мајчинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 13:53:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајчинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НФФ: Надоместот за земјоделките за мајчинство треба да биде системско решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-nadomestot-za-zemjodelkite-za-majchinstvo-treba-da-bide-sistemsko-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-nadomestot-za-zemjodelkite-za-majchinstvo-treba-da-bide-sistemsko-reshenie/#respond Tue, 09 May 2023 13:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=832253

Националната федерација на фармери (НФФ) го истакнува значењето на Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година. Оваа Програма, смета, е одлично решение што овозможува земјоделките да добиваат паричен надомест за време на мајчинство во период од девет месеци. Според НФФ, кординативната група ќе продолжи со својата работа и оваа година, со цел да ја преточи Програмата во системско и трајно решение. НФФ апелира дека за поддршка на интересите и остварување на правата на земјоделките и земјоделците, популистички мерки и политички маркетинг не се решение. Треба да се користат добро направени анализи, конструктивни дијалози и соработка за креирање конкретни и применливи решенија. -Беше предизвик да се најде решение за надомест за мајчинство за категоријата на земјоделци кои имаат статус на осигуреник според Законот за пензиско и инвалидско осигурување и плаќаат придонеси од социјално, здравствено и инвалидско осигурување каде основицата е пресметана на 20 отсто од просечно исплатена месечна плата по работник. Тие имаат права на здравствени услуги, но немаат право на надоместок поради боледување и породилно отсуство, бидејќи не се во работен однос, односно не добиваат месечна плата од работодавач, туку добиваат приход од вршење на земјоделска дејност кој не е месечен туку е годишен приход во зависност од продажбата на земјоделско производство. На ваков начин оваа категорија на индивидулани земјоделци не се опфатени со прописите од работен однос и во таа насока групата бараше соодветно решение за да и овие индивидуални земјоделки го остварат своето право на мајчинство, наведува НФФ. Преку оваа Програма, земјоделките ќе имаат право на платен надомест во случај на спреченост на вршењето на земјоделската дејност поради раѓање. Ова право за жените земјоделки, кои не се опфатени со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи, се остварува прв пат, иако проблемот постои повеќе од три децении. -Ова е резултат на 15-годишниот напор на Националната федерација на фармери за решавање на проблемот. Голем успех за земјоделките и земјоделците, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка. Програмата обезбедува еднократна финансиска поддршка од 81 000 денари. Оваа помош е наменета за жените кои имаат статус на осигуреник-индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување и не можат да остварат платено породилно отсуство. Во 2022 година, преку соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика, се изнајде соодветно решение преку Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, потсетува Федерацијата. Програмата почна да се имплементира во 2023 година преку Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој. -Резултатот беше постигнат преку креирање пилот мерка од страна на координативна група составена од сите засегнати институции, вклучувајќи ги Министерството за земјоделство, Министерството за труд, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери. Процесот беше фасилитиран од Националната федерација на фармери, а поддржан од Шведската организација за развој We Effect, дополнува НФФ. Согласно официјалната статистика на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бројот на регистрирани индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување изнесува 4 291, од кои 1 255 се земјоделки. -Земјоделците кои се регистрирани согласно Законот за вршење земјоделска дејност се трговци поединци кои целосно ги подмируваат придонесите од здравствено и социјално осигурување, имаат статус на вработено лице и имаат право на надомест на плата за време на спреченост за работа поради болест и повреда и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, како и сите права утврдени согласно прописите на работните односи, истакнува НФФ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-nadomestot-za-zemjodelkite-za-majchinstvo-treba-da-bide-sistemsko-reshenie/feed/ 0
Жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство, еве кои се условите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=797356

На денешната седница, Владата донесе одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство. За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и ги исполнува следните услови: – Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, – Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари. – Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство. На денешната седница беа усвоени уште неколку програми од кои со посебно значење за секторот земјоделство е Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година. Целта на програмата е подобрување на производни капацитети и квалитет на производство, за производителите на храна од примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, со неповратни авансно исплатени финансиски средства за инвестиции во опрема и ангажирање на стручно лице. Со програмата ќе се поддржат домашните производителите на храна преку проширување на постоечките капацитети, подобрување на технолошките процеси, подобрување на квалитетот на производите и развој на нови производи како и зголемена економска активност, која ќе продуцира поголеми приходи и можности за развој и нови инвестиции.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/feed/ 0
„СДСМ ги злоупотребува правата по основ на мајчинство и родителство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zloupotrebuva-pravata-po-osnov-na-majchinstvo-i-roditelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zloupotrebuva-pravata-po-osnov-na-majchinstvo-i-roditelstvo/#respond Wed, 20 May 2020 13:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=348349

Власта на СДСМ дури и на крајот на нивниот мандат и за ова малку време што им останува не се човечни и праведни спрема најранливите категории. Мајките кои што користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство за два месеца (март и април) сеуште немаат земено надоместок, тие реагираат дека веќе два месеци, а според некои и дури три месеци, се доцни со исплатата на надоместок на плата за работнички кои користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство, а и отсуство за нега и заштита на дете. Во нив има и самохрани мајки на кои ова им е единствен приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација, реагираат од комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа влада знае само да излегува со разни соопштенија и лажни ветувања, а од истите нема ништо. Исто е сега и во оваа ситуација, па каде се заемите со кои што ја задолжија државата за кои што нема да можеме да се оправиме со години. За што ги потрошија? Или пак, во кој џеб ги ставија? Зарем има уште место? Во вакво кризно време каде што секое работно место виси на конец, доведоа до намалени плати или до воопшто не зимање на плата незамисливо е една таква категорија каде што ние треба да се грижиме за најмалите и најранливите да не се добие воопшто надоместок цели два месеца. Исто така каде е сега обвинителството да утврди одговорност за неисплата на овој надоместок со кој што се надминува секој можен рок? Мора да се случи промена и враќање на нормалниот живот на граѓаните и крај на тероризирањето од сегашнава власт. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на престојните избори и ќе го врати достоинството и сигурниот живот на граѓаните! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zloupotrebuva-pravata-po-osnov-na-majchinstvo-i-roditelstvo/feed/ 0