Маја Кадиевска Војновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 08:25:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маја Кадиевска Војновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кадиевска Војновиќ: Владата се презадолжува, како надворешно така и домашно! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-se-prezadolzhuva-kako-nadvoreshno-taka-i-domashno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-se-prezadolzhuva-kako-nadvoreshno-taka-i-domashno/#respond Fri, 20 Oct 2023 08:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=891095

Додека фокусот на јавноста е болната инфлација и намалениот животен стандард, Владата тивко ама сигурно не носи во пропаст со силното темпо на задолжување како на меѓународен, така и на домашен пазар. Јавниот долг на крајот од јуни 2023 година (последен објавен податок) достигна 8,3 милијарди евра, додека само државниот долг дојде до нивото од 7,3 милијарди евра. Но, она што е сигурно, државниот долг забрзано расте и тоа на домашниот пазар на државни хартии од вредност (ДХВ). А само за потсетување, Владата годинава веќе издаде четиригодишна еврообврзица од 500 милиони евра со купонска камата од 6,96% за отплата на еврообврзницата издадена во 2016 година во износ од 450 милиони евра со купонска камата од 5,62%. Рефинансирањето беше поскапо и ќе биде скапо. Во наредните години, односно од 2025-2028 година достасува за исплата пазарен надворешен долг од вкупно 2,4 милијарди евра, износ на издадените еврообврзници на оваа Влада. Ова значи или скапо рефинансирање, во услови кога каматните стапки растат и ќе бидат најверојатно на високо ниво одреден период, или силна фискална консолидација, која значи резови во Буџетот на трошењата и собирање на повеќе приходи. Владата не се одлучи за резови во своите трошења, напротив си троши нерационално и коруптивно, ама затоа се реши да го зголеми ДДВ на 1.600 призводи и да воведе данок на солидарност за успешните фирми. Никако да се реши да ги гони неплаќачите на даноци, неплаќачите на сметки за струја итн, но се реши да ги амнестира сите кои го уништија државниот Буџет. И така, само за девет месеци од 2023 година Владата собра вкупно 420 милиони евра од домашниот пазар на државни хартии од вредност, со што домашниот пазарен долг на крајот на септември достигна фантастични 2,9 милијарди евра. „Инвентивно“ издаде граѓанска обврзница, па зелена обврзница, па пак ќе издава сега граѓанска обврзница, а физичките лица и вака и така можеа до сега да инвестираат на редовните аукции на ДХВ. Но, за парите што ги собра ни збор. За кои „зелени“ проекти се парите од зелената обврзница? За кои мерки се парите од граѓанската обврзница? Нели се во функција на развојните проекти на државата? Кои развојни проекти? Зошто тогаш не се издаде развојна обврзница? Ова силно темпо на задолжување т.е растот на домашниот долг од 420 милиони евра за само девет месеци е историски највисок, дури повисок и од растот во цела 2020 година за време на ковид кризата. Државата од почетокот на година се задолжува главно преку денарски ДХВ, имајќи предвид дека интересот е поголем заради повисоките каматни стапки од оние со девизна клаузула. Рочноста на новите запишани ДХВ е во полза на долгорочните, но загрижува растот на трезорски записи од 114 милион евра (12 месечни ДХВ) и на двегодишните обврзници од 148 милион евра. Ова значи дека вкупно 264 милион евра ќе достасаат за две години. Каматната стапка на 12 месечните трезорски записи изнесува 4,25%, а на двегодишните обврзници 5,25% и 5,0%. За споредба, на 15 годишните државни обврзници изнесува 6,15%. Власта со ова си купува скапи пари за време на последниот нивен мандат. И кој купува државни хартии од вредност? Нормално е да се инвестира при вакви високи каматни стапки. Приватните пензиски фондови во последните неколку години се најзначаен инвеститор, што во дел заради регулаторни барања, што во дел заради усогласување на билансната структура. Потоа се домашните банки, кои имаат регулаторни барања да држат одреден дел од средствата во ликвидна актива (ДХВ го имаат тој третман) и заради тековните вишоци на ликвидност. Осигурителниот сектор исто инвестира, а физичките лица за прв пат по долги години пласираа околу 28 милион евра, и тоа 10 мил. евра во граѓанската обврзница и остатокот во други ДХВ. Насоченоста на домашниот пазар на ДХВ одамна е стратегија. Но, ваквото темпо на задолжување на домашниот пазар покажува дека Владата нема друг пристап до средства и дека троши интензивно. Толку фалените „успешни“ политики на оваа Влада не ја ослободија втората исплата од заемот за ликвидност и претпазливост на ММФ од 155 милион евра. Средствата беа по значајно пониска каматна стапка од тековните каматни стапки кои ги нуди државата. Зошто ММФ се повлече, останува да видиме. Но, едно е сигурно. Оваа Влада ја наруши фискалната одржливост, ги уништи јавните финансии и го набилда долгот како никогаш до сега. Кризите не се изговор. Истите, оваа Влада неспособно ги изменаџира, ама затоа во аманет на сите нас ни остава висок и неодржлив јавен долг. Колумна на Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Пари.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-se-prezadolzhuva-kako-nadvoreshno-taka-i-domashno/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Состојбата во Македонија е ужасна, ни треба поддршката од граѓаните за да се пресече ова трошење на народните пари од владата на СДС и ДУИ за нивните бизниси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-sostojbata-vo-makedonija-e-uzhasna-ni-treba-poddrshkata-od-graganite-za-da-se-preseche-ova-troshene-na-narodnite-pari-od-vladata-na-sds-i-dui-za-nivnite-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-sostojbata-vo-makedonija-e-uzhasna-ni-treba-poddrshkata-od-graganite-za-da-se-preseche-ova-troshene-na-narodnite-pari-od-vladata-na-sds-i-dui-za-nivnite-biznisi/#respond Mon, 05 Jun 2023 17:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=842415

Од пописот во 2002 година и овој сега, пријавено е дека се иселени околу 6600луѓе и Велес е на 7мо место по број на иселени резиденти. Но, јас мислам дека е многу поголем бројот на иселени бидејќи никој не задоволен од моменталната ситуација, бидејќи е ужасна, изјави денеска Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на трибина во Велес во организација на партијата, насловена „Развојни политики за стабилна економија“. Кадиевска Војновиќ рече дека се што прави владата на СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ треба да прави обратно, бидејќи владата дава поддршка на општините кои не само што не плаќаат даноци, не плаќаат ниту струја, за разлика од другите општини кои плаќаат даноци на државата, но се оставени сами да се снаоѓаат. Се што прави оваа влада ние не треба да гои правиме. Значи обратно. Ако крадат од буџетот, ние не треба да крадеме, прават6 трансфери нелегални, сабајле го отворив буџетот, верувајте веќе ни е обоен буџетот, да не кажам етнички, туку секако ни е обоен. Тука се спомнуваше претходно од градоначалникот и пратеникот дека трчаат по пари за да обезбедат општински буџет. Верувајте пред два дена без на конференција каде што не добив аплауз, бидејќи беше избрана екипа од другата страна зошто на еден графикон им покажав кои општини колку собираат даноци, и што мислите кои општини не плаќаат даноци. Тоа се оние општини кои што не плаќаат ниту струја. Значи што де факто ништо не плаќаат во државата, тие се наградени, вели Кадиевска Војновиќ. Кадиевска Војновиќ ја побара поддршката од граѓаните на следните парламентарни избори се со цел да се пресечи ова трошење на народните пари од страна на владата на СДС и ДУИ. И тука ќе заклучам, затоа ни треба вашата поддршка. На следните парламентарни избори од сите до еден да ја добиеме вашата поддршка за да ја добиеме централната власт и да го пресечеме ова трошење на нашите пари за купување на бизниси, децидна е таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-sostojbata-vo-makedonija-e-uzhasna-ni-treba-poddrshkata-od-graganite-za-da-se-preseche-ova-troshene-na-narodnite-pari-od-vladata-na-sds-i-dui-za-nivnite-biznisi/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Според Евростат, Македонија е прва по раст на цената за електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-spored-evrostat-makedonija-e-prva-po-rast-na-tsenata-za-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-spored-evrostat-makedonija-e-prva-po-rast-na-tsenata-za-elektrichna-energija/#respond Thu, 27 Apr 2023 18:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=828430

Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување „ЗА или ПРОТИВ“ на телевизија Алфа, истакна дека според податоците на Евростат, Македонија е прва на табелата по однос на највисоко ниво на раст на цените за електрична енергија од 327 отсто. Вчера од страна на Евростат беа објавени податоците за цена на електрична енергија. Македонија е прва на листата на табелата на највисоко ниво со раст на цена на електрична енергија од 327 отсто, тоа е многу односно 4,2 пати раст на цена на електрична енергија за потрошувачи, не за домаќинства во рамка на потрошувачка од 500 до 2 илјади мегават часови. Тоа се сите останати сектори освен домаќинства во кое имаме највисок раст на цена на електрична енергија. На рангот на цена евро мегават час сме на петто место, вели Кадиевска Војновиќ. Кадиевск Војновиќ потенцираше дека граѓаните во Македонија плаќаат највисока цена на струјата, за разлика од сите земји во регионот. И податоците за домаќинства не се добри бидејќи плаќаме највисока цена на струја за домаќинства од сите земји во регионот и имаме највисок раст на цена на домаќинства од кога е започната енергетската криза од сите земји во регионот, рече таа. На крај се поставува прашањето од каде ни дојде инфлацијата, епа еве од тука ни дојде инфлацијата. Од тука ни дојде од „успешното“ справување со енергетската криза која генерираше зголемен трошок за фирми, притисок за раст на плати бидејќи инфлацијата беше генерирана едно од друго. Сметката тек допрва ќе се види во блокирани фирми, отворени стечајни постапки и ликвидност во компаниите, смета Кадиевска Војновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-spored-evrostat-makedonija-e-prva-po-rast-na-tsenata-za-elektrichna-energija/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Владата со тоа што сеуште не го објавува договорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д на јавноста и дава до знаење дека нешто не е во ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-so-toa-shto-seushte-ne-go-objavuva-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-na-javnosta-i-dava-do-znaene-deka-neshto-ne-e-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-so-toa-shto-seushte-ne-go-objavuva-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-na-javnosta-i-dava-do-znaene-deka-neshto-ne-e-vo-red/#respond Thu, 27 Apr 2023 17:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=828424

„Дефинитивно Владата треба да го објави договорот од една обична причина затоа што ние ќе го платиме тој договор, односно граѓаните и фирмите кои се во Република Македонија и затоа јавноста има право да ги знае сите детали од договорот и да знае какви финансиски импликации ќе предизвика овој договор во наредниот период“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа. Таа посочи дека веќе е позната некоја сума дека тоа ќе кошта 1,3 милијарди евра меѓутоа според сознанија во оваа сума не се тие дополнителни работи како експропријација на земја. Кадиевска Војновиќ истакна дека не гледа дека на терен нешто се случува, освен таа таблата што таму стои. „На терен нема никакви активности како впрочем и сите други инвестиции кои биле најавени бомбастично од оваа Влада. За рамковниот договор беше објавена една инвестиција во Тетово а поминати се 9 месеци и нема никаква активност од таа инвестиција“, рече Кадиевска Војновиќ. Таа истакна дека ако толку е транспарентно во смисла договорот и значаен, тогаш прво нешто што требаше да направат е да го објават за јавноста. „Како опозиција затоа се плашиме дека овие преземени обврски ќе дојдат на наш грб како идна Влада и дека дефакто многу е тешко да се менаџира целиот процес бидејќи јавноста не знае какви финансиски импликации сме преземале“, изјави Кадиевска Војновиќ. Таа е децидна дека во договорот има многу елементи кои насочуваат дека треба да се започне веќе со подготовка на теренот за спроведување на градежни работи а такво нешто не се гледа. „Негативната критика е на тајноста на договорот, преземените обврски кои се преземени од Владата. Затоа нека го објави Владата уште утре договорот за јавноста да каже дали е точно ова што го зборуваме или не. Со тоа што Владата не го објавува договорот тоа е знак дека нешто не е во ред“, посочи Кадиевска Војновиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-vladata-so-toa-shto-seushte-ne-go-objavuva-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-na-javnosta-i-dava-do-znaene-deka-neshto-ne-e-vo-red/feed/ 0
Кадиевска Војновиќ: Поради забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДСМ не воведе данок за домашните фирми кои ја реинвестираат својата добивка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-poradi-zabeleshkite-na-vmro-dpmne-vladata-na-sdsm-ne-vovede-danok-za-domashnite-firmi-koi-ja-reinvestiraat-svojata-dobivka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-poradi-zabeleshkite-na-vmro-dpmne-vladata-na-sdsm-ne-vovede-danok-za-domashnite-firmi-koi-ja-reinvestiraat-svojata-dobivka/#respond Mon, 24 Apr 2023 20:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=827076

Последните три години нема реинвестирана добивка, а тоа значи дека профитот кои што го остваруваат тука го изнесуваат од земјата, вели Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Анализа на ТВ 24 за странските директни инвестиции. Кадиевска Војновиќ посочи дека се согласува со забелешките на дел од домашните бизнисмени дека владата на СДСМ последниот период не им помогнала, укажувајќи дека поради забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, владата не воведе данок за домашните фирми кои ја реинвестираат својата добивка, туку го остави во сила ослободувањето од оданочување на реинвестираните средства. Се согласувам во дел со коментарите на домашните бизнисмени и мислам дека помалку е направено за домашните компании кои што вработуваат поголем дел од населението и мислам дека некако во последниот период како и воопшто да не се помогнати, туку напротив се утепани. Поентата ми е да потсетам на едно време кога се воведе рамниот данок, значи ние имавме 15 проценти данок на добивка, тој се сведе на 12 во 2007 година и на 10 процени 2008 година. Во 2008 година се ослободи даночна мерка, фискална мерка на таа влада тогашна, прво се ослободи добивката од оданочување, па потоа онаа на реинвестирање. Па да потсетам дека оваа влада сакаше да го врати тоа, но заради нашите залагање не го врати, па затоа остана делот на реинвестирана добивка да биде ослободен и оние домашни фирми кои влегуваат во инвестиции, истакна таа. Кадиевска Војновиќ рече дека Државниот завод за ревизија констатирала големи злоупотреби на фондот за помош на фирмите, велејќи дека 20 милиони евра воопшто не биле инвестиции во 2020 година, како и дека треба да се виде кои фирми се фаворизирани и кои земале државна помош, нагласувајќи дека за сето ова ќе има ревизија. Државниот завод за ревизија најде големи злоупотреби на фондот, 20 милиони евра воопшто не биле ниту И од инвестиција во текот на 2020 година. Значи не е само домашни и странски, туку кои домашни компании добиваат затоа што бевме сведоци дека извесно време дека една од големите партии која што ни ја води државата отвори во Тетово голема инвестиција од 130 милиони како што беше најавено, па да видиме дали ќе ја реализира. Значи не е само и домашни и странски, туку кои домашни фирми се фаворизираат и каде одат тие државни пари, буџетски средства за кои што здравје ќе има ревизија дали било за милијардата на Заев, или за “760 милиони евра“ сега на Ковачевски кои што се само пи-ар, а нема ништо, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-poradi-zabeleshkite-na-vmro-dpmne-vladata-na-sdsm-ne-vovede-danok-za-domashnite-firmi-koi-ja-reinvestiraat-svojata-dobivka/feed/ 0
Кадиевска-Војновиќ: Образовниот систем во Македонија не поддржува финансиска писменост, потребно е воведување едукација за финансиите уште од основно училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/#respond Sun, 02 Apr 2023 17:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=819194

Денес во рамки на првиот женски економски форум - „Финансиска писменост“ во организација на „Јас Сум Жена“ и „Global Shapers Skopje Hub“ главен говорник беше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Маја Кадиевска Војновиќ. На тема „Потребата од финансиска писменост во Македонија“, Кадиевска Војновиќ потенцираше дека тековно едукативниот систем е еродиран и истиот не поддржува финансиска писменост. Според неа, во образованието се учи сѐ, ама не и за современите текови и финансиите, а финансиите го вртат светот. На Македонија и треба зголемување на степенот на финансиска писменост, а тоа може да се постигне само институционално т.е со воведување на едукација за финансии уште во основно училиште. За повозрасните потребни се специјализирани обуки од давателите на финансиски услуги. Според неа итно е потребно да се зголеми квалитетот на образованието кон новото време за да се задржат младите во економијата, нашите таленти и идениот потенцијал за раст. Статистичките мерења според неа се поразителни. Според меѓународните мерења населението над 18 години во Македонија има ниско финансиско знаење, однесување и ставови, што е во рамки на групата земји од Јужноисточна Европа кои заостануваат во многу сегменти зад западноевропските држави. Според анкетата на НБРМ, повеќе од половината од младите (на возраст од 13-15 години) сметаат дека делумно знаат како да управуваат со парите, а истото во најголем дел го учат од своето семејство, додека формалното образование обезбедува низок процентот на финансиска едукација. Кадиевска Војновиќ потенцираше дека финансиската инклузија или вклученост е сѐ уште ниска во одредени сегменти. Така, според најновите податоци од Финдекс базата на Светска банка за 2021 година и покрај тоа што поголемиот дел од населението над 15 години има сметки во банки (85,3%), само 14,9% од населението штеди во банки (50% од оние кои имаат сметки во банка) и само 22% позајмува пари од официјални финансиски институции (од младите само 6,5%, од посиромашните само 17,6%). Наспроти ова, депозитите на домаќинствата од крајот на 2010 година до февруари 2023 година се имаат зголемено за високи 2,9 милијарди евра, а кредитирањето на банките на физичките лица за овој период расте за 2,3 милијарди евра. Ова покажува две работи, ниска финансиска моќ односно низок расположлив доход за штедење (или способност за позајмување) кај поголем дел од населението и висока концентрација на депозитната база кај домаќинствата со повисоки примања. Финдекс базата на податоци покажува дека сопственици на кредитни картички се само 22% од населението (52,6% поседуваат дебитни картички), додека позначаен процент 88,4% од населението имаат пристап до интернет и 94,6% имаат мобилни телефони. Сепак, според Кадиевска Војновиќ користењето на мобилните и интернетот за финансиски трансакции како плаќања, земање на кредити, депозити, осигурување, тргување со хартии од вредност е ниско, зошто во Македонија сѐ уште не е развиен финтекот секторот. Користењето на мобилниот телефон или интернетот е највеќе за проверка на салдото на сметката (кај 43,2% од тие што имаат сметки), помалку за плаќање на сметки (само кај 28,3%) и за купувања на интернет (кај 30,5%). Кадиевска Војновиќ потенцираше дека потребата од финансиска писменост не е само од личен интерес, туку е и од национален интерес. Финансиската писменост овозможува носење на информирани одлуки за личните и јавните финансии. Ефикасното управување со парите го намалува ризикот од финансиски грешки, што води кон подобра финансиска благосостојба, намален долг и зголемени заштеди. Истото овозможува планирање за иднината и помага при справување со неочекуваните финансиски предизвици. Кадиевска Војновиќ потенцира – финансиската писменост е потребна не само за успешно управување со личните финансии, тука и за македонското општество како целина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/feed/ 0