„мајчин дом“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Aug 2021 08:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „мајчин дом“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали за сообраќајката кај „Мајчин дом“, повредени две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-kaj-majchin-dom-povredeni-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-kaj-majchin-dom-povredeni-dve-lica/#respond Wed, 18 Aug 2021 08:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=551997

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на крстосницата кај „Мајчин дом“ во скопски Аеродром. Од МВР информираат дека несреќата во која учествувале два автомобили, кај нив е пријавена во 20:30 часот. -На крстосница од бул.„Јане Сандански“ со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(61) од Скопје, велат од МВР. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-soobrakjajkata-kaj-majchin-dom-povredeni-dve-lica/feed/ 0
Стоилковски: Ивица Коневски во зградата кај Мајчин дом поседува стан и деловен простор од над 350м2 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/#respond Thu, 23 Jul 2020 12:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=380309

За Ивица (комшијата) Коневски, бидејќи влегува во материјална расправа, еве малку материјал за него, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом. Е, токму во таа зграда Коневски има стан и деловен простор над 350м2. Патем, во истата зграда има стан и кумот на Марин. Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ. Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4 илјади гласови, вели во својата Фејсбук објава Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/feed/ 0
ФОТО: 8 „бетоњерки“ чекаат на ред кај Мајчин дом, забрзано се работи додека не успеат да се организираат луѓето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-8-betonjerki-chekaat-na-red-kaj-majchin-dom-zabrzano-se-raboti-dodeka-ne-uspeat-da-se-organiziraat-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-8-betonjerki-chekaat-na-red-kaj-majchin-dom-zabrzano-se-raboti-dodeka-ne-uspeat-da-se-organiziraat-lugjeto/#respond Sat, 22 Dec 2018 13:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=143637

Еве ви доказ дека никој не го есапи народот. Локација кај Мајчин Дом. 8 бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон. Убрзано се работи додека не успеат да се организираат луѓето. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе. Пак градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат, стои во објавата на социјалните мрежи на загрижен граѓанин кој сподели и фотографии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-8-betonjerki-chekaat-na-red-kaj-majchin-dom-zabrzano-se-raboti-dodeka-ne-uspeat-da-se-organiziraat-lugjeto/feed/ 0
Аеродромци повикуваат на протест денес пред Мајчин дом https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodromci-povikuvaat-na-protest-denes-pred-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodromci-povikuvaat-na-protest-denes-pred-majchin-dom/#respond Fri, 02 Nov 2018 11:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=122707

Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест. Протестот е закажан за во 17 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом. Граѓаните од општина Аеродром минатиот месец одржаа протест кога парцелата беше оградена. Активистите од „Сакаме Аеродром да дише“ тогаш посочија дека тие ќе го почекаат истекот на тие денови и повторно ќе протестираат штом инвеститорот започне со градежни активности. И од фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ повикаа на протест во 17 часот и побараа оставка од градоначалникот Златко Марин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodromci-povikuvaat-na-protest-denes-pred-majchin-dom/feed/ 0
Инвеститорот на зградата најавува продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investitorot-na-zgradata-najavuva-prodolzuvanje-na-gradeznite-aktivnosti-na-placot-pred-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investitorot-na-zgradata-najavuva-prodolzuvanje-na-gradeznite-aktivnosti-na-placot-pred-majchin-dom/#respond Thu, 01 Nov 2018 12:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=122308

Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом“ во општина Аеродром денеска преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината. – Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Нашата компанија е општествено одговорна и сакам да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром. Стојам на располагање и за други еколошки проекти во општината и во процесот сум спремен целосно да ги вклучам граѓаните, вели сопственикот Фатмир Етеми. Тој најави продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ откако вчера Уставниот суд не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДИП И-10, а потоа и од општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот. Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“ чиј сопственик е Етеми се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност. Зградата кај „Мајчин дом“, како што ветуваат од компанијата, ќе биде целосно енергетски ефикасна, со вертикално и хоризонтално зеленило и посебен систем за одржување. – Дополнително инвеститирот ќе обезбеди 100 високоизраснати дрва и целосно партерно уредување на плацот околу „Мајчин дом“, се наведува во соопштението. Против изградбата на зградата кај „Мајчин дом“ протестираа локалните жители по што општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи. Од општината претходно информираа дека ДУП И-10 со кој е опфатена оваа зграда е донесен тајно и без дебата од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investitorot-na-zgradata-najavuva-prodolzuvanje-na-gradeznite-aktivnosti-na-placot-pred-majchin-dom/feed/ 0
„Аеродром сака да дише“ против одлуката на Уставниот суд: Марин мора да најде решение или ќе има протести https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-saka-da-dishe-protiv-odlukata-na-ustavniot-sud-marin-mora-da-najde-reshenie-ili-kje-ima-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-saka-da-dishe-protiv-odlukata-na-ustavniot-sud-marin-mora-da-najde-reshenie-ili-kje-ima-protesti/#respond Wed, 31 Oct 2018 20:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=122058

Иницијативата „Аеродром сака да дише“ жестоко се спротивстави на одлуката на Уставниот суд во врска со парцелата кај Мајчин дом во општина Аеродром. Уставниот суд денеска одлучи да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион, а тоа значи дека инвеститорот има слободни раце да гради висококатница на парцелата кај Мајчин дом. -Нашиот коментар за денешната одлука на Уставниот суд, е дека уставните судии биле преригидни во толкувањето на Уставот. Доколку сакале тие можеле да се повикаат на членот 57 од Уставот каде што пишува дека Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја. Спорниот ДУП не е донесен согласно овој член од Уставот бидејќи не е возможно сиот развој да се случува во градското подрајче на Скопје, додека останатата територија на Македонија е заборавена и неразвиена. Не би сакале да бидеме во кожата на градоначалникот Марин кој е ставен во тесно, но тој може да најде решение доколку размислува надвор од кутијата. Постојат бројни меѓународни организации за заштита на животната средина, како на пример Фондацијата на Леонардо ди Каприо, кои доколку Општината им се обрати би можеле да ја исплатат сумата за покривањето на трошоците на инвеститорот Етеми. Временските услови се погодни за протест, и доколку се забележат активности на парцелата кај Мајчин дом, граѓаните веднаш ќе излезат на улица– вели активистката Искра Манојлоска од иницијативата Аеродром сака да дише. По одлуката на Уставниот суд, кој денеска расправаше за претставките поднесени против деталниот урбанистички план за градска четврт И 10, а кој ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом, претходно се огласи и општината. -Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом. Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината– се вели во соопштението на општината. Новите урбанистички планови, додаваат од општината, се изработуваат за помалку урбанизираните делови, со цел да се заштити урбаното јадро од дополнителни градби. Оттаму велат дека овие планови се работат со повисоки стандарди, повеќе зеленило и повисок квалитет на живот. Дополнително, Општина Аеродром е во процес на создавање партиципативно тело за урбанизам, со што им овозможува на граѓаните, здруженијата и на стручните лица директно учество во урбанистичко планирање на населбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-saka-da-dishe-protiv-odlukata-na-ustavniot-sud-marin-mora-da-najde-reshenie-ili-kje-ima-protesti/feed/ 0
Уставен суд денес ќе расправа за деветкатницата пред „Мајчин дом“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ustaven-sud-denes-kje-rasprava-za-devetkatnicata-pred-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ustaven-sud-denes-kje-rasprava-za-devetkatnicata-pred-majchin-dom/#respond Wed, 31 Oct 2018 08:33:13 +0000 https://kurir.mk/?p=121692

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за претставките поднесени против ДУП И10 во Општина Аеродром. Од Општината велат дека ги имаат доставено сите потребни документи и  оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот. Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба. -На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ustaven-sud-denes-kje-rasprava-za-devetkatnicata-pred-majchin-dom/feed/ 0
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marin-prodolzuva-so-gradezni-aktivnosti-kaj-majchin-dom-predlogot-na-vmro-dpmne-za-moratorium-odbien/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marin-prodolzuva-so-gradezni-aktivnosti-kaj-majchin-dom-predlogot-na-vmro-dpmne-za-moratorium-odbien/#respond Mon, 29 Oct 2018 20:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=121092

Градежните активности кај Мајчин дом продолжуваат, Советот на општина Аеродром, каде мнозинството го има СДСМ, го одби предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум за градење на местата опфатени со ДУП ,,Мајчин дом'' и ДУП ,,Тобако 2''. Советниците на власта гласаа воздржано, со што дадоа амин за деветкатницата кај Мајчин дом за која пред две недели аеродромци кренаа протести и блокади. Аеродромци гневно коментираат дека на градежната експанзија и нема крај. Се сече секое стебло само за зграда плус. Жителите се револтирани од градоначалникот Марин, кој како што велат пред избори ветувал мораториум и запирање на сите градби. Откако е на власт, не само што нема запирање, туку градежните активности на сметка на зелените површини се интензивираа. Марин во еден од неговите предизборни спотови ветуваше дека, ако тој стане градоначалник зграда ка Мајчин дом нема да има. Жителите иако протестираа, сепак власта не ги послуша нивниот апел. Кај Мајчин дом ќе се гради деветкатница со повеќе од 240 станбени единици и деловен простор, на површина од околу 14.000м2. Единствениот правен механизам кој да ја стопира изградбата на зградата кај Мајчин дом е одлука на Уставниот суд кој во среда на дневен ред како точка на расправање на стави изградбата на овој објект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marin-prodolzuva-so-gradezni-aktivnosti-kaj-majchin-dom-predlogot-na-vmro-dpmne-za-moratorium-odbien/feed/ 0
Општина Аеродром се уште бара решение за објектот кај „Мајчин дом“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-ushte-bara-reshenie-za-objektot-kaj-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-ushte-bara-reshenie-za-objektot-kaj-majchin-dom/#respond Thu, 25 Oct 2018 12:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=119409

Во Општина Аеродром се уште се во тек разговори за изградбата на објектот кај „Мајчин дом“ за да се најде решение, како што велат оттаму, во интерес на граѓаните. Обесштетувањето на инвеститорот, како што наведуваат е неразумно бидејќи ќе предизвика крах на општинскиот буџет, а за давањето заменска парцела Општината е доведена во незавидна позиција бидејќи со донесениот ДУП во Аеродром нема друга соодветна парцела. -Разговорите во однос на изградбата на објектот кај „Мајчин дом“ се сѐ уште во тек. Се прави сѐ да се најде решение во интерес на граѓаните. Општината и градоначалникот Златко Марин остануваат на ставот дека тука не треба да се гради. Во изминатите две недели заедно со другите институции и Град Скопје се разгледуваат сите можни опции“, изјави градоначалникот Златко Марин. Во соопштението од Општината се појаснува дека како што беше најавено, прво се бараше друга парцела, односно заменска парцела, каде инвеститорот би можел да гради. При тоа, наведуваат, рРазгледани се сите можностите во општината, односно парцели во помалку урбанизираните делови од Аеродром, а воо соработка со Град Скопје и Министерство за транспорт е барано решение и надвор од територијата на Аеродром. – Проблемот, наведуваат од Општината, е што минатото раководство на Аеродром, како што јавноста добро знае, направи измени во ДУП-от со кој впиша голема маркица за градба и со тоа цената на земјиштото вртоглаво пораснала. Сега, во Аеродром немаме ни одблиску друга соодветна парцела која може да ја замени оваа. Со носењето на ДУП-от нанесена е огромна штета и ја доведува општината во оваа незавидна позиција. Во однос на втората можност е да се направи обесштетување, наведуваат, дека се прават процени и во општината  и кај самиот инвеститор. – Од досегашните анализи, сумите се огромни. Само за трошоците за земјиште и комуналии треба да му се вратат околу 5,5 милиони евра. Дополнително, инвеститорот ќе бара оштета за досегашни инвестиции, за одржување и кредити кои според информациите кои тој ги пласира во јавноста се многу високи. Доколку се оди во насока на обештетување, инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. Ова би значел комплетен крах на буџетот на општина Аеродром и огромни штети за граѓаните на нашата општина. Ваквото решение би бил многу неразумно бидејќи ќе се доведе во прашање реалзицијата на сите проекти, но и тековното работење, истакнуваат од Општина Аеродром. Во меѓувреме, Општина Аеродром, како што наведуваат, е во исчекување на одлуката од Уставен суд, каде се поднесени 13 претставки за ДУП И10, што ја опфаќа парцелата кај „Мајчин дом“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-ushte-bara-reshenie-za-objektot-kaj-majchin-dom/feed/ 0
Аеродром на вонредна седница ќе расправа за локацијата кај Мајчин дом https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/#respond Fri, 12 Oct 2018 09:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=113943

- Советот на Општина Аеродром попладне на вонредна седница ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање на трајно решение за стопирање на изградбата на зграда кај Мајчин дом. - На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом, се наведува во соопштението од општина Аеродром. На седницата може да присуствуваат граѓани и граѓански организации кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3. Изградбата на висококатницата времено е стопирана за 15 дена поради, како што изјави во средата градоначалникот Златко Марин, неправилности во градилиштето. - Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин на прес-конференција во средата. Против изградбата на зградата во вторникот протестираа жители на општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/feed/ 0