Маја Кадиеска-Воиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Mar 2023 14:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маја Кадиеска-Воиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кадиевска Војновиќ за „Пари“: Енергетската криза во Македонија во 2022 година низ бројки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-za-pari-energetskata-kriza-vo-makedonija-vo-2022-godina-niz-brojki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-za-pari-energetskata-kriza-vo-makedonija-vo-2022-godina-niz-brojki/#respond Sun, 05 Mar 2023 13:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=808251

Помина 2022 година, година на висок скок на цените на нафтените деривати, електричната енергија, гасот, дрвата. Помина година на висок скок на цените на храната, лебот, маслото, месото, млекото, но и на останатите цени на многу стоки и услуги кои не беа дискутирани во јавност пр. материјали и услуги за одржување и поправки на живеалиштето, угостителски услуги, услуги за лична хигиена итн. Инфлацијата е висока и широкораспространета. Енергетската криза започна од ноември 2021 година, беше жешка во периодот од февруари до август/септември 2022 година, а потоа стивна во Европа за што помогнаа полните складишта со гас и топлата зима, вели во својата анализа Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот „Пари“. -Кај нас дома, цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми во просек за 14,8% во 2022 година, а во јануари 2023 година дополнително за 3,7%. Кризата во енергетскиот сектор уште трае – не е прекината, лебот го нема, производителите се бунат, а Владата се заканува со казни. Сума сумарум, Влада се фали дека ја изменаџирала одлично енергетската криза. Но, што викаат податоците? Македонија, односно приватниот сектор т.е фирмите и населението и во помал дел државата, плати фантастични 2.141 милион евра за увоз на енергенси и електрична енергија или околу 16,6% од бруто домашниот производ (БДП) во 2022 година, што е речиси двојно поголемо зафаќање на БДП од 2021 година (8,8%). Поконкретно, Македонија плати 1.134 милиони евра за увоз на нафтени деривати, 579 милиони евра за увоз на електрична енергија, 380 милиони евра за увоз на гас и 48 милиони евра за увоз на јаглен, кокс и брикети. Нафта и гас немаме, моравме да узвеземе, но струја можевме домашно да произведеме. Оваа голема сума на пари на фирмите и на населението се одлеа од домашната економија. Билансите на фирмите беа погодени, а трошокот го пренесоа врз финалните цени – инфлацијата. Но затоа, ова имаше позитивен ефект врз буџетот на државата. Приходите од бруто ДДВ и увозни давачки годишно пораснаа за 22,4% и за 17,6%, соодветно, додека приходите од акцизите имаа солиден годишен раст во првата половина на годината од 9%, а во втората половина забележаа годишен пад од 7,2%, при намалување на цената на нафтата на светските берзи и со тоа на цената на нафтените деривати. Шокот од увезените цени на енергенсите и електричната енергија беше поголем во првата половина на годината, кога Владата и требаше да реагира. Но… Колку плати државата за енергетската криза треба Владата да даде отчет. Секоја одговорна влада ќе ги извести граѓаните каде ги потрошила нивните пари. Но веќе сме март 2023 година, а отчет нема. Она што се знае од податоците е дека од буџетот во 2022 година се префрлени 230 милиони евра на ЕСМ, од кои 97 милиони евра се пријавени како капитални инвестиции. Останува да видиме кои се тие капитални инвестиции, зошто кога тогаш, треба да ги осетиме придобивките од истите. Остатокот од средствата кои беа префрлени или 56 милиони евра се за снабдување со топлинска енергија (веројатно за набавки на гасот) и 78 милиони евра веројатно за набавка на јаглен, мазут, но и за субвениционирање на дел од сметките за струја на домаќинствата (и за мал дел од фирмите). Но, тука симптоматично е што делот којшто се субвенционираше се намали. Зошто? Затоа што зголемениот трошок за производство на струјата (или за увозот) државата полека и суптилно го пренесе врз сметките за струја на домаќинствата. Ја зголемија цената на струјата за домаќинствата користејќи метод на price discrimination или познато кај нас како тарифирање во категории. Затоа и имаме просечен годишен раст на цената на електричната енергија од 14,8% во 2022 година. Да сумирам за состојбата со електричната енергија во 2022 година. Вкупните потреби за електрична енергија во Македонија во 2022 година (или нето-увозот) се намалија за 1.605 GWh во однос на 2021 година при: пад на финалната потрошувачка на домаќинствата (за 279 GWh или 8,3%) и на останатите сектори (за 523 GWh или 16,3%), пад на дистрибутивните загуби (за 69 GWh) и пад на потрошувачката во енергетскиот сектор (за 1 GWh), а при раст на домашното нето – производство само за 193 GWh (3,7%). Затоа има пад на увозот од 901 GWh, додека пак извозот пораснал на годишна основа за 164 GWh што значи дека ако не сме извезувале во толкав обем ќе сме имале и понизок увоз (или повеќе струја за домашните фирми). Намалената потрошувачка на домаќинствата (кои започнаат да штедат) и на фирмите (кои го намалија обемот на производство, што се гледа во реалниот годишен раст на БДП во 2022 година од само 1% пресметан по трошковен метод со постојани цени) ѝ помогна на Владата да не мора да произведува количини на електрична енергија како во нормални времиња. Но, и покрај ваквата поволна состојба, во 2022 година производството од термоцентралите и хидро централите, како најблиска индикација за производството од државната ЕСМ е под просекот од 2012-2017 година. Е затоа пак, има зголемување од 22,8% во однос на 2021 година т.е од историски најниската споредбена основа. Исто така, процентот на месечна покриеност на финалната потрошувачка на домаќинствата од домашно производство во 2022 година е под просекот на 2012-2017 година. Да не зборуваме за 2021 година кога пак покриеноста беше далеку под историскиот просек, особено кога започна енергетската криза во Европа при крајот на 2021 годината и во првите месеци на 2022 година, што услови и висок увоз на струја од државната ЕСМ. Само помислете, што ќе се случеше во 2022 година ако домаќинствата не намалија значајно со потрошувачката на електрична енергија? Ќе недостасуваше домашно производство, што ќе условеше висок увоз на струја и одлив на уште девизи и пари од буџетот. Наспроти големо фалење од Владата дека производството од соларните централи (фотоволтаиците) е значајно и дека веќе идеме кон забрзана енергетска транзиција, во 2022 година учество на производството на фотоволтаиците во вкупното нето-домашно производство на електрична енергија изнесува 0,61% (33,1 GWh) од 0,48% во претходната година (25,3 GWh). Ова е годишен раст од 31%, понизок од годишниот раст во 2014 и 2015 година без постоење на криза. Зголеменото производство од фотоволтаици во најголем дел е заради приватниот сектор, којшто во текот на 2022 година значајно инвестираше во фотоволтаици од мака, заради високите цени на струјата. Просечната увезена цена на електричната енергија во 2022 година беше околу 300 евра за MWh, повисока за 3,1 пати во однос на просечната цена во 2021 година (од 98 евра за MWh). Ова беше голем шок за фирмите, на кои Владата не им помогна навремено. Секоја задоцнета мерка си има своја последица. И на крај, во 2022 година имаме фалби за забрзана енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија, а производството во најголем дел базира на јаглен и мазут, и притоа учеството на обновливите извори се сведе на 27,9% во вкупното домашно производство на електрична енергија. Заборавија на испразнетите водни акумулации кои тешко се полнат. Изгубените 106 GWh од хидро централите, наспроти новите 8 GWh од соларните централи? Нека суди јавноста сама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-za-pari-energetskata-kriza-vo-makedonija-vo-2022-godina-niz-brojki/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Инфлацијата и спората реакција – голем трошок за економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-inflacijata-i-sporata-reakcija-golem-troshok-za-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-inflacijata-i-sporata-reakcija-golem-troshok-za-ekonomijata/#respond Fri, 11 Mar 2022 11:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=645433

Сите се прашуваме: од каде ни дојде инфлацијата? Дали државата и Народната банка требаа порано да делуваат? Дали ова сега што се случува не е производ и на некои претходни политики? Дали касниме со стабилизацијата на инфлацијата? Одговорот на првото прашање е дека инфлацијата е увезена и домашно создадена, а одговорот на проследните три прашања е чисто ДА. Едно е што увезовме, друго е што можеа – а не превенираа, а трето е што домашно создадоа. Кога сака некој да ги прикрие своите ненавремени политики најлесно е да се оправда со фактот дека на увезените фактори не можеме да влијаеме. Владата и НБРМ во континуитет велат дека инфлацијата е чисто увезена, дека растот на увозните цени на храната, на нафтените деривати и на електричната енергија се пренесе врз домашните цени, додека домашните фактори не ја предизвикаа инфлацијата. Инфлацијата, според домашните власти е исклучиво заради растот на трошоците за производство кое се пренесува врз финалните цени (на англиски е cost push inflation), а не е резултат на растот на агрегатната побарувачка или на домашната подарувачка (на англиски demand pull inflation). Каков е нивниот став за тоа дали е движена од инфлациските очекувања, третиот фактор за инфлација, не ми е познат. Според мене, инфлациските очекувања и пред војната во Украина беа зголемени, односно имавме започнат тренд на саморазгорувачка инфлација. Инфлацијата кај нас започна порано од инфлацијата во еврозоната, како резултат на порастот на цените на храната (особено на маслата и мастите) и на порастот на цената на електричната енергија после избори во 2020 година. Базичната инфлацијата, којашто ја исклучува енергијата, течните горива и непроцесираната храна, и којашто е мерка за долгорочната и постојана компонентна на инфлацијата започна умерено да расте уште за време на пандемијата во 2020 година, а доби на интензитет од април 2021 година. И сега кои се петте домашни фактори за високата и растечка инфлација. Прв домашен фактор – растот на трошоците за труд по едница производ. Кога зборуваат дека инфлацијата е условена од растот на трошоците за прозводство мислат на цените на суровините за производство, како што се цените на примарните производи (цените на пченицата, на пченката, на сончогледовото масло), потоа на цените на електричната енергија, нафтените деривати и гасот. Но, никаде не видов став како го оценуваат интензивниот раст на трошоците за труд, којшто е исто така трошок за производство. Трошоците за труд интензивно растат во подолг временски период, како резултат на растот на бруто платите во услови кога продуктивноста на трудот се намалува. Ова е домашен фактор којшто чисто зависи од домашните макроекономски политики кои не ја подобруваат продуктивноста во економијата. Дали овој раст на трошоците за труд се пренесе врз финалните цени во ново настанатите услови? Трошоците за труд по едница производ во 2021 година се повисоки за 35% од нивото во 2016 година, додека продуктивноста на трудот во 2021 година е пониска за 4% од нивото во 2016 година! Овој кумулативен раст на трошоците за труд и кумулативен пад на продуктивноста некаде и некој го компезира. Владата со пари од буџетот или приватниот сектор преку раст на финалните цени? Како и да е, трошокот за економијата е голем! Втор домашен фактор – историско ниско домашното производство на електрична енергија. Преносот на енергетската криза во Европа, којашто започна од втората половина на 2021 година и доби на интензитет при крајот на годината (и добива уште повеќе со ново настанатата геополитичка ситуација), немаше да биде голем ако произведовме домашна електрична енергија како некогаш. Бруто домашното производство од термоцентралите и хидро централите во ноeмври и декември 2021 година покриваше 33,6% и 44,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија, додека историскиот месечен просек е 61,5%. Затоа, имавме потреба од увоз, чијашто цена беше исклучително висока во последното тримесечје на 2021 година. Директниот трошокот за економијата беше голем, потрошени вкупно 170 милиони евра пари од буџетот што е девизен одлив од економијата, а индиректиот уште поголем – пренесен врз инфлацијата. Како понатаму? Ќе бидат ли спремни за новата енергетска криза? Трет домашен фактор – без реакцијата со стоковите и нафтените резерви. Една од функциите на стоковите и резервите на нафтени деривати е да се активнираат и пуштат во употреба при поголеми нарушувања на пазарот. Растот на цените на примарните производи – пченица, пченка итн., започна уште од почетокот на пандемијата со Ковид-19, а растот на цената на нафтата од средината на 2021 година. До сега ако се пуштеа стоковите и нафтените резерви Владата ќе ги неутрализираше нарушувањата на пазарот кои ги вивнаа цените на високо ниво. Сега кога цената на нафтените деривати се менува на дневно ниво, нели беше подобро да се реагира со резервите на нафтените деривати за да имаме стабилни цени? Трошокот за економијата е голем и ќе се пренесе и понатаму врз инфлацијата. А како понатаму? Дали навистина се полни стоковите резерви и резервите на нафтени деривати? Што е подолгорочната стратегија за домашно производство на пченица, пченка и други основни прехрамбени производи, која е стратегијата ако немаме пристап до снабдување до нафтени деривати? Светот е влезен во исклучително неизвесна иднина. Четврт домашен фактор – ненавремена реакцијата со даночната политика. На увезените цени не можеме целосно да влијаеме, но со одредени мерки можеше да го неурализираме нивниот висок раст. Во средината на минатата година викаа дека инфлацијата е под контрола, дека нема простор за загриженост. Наспроти нив, опозицијата прва кажа за замрзнувањето на цените, за сведување на стапката на ДДВ кај електричната енергија од 18% на 5%, за намалување на стапката на ДДВ за храна од 5% на 0% и за преполување на акцизата на нафтените деривати. Владата за сѐ закасни. Реакцијата кога цените се до плафон не иста со реакцијата кога цените почнуваат да растат! НО, можеби ако реагираше тогаш Владата немаше да има приходи од околу 70 милиони евра во буџетот заради растот на инфлацијата (зголемени приливи од ДДВ, увоз и акцизи), што пак им користеше за покривање на исклучително висока јавна потрошувачка. Трошокот за економијата е голем, сите го чуствуваме. Петти домашен фактор – ненавремена реакција на централната банка за зауздување на јавната потрошувачка. Последните податоци за Бруто домашниот производ за 2021 година од Државниот завод за статистика (ДЗС) како и податоците за реализацијата на буџетот на 2021 година покажаа дека и домашната побарувачка одиграла улога во разгорување на инфлацијата. Домашната побарувачка, која е збир од три агрегати: приватната потрошувачка на домаќинствата, јавната потрошувачка на државата и бруто инвестициите била висока, особено во последното тримесечје на годината. Приватната потрошувачка била значајно засилена и забележала годишен раст од 5,7%, со што го надминала и предкризното ниво за овој квартал (за 1,7% повисока од нивото од последниот квартал на 2019 година). Дека приватната потрошувачка растела покажува и производната страна на БДП, според која трговија на големо и мало има висок годишен реален раст од 9,2%, со што се надминало и предкризното ниво (за 7%). Јавната потрошувачка пак била годишно повисока за 6,5%, а од предкризното ниво за високи 9,8%. Во последниот квартал на 2021 година немавме никаква реализација на антикризни мерки. Трансферите кон ЕСМ не треба да се евидентираат како јавна потрошувачка, а истите ја пополнуваа неспособноста на Владата, којашто заради подпросечното домашно производство на електрична енергија мораше да реализира увоз по високи цени. Затоа овие трансфери никако не се стимулација за економијата, туку се одлеани девизи за увоз. Но затоа пак трошењата за стоки и услуги на Владата во последното тримесечје на 2021 година номинално годишно растат за високи 47% или реално (прилагодени со инфлацијата) за 41%!!! Зошто тогаш во услови на притисоци од домашната побарувачка и при веќе растечка инфлација немаше реакција од централната банка? НБРМ треба да реагира кога има притисок од страна на побарувачката за да ги стабилизира цените. Оправдувањето дека инфлацијата е само увезена и предизвикана од растот на трошоците за производство ја демантираат објавените бројки од ДЗС. Според нив домашната побарувачка создавала притисок врз цените, што можеби е причина што имаме повисока инфлација од еврозоната. Дали тековните состојби покажуваат дека затегањето на монетарната политика за стабилизација на побарувачката, а со тоа и на инфлацијата е закаснета мерка? Дали на НБРМ и бил императив да обезбеди и понатаму поволна клима за ефтино финансирање на Владата којашто недисциплинирано и неконтролирано за цел овој период се задолжува на домашниот пазар (и на странскиот пазар), а притоа никако не ја стабилизира економјата? Само да потсетам потрошивме 1,6 милјарди евра нов јавен долг во две пандемиски години, а доживеавме најдлабока рецесија од 6,1% во 2020 година во поновата македонска историја (двојно подалбока и од интерниот воен конфликт во 2001 година). Растот од 4% за 2021 година допрва ќе видиме дали е таков! Трошокот за економијата е голем, тоа убаво го знаат сите!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-inflacijata-i-sporata-reakcija-golem-troshok-za-ekonomijata/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Итно е потребен ребаланс и власта да ги прифати мерките на ВМРО-ДПМНЕ за да се неутрализира високата инфлација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-itno-e-potreben-rebalans-i-vlasta-da-gi-prifati-merkite-na-vmro-dpmne-za-da-se-neutralizira-visokata-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-itno-e-potreben-rebalans-i-vlasta-da-gi-prifati-merkite-na-vmro-dpmne-za-da-se-neutralizira-visokata-inflacija/#respond Sun, 27 Feb 2022 19:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=637601

Државата мора да се прилагоди на новонастаната ситуација, веќе сме влезени во стагфлација, тоа е состојба на стагнација на економија и инфлација. Власта требаше да го има предвидено порастот на цените, како и досега требаше стоковите резерви да бидат наполнети и пуштени во употреба за да се спречат ценовните шокови, изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Таа појасни дека и пред новонастаната ситуација со Украина, имавме високи цени, раст на храната на светските берзи на пример пченицата од април 2020 година до декември 2021 е за 80% порасната цената и затоа досега власта требаше да работи на стоковите резерви. - Меѓу првите алармирав за стоковите резерви заради тоа што ја видов стратегијата на Агенција за стокови резерви во којашто јасно е наведено дека за 2022 треба одредени количини на пченица, јачмен, масло да се набават, јас гледав во јавни набавки и нема јавни набавки, а челниците велат дека има, вели таа. Кадиевска Војновиќ истакна дека итно на државата и е потребен и ребаланс бидејќи за два месеци имаме 120 милиони буџетски дефицит, а тоа е 30% од тоа што сме го планирале годинава и додаде дека власта треба да ги прифати предложените мерки на ВМРО-ДПМНЕ. Парите за справување со енергетската криза се истрошени, треба да се предвидат нови, не очекува неизвесна иднина, а треба подолгорочно да размислуваме. Ние денеска истакнавме мерки во даночната политика за да се неутрализира оваа висока инфлација, ослободување на ДДВ кај храна, топлинска енергија, останување на онаа повластена стапка 5% за електрична енергија, намалување на акцизи на нафтени деривати, сето тоа ќе има фискални импликации. Потребни се средства во буџетот да се предвидат и досега требаше да ги имаат овие работи, рече Кадиевска Војновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovikj-itno-e-potreben-rebalans-i-vlasta-da-gi-prifati-merkite-na-vmro-dpmne-za-da-se-neutralizira-visokata-inflacija/feed/ 0
Кадиеска-Воиновиќ: 60% од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како 60% од БДП јавен долг со некредибилни политики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-60-od-bdp-javen-dolg-so-kredibilni-politiki-ne-e-isto-kako-60-od-bdp-javen-dolg-so-nekredibilni-politiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-60-od-bdp-javen-dolg-so-kredibilni-politiki-ne-e-isto-kako-60-od-bdp-javen-dolg-so-nekredibilni-politiki/#respond Thu, 29 Oct 2020 12:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=422121

Во Утрински брифинг денеска гостуваше поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска-Воиновиќ, која што говореше за глобалните финансиски текови, растот на задолженоста, и за врската меѓу кредибилните политики и економските текови во земјава. Во однос на тоа посочи дека реакцијата на власта во економска криза е најважна, како и кредибилните политики кои треба да се во насока да создаадат позитивни ефекти во економијата, но и ги критикуваше одливите од буџетот по однос на нетродуктивни трошења. -Во првата година од осамостојувањето имаме 11% пад на БДП, во втората година имаме 13.7% пад на БДП, во ситуација кога сме имале нула девизни резерви, она што е важно е како се справуваат креаторите на економските политики со шоковите. Истото важеше и за 2001 година за време на интерниот воен конфликт, за 2009 година во време на глобалната финансиска криза и за должничката криза во Евро Зоната во 2012 година која имаше негативни ефекти врз банкарскиот сектор. Значи битна е релацијата шок- реакцијата на власта – ефекти, ефектите кои ќе произлезат од тие политики се најважни – анализираше Кадиеска-Воиновиќ. Поранешната вицегувернерка вели дека 60% од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како 60% од БДП јавен долг со некредибилни политики. Таа објасни дека потребна е добра координација помеѓу централната банка и фискалната политика. Центарлната банка може да и помогне на економијата повеќе, да има експанзивен карактер и понатаму, ама за тоа треба кредибилна фискална политика. -Годинава за невладини организации од буџетот се имаат потрошено 50 милиони евра, а наспроти тоа велиме дека немаме пари му обезбедиме на населението да се купат 40.000 лаптопи, како и да се обезбеди бесплатен интернет, што го направија многу држави, посочи Кадиеска-Воиновиќ. Кадиеска –Војновиќ објасни дека земјава само до првиот квартал имала буџетски дефицит од 120 милиони евра, највеќе креиран од трансфери кои не се лоцирани, тоа се непродуктивни трошења, вели Кадиеска-Воиновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-60-od-bdp-javen-dolg-so-kredibilni-politiki-ne-e-isto-kako-60-od-bdp-javen-dolg-so-nekredibilni-politiki/feed/ 0
Кадиеска-Воиновиќ: Кредибилни политики не се 50 милиони евра за невладини организации, а да немате пари за 40.000 компјутери и бесплатен интернет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-kredibilni-politiki-ne-se-50-milioni-evra-za-nevladini-organizacii-a-da-nemate-pari-za-40-000-kompjuteri-i-besplaten-internet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-kredibilni-politiki-ne-se-50-milioni-evra-za-nevladini-organizacii-a-da-nemate-pari-za-40-000-kompjuteri-i-besplaten-internet/#respond Thu, 29 Oct 2020 12:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=422117

Поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиеска-Воиновиќ, денеска гостуваше во Утрински брифинг која говореше за кредибилни политики и економските текови во земјава. Во однос на тоа посочи дека реакцијата на власта во економска криза е најважна, како и кредибилни политики кои треба да се во насока да создаадат позитивни ефекти во економијата, но и ги критикуваше одливите од буџетот по однос на нетродуктивни трошења. -Во првата година од осамостојувањето имаме 11% пад на БДП, во втората година имаме 13.7% пад на БДП, во ситуација кога сме имале нула девизни резерви, она што е важно е како се справуваат креаторите на економските политики со шоковите, истото важеше и за 2001 година и за економската криза во 2012 година каде имаше големи проблеми банкарскиот сектор, значи реакцијата на власта и ефектите кои ќе произлезат од тие политики се најважни, анализираше Кадиеска-Воиновиќ. Поранешната вицегувернерка вели дека кредибилноста со 60% јавен долг на политики е различно со 60% некредибилни политики. Таа објасни дека за да се создадат кредибилни политики во земјава потребно е да има добра координација помеѓу централната банка и фискалната политика треба да има разбирање и отчетност. -Годинава за невладини организации од буџетот се имаат потрошено 50 милиони евра, а наспроти тоа велиме дека немаме пари му обезбедиме на населението да се купат 40.000 лаптопи, како и да се обезбеди бесплатен интернет, што го направија многу држави, посочи Кадиеска-Воиновиќ. Кадиеска –Воиновиќ нагласи дека земјава само до првиот квартал имала буџетски дефицит од 120 милиони евра од трансфери кои беа лоцирани каде биле, тоа се непродуктивни трошења, вели Кадиеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kadieska-voinovikj-kredibilni-politiki-ne-se-50-milioni-evra-za-nevladini-organizacii-a-da-nemate-pari-za-40-000-kompjuteri-i-besplaten-internet/feed/ 0