Махса Амини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 13:23:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Махса Амини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иранците одбележуваат годишнина од смртта на Махса Амини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irantsite-odbelezhuvaat-godishnina-od-smrtta-na-mahsa-amini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irantsite-odbelezhuvaat-godishnina-od-smrtta-na-mahsa-amini/#respond Sat, 16 Sep 2023 13:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=878673

Иранците кои се против режимот во Исламската република денеска ја одбележуваат првата годишнина од смртта на младата Махса Амини, која беше приведена поради наводно кршење на иранските правила за облекување на жените. На годишнината, активистите велат дека властите преземаат мерки за да ги спречат луѓето повторно да протестираат против режимот. Смртта на младата жена предизвика невиден бран протести во Иран минатата година. Махса Амини имаше 22 години. Таа беше иранска Курдка. Нејзините роднини велат дека починала како резултат на удар во главата што и бил нанесен во притвор. Властите ја демантираат оваа верзија. На протестите кои следеа по смртта на Махса учествуваа многу жени кои одбија да се покријат како што налага иранскиот кодекс на облекување. Меѓутоа, по неколку месеци, протестите го загубија својот замав пред репресијата од властите, при што беа убиени 551 демонстрант, меѓу кои 68 деца, според податоците на Иранската организација за човекови права со седиште во Норвешка. Според „Амнести интернешнел“, повеќе од 22.000 луѓе се уапсени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irantsite-odbelezhuvaat-godishnina-od-smrtta-na-mahsa-amini/feed/ 0
Повеќе од 300 луѓе загинале од почетокот на немирите поради смртта на Махса Амини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-lugje-zaginale-od-pochetokot-na-nemirite-poradi-smrtta-na-mahsa-amini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-lugje-zaginale-od-pochetokot-na-nemirite-poradi-smrtta-na-mahsa-amini/#respond Tue, 29 Nov 2022 08:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=768010

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Иран од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини, изјави синоќа генералот на иранската Револуционерна гарда, Амирирал Хаџизадех. Протестите во Иран почнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември која почина во притвор каде беше затворена поради кршење на строгиот кодекс за облекување на жените. Во видео објавено од онлајн новинската агенција Мехр, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран, Амирирал Хаџизадех, рече дека сите во земјата биле погодени од смртта на девојката. – Немам најнови податоци, но мислам дека можеби имавме повеќе од 300 маченици и настрадани меѓу најдобрите деца на оваа земја после тој инцидент, рече Хаџизадех, мислејќи на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите. Во тој број на жртви се вклучени десетици припадници на безбедносните сили кои загинале за време на судирите со демонстрантите или биле убиени, според иранските власти. Бројот на жртви се приближува до билансот што го објави невладината организација Иран човекови права (Iran Human Rights – IHR), со седиште во Норвешка, која информира дека во репресијата на демонстрантите во Иран загинале најмалку 416 лица. Според организацијата, во тој број се вклучени лицата убиени во демонстрациите поради смртта на Махса Амини, како и убиените во насилствата во југоисточната иранска провинција Систан-Балучистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-lugje-zaginale-od-pochetokot-na-nemirite-poradi-smrtta-na-mahsa-amini/feed/ 0
ЕУ бара одговорност од Иран за смртта на 22 годишната ира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-odgovornost-od-iran-za-smrtta-na-22-godishnata-ira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-odgovornost-od-iran-za-smrtta-na-22-godishnata-ira/#respond Tue, 20 Sep 2022 05:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=735036

Европската Унија ги повика иранските власти да ги пронајдат одговорните за смртта на младата Махса Амин, која почина во полициски притвор пред 3 дена, јави дописничката на МИА од Брисел. Амини беше притворена поради тоа што не го почитувала иранскиот закон за начинот на кој треба да се носи марамата на глава кај жените. Според првичните информации, 22 годишната девојка била жртва на насилство за време на полицискиот притвор. Европската Унија денеска ги повика властите во Иран да спроведе истрага за убиството, да ги пронајде одговорните за нејзината и смрт и да ги казни. -Императивно е иранските власти да обезбедат сите темелни права на граѓаните да бидат почитувани и сите кои се во било каков вид притвор да не бидат жртви на било какво злоставување, порача Европската Унија преку дипломатската служба. ЕУ изрази сочувство за семејството и пријатели на младата Махса Амини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-odgovornost-od-iran-za-smrtta-na-22-godishnata-ira/feed/ 0