020 07:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=415567

Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист, кој чекаше скоро седум месеци за да влезе во архитектонскиот древен комплекс на Инките. Туристот е „заглавен“ во јужноамериканската земја поради пандемијата на коронавирус. – На Џеси Такајама му беше дозволено да ја види историската знаменитост благодарение на специјалното барање коешто го упати. Од средината на март, тој е блокиран во малиот град Агуас Калиентес, кој се наоѓа во долината кај Мачу Пикчу, рече министерот за култура, Алехандро Неира. – Тој пристигна во Перу со цел да си го оствари сонот – да влезе. Јапонскиот државјанин влезе со нашиот управител на паркот за да може да го стори тоа пред да се врати во својата земја, додаде министерот. Во Перу, досега, 33.305 лица починаа од коронавирусот. Тоа е највисока смртност по глава на жител во светот. Меѓународните летови во меѓувреме се повторно отворени, но пандемијата го уништи туризмот во земјата. Такајама, кој добил билет за Мачу Пикчу во март, во саботата ја посети културно-историската знаменитост. Тој е првиот турист што по седум месеци влезе во Мачу Пикчу. – Толку е неверојатно! Ви благодарам!, изјави тој во свое видео од врвот на Мачу Пикчу. Неира најави дека во ноември ќе биде отворен комплексот и за домашни и за странски туристи. Ќе бидат дозволени само 30 отсто од вообичаениот капацитет. Мачу Пикчу во нормални услови го посетуваа 675 луѓе на ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/machu-pikchu-otvoren-za-samo-eden-turist-od-japonija/feed/ 0