Махинда Раџапакса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 May 2022 14:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Махинда Раџапакса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Шри Ланка поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-podnese-ostavka/#respond Mon, 09 May 2022 14:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=674068

Премиерот на Шри Ланка, Махинда Раџапакса денеска поднесе оставка по неколкунеделните протести на кои се бараше негово и на неговиот брат заминување од политичката сцена поради тешката економска криза во земјата. Помошникот на премиерот потврди дека Раџапакса поднел оставка од претседателската функција, но засега нема официјална потврда од кабинетот на претседателот. Антивладините протести траат со недели, во екот на најтешката финансиска криза во земјата од независноста, а илјадници луѓе бараат Раџапакса и неговото семејство да поднесат оставка поради лошото економско управување. Поддржувачите на владејачката партија денеска се собраа во главниот град Коломбо, каде ги нападнаа антивладините демонстранти и се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови за да ги растера. Две лица, вклучително и пратеник од владејачката партија, загинаа, а најмалку 139 беа повредени во денешните немири во Шри Ланка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-podnese-ostavka/feed/ 0