магнетна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Oct 2021 11:44:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png магнетна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Земјата ѝ се случува магнетна бура https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-zemjata-se-sluchuva-magnetna-bura/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-zemjata-se-sluchuva-magnetna-bura/#respond Tue, 12 Oct 2021 11:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=577669

Во Земјината магнетосфера синоќа започна магнетна бура, која постепено се интензивира и веќе го достигна своето средно ниво, се наведува на интернет-страницата на Рентген-астрономска лабораторија за Сонцето при Институтот за физика на Руската академија на науките. Според лабораторијата, сончева ерупција од среден опсег се случила на 9 октомври. Облакот сончеви честички што стигнуваат до Земјата го зголемува зрачното оптоварување на орбиталните сателити, влијае на осцилациите на магнетното поле близу површината на планетата и промените во магнетосферата се видливи во облик на тн. северна светлост. На тие честички им се потребни три дена за да стигнат до Земјата. За време на магнетни бури, светлоста може да се види на географска ширина од 60-70 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-zemjata-se-sluchuva-magnetna-bura/feed/ 0
Земјата соочена со магнетна бура https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-soochena-so-magnetna-bura/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-soochena-so-magnetna-bura/#respond Mon, 31 Aug 2020 09:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=397146

Слаба магнетна бура почна утрово на Земјата, според Лабораторијата за рендгенска астрономија на Сонцето при Физичкиот институт на Академијата на науките (ФИАН) во Москва. „Во моментов има магнетна бура (слаба, ниво на Г1) во магнетосферата на Земјата“, се соопштува на веб-страницата на лабораторијата. Појаснето е дека бурата е забележана од околу 6:00 до 9:00 часот по московско време. Сè уште не се дадени податоци за состојбата на магнетосферата на Земјата од 9:00 часот наутро до 12:00 часот. Постојат пет нивоа во класификацијата. Слаба бура може да предизвика мали нарушувања во работењето на енергетските системи, како и да влијае на миграциските патишта на птиците и животните. Посилните бури предизвикуваат нарушувања во системите за комуникација и навигација, како и прекините на електрична енергија во индустриските мрежи. Покрај тоа, зголемената сончева активност, што обично предизвикува магнетни бури, може да доведе до поларна светлина (аурора) на географски широчини, појужно од нормалното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjata-soochena-so-magnetna-bura/feed/ 0