маја славева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Jul 2019 11:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маја славева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Славева: Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-kriminalnata-vlast-na-zoran-zaev-vo-zaminuvanje-sproveduva-brutalna-partizacija-na-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-kriminalnata-vlast-na-zoran-zaev-vo-zaminuvanje-sproveduva-brutalna-partizacija-na-administracijata/#respond Sun, 14 Jul 2019 11:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=218299

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата. Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет. Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот бран на вработувања врз државниот буџет. Заев како министер треба да го предупреди Заев како претседател на Владата за штетата која се предизвикува во јавната администрација и државниот буџет, изјави на прес конференција Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ која додаде: „Оваа власт знае дека ја губи моќта и решава на провиден начин колку толку да ги задоволи незадоволните партиски послушници во последниот час пред новите избори. Сведоци сме на нов бран на нови 107 вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција. Сите овие вработувања немаше да бидат спорни доколку институции ги немаа изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.“ Како што посочи Славева на пример, во Генералниот секретаријат на Владата, под палката на Рашковски, кој слушнавме како мести тендери, а и според сведочења од тамошните вработени безмилосно се однесува кон послабите од него само затоа што му се може, минатата година безмалку десетпати се сменила систематизацијата на институцијата. -Согласно нашите податоци, во 2018 година оваа себична власт во државниот и јавниот сектор вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници. Па така, за пример, 27 нови некомпетентни кадри ќе бидат вработени во Управата за финансиска полиција кои што на месечно ниво ќе ја празнат државната каса за 14 000 евра, а на годишно ниво од државната каса за партиските послушници на оваа власт ќе се одлеваат 168.000 евра или 10.332.000,00 денари, потенцираше Славева и подвлече: „Ниеден државен инспектор не се осмелува да реагира по повод овие неправилности кои се прават во јавната администрација поради ризикот да ја изгуби својата работа под притисок на моќниците од власта. Јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри. Секоја чест на исклучоците кои мака мачат со своите колеги кои се вработени со повластици, а не си ја работат работата. Непартиските јавни службеници се обесправени, малтретирани и омаловажени. Наместо подобрување на администрацијата како сервис на граѓаните, секој ден назадуваме во спроведувањето на европските стандарди и пракси поради неодговорноста на оваа власт. -Народот гледа, цени и памти. Сведоци сме дека вакво страдание проследено со скандали и тешки измами, проневери, партиски вработувања и државни скандали Македонија не памти. Овие чекори се последната сламка на спасот на Зоран Заев и неговата екипа која секојдневно го шокира светот и ја срами државата. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе да допрат до власт, дополни Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-kriminalnata-vlast-na-zoran-zaev-vo-zaminuvanje-sproveduva-brutalna-partizacija-na-administracijata/feed/ 0
Славева: Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство, а резултатот на неговата неспособност се човечки жртви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-e-celosno-nesposoben-za-vodenje-na-sektorot-na-zdravstvo-a-rezultatot-na-negovata-nesposobnost-se-chovechki-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-e-celosno-nesposoben-za-vodenje-na-sektorot-na-zdravstvo-a-rezultatot-na-negovata-nesposobnost-se-chovechki-zrtvi/#respond Sun, 19 May 2019 12:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=199694

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката,  несоодветно стерилизирани инструменти и сали! Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника? За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал, потенцира Славева. Таа додава дека министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви! -Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од  министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви!  Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои! Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш, рече Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-e-celosno-nesposoben-za-vodenje-na-sektorot-na-zdravstvo-a-rezultatot-na-negovata-nesposobnost-se-chovechki-zrtvi/feed/ 0
Славева: Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-raboti-za-pendarovski-morbilite-se-proshirija-na-cela-teritorija-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-raboti-za-pendarovski-morbilite-se-proshirija-na-cela-teritorija-na-drzavata/#respond Wed, 17 Apr 2019 12:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=187679

Венко Филипче терајќи ја претседателската кампања на Стево Пендаровски, заборави дека формално е на функцијата министер за здравство. Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата, истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани? Дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови? На ова Филипче требаше да мисли многу порано. Сега доцни и тоа многу. Неспособноста и лошото менаџирање во здравство резултира и со жртви, рече таа и додаде: „Филипче, сега, трчајќи да ја помине Македонија и да лобира за претседателскиот кандидат Пендаровски, сосема заборави на здравството. Антивакциналната кампања која ја водеше СДСМ, и се удри од глава на владата предводена од Зоран Заев, а тука и на министерот за здравство Филипче. Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна. Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-raboti-za-pendarovski-morbilite-se-proshirija-na-cela-teritorija-na-drzavata/feed/ 0
Славева: Додека Филипче тера кампања за Пендаровски, епидемијата на морбили која однесе неколку човечки животи се шири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-tera-kampanja-za-pendarovski-epidemijata-na-morbili-koja-odnese-nekolku-chovechki-zivoti-se-shiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-tera-kampanja-za-pendarovski-epidemijata-na-morbili-koja-odnese-nekolku-chovechki-zivoti-se-shiri/#respond Tue, 16 Apr 2019 11:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=187152

Стево Пендаровски, Зоран Заев и Венко Филипче се исти. Повеќе од четири месеци не можат да се справат со епидемијата на морбили, која однесе неколку човечки животи од крајот на декември до сега. Антиваксерската кампања која СДСМ ја водеше со години, уште од времето кога беа опозиција ги зема своите жртви, истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Филипче тера кампања за Пендаровски, епидемијата на морбили се шири. Откако не успеаја да се справат со епидемијата на морбили по повеќе од четири месеци мораа да прогласат епидемија на територија на цела држава. Венко Филипче ги излажа граѓаните, тој уште во јануари ветуваше дека за две недели ќе биде решена состојбата со морбилите, но поминаа и три месеци, а стиуацијата не само што не е решена, туку и излезе од контрола, рече Славева и додаде: „Филипче, како и досега, така и сега поради Пендаровски, ги заборави и граѓаните кои во здравството не можат да добијат основна здравствена услуга, а цел живот одвојуваат пари. Додека Филипче работи за Пендаровски наместо за граѓаните, секојдневно слушаме за по некој починат и тоа поради неспособноста на министерот да го менаџира секторот здравство. Неспособноста и лошите политики на Филипче и Заев уште еднаш ги гледаме на дело, сега кога епидемијата енормно се шири, а тие тераат политика со цел реализирање на своите интереси“. Според неа, крајот на епидемијата не е ни на повидок. -Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните и да заборави на своите лични интереси, и интересите на партијата и претседателскиот кандидат Пендаровски, ако не треба веднаш, по толку пропусти да замине од местото министер за зравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-dodeka-filipche-tera-kampanja-za-pendarovski-epidemijata-na-morbili-koja-odnese-nekolku-chovechki-zivoti-se-shiri/feed/ 0
Славева: Македонија изгоре во пожари, а Џаферовски и Заев тераат кампања и не ги интересираат огромните штети кои ги трпат граѓаните и државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-makedonija-izgore-vo-pozari-a-dzaferovski-i-zaev-teraat-kampanja-i-ne-gi-interesiraat-ogromnite-shteti-koi-gi-trpat-gragjanite-i-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-makedonija-izgore-vo-pozari-a-dzaferovski-i-zaev-teraat-kampanja-i-ne-gi-interesiraat-ogromnite-shteti-koi-gi-trpat-gragjanite-i-drzavata/#respond Tue, 02 Apr 2019 12:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=181498

Република Македонија изгоре во пожари, а директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски, човек од доверба на Зоран Заев, исто како својот шеф тера кампања и не го интересираат огромните штети кои ги трпат граѓаните и државата. Стотици хектари шума изгореа, а Џаферовски и Заев не покажаа никаков интерес да се справат со пожарите, истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Денеска се наоѓаме пред Дирекцијата за заштита и спасување под раководство на СДСМ која е клекната на колена. Уништени се сите капацитети за справување со непогоди. Сериозно загрижуваат информациите дека Дирекцијата за заштита и спасување располага со 6 пилоти, од кои само двајца можат да летаат. Загрижуваат информациите дека тројца пилоти немаат обука и не можат да летаат, а земаат плата веќе 5до 6 месеци. Јавноста чека одговор за причините за катастрофалната реакција на авионите со кои располага ДЗС. Дали тие имаат расипан систем за автоматско полнење и заради тоа не црпеле вода од Охридското езеро, процес кој трае дваесетина секунди? Дали е вистина дека заради несовесното работење на првите луѓе во дирекцијата, авионите додека ги гаснат пожарите во Охридско и околината мораат да се вратат на аеродром за да наполнат вода и да потрошат час и половина, наместо директно да наполнат вода од Охридското езеро?, запраша Славева и додаде: „Почитувани, месец март беше месец на пожари и пустош на шумите во Македонија, сведоци сме дека палењата продолжуваат и овој месец. Одговорноста има име и презиме. Тоа е Зоран Заев кој има поставено неспособен кадар на чело на ДЗС и неспособен министер за внатрешми работи кој не ги гони оние кои подметнуваат пожари. Одговорен е и неспособниот министер за земјоделие, но сите молчат, а шумата и селата во Македонија изгореа. Одговорност мора да има за оваа ненадоместлива загуба за изгорени национални паркови, животни и села. За почеток неспособниот директор, Аднан Цаферовски мора да си поднесе неотповиклива оставка“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-makedonija-izgore-vo-pozari-a-dzaferovski-i-zaev-teraat-kampanja-i-ne-gi-interesiraat-ogromnite-shteti-koi-gi-trpat-gragjanite-i-drzavata/feed/ 0
Славева: Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-vo-momentov-se-sluchuva-okupacija-i-uzurpacija-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-a-vlasta-premolchuva-i-ne-prezema-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-vo-momentov-se-sluchuva-okupacija-i-uzurpacija-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-a-vlasta-premolchuva-i-ne-prezema-nishto/#respond Tue, 26 Mar 2019 15:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=179027

Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо, ова денеска преку прес-конференција го потенцира Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Палењето на трската на најразлични локации на брегот на езерото јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро како македонски бисер, од страна на централната и на локалната власт. Очигледно е дека се работи за смислено и добро испланирано сценарио. Самиот факт дека надлежните се исклучително пасивни по однос на зачестените палења на трската, особено пред почетокот на летната туристичка сезона, наведува дека позадината на овие случувања е сосема друга. Можно е исто како и на езерото Матка крај Скопје, преку ноќ да никнат нови платформи, нови плажи или темели од некој објект. И додека се чека реакција од страна на институциите на државата, можеме повторно да бидеме сведоци некој да побара и легализација на овие објекти и повторно сите да се прогласат за ненадлежни, потенцира Славева. Таа додава дека можеби Антикорупциската Комисија повторно ќе се јави дека е надлежна и за овој проблем. -Ги повикуваме владиниот Инспекциски совет, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за земјоделие и Државниот инспекторат за животна средина кои вршат контрола на целото крајбрежје, вклучително и на плажите на кои веќе повеќе од две години им се истечени договорите за концесионирање, веднаш да излезат со официјална информација и да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската. Бареме брзи и ефикасни мерки и казни за сторителите на ова кривично дело, истакнува Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-vo-momentov-se-sluchuva-okupacija-i-uzurpacija-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-a-vlasta-premolchuva-i-ne-prezema-nishto/feed/ 0
Славева: Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа на Никола Младенов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-e-likot-koj-besramno-lazel-i-se-obidel-politichki-da-profitira-od-tragichnata-nesrekja-na-nikola-mladenov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-e-likot-koj-besramno-lazel-i-se-obidel-politichki-da-profitira-od-tragichnata-nesrekja-na-nikola-mladenov/#respond Sun, 17 Mar 2019 13:18:33 +0000 https://kurir.mk/?p=175639

Никола Младенов не бил убиен. Тогашните органи на истрагата НЕ прикривале никого. Напротив, професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба, ова денеска на прес-конференција го истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа. Нечовечно и некрофилски ги манипулираше семејството, пријателите и јавноста изјавувајќи дека станува збор за убиство и ветуваше дека тој ќе ја откриел вистината. Три години подоцна вистината ја откри сопругата на Младенов. Таа потврди дека Зоран Заев е човек без образ кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии. Сопругата на Младенов откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина. Три дена после оваа информација Заев молчи и се крие. Нема ни извинување, ни покајување, ниту објаснување кој му ја смислил лагата која што ја пласираше во јавноста и дали вредело манипулирањето на јавноста, потенцира Славева. Таа додава дека молкот од страна на колегите на Младенов и новинарските здруженија, јасно покажува дека веќе никој не му верува на Заев и не очекува ништо од таков карактер. -Неговата манипулација со несреќата на Младенов јасно говори колку бескрупулозно си поигруваше и со судбините на роднините на убиените кај Смилковското езеро, и со случајот на Мартин Нешковски, и со Диво Насеље. Заев молчи и не ги коментира заканите на кумановската група кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и на терористите кои убиваа полицајци им ветуваше вистина која што ќе ги ослободи. Зоран Заев и СДСМ веќе немаат кредибилитет да ја водат државата. Со секој изминат ден се открива нова бесрамна лага. Луѓе како Заев, доколку имаат барем малку совест, сами би се повлекле. За жал, Зоран Заев нема образ. Заев и неговата сенка Пендаровски мора да бидат поразени за да се врати честитоста во Македонија, вели Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-e-likot-koj-besramno-lazel-i-se-obidel-politichki-da-profitira-od-tragichnata-nesrekja-na-nikola-mladenov/feed/ 0
Славева: Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-ja-lazeshe-javnosta-i-ja-zloupotrebi-tragichnata-soobrakjajna-nezgoda-vo-koja-shto-zivotot-go-zagubi-novinarot-nikola-mladenov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-ja-lazeshe-javnosta-i-ja-zloupotrebi-tragichnata-soobrakjajna-nezgoda-vo-koja-shto-zivotot-go-zagubi-novinarot-nikola-mladenov/#respond Sat, 16 Mar 2019 15:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=175443

Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов. Зоран Заев срамно манипулираше преку таканаречените бомби квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство, ова денеска на прес-конференција го истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт. Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина. Сопругата на Младенов е децидна дека нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго. Сопругата на Младенова го демантираше и ги разоткри лагите на Заев, кој манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага. Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов, потенцира Славева. Таа додава дека на 2ри мај 2017 година во интервју за српски медиум, Зоран Заев кажа цитирам „јас ветив пред граѓаните меѓународна истрага и за смилковското езери и за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов, кој тоа стои позади“. -Заев кажа - Заев излажа. Заев и СДСМ треба да им се извинат за лагите и на блиските на Младенов и на професионалците кои ја водеа истрагата и на целокупната јавност. Заев и СДСМ треба да понесат одговорност за сите изречени лаги и за сета закрвеност која ја посеаја во јавноста. Граѓаните сакаат одговорност за сите лаги. Граѓаните беа свесно изманипулирани. Дали Оливер Спасовски и правосудните институции сега ќе покренат кривична пријава против Зоран Заев и врвот на СДСМ во тоа време? СДСМ мора да си замине. а да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, вели Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-zoran-zaev-ja-lazeshe-javnosta-i-ja-zloupotrebi-tragichnata-soobrakjajna-nezgoda-vo-koja-shto-zivotot-go-zagubi-novinarot-nikola-mladenov/feed/ 0
Славева: Уште колку животи треба да згаснат за Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија?      https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-ushte-kolku-zivoti-treba-da-zgasnat-za-filipche-poseriozno-da-se-zafati-so-rabotata-da-se-svesti-i-da-proglasi-epidemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-ushte-kolku-zivoti-treba-da-zgasnat-za-filipche-poseriozno-da-se-zafati-so-rabotata-da-se-svesti-i-da-proglasi-epidemija/#respond Wed, 06 Mar 2019 14:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=171939

Здравството се повеќе тоне. Денеска почина уште едно девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција, обвинува Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Вчера почина 12 годишно девојче, едно од низата кои починаа од грип. Досега грипот однесе 5 животи од кои едно е 5 годишно девојче, 14 годишно девојче, 12 годишно девојче, 25 годишна девојка и 80 годишен маж. Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија?      Одговорност за ова од Филипче нема. Заеви се расфрлаат со пари по виенски балови и луксузни спа центри, а здравствената нега зависи од донации. Додека Филипче шета и се фали со донации, македонското здравство паѓа на сите листи во светот, истакна таа. Славева потсети дека пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место. -Денес според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции. Што се случи од тогаш до сега? Одговорот е јасен, на македонското здравство му се случија аболицираниот Зоран Заев и неспособниот Венко Филипче. Затоа здравството тоне, а граѓаните ја плаќаат неспособноста со своите животи и животите на своите најблиски. Време е за одговорност, бидејќи хаосот во здравството станува се поголем. Господине Филипче поднесете си оставка и спасете ги граѓаните, порача Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-ushte-kolku-zivoti-treba-da-zgasnat-za-filipche-poseriozno-da-se-zafati-so-rabotata-da-se-svesti-i-da-proglasi-epidemija/feed/ 0
Славева: Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-namesto-terapija-za-retkite-bolesti-nabavuva-150-000-kondomi-i-80-000-lubrikanti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-namesto-terapija-za-retkite-bolesti-nabavuva-150-000-kondomi-i-80-000-lubrikanti/#respond Fri, 01 Mar 2019 12:59:38 +0000 https://kurir.mk/?p=169851

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ. -Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека. Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение  „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми? Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството, додава Славева. Таа додава дека, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена. -Филипче треба да даде одговор за сите скандали кои го тресат здравствениот систем, а на интервјуа не споредува со земји членки на ЕУ од кои сме светлосни години далеку. Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе. За ова одговорност треба да поднесе пред граѓаните и неговиот шеф Заев, вели Славева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveva-venko-filipche-namesto-terapija-za-retkite-bolesti-nabavuva-150-000-kondomi-i-80-000-lubrikanti/feed/ 0