Маџид Тахт Раванчи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Jun 2020 07:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маџид Тахт Раванчи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раванчи: Во случај на нови санкции на ОН против Иран сите опции се отворени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ravanchi-vo-sluchaj-na-novi-sankcii-na-on-protiv-iran-site-opcii-se-otvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ravanchi-vo-sluchaj-na-novi-sankcii-na-on-protiv-iran-site-opcii-se-otvoreni/#respond Fri, 26 Jun 2020 07:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=363238

Иранскиот амбасадор во ОН, Маџид Раванчи, изјави дека верува оти ќе пропадне гласањето за резолуција на Советот за безбедност за продолжување на ембаргото за оружје на Техеран. Тој предупреди дека тогаш ќе биде голема грешка доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно побара санкции на ОН против Иран. Раванчи кажа дека со обновување на санкциите, нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и големите сили ќе престане да важи и Техеран ќе биде ослободен од сите обврски. -Ако тоа се случи…. Сите можности за Иран ќе бидат отворени, рече амбасадорот. Американски претставници претходно изјавија дека продолжувањето на ембаргото за оружје на Иран е приоритет за Вашингтон. Тензиите меѓу Иран и САД ескалираа откако Трамп во 2018 година унилатерално ги повлече САД од нуклеарниот договор и повторно воведе остри санкции за Техеран. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ravanchi-vo-sluchaj-na-novi-sankcii-na-on-protiv-iran-site-opcii-se-otvoreni/feed/ 0
Иран нема да презема понатамошни воени активности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/#respond Thu, 09 Jan 2020 06:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=287190

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности. – Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак. Тие зборови доаѓаат во одговор на реакцијата на Багдад. Министерството за надворешни работи на Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор да протестира против ракетните напади на Иран врз ирачки бази. Иранскиот дипломат го опиша ракетниот напад како „прецизна операција“ чија цел биле воени инсталации за да не се предизвикаат жртви на цивили и оштетување на цивилните објекти во областа. Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и нагласува дека не бара ескалација или војна, додава Маџид Тахт Раванчи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/feed/ 0