мафијаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Jun 2021 12:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мафијаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски дадоа пасоши на светски нарко босови и мафијаши, но нема за македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525262

Во Македонија под режимот на мафијата на Заев, граѓани од прв и втор ред има и дури и во издавањето на пасоши. И тоа во прв ред се криминалците блиски до Заев, дури и странските, а во втор ред се сите останати граѓани на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и Оливер Спасовски им дадоа пасоши на озлогласени и најбарани светски криминалци, но не им даваат на македонските граѓани. Откако граѓаните на Македонија се изначекаа за пасоши, МВР на Спасовски донесе одлука дека истечените пасоши ќе важеле до крај на годината, притоа оставајќи ги граѓаните без валидна патна исправа со која ќе може да патуваат во странство и да ги завршат своите обврски. Спасовски може да дава гаранции само во Македонија, но во странство никој не гарантира дека македонски граѓанин со истечен пасош ќе биде примен на граница, а уште помалку дека некоја друга странска институција ќе го признае истиот. И додека нарко босови, мафијаши и терористи шетаат низ светот со пасошите кои им ги дадоа Заев и Спасовски со нив убиваат, тргуваат со дрога, перат пари и вршат грабежи, македонските граѓани се лишени и од лекување во странство. Заради мафијата на Заев македонските граѓани се оставени на цедило и може да останат без лекување или престој во странство бидејќи МВР на Спасовски не им издало нов пасош и не може да гарантира дека таму ќе го признаат истечениот. Уште помалку ниту Спасовски ниту Заев можат да гарантираат дека полиција во странство нема да ги приведе македонските граѓани откако ќе ги легитимира и ќе види дека немаат валидна патна исправа. Има пасоши за нарко босови од Црна Гора, мафијаши од Италија, Турција и Албанија, кланови од Мексико, па дури и за терористи на ИСИС, ама нема за македонски граѓани. Македонските граѓани за оваа власт на СДСМ не постојат, бидејќи не се дел од мафијашките крими шеми на кланот Заеви тие се граѓани од втор ред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/feed/ 0
Арсовски: Некој од власта добро има заработено од пасошите за светските мафијаши, власта направи нарко картел од државава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-nekoj-od-vlasta-dobro-ima-zaraboteno-od-pasoshite-za-svetskite-mafijashi-vlasta-napravi-narko-kartel-od-drzavava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-nekoj-od-vlasta-dobro-ima-zaraboteno-od-pasoshite-za-svetskite-mafijashi-vlasta-napravi-narko-kartel-od-drzavava/#respond Wed, 28 Apr 2021 17:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=503424

Секоја држава си има своја мафија, но само во Македонија мафијата има своја држава. На чело на мафијата сите знаеме кој е, тоа е Зоран Заев и надолу следствено буквално целата влада и сите околу него блиски соработници, бизнисмени и дел од семејството функционираат како мафија, изјави за „Филибастер“ на Радио Лидер, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Арсовски за аферата „Мафија“ и натурализирање на светски мафијаши вели дека тоа не е ништо повеќе освен начин на бизнис, да заработат сериозни пари со издавање на нелегални пасоши. - Верувајте дека некој од власта добро има наплатено, но ќе дојдат времиња кога ќе има истрага и ќе се покаже кој е главата на тој криминал. Никој од тие светски мафијаши не може да дојде туку така во Македонија, и да побара пасош, или некој од МВР. За да се случи една таква операција треба да има меѓусебна доверба помеѓу челните лица кои требало да ги одобрат пасошите и помеѓу мафиите. Истрагата треба да утврди кој одобрил и кој ја организирал целата работа. Тие луѓе седат во раководните функции во власта, истакна Арсовски. Тој нагласи дека треба да се види и каква е нивната поврзаност, кои се нивните претходни соработки, дали ги имало и на кој начин, да се види дали има бизнис релации кои се нелегални. Бидејќи само на таков начин можат да створат таква доверба за да може да си побараат меѓусебна услуга за лажен идентитет. - За жал со оваа власт станавме држава во која било кој светски мафијаш може да дојде и легално да си извади пасош и лична карта. Сведоци бевме како возачот на братучедот на Зоран Заев беше фатен со марихуана во вредност од 1 милион евра и тоа покажува како функционира оваа власт и држава, како нарко картел, потенцира Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-nekoj-od-vlasta-dobro-ima-zaraboteno-od-pasoshite-za-svetskite-mafijashi-vlasta-napravi-narko-kartel-od-drzavava/feed/ 0
Николоски: МВР на Спасовски издала пасоши на водач на познат нарко картел од Албанија и осомничен за обид за убиство во Украина на еден од водачите на Кавачкиот клан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-mvr-na-spasovski-izdala-pasoshi-na-vodach-na-poznat-narko-kartel-od-albanija-i-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-ukraina-na-eden-od-vodachite-na-kavachkiot-klan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-mvr-na-spasovski-izdala-pasoshi-na-vodach-na-poznat-narko-kartel-od-albanija-i-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-ukraina-na-eden-od-vodachite-na-kavachkiot-klan/#respond Wed, 07 Apr 2021 11:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=493636

Имено, оваа афера „Мафија“ ја докажува целата немоќ на правната држава, која е окупирана, погазена и завиткана во хибриден режим. Државата е логистика на криминалци, мафијаши и нарко картели од балкански и европски калибар, ова денеска преку прес-конференција го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. -Нема граѓанин кој верува во приказната дека мафијашки бос извадил легален пасош со украден или лажен идентитет кај обичен полициски службеник. Такво кривично дело е возможно најмалку со знаење на претпоставениот кој е поставен директно од Оливер Спасовски. Целта е ситните риби да одговораат за крупните да се спасат, но дел веќе виден. Доволно е да се отворат медиумските известувања од 2018, 2019, 2020, 2021 година за да се види како сите балкански медиуми известувале за овие случаи. Како е можно воопшто некој да одлежи затвор во соседна држава за македонска патна исправа чиј идентитет бил сменет со амин на власта, а во Македонија да нема никаква реакција. Според власта истрага отвориле во февруари 2019 година, па се поставува логичното прашање како е возможно година дена потоа, на 29.01.2020 година црногорски атентатор да се слика за македонски пасош и оди во Украина да изврши атентат каде што е фатен токму со македонски пасош?, прашува Николоски. Тој вели дека до нив стигнаа нови документи за пасоши на криминални структури за кои што би сакал да проговориме и да ја информирам јавноста токму денес. -Поставувам јавно прашање дали македонски пасош издаден од МВР имал и водачот на познат нарко картел од Албанија? МВР во регуларна постапка на 17.07.2019 година му издала македонски пасош со број C1265083 и на шефот на нарко клан од Албанија, Флорјан Мусај со позајмен идентитет Наум Фило роден на 22.01.1986 година. Ги повикувам медиумите да подетално истражат кој е овој човек и што тој претставува. Само неколку информации Мусај станува познат во 2018-тата година кога против неговиот нарко картел во меѓународна соработка помеѓу полициските служби на Германија, Италија, Холандија и Албанија се откриени 91 килограм кокаин во вредност од 20 милиони евра и огромна дилерска структура низ сите овие држави. Според информациите кои ги добивме по добивањето на македонски пасош во 2019-та година, Мусај непречено патува низ повеќе европски држави за во октомври 2019-та година да пристигне во Јужна Америка. Мусај користејќи го македонскиот пасош со позајмен идентитет на име Наум Фило најверојтно патувал низ повеќе држави на Европа и Јужна Америка, вели Николоски. Тој додава дека втората индиција која што ја имаме е дека македонски пасош поседува Стефан Џукиќ кој е осомничен за обид за убиство на еден од водачите на т.н. Кавачки клан, обидот за убиство се случил во Киев, Украина, а името е Радojе Звицер. Стефан Џукиќ имал македонски пасош на име Каче Герѓи. Значи човек кој што медиумите го ословуваат како платен убиец на Кавачкиот клан имал македонски пасош издаден од МВР. -Вистинското прашање е зошто овие пасоши, дел издадени уште во 2017-та година, беа премолчувани од власта се до отворањето на аферата „Мафија“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто кога Јован Вукотиќ бил осуден во Белград за поседување на македонски пасош со лажен идентитет министерството за внатрешни работи не реагирало? Како е можно Седат Пекер кој според МВР бил протеран, четири дена по протерувањето да се слика во полициска станица во Скопје за лична карта и пасош? Зошто никој од МВР нема издадено потерница по ниту еден од овие мафијашки босови, и зошто за злоупотреба паѓаат само ситните риби, со цел да се заштитат крупните риби? Одговорот е затоа што мафијата е во врвот на власта. И на крај, зошто МВР не проверува какви банкарски сметки имаат овие луѓе во земјава. Дали се переле пари од страна на овие луѓе. Зошто не се повикани на разговор луѓе од власта кои се сликаа со дел од овие нарко босови? Ова е срам за земјата. Ова мора да заврши со оставка и одговорност. Мафијата е високо во власта. Додека народот умира на рати, се бори за живот, власта давала логистика на мафијата. Ова е иднината со Заев, мафија наместо Европа. И затоа се потребни оставки денес и веднаш, вели Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-mvr-na-spasovski-izdala-pasoshi-na-vodach-na-poznat-narko-kartel-od-albanija-i-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-ukraina-na-eden-od-vodachite-na-kavachkiot-klan/feed/ 0
Во Палермо уапсени 20 мафијаши https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/#respond Tue, 13 Oct 2020 13:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=415773

Италијанската полиција постигна голем успех откако во Палермо уапси повеќе од 20 припадници на мафијашката организација „Коза ностра“, почнувајќи од шефови до ситни крадци и вршители на илегални работи, пишува дневниот весник „Хафингтон Пост“. Уапсените се обвинети за изнудување, убиства, криминално здружување, продавање дрога, кражби и слично. Акцијата е спроведена откако сопственици на одреден број продавници во Палермо се пожалиле и ги пријавиле мафијашите во полиција, бидејќи не можеле повеќе да издржат да ја плаќаат принудната „заштита“ на мафијашката фамилија на Анџело Монти. Шефот Монти бил в затвор последните три години, исто така поради мафијашко делување, но по излегувањето ја преземал старата улога на „бос“ и продолжил со криминалната работа. Мафијата во квартот Борго Векио не ја контролирала само комерцијалната дејност, туку и организација и принудно собирање пари за религиозни манифестации и музички концерти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/feed/ 0
Го забетонирале жив: Најмила мафијаши да му се одмазди на сопругот, тие направиле хорор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-zabetonirale-ziv-najmila-mafijashi-da-mu-se-odmazdi-na-soprugot-tie-napravile-horor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-zabetonirale-ziv-najmila-mafijashi-da-mu-se-odmazdi-na-soprugot-tie-napravile-horor/#respond Tue, 12 Mar 2019 06:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=173777

Шеесет и четиригодишна Италијанка ангажирала четворица сицилијански мафијаши за убиството на нејзиниот поранешен сопруг, кој ја ограбил. Како што пренесува „Гардијан“, четворицата Сицилијанци го забетонирале мажот додека сè уште бил жив. Жртвата е 41-годишниот албански државјанин Ламај Астрид, кој исчезнал во 2013 година, а бил пронајден на Сицилија во бетонски столб на една вила. Телото било откриено за време на реновирањето на куќата. Тој бил идентификуван благодарејќи на парче од неговата кошула заглавено во дупка од столбот. Убијците се уапсени, а сите четворица биле поврзани со моќно мафијашко семејство. Според италијанските медиуми, жената го нарачала убиството, затоа што Астрид ѝ го украл целиот накит. Кога дознала дека телото е пронајдено, таа се обидела да избега од Италија, но е уапсена кај Џенова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-zabetonirale-ziv-najmila-mafijashi-da-mu-se-odmazdi-na-soprugot-tie-napravile-horor/feed/ 0