махмуд абас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 10:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png махмуд абас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху и со Абас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/#respond Sun, 15 Oct 2023 10:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=889013

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одделно со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија синоќа од кабинетите на израелскиот и палестинскиот лидер. Нетанјаху му рекол на Бајден дека се потребни единство и решителност за да се постигнат воените цели на Израел против палестинската исламистичка организација Хамас, која владее со Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот претседател, додавајќи дека Нетанјаху му се заблагодарил на Бајден за неговата поддршка. Палестинскиот лидер му рекол на Бајден дека целосно го отфрла раселувањето на Палестинците од Газа бидејќи Израел се одмаздува за смртоносниот напад на Хамас на неговата територија, се вели во соопштението на канцеларијата на Абас. Претставник на САД ги потврди телефонските разговори, но Белата куќа се уште не објави детали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/feed/ 0
Абас во разговор со Блинекн го отфрли присилното раселување на Палестинциите во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-razgovor-so-blinekn-go-otfrli-prisilnoto-raseluvane-na-palestintsiite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-razgovor-so-blinekn-go-otfrli-prisilnoto-raseluvane-na-palestintsiite-vo-gaza/#respond Fri, 13 Oct 2023 15:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=888616

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „го отфрла принудното раселување“ на Палестинците во Газа, јави палестинската новинска агенција ВАФА. Двајцата се состанаа во јорданската престолнина и притоа Абас кажа дека присилното раселување на Палестинците во Газа ќе претставува „втора Накба“, мислејќи на масовното раселување на Палестинците во 1948 година за време на војната што следеше по создавањето на Израел. Накба или „катастрофа“ се однесува на раселувањето на околу 760.000 Палестинци, кои побегнале или биле протерани од своите домови за време на војната во 1948 година што се совпадна со создавањето на Израел. Абас нагласи дека хуманитарните коридори во блокираната крајбрежна енклава мора веднаш да се отворат за да се спречи хуманитарна катастрофа, пренесоа британските медиуми. Израел најави дека сака да ги намали цивилните жртви на минимум и затоа нареди евакуација на Палестинците од северниот кон јужниот дел на Појасот Газа. Израелската армија повика целото население на северот на Газа да биде евакуирано на југ од областа во рок од 24 часа. Блинкен вчера беше во посета на Израел во знак на поддршка од каде јасно порача дека се додека постојат САД Израел никогаш нема да мора да се брани. Како што е најавено, Блинкен денеска ќе отпатува и за Доха на средби со катарските претставници, кои имаат блиски контакти со раководството на Хамас и кои се обидуваат да разменат палестински затвореници во Израел за ослободување на десетици Израелци и странци кои Хамас ги зеде како заложници. Блинкен потоа ќе застане накратко во Бахреин и ќе го заврши денот со посета на Саудиска Арабија. Како што е најавено, Блинкен за време на викендот ќе отпатува и во Обединетите Арапски Емирати и Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-razgovor-so-blinekn-go-otfrli-prisilnoto-raseluvane-na-palestintsiite-vo-gaza/feed/ 0
Абас: Единственото решение за Појасот Газа е да се стави крај на израелската окупација на Палестина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-edinstvenoto-reshenie-za-pojasot-gaza-e-da-se-stavi-kraj-na-izraelskata-okupatsija-na-palestina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-edinstvenoto-reshenie-za-pojasot-gaza-e-da-se-stavi-kraj-na-izraelskata-okupatsija-na-palestina/#respond Mon, 09 Oct 2023 16:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=887083

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека единственото политичко решение за деескалација на конфликтот во регионот на Појасот Газа е „крај на израелската окупација на Палестина“. Тој во телефонски разговор со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун рече дека е неопходно да се работи со сите страни за да се запре агресијата на Израел. „Воспоставувањето безбедност и мир во регионот бара прекин на окупацијата на земјата на Палестина, со Ерусалим како главен град“, рече Абас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-edinstvenoto-reshenie-za-pojasot-gaza-e-da-se-stavi-kraj-na-izraelskata-okupatsija-na-palestina/feed/ 0
Абас: Палестинците имаат право на одбрана од теророт на доселениците и на окупаторот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/#respond Sat, 07 Oct 2023 11:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=886340

Палестинскиот народ има право да се брани од теророт на доселениците и окупаторските сили, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас по итниот состанок со водечките палестински претставници одржан во Рамалах, на Западниот Брег. Неговата изјава уследи неколку часа откако Хамас почна операција, истрелувајќи илјадници ракети врз јужниот и централниот дел на Израел. Борци на Хамас се инфилтрираа по копно и море на израелска територија. Шест часа од почетокот на инвазијата припадници на Хамас сè уште се борат во неколку израелски населби. Либанското движење Хезболах соопшти дека нападот е порака против нормализацијата на односите. - Масовното ракетирање на Хамас од Појасот Газа врз Израел е одлучувачки одговор на тековната израелска окупација на палестинските територии и порака до оние кои бараат нормализација на односите со Израел, соопшти Хезболах. Во меѓувреме советникот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи, Рахим Сафави го поддржа палестинскиот напад врз Израел. - Им честитаме на палестинските борци. Ги поддржуваме палестинските борци до ослободувањето на Палестина и Ерусалим, наведе Сафави. Ненадејниот, масовен напад на Хамас на еврејскиот празник Симхат Тору ги потсети Израелците на војната од октомври 1973 година, кога беше нападната еврејската држава, на Денот на покајување (Јом Кипур). Вчера се навршија 50 години од таа војна. Педесетгодишнината од таа војна беше вчера. Експертите истакнаа дека нападот е резултат на повиците на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници за поагресивна акција против заканите од Појасот Газа. Политичките коментатори ја критикуваа Владата дека не предвидела планиран и координиран напад од Хамас, при што загинаа најмалку 22 лица, а над 500 се повредени. Нетанјаху претходно соопшти дека Израел е во војна, а израелската армија прогласи воена готовност и почна операција „Железни мечеви“ врз Појасот Газа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/feed/ 0
Абас ги прекина контактите со Израел, Гутереш загрижен, САД го бранат правото на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852383

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера ги прекина контактите и безбедносната координација со Израел откако израелските сили ја почнаа големата офанзива против милитантите во градот Џенин, на Западниот Брег, се наведува во соопштението на неговата канцеларија. Одлуката е донесена откако Абас одржа состанок со другите лидери на Палестинската управа. Абас во минатото неколку пати привремено ја прекинуваше соработката со Израел за време на претходните рунди на насилство. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истовремено, изрази длабока загриженост за настаните во градот Џенин, на Западниот брег, изјави неговиот портпарол, откако израелските сили го нападнаа Џенин со беспилотни летала, во најголемата операција во областа во последните 20 години. Во нападите загинаа најмалку девет Палестинци, а околу 100 се повредени. -Гутереш нагласува дека сите воени операции мора да бидат преземени со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, изјави заменик портпаролот Фархан Хак. Израелската војска вчераутро почна голема операција која ја опиша како антитерористички напор чија цел е уништување на инфраструктурата и спречување на милитантите да го користат бегалскиот камп во Џенин како своја база за напади врз Израел. Вашингтон го поддржува „правото“ на Израел да се „одбрани“ и повикува на заштита на цивилите САД веруваат дека Израел имал „право да го брани своето население“ од исламистичките милитанти, но повикуваат на заштита на цивилите, по вчерашната израелска воена операција. -Ја поддржуваме безбедноста на Израел и неговото право да го брани својот народ од Хамас, палестинскиот исламски џихад и другите терористички групи, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. „Императив е да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се избегне смртта на цивили“, додаде портпаролот. Вашингтон, главниот сојузник на Израел, исто така повика на обнова на безбедносната соработка меѓу еврејската држава и палестинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/feed/ 0
Абас наскоро во посета на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-naskoro-vo-poseta-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-naskoro-vo-poseta-na-kina/#respond Fri, 09 Jun 2023 15:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=844130

Палестинскиот претседател Махмуд Абас следната недела ќе ја посети Кина, соопштено е денеска во Пекинг. Кина ја изрази својата подготвеност да помогне во посредувањето во израелско-палестинските мировни преговори. Пекинг се позиционираше како посредник на Блискиот Исток и во март посредуваше за обновување на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија, ривали во регионот каде што САД имаат најголемо влијание со децении. На покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, Абас ќе престојува во државна посета од 13 до 16 јуни, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. - Абас е првиот арапски шеф на држава што ќе ја посети Кина оваа година, што е одраз на добрите односи со Палестина, кои традиционално се пријателски, рече портпаролот на Министерството Ванг Венбин. Тој додаде дека Абас е „стар и добар пријател на кинескиот народ“ и оти Кина секогаш ја поддржува праведната кауза на палестинскиот народ „да ги врати своите легитимни национални права“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-naskoro-vo-poseta-na-kina/feed/ 0
Абас на средба со Ердоган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-na-sredba-so-erdogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-na-sredba-so-erdogan/#respond Tue, 23 Aug 2022 17:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=722846

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк. Абас вчера пристигна во Анкара во тридневна официјална посета на покана на Ердоган. Палестинскиот претседател денеска беше пречекан со официјална церемонија во турската престолнина. По разговорите на Абас со Ердоган во турското претседателство, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. На официјалната церемонија во Анкара присуствуваа потпретседателот на Турција Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, директорот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун, портпаролот на претседателот Ибрахим Кален, гувернерот на Анкара Васип Шахин.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-na-sredba-so-erdogan/feed/ 0
Абас во тридневна посета на Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-tridnevna-poseta-na-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-tridnevna-poseta-na-turcija/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=722414

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пристигна во тридневна официјална посета на Анкара на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со кого треба да се сретне денеска, јави турската ТВ ТРТ Ворлд. Авионот со кој Абас и неговата придружна делегација пристигнаа во Анкара слета на аеродромот Есенбога вчера попладне. На аеродромот Абас беше пречекан од заменик-гувернерот на Анкара Мурат Сојлу, општинските власти и палестинскиот амбасадор во Анкара Фаед Мустафа. Посетата на Абас на Турција ќе трае до 24 август. Според соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, официјалните средби ќе се одржат денеска. За време на разговорите ќе бидат разменети мислења за турско-палестинските односи, најновите случувања во израелско-палестинскиот конфликт и други актуелни регионални и меѓународни прашања, се вели во соопштението. „Ќе се разговара за чекорите што може да се преземат за понатамошно развивање на соработката меѓу Турција и пријателската и братска Палестинска држава “, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-vo-tridnevna-poseta-na-turcija/feed/ 0
Макрон на средбата со Абас упати апел за обнова на мировните преговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-sredbata-so-abas-upati-apel-za-obnova-na-mirovnite-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-sredbata-so-abas-upati-apel-za-obnova-na-mirovnite-pregovori/#respond Wed, 20 Jul 2022 15:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=708010

Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната средба со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, повика на обнова на израелско-палестинските преговори. Макрон ја потенцира потребата за „обнова на директниот политички дијалог помеѓу Израел и Палестинците, како и дека преговорите немаат алтернатива. Абас на заедничката прес-конференција ги осуди активностите на Израел и неодамнешното убиство на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех, истакнувајќи оти „таа е ладнокрвно убиена без причина“. Макрон и Абас телефонски разговараа во јуни кога францускиот претседател изрази загриженост за вложување на ситуацијата во палестинските територии бидејќи мировниот процес е во застој од 2014 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-sredbata-so-abas-upati-apel-za-obnova-na-mirovnite-pregovori/feed/ 0
Абас со критика на „двојните стандарди“ на западните земји кон Украина и Палестина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-so-kritika-na-dvojnite-standardi-na-zapadnite-zemji-kon-ukraina-i-palestina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-so-kritika-na-dvojnite-standardi-na-zapadnite-zemji-kon-ukraina-i-palestina/#respond Mon, 28 Mar 2022 06:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=654361

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на „двојните стандарди“ на западните земји, кои, повикувајќи се на меѓународното право, брзо воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но не и кон Израел за „злосторствата“ на палестинските територии. Палестинската управа на Абас не ја осуди неодамнешната инвазија од Русија врз Украина, членка на Квартетот за Блискиот Исток и земја која официјално ја признава Палестина како држава, за разлика од САД и повеќето европски земји. Таквата воздржаност ги налути западните дипломати во Ерусалим и на палестинските територии, пренесува Хина. Многу западни дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, за француските медиуми изјавија дека побарале од Палестинската управа, која главно е финансирана од Европската унија, да ја осуди инвазијата на Украина. На прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестинскиот претседател, кој во саботата го прослави својот 87-ми роденден, ги критикуваше „двојните стандарди“ на Западот во однос на Украина и палестинските територии. Амнести интернешенел (АИ), Хјуман рајтс воч (ХРВ) и израелската невладина организација Б’Тселем го обвинуваат Израел за „апартхејд“ врз Палестинците. -Актуелните настани во Европа јасно покажаа дека се применуваат двојни стандарди“, рече Абас. „И покрај злосторствата на израелската окупација, кои можат да се споредат со етничко чистење и расна дискриминација, и признати од меѓународните организации за човекови права (…), не наоѓаме никој да бара одговорност од Израел дека дејствува како држава над законот“, смета палестинскиот претседател. -Тоа што се случува во Палестина не може да се толерира, меѓународното право не може да се гази и се прашуваме дали надмоќта на израелската окупаторска моќ над палестинскиот народ, понижувањето на неговото достоинство и неговите легитимни права, ќе продолжи без ништо да се преземе за да му се застане на крајот на тоа, додаде Абас на арапски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-so-kritika-na-dvojnite-standardi-na-zapadnite-zemji-kon-ukraina-i-palestina/feed/ 0