мајчин јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 08:37:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајчин јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/#respond Wed, 01 Jun 2022 08:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=684756

Во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари денеска почна првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик). Целта на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигнувањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование. Според МОН и ДИЦ, ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди. Почетокот на тестирањето во ОУ „26 Јули“ го посетија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска. -Имав можност да го посетам државното тестирање по мајчин јазик и математика и да им кажам на учениците без страв да ги одговорат прашањата што им се доставени. Ова не се тестови за оценување на нивните поединечни знаења, туку го оценуваат системот на основното образование. Нашата цел е со користење стандардизирани процедури и инструменти да измериме колку успешно нашиот образовен систем им овозможува на учениците да ги совладаат содржините по предметите по кои се прави тестирањето. За да го направиме тоа, потребни ни се податоци за знаењето што учениците го стекнале во текот на целата учебна 2021/2022 година, рече Шаќири. На 18 и 19 мај 2022 година беа одржани обуки (на македонски и на албански јазик) за организација на тестирањето, на кои учествуваа околу 240 директори и координатори од основните училишта кои се избрани во примерокот за тестирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/feed/ 0
Српско – црногорското малцинство во Албанија бара обрaзование на мајчин јазик и застапеност во институциите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-crnogorskoto-malcinstvo-vo-albanija-bara-obrazovanie-na-majchin-jazik-i-zastapenost-vo-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-crnogorskoto-malcinstvo-vo-albanija-bara-obrazovanie-na-majchin-jazik-i-zastapenost-vo-instituciite/#respond Fri, 08 Jan 2021 14:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=452896

На одбележувањето на големиот православен празник Божик, српско-црногорското малцинство побара од албанската Влада под итно да го реши нивното барање за настава на мајчин јазик и да обезбеди застапеност во интитуциите на локално и централно ниво, јави дописничката на МИА од Тирана. Според Павло Јанко, претседател на српско – црногорското здружение „Розефа – Морава“, овие нивни легитимни права им биле признати пред 1990 година. -Бараме исполнување на нашите легитимни барања. Образование на нашиот мајчин јазик и застапеност во инститциите на централно и локално ниво. Во времето на Енвер Хоџа, без закон, нашето малцинство ги уживаше овие права. Во Албанија има најмалку 27.500 Срби и Црногорци и тие имаат право да се образуваат на мајчин јазик, изјави Јанко, пренесуваат албанските медиуми. Тој го повтори барањето што лани го постави токму на ден Божик, седми јануари да влезе во календарот на државни празници и кое смета дека под итно треба да биде задоволено. Претходно, во декември 2019 година, барање седми јануари да влезе во календарот на државни празници, во име на припадниците на малцинствата од православна вероисповест во Албанија, до албанскиот законодавен дом достави Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Инаку, со запазување на мерките за заштита од Ковид-19, по традиција, Србите и Црногорците се собраа во црквата „Св. Троица“ во Врак, Голема Малесија, околија Скадар, за да присуствуваат на боженствената литургија одржана од страна на црногорски свештеник. Црногорскиот свештеник одлучил да не дава изјава за медиумите, а наместо него Иван Попај, од Албанската православна црква упати честитка до верниците, со желби за среќна и бериќетна година, благосостојба, мир, љубов, меѓусебна почит и разбирање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-crnogorskoto-malcinstvo-vo-albanija-bara-obrazovanie-na-majchin-jazik-i-zastapenost-vo-instituciite/feed/ 0
Институтот „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/institutot-krste-misirkov-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-majchiniot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/institutot-krste-misirkov-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-majchiniot-jazik/#respond Thu, 20 Feb 2020 07:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=306274

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој светот го прославува на 21 февруари, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. На настанот ќе се обратат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Снежана Веновска-Антевска. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Датумот е избран во спомен на трагичен настан и во чест на студенти од Универзитетот во Дака, кои како учесници на бенгалското јазично движење  биле убиени од полицијата на  протест на 21 февруари 1952. Протестот бил против одлуката на владата на новоформираната држава Пакистан во 1948 –  урду да стане единствен официјален јазик во земјата која била поделена на голем број етнички и лингвистички групи, а најголем број од жителите биле Бенгали со мајчин бенгалски јазик. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик. На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент. Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), се одбележува и Денот на европските јазици (26 септември). Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/institutot-krste-misirkov-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-majchiniot-jazik/feed/ 0
Јавна дискусија во Владата по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-diskusija-vo-vladata-po-povod-megjunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-diskusija-vo-vladata-po-povod-megjunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/#respond Thu, 20 Feb 2020 06:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=306258

Во организација на премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. -Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците  Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба. Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-diskusija-vo-vladata-po-povod-megjunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/feed/ 0
Србите во Албанија бараат училишта на мајчин јазик во Скадар и 7 јануари државен празник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-vo-albanija-baraat-uchilishta-na-majchin-jazik-vo-skadar-i-7-januari-drzaven-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-vo-albanija-baraat-uchilishta-na-majchin-jazik-vo-skadar-i-7-januari-drzaven-praznik/#respond Tue, 07 Jan 2020 16:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=286541

На одбележувањето на големиот православен празник,Божик, српско-црногорското малцинство побара формирање училишта на нивен мајчин јазик во Скадар и прогласување на седми јануари за државен празник. -Тие се собраа во црквата „Св Троица“ во Враке, Голема Малесија, за да присуствуваат на светата литургија што ја одржа свештеник од Црна Гора,пренесе тиранската телевизија Топ чанел. Претседателот на српско – црногорското здружението „ Розефа – Морава“, Павло Јанко, изјавил дека во Албанија има 27.500 Срби и Црногорци и затоа бара тие да се образуваат на мајчин српски јазик а 7 јануари да се прогласи за државен празник. Додал дека малцинствата во Албанија се исплашени и не се изјаснуваат она што се и слободно не може да ги побараат своите легитимни права. Тој, исто така, ја коментираал и иницијативата „Мини балкански Шенген“ велејќи дека „оние кои ја избегнуваат прекугранична соработка, се оддалечуваат од европската перспектива“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-vo-albanija-baraat-uchilishta-na-majchin-jazik-vo-skadar-i-7-januari-drzaven-praznik/feed/ 0
Матурантите денеска го полагаат испитот по мајчин јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-deneska-go-polagaat-ispitot-po-majchin-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-deneska-go-polagaat-ispitot-po-majchin-jazik/#respond Sat, 09 Jun 2018 06:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=63818

Во средните училишта во Македонија денеска од 10 до 14 часот ќе се полага испитот по мајчин јазик и литература во јунскиот испитен рок. Македонски јазик ќе полагаат 10119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик. Мајчин јазик и литература е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура. Првпат годинава испитот по мајчин јазик се полага по испитот по странски јазик кој беше спроведен минатата сабота. Од Државниот испитен центар за МИА велат дека искуствата од изминатите години, кога полагањето државна матура почнуваше со тестот по мајчин јазик и литература, покажале дека на матурантите им треба повеќе време за подготовка за овој испит затоа што се работи за пообемна испитна програма. Во понеделник (11 јуни) е полагањето на третиот екстерен испит: хемија (241 кандидат), физика (100), биологија (3737), историја (2610), филозофија (2923), естетика (180) и бизнис (3993 кандидати). На 13 јуни ќе бидат тестирани матурантите кои избрале да полагаат математика, а пријавени се 1926 кандидати. Годинава за државна матура се пријавиле 15256 матуранти. Полагањето почна на 2 јуни со тестот по странски јазик. Најголем број пријавени (14101) беа за англиски јазик, за германски беа пријавени 164, за француски 111 и за руски јазик 15 матуранти. Во реализацијата на државната матура учествуваат 2000 обучени тестатори-наставници и околу 400 оценувачи. Прелиминарните резултати од екстерните испити ДИЦ ќе ги објави најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит, односно најдоцна до 13 јули. Конечните резултати ќе им бидат достапни по завршување на процесот на приговори. За кандидатите кои нема да поднесат приговар, прелиминарните резултати се конечни. Матурантите кои нема да положат дел или сите испити од државната матура во јуни или од оправдани причини не полагале државна матура, ќе може да полагаат во августовскиот испитен рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-deneska-go-polagaat-ispitot-po-majchin-jazik/feed/ 0
Концертна промоција на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertna-promocija-na-albumot-majchin-jazik-na-vlatko-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertna-promocija-na-albumot-majchin-jazik-na-vlatko-stefanovski/#respond Sat, 17 Mar 2018 08:26:47 +0000 http://kurir.mk/?p=30679

Влатко Стефановски вечер концертно ќе го промовира  „Мајчин јазик“ - негов прв соло акустичен албум кој за регионот го објави „Кроација рекордс“ од Загреб. Вечерашниот е прв од трите концерти (17-ти, 18-ти и 20 март) за промоција на албумот, кои ги организира „Баги комуникации“ во Македонската филхармонија. Новиот албум на најпознатиот македонски гитарист излезе во октомври, три години по претходниот негов албум „Сеир“. Содржи девет инструментални верзии на македонски народни песни, како и композиции од опусот на „Леб и сол“. Вокална композиција на албумот е само изворната македонска песна „Море, сокол пие“ во која стиховите ги пее Раде Шербеџија. Стефановски изјави дека „Мајчин јазик“ е направен со минимум технологија, интимен зашто и се обраќа директно на публика. Снимен е во само неколку дена минатата пролет.   На обвивката на албумот е фотографија од неговата мајка, актерката Нада Стефановска, со гитара во рацете, од улога во претстава во 1946 година. Специјални гости на концертите на Стефановски ќе бидат етно-групата „Љубојна“, српската етно-пејачка Биља Крстиќ и сопранистката Весна Гиновска-Илкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertna-promocija-na-albumot-majchin-jazik-na-vlatko-stefanovski/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Во светот се негува мајчиниот јазик, на македонскиот јазик СДСМ му нанесе непроценлива штета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-svetot-se-neguva-majchiniot-jazik-na-makedonskiot-jazik-sdsm-mu-nanese-neprocenliva-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-svetot-se-neguva-majchiniot-jazik-na-makedonskiot-jazik-sdsm-mu-nanese-neprocenliva-shteta/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:22:17 +0000 http://kurir.mk/?p=23706

Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик. СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура за 2018. Нула денари предвидени за унапредување на македонскиот јазик се доволен показател за односот на СДСМ кон јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добија ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик. Во време кога се трошат милиони за дислокации на галии, ниту денар не се одвои за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата. Додека остатокот од светот го чува својот јазик, го негува и унапредува. Ние во Република Македонија гледаме како власта го деградира. СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазици во рамки на државата. Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ покажа дека ниту се грижеле за македонскиот јазик, ниту во идина планираат да се грижат.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-svetot-se-neguva-majchiniot-jazik-na-makedonskiot-jazik-sdsm-mu-nanese-neprocenliva-shteta/feed/ 0