магацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 08:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png магацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем пожар во Сплит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-split/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-split/#respond Thu, 12 Jan 2023 08:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=786261

Триесет пожарникари од Сплит гаснат голем пожар кој избувна во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата. На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ, јавија сплитски медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-split/feed/ 0
Русија тврди дека со дрон е нападнат магацин со гориво длабоко на нејзина територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-so-dron-e-napadnat-magacin-so-gorivo-dlaboko-na-nejzina-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-so-dron-e-napadnat-magacin-so-gorivo-dlaboko-na-nejzina-teritorija/#respond Wed, 16 Nov 2022 09:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=761530

Магацин со гориво експлодираше денеска во јужниот дел Русија, длабоко во руска територија во Орелската област, по напад кој најверојатно бил извршен со дрон, во кој нема повредени, соопштија локалните власти. Експлозијата, за која се верува дека е резултат на напад, се случила на околу двесте километри од украинската граница. Од почетокот на руската офанзива против Украина, магацините со гориво и муниција на рускиот југ се цел на напади со дронови, за кои руските власти ја обвинуваат украинската војска. Таквите напади најмногу беа насочени кон објекти во близина на границата, во области на границата со Украина, што не е случај со оваа експлозија во Орел, која се случи длабоко на руска територија. „Денеска (среда) во 04:00 часот, дрон најверојатно предизвика експлозија на магацин за гориво во селото Стаљној Кон. Нема жртви“, соопшти гувернерот на Орелската област Андреј Кличков. „Сите спасувачки служби се на местото на настанот“, додаде тој во изјавата објавена на Телеграм, без да го именува сторителот. Експлозијата се случи по руските ракетни напади врз градовите низ Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-so-dron-e-napadnat-magacin-so-gorivo-dlaboko-na-nejzina-teritorija/feed/ 0
КАРАМБОЛ ВО СТРУМИЦА: Извадил пиштол кон вработени во магацин, се обидел да го употреби но не испукал, па се обидел да го репетира повторно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vo-strumica-izvadil-pishtol-kon-vraboteni-vo-magacin-se-obidel-da-go-upotrebi-no-ne-ispukal-pa-se-obidel-da-go-repetira-povtorno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vo-strumica-izvadil-pishtol-kon-vraboteni-vo-magacin-se-obidel-da-go-upotrebi-no-ne-ispukal-pa-se-obidel-da-go-repetira-povtorno/#respond Sun, 17 Jul 2022 14:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=706590

На 17.07.2022 година околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица. Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен. На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И,. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми. Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vo-strumica-izvadil-pishtol-kon-vraboteni-vo-magacin-se-obidel-da-go-upotrebi-no-ne-ispukal-pa-se-obidel-da-go-repetira-povtorno/feed/ 0
КУРИР ДОЗНАВА: Од магацинот на Охридската касарна било украдено оружје со кое може да се вооружи цела чета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-od-magacinot-na-ohridskata-kasarna-bilo-ukradeno-oruzje-so-koe-moze-da-se-vooruzi-cela-cheta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-od-magacinot-na-ohridskata-kasarna-bilo-ukradeno-oruzje-so-koe-moze-da-se-vooruzi-cela-cheta/#respond Sat, 16 Apr 2022 14:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=664083

Магацинот во склоп на Охридската касарна ,,Михајло Апостолски'' бил составен од три простории во кои се чувала поголема количина на сандаци со боева муниција 7.62, рачни бомби и гранати сопственост на Полициската страница од општа надлежност од Охрид, дознава Курир од свои извори. Од извор кој беше вклучен во увидот констатирано е дека одземени се поголем број на сандаци со боева муниција 7.62мм, поголема количина на сандаци со рачни бомби и гранати и друга опрема. -Кражбата е извршена со возило кое било паркирано до оградата од касарната која пред неколку дена била исечена, по што сторителите со употреба да подесен предмет ја обиле главната врата од магацинот и го одзеле оружјето.  Од СВР Охрид незнаат колкава количина на оружје е одземено, поради тоа што немале евиденција колку оружје имало внатре во магацинот. Се шпекулира дека високи структури односно старешини од Р.Ц. Запад индирекно се вмешани во кражбата.  Не се само шок бомби... вели извор за Курир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-od-magacinot-na-ohridskata-kasarna-bilo-ukradeno-oruzje-so-koe-moze-da-se-vooruzi-cela-cheta/feed/ 0
Гори магацин за детски играчки во Штип: На терен 15 пожарникари, побарана помош од Свети Николе и Кочани (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-magacin-za-detski-igrachki-vo-shtip-na-teren-15-pozarnikari-pobarana-pomosh-od-sveti-nikole-i-kochani-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-magacin-za-detski-igrachki-vo-shtip-na-teren-15-pozarnikari-pobarana-pomosh-od-sveti-nikole-i-kochani-foto/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=656281

Пожар во магацин со детски играчки е пријавен околу 12:30 часот во штипската противпожарна служба. Силниот ветер го отежнува гаснењето на огнената стихија која започнала надворешно од запалено ѓубре. На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани. -Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел, велат од штипската противпожарна единица. Посочуваат дека поради ветрот потешко се одвива гаснењето на пожар за кој се надеваат дека за брзо време ќе биде локализиран. Од МВР за Курир велат дека добиле пријава за пожар во магацински простор во штипската населба Три Чешми. До овој момент, полицијата нема добиено пријава за евентуално повредени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-magacin-za-detski-igrachki-vo-shtip-na-teren-15-pozarnikari-pobarana-pomosh-od-sveti-nikole-i-kochani-foto/feed/ 0
Приведен крадец кој ограби магацин на градинка, производите пронајдени и вратени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-koj-ograbi-magacin-na-gradinka-proizvodite-pronajdeni-i-vrateni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-koj-ograbi-magacin-na-gradinka-proizvodite-pronajdeni-i-vrateni/#respond Thu, 24 Mar 2022 09:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=652494

На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-koj-ograbi-magacin-na-gradinka-proizvodite-pronajdeni-i-vrateni/feed/ 0
Пожар во магацин во Кавадарци, до него се наоѓа магацин со 90 тони експлозивни материи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-magacin-vo-kavadarci-do-nego-se-naogja-magacin-so-90-toni-eksplozivni-materii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-magacin-vo-kavadarci-do-nego-se-naogja-magacin-so-90-toni-eksplozivni-materii/#respond Tue, 14 Dec 2021 08:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=608137

Центарот за управување со кризи информира дека во пожар кој избувнал рано утрово зафатен е магацински простор и дел од погоните на конфекција - поранешен Солитекст, а во непосредна близина се наоѓал и магацин со 90 тони експлозивни материи. На пожарот интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица Кавадарци со 5 возила и 12 пожарникари, противпожарна екипа од фабриката Фени со 2 вработени и 1 противпожарно возило, 1 вработен од Комунално со 1 цистерна и уште неколкумина вработени од околните погони и фабрики од 03:35 интервенирале на пожарот. Истиот е ставен под контрола околу 06:00 часот. -Да се напомене дека непосредно до нив под ист покрив, се наоѓал и магацин со 90 тони експлозивни материи. Во моментов екипите се се уште на терен и работат на ликвидирање на пожарот. Детални информации околу проценката на штета и причините за настанување на пожарот ќе се утврдуваат во текот на денот од надлежните органи, информира ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-magacin-vo-kavadarci-do-nego-se-naogja-magacin-so-90-toni-eksplozivni-materii/feed/ 0
ВИДЕО: Голем пожар во магацин во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-golem-pozar-vo-magacin-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-golem-pozar-vo-magacin-vo-belgrad/#respond Wed, 14 Jul 2021 06:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=536388

Во белградската населба Дорчол рано изутринава се запали магацин. Густ црн чад се издигна над населбата и може да се забележи од голема оддалеченост. Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, засега нема повредени во инцидентот. Станува збор за приватен магацин во кој главно се складира хартија и картони. Повремено пука стакло и се слушаат помали детонации. Реонот е блокиран, а во тој дел од градот е создаден метеж бидејќи полицијата го пренасочува сообраќајот. На местото на пожарот се наоѓаат 13 пожарникарски возила и 46 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат големиот оган. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-golem-pozar-vo-magacin-vo-belgrad/feed/ 0
Украдени 50.000 маски од болнички магацин во Келн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-50-000-maski-od-bolnichki-magacin-vo-keln/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-50-000-maski-od-bolnichki-magacin-vo-keln/#respond Tue, 17 Mar 2020 10:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=317666

Непознати лица украле 50.000 маски за лице од магацин за медицински материјали и заштитна опрема во германскиот град Келн. Кражбата била забележана вчера утрото од еден од вработените. – Ова е еден сосема нов тип на кражба. Обично се крадат скапи предмети, но сега и за заштитни маски очигледно постои добар пазар, изјави портпаролката на градските болници, додавајќи оти поради грабежот не би требало да има проблем со обезбедувањето маски за лице. Градскиот кризен тим им нареди на сите болници во Келн да проверат со каква заштитна опрема располагаат и подобро да се заштитат од потенцијалните кражби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukradeni-50-000-maski-od-bolnichki-magacin-vo-keln/feed/ 0
Човечка грешка најверојатна причина за пожарот во магацинот за муниција во Краснојарск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-najverojatna-prichina-za-pozarot-vo-magacinot-za-municija-vo-krasnojarsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-najverojatna-prichina-za-pozarot-vo-magacinot-za-municija-vo-krasnojarsk/#respond Tue, 06 Aug 2019 09:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=226838

Според првичните наоди, човечка грешка е причина за пожарот во магацин за муниција во рускиот регион Краснојарск, соопшти ТАСС, повикувајќи се на заменикот министер за одбрана Дмитриј Булгаков. – Прелиминарна причина е човечки фактор. Повеќе детали ќе дадат истражните органи и обвинителството, објави Булгаков. Тој, исто така, потенцира дека немало сериозни материјални штети во селото Каменка, каде се случиија експлозиите предизвикани од пожарот. – Лично го посетив воениот магацин и извршив увид во станбената област, дојдов во техничката област и ги испитав сите прашања – прозорците треба да се санираат, но сè друго е зачувано, сите машини се на место, додаде тој. Администрацијата на локалната самоуправа во рускиот регион Краснојарск соопшти дека рано изутринава запреле експлозии во складиштето за муниција. Дванаесет лица се хоспитализирани откако по пожарот, серија експлозии вчера избувнаа во складиште со оружје во руска воена база во Сибир, предизвикувајќи масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во територијата на воената база. Локалните власти во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината. Експлозиите на муниција траеја околу 10 часа, кои избувнаа откако пожар изби на две места, каде се чуваат 40.000 куршуми. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-najverojatna-prichina-za-pozarot-vo-magacinot-za-municija-vo-krasnojarsk/feed/ 0