мајда тушар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 08:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајда тушар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синот на Сабина Ајрула Тозија: Начинот на Драмски за испраќање е навредлив, мајка ми заслужува повеќе од хипи-смотра низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/#respond Thu, 28 Apr 2022 08:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=669028

Недостоен и навредлив. Вака синот на актерката Сабина Ајрула Тозија го опишува настанот за денеска на кој Драмскиот театар ќе им се заблагодари на Ристо, Сабина, Мајда, Вида..., наместо да одржи комеморација. Вардан Тозија се огласи преку социјалните мрежи и истакна дека денеска нема да присуствува на настанот. Тозија посочува дека неговата мајка заслужува нешто повеќе од, како што вели, хипи-смотра на денот на театарот, низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“. Драги пријатели и почитувачи на делото на Сабина Тозија, Ве известувам дека нема да присуствувам на утрешната комеморација организирана од Драмски театар за заминувањето на мојата мајка, Сабина Тозија. Сметам дека групниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие луѓе кои го посветиле животот на Драмски, а воедно е навредлив за мене и моето семејство. Мислам дека, како личност која поминала најголем дел од животот во оваа институција и оставила силен печат во македонскиот театар и кинематографија, таа заслужува нешто повеќе од хипи-смотра на денот на театарот, низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“. До неодамна постоеше правило како се испраќа колега, пријател, актер... очигледно, тие вредности кај некои кои раководат со театарот не значат многу. Сигурен сум дека таа на ист начин би ги бранела овие актерски, и пред се’, човечки начела кога би станало збор за нејзин соработник. Ова збогување со луѓе кои го оставиле својот живот за афирмација на театарот и својата земја, е воедно срам за театарот, и срам за оваа земја. Комеморација за Сабина Тозија ќе има во блиска иднина. Таа ќе биде изведена на поинаков начин, за жал, во рамки на друга институција, и за тоа ќе бидете благовремено известени. Нека почиваат во мир иконите на македонскиот театар, напиша Вардан на Фејсбук. Со ист став е и семејството на Ристо Стефановски театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје. И тие истакнаа дека нема да присуствуваат денеска во Драмски. -Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди, стои во изјавата на семејството на Стефановски. Инаку, наместо одржување на комеморација, Драмски најави дека на Стефановски, Ајрула и Тушар ќе им се заблагодарат за се што му дале на театарот. Дополнително, пред Ѕидот на славните, како што е најавено, ќе се пие и црно тиквешко. -Денешниов ден ќе го искористиме да ви најавиме дека на 28.4. (четврток) во 12:00 часот ширум ќе ги отвориме вратите на Драмски за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи. На 28.4. во 12:00 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида… за се она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она МНОГУ што Драмски го доби од Нив. А потоа, пред Ѕидот на славните на Драмски, ќе се напиеме тиквешко црно и ќе ви подариме Монографија од Драмски, која благодарение на Нив постои, објави минатата недела Драмски театар на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/feed/ 0
Наместо комеморација, Драмски ќе им се заблагодари на Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар – ќе се пие и црно тиквешко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/#respond Fri, 22 Apr 2022 14:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=666923

Драмски театар вчера славеше 76 роденден. Но, Драмски заборави да му оддаде почит на човекот кој беше директор на театарот од основањето. Покрај Ристо Стефановски кој почина во март годинава, Драмски не одржа комеморација ниту за актерките Сабина Ајрула која почина пред една година, ниту за Мајда Тушар која почина месецов. Големите актерки и театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје, заборавени од раководството на театарот. Наместо одржување на комеморација, Драмски вчера најави дека на Стефановски, Ајрула и Тушар ќе им се заблагодарат за се што му дале на театарот. Дополнително, пред Ѕидот на славните, како што е најавено, ќе се пие и црно тиквешко. -Денешниов ден ќе го искористиме да ви најавиме дека на 28.4. (четврток) во 12:00 часот ширум ќе ги отвориме вратите на Драмски за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи. На 28.4. во 12:00 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за се она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она МНОГУ што Драмски го доби од Нив. А потоа, пред Ѕидот на славните на Драмски, ќе се напиеме тиквешко црно и ќе ви подариме Монографија од Драмски, која благодарение на Нив постои, стои во вчерашната објава на Драмски театар на Фејсбук. Пред десет дена, актерот Јовица Михајловски јавно праша зошто се уште не е одржана комеморација за Стефановски. -Ристо го создаде Драмски, тој ја избра екипата, да не беше Ристо можеби ќе го немаше ни Драмски и еве, веќе четврта недела како замина, а јас чекам неговиот Драмски театар Скопје да објави простување како што доликува на основачот и најзаслужниот за ѕвездените успеси на Театарот, како најтрофеен репрезент на македонскиот театар во регионот и пошироко во европски и светски релевантни театарски светилници. Зошто нема комеморација во Драмски театар? Башка што и сегашната в. д. директорка е примена на прва работа во Драмски баш во мандатот на Ристо. Нашиот Ристо е физички отсутен, но духовно, научно е најприсутен во историјата на македонскиот театар. Факт и прилика за Драмски театар да си го потврди и одбележи како свое наследство и придобивка, институцијата која тој ја создаде и обликува во паметник, вели актерот Михајловски. Два дена подоцна (14.04.2022), преку допис до медиумите стигна реакција и од директорката на Драмскиот театар Катарина Коцевска Хаџи Василева. Во одговорот до Михајловски преку медиумите, таа вели дека не и е пракса, ниту сака да се обраќам на вработени во театарот преку новини, но бидејќи, како што вели, била лично прозвана, чувствува должност да одговори. Коцевска Хаџи Василева го упати Михајловски да ја следи официјалната страна на театарот каде објавиле дека за терминот на комеморацијата дополнително ќе известат. -Истиот ден на веста за смртта на господинот Ристо Стефановски (кој за неколку дена не ја дочека премиерата на претставата „Моето име е Горан Стефановски“, за која со синот на Горан Стефановски, Игор Стефановски, се договаравме да го донесеме Ристо Стефановски во Театарот) разговарав со господинот Благој Чоревски, долгогодишниот директор на Драмски театар, кој најдолго бил со Ристо Стефановски како да ја направиме комеморацијата и заеднички одлучивме да не се поклопува со премиерата посветена на неговиот внук, Горан Стефановски, туку истата да се направи покасно и достоинствено, напиша мешу другото Коцевска Хаџи Василева во реакцијата. Но, очигледно нешто во меѓувреме се сменило, па комеморацијата за Стефановски која ја најави и самата директорка, според најавата се претвори во настан за благодарност за сето она што му го дале на Драмски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/feed/ 0
Почина актерката Мајда Тушар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-akterkata-majda-tushar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-akterkata-majda-tushar/#respond Thu, 14 Apr 2022 11:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=662944

Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), нашата драга колешка и актерка во Драмски театар Скопје (од 1972 до 2015г.), објави Драмски театар. Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена. Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990). Добитник е на следните награди: 1994г. Наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот. 1978г. Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1999г. Награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-akterkata-majda-tushar/feed/ 0