Маја Иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Dec 2018 13:52:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маја Иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маја Иванова подели пакетчиња на Детска клиника, им посака на дечињата побргу да оздрават https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-podeli-paketchinja-na-detska-klinika-im-posaka-na-dechinjata-pobrgu-da-ozdravat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-podeli-paketchinja-na-detska-klinika-im-posaka-na-dechinjata-pobrgu-da-ozdravat/#respond Mon, 31 Dec 2018 13:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=146960

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и на децата згрижени во таа јавна здравствена установа им подари новогодишни пакетчиња. „Традиционално, десетта година по ред, последниот ден од годината што изминува го посветувам на децата коишто, за жал, новогодишната ноќ и новогодишните празници, наместо во своите домови, ќе ја поминат овде на детската клиника. Пакетчињата што ги подарив и што ги поделив барем за миг ја вратија среќата и радоста на детските лица. На секое од нив му посакав една единствена и голема желба, а тоа е во новата година што побргу да оздрават, да се вратат во прегратките на своите семејства, во прегратките на своите родители, во училишните клупи меѓу своите другарчиња“, изјави г-ѓа Иванова. Г-ѓа Иванова изјави дека е особено горда што зад себе остава два големи проекта поврзани со Детската клиника, реализирани под нејзино покровителство, а со голема финансиска помош на турската агенција ТИКА - отворањето на Детскиот ургентен центар и целосното реновирање на одделот за интензивна нега. „Сето тоа го направив со голема љубов, затоа што сметам дека здравствената заштита на децата овде во Македонија треба да биде подигната на највисоко ниво, да ги достигне тие европски стандарди. Секогаш сум била, сум и ќе останам со децата и ќе работам за нив, не од причина што мојот сопруг е Претседател на Република Македонија, како негова сопруга, туку пред се како жена и мајка, затоа што функциите доаѓаат и поминуваат, меѓутоа човечноста, солидарноста, хуманоста остануваат, а тоа треба да бидат највозвишените цели на секој од нас. Сакам уште еднаш на овие дечиња што овде остануваат, на нивните родители, на персоналот на детската клиника којшто несебично се вложува и работи овие деца што побрзо да оздрават и излезат од болница, да им ја честитам новата 2019 година“, изјави г-ѓа Маја Иванова при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-podeli-paketchinja-na-detska-klinika-im-posaka-na-dechinjata-pobrgu-da-ozdravat/feed/ 0
За неа постои само името Република Македонија- кога ќе ги видите нејзините фотографии нема да верувате дека таа е кралица (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nea-postoi-samo-imeto-republika-makedonija-koga-kje-gi-vidite-nejzinite-fotografii-nema-da-veruvate-deka-taa-e-kralica-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nea-postoi-samo-imeto-republika-makedonija-koga-kje-gi-vidite-nejzinite-fotografii-nema-da-veruvate-deka-taa-e-kralica-foto/#respond Mon, 19 Nov 2018 17:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=129691

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов заедно со својата сопруга викендов беше во посета на Јордан, каде кралското семејство официјално изјави дека за нив постои само едно име на нашата земја- тоа е Република Македонија, а големото внимание предизвикаа и нивните сопруги. Имено Маја Иванова заедно со кралицата Ранија Ал Абдула ја посетија невладината фондација  „Јордан Ривер“ чиј фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и детскиот музеј „Јордан“ кои се формирани од самата кралица.
Кралицата објави фотографија на својот Инстаграм профил на која е многу активна, а од фотографиите може да се забележи дека таа секогаш изгледа „скоцкано од глава до пети“, а луксузот во кој ужива не се срами да го покаже во јавноста, погледнете.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nea-postoi-samo-imeto-republika-makedonija-koga-kje-gi-vidite-nejzinite-fotografii-nema-da-veruvate-deka-taa-e-kralica-foto/feed/ 0
Претседателот Иванов во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-vo-oficijalna-poseta-na-hashemitskoto-kralstvo-jordan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-vo-oficijalna-poseta-na-hashemitskoto-kralstvo-jordan/#respond Sun, 18 Nov 2018 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=129084

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска, 18 ноември 2018 година, недела, престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан. Денеска, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, претседателот Иванов со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин. Во рамки на посетата, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, д-р Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом. За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“, и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула. Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, во рамки на дамската програма ќе оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула, и ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-vo-oficijalna-poseta-na-hashemitskoto-kralstvo-jordan/feed/ 0
Сте се запрашале ли што прават понежните половини на светските лидери додека тие водат сериозни разговори (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ste-se-zaprashale-li-shto-pravat-poneznite-polovini-na-svetskite-lideri-dodeka-tie-vodat-seriozni-razgovori-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ste-se-zaprashale-li-shto-pravat-poneznite-polovini-na-svetskite-lideri-dodeka-tie-vodat-seriozni-razgovori-foto/#respond Sun, 11 Nov 2018 21:17:42 +0000 https://kurir.mk/?p=126636

Додека францускиот претседател Емануел Макрон има работен ручек со светските лидери, неговата сопруга Брижит Макрон ги угостува 40-те сопруги на шефовите на државите и владите ширум светот. Таа исто така е на ручек со првите дами, а на според француските медиуми менито било исто како и за мажите. Покрај тоа таа ја угости и првата дама на САД Меланија Трамп, принцезата на Монако, сопругата на израелскиот премиер, како и многу други. Но, на овој ручек беше и првата дама на Македонија Маја Иванова. Заедно со првата дама на Франција сите жени позираа пред палатата, по што се одржа церемонија и пред триумфалната капија. Според фотографиите сопругите на лидерите одлично си поминуваат и уживаат во гостопримството на Брижит, погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ste-se-zaprashale-li-shto-pravat-poneznite-polovini-na-svetskite-lideri-dodeka-tie-vodat-seriozni-razgovori-foto/feed/ 0
ФОТО: Претседателот Иванов во Париз рамо до рамо со светските лидери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/#respond Sun, 11 Nov 2018 20:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=126624

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. На церемонијата каде што свое обраќање имаше Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германскиот канцелар, Ангела Меркел, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/feed/ 0
ФОТО: Претседателот Иванов на свечен прием кај Макрон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-na-svechen-priem-kaj-makron/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-na-svechen-priem-kaj-makron/#respond Sun, 11 Nov 2018 10:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=126428

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон. Претседателот Иванов, на покана на францускиот претседател Макрон, денеска ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз. На церемонијата е најавено присуство на над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-na-svechen-priem-kaj-makron/feed/ 0
Маја Иванова ја посети Детската болница на Мичиген во Детроит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/#respond Sat, 22 Sep 2018 12:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=104518

Во рамки на работната посета на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген. Сопругата на македонскиот претседател од менаџментот беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот. - Често велам дека аутизмот не познава големи и мали држави, богати и сиромашни држави, туку тоа е проблем за којшто треба да се обединиме и да работиме сите. Активноста што ја започнав за аутизмот во Македонија, потекнуваше токму од овде, од Соединетите Американски Држави, кадешто присуствував на конференциите што се организираат од организацијата Autism Speaks и веднаш по враќањето ги продолжив моите активности во Македонија. Почнав да ја подигам јавната свест, да бидам гласноговорникот во Македонија за подигање на јавната свест дека аутизмот во Македонија постои, и треба да се обединат сите, да се соочат со тој проблем и едноставно да почнат со негово решавање. Меѓутоа не застанувам тука, затоа што аутизмот не познава само активности, туку познава обединување на сите оние што треба да работат на овој проблем, почнувајќи од образовниот систем, од здравствениот систем, од невладините организации. Посетата на оваа болница ми е големо искуство, затоа што видов дека овде здравствената заштита на децата е на највисоко можно ниво, со најсовремена опрема, со најмодерна опрема. Се надевам дека мојата посета овде ќе биде една иницијатива да се продолжи натаму со соработката помеѓу оваа болница и Детската болница во Скопје. Се надевам дека оваа посета ќе вроди со плод, изјави Иванова. Луан Евалд, главен извршен директор на Детската болница на Мичиген пПосочи дека разговарале за начините како може да разменат информации, како американските лекари можат да соработуваат со македонските, за подобро здравје на децата. Иванова е носител на повеќе иницијативи за подобрување на здравјето и унапредување на здравствената заштита на децата. Нејзините напори и активности се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест. Меѓу бројните реализирани активности, под нејзино покровителство, во 2016 година во Скопје беше отворен Центарот за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања, а во 2013 година беше отворен првиот Детски ургентен центар во Република Македонија. За време на работната посета на претседателот Иванов на САД, предвидено е Иванова во Њујорк да присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на ОН во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, додаваат од Кабинетот на Иванов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/feed/ 0
Велигденски ручек на Маја Иванова за сопругите на амбасадорите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenski-ruchek-na-maja-ivanova-za-soprugite-na-ambasadorite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenski-ruchek-na-maja-ivanova-za-soprugite-na-ambasadorite-vo-makedonija/#respond Sun, 15 Apr 2018 16:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=40997

Сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја“ и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка во близина на Скопје. На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Европската унија, Русија, Чешка, Германија, Унгарија и Шведска. Според Иванова, Македонија изобилува со огромно културно и духовно наследство и затоа велигденскиот ручек, еднодневната прошетка и посета се одржаа во едни од најубавите скопски манастири - манастирската црква Св.Андреја и манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка од каде што заедно со сопругите на амбасадорите упатија пораки за мир, љубов, благосостојба, здравје, среќа, радост и убавини. - Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 - годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде, истакна Иванова. Таа упати и повик до сите православни христијани - со посета на манастирите и црквите во текот на оваа година, да се вклучат во одбележувањето на овој голем јубилеј, затоа што е многу значаен за Македонската православна црква и за православната вера воопшто во Република Македонија. Сопругата на рускиот амбасадор во Македонија, Лариса Шчербак на сите православни христијани им упати честитка со порака за мир и љубов. - Многу сум среќна што сум тука во овие свечени денови и би сакала да им посакам на сите православни во светот и на сите православни христијани во светот мир, пред се во светот, мир во нивните души. Љубов кон ближниот, љубов кон Христос. Христос воскресе!“, порача Шчербак. Сопругата на шведскиот амбасадор Билјана Стафансон истакна дека настанот што го организира Маја Иванова прерасна во традиција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenski-ruchek-na-maja-ivanova-za-soprugite-na-ambasadorite-vo-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Сопругата на претседателот Иванов оствари средба со сопругата на Ердоган https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-soprugata-na-pretsedatelot-ivanov-ostvari-sredba-so-soprugata-na-erdogan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-soprugata-na-pretsedatelot-ivanov-ostvari-sredba-so-soprugata-na-erdogan/#respond Wed, 21 Feb 2018 14:11:17 +0000 http://kurir.mk/?p=23664

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, оствари средба со сопругата на Претседателот на Република Турција, Емине Ердоган. Првите дами на Република Македонија и Република Турција на средбата разменија информации и мислења за нивните искуства и активности на кои досега се ангажирани и споделија информации за следните планирани ангажмани. Иванова се заблагодари за досегашната одлична соработка со ТИКА – Турската агенција за соработка и координација, со чија поддршка и под покровителство на Иванова се реализираа проекти во Република Македонија. Иванова искажа благодарност за реализираните проекти на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, отворањето на првиот Ургентен центар на Детска клиника, кој свечено се пушти во употреба во декември 2013 година, и Проектот за комплетна реконструкција, односно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на Детска клиника, кој технички се пушти во употреба минатата година. Сопругата на претседателот Иванов нагласи дека со овие исклучително значајни проекти на Детската клиника поддржани од ТИКА се овозможија најсовремени услови за лекување и подобри здравствени услуги за најмалите пациенти. Ердоган, информирајќи ја Иванова за нејзините активности и проекти кои се спроведуваат под нејзино покровителство во Република Турција, искажа задоволство за успешното функционирање на двата реализирани проекти преку ТИКА и изрази интерес за посета на Детската клиника во првата прилика при посета на Република Македонија. Во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, Иванова оствари средби и со Семиха Јилдирим, сопруга на Претседателот на Владата на Република Турција, и со  Хулија Чавушоглу, сопруга на министерот за надворешни работи на Република Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-soprugata-na-pretsedatelot-ivanov-ostvari-sredba-so-soprugata-na-erdogan/feed/ 0
Маја Иванова им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-im-podari-novogodishni-paketchinja-na-decata-vo-klinikata-za-detski-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-im-podari-novogodishni-paketchinja-na-decata-vo-klinikata-za-detski-bolesti/#respond Sun, 31 Dec 2017 13:01:21 +0000 http://kurir.mk/?p=4792

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и на децата, кои се лекуваат на клиниката им подели новогодишни пакетчиња по повод новогодишните и божиќните празници. - Традиционално, последниот ден од годината го поминувам со децата кои што се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје и за жал новогодишната ноќ ќе је пречекаат овде. Новогодишните подароци што денеска им ги дадовме барем за миг ќе ја вратат насмевката и радоста на детските лица. Посетите на детската клиника ми се секогаш драги, затоа што сум овде за да поддржам, да поттикнам или да се вклучам во реализација на некој проект кој што значи подобрување на здравствената заштита на децата во Република Македонија, изјави Иванова. Таа во 2013 година беше покровител на Националната донаторска кампања под мотото „Да помогнеме навреме", со која со целосна поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, беше изграден Ургентниот центар на Клиниката за детски болести. Под покровителство Иванова и со поддршка на ТИКА, годинава се финализираше и проектот за реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега во рамките на Детската клиника, со кој се обезбеди нов и реновиран простор, најсовремена и модерна опрема и мебел, по сите најсовремени стандарди, со што се подобрија условите на Детска клиника и за буквално најмалите пациенти. - Горда сум на овие два проекта, затоа што уште еднаш ќе потенцирам дека се одвиваа под мое покровителство и дека интензивната нега и детскиот ургентен центар можеме слободно да кажеме дека претставуваат едни од најубавите во овој регион, изјави Маја. По повод Новата 2018 година Иванова упати честитки до родителите на децата, до персоналот на Детската клиника и до медиумите. - Да ви пожелам добро здравје среќа радост и успеси и се надевам дека секогаш од оваа клиника ќе имаме успешни приказни, дека децата се оздравени и се вратени кај своите семејства во прегратките на своите родители и во училишните клупи, порача сопругата на претседателот на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-im-podari-novogodishni-paketchinja-na-decata-vo-klinikata-za-detski-bolesti/feed/ 0