Мајк Браун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 10:27:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мајк Браун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Браун тренер на годината во НБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-godinata-vo-nba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-godinata-vo-nba/#respond Thu, 20 Apr 2023 10:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=825871

Американската професионална кошаркарска НБА лига објави дека признанието тренер на годината му припадна на 53-годишниот Мајк Браун, а предводникот на Сакраменто наградата ја освои на уникатен начин. Браун стана првиот тренер во историјата кој ги освоил сите можни 100 поени во гласањето на медиумите, доминирајќи во изборот во конкуренција на колегите од Оклахома и Бостон. Од 2016 до 2022 година Браун беше помошник тренер во Голден Стејт, а ова му е премиерна сезона како прв тренер на Сакраменто. Под негово водство Сакраменто избори настап во разигрувањето за титулата, првпат по 2006 година. Во првиот круг од плејофот во Западната конференција,Сакраменто води со 2-0 во победи против актуелниот НБА првак Голден Стејт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-godinata-vo-nba/feed/ 0
Мајк Браун тренер на сезоната во НБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-sezonata-vo-nba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-sezonata-vo-nba/#respond Fri, 14 Apr 2023 09:37:09 +0000 https://kurir.mk/?p=823907

Мајк Браун, тренерот на Сакраменто Кингс е прогласен за тренер на годината во НБА. По речиси две децении, Сакраменто Кингс се враќаат во плејофот откако регуларниот дел од сезоната го завршија на третото место во Западната конференција. Сакраменто Кингс во првото коло од плејофот ќе играат против Голден стејт Вориорс, а пред почетокот на плејофот НБА го прогласи нивниот тренер Мајк Браун за најдобар оваа сезона. Кингс беа најдобриот тим во однос на офанзивната ефикасност, имаа најдобар TS% (процент на кошеви од поле и процент на слободни фрлања), имаа втор најдобар процент на кошеви од поле, беа трети по асистенции, седми во процентот на асистенции. Браун беше избран за тренер на годината од неговите колеги тренери, а сите 30 тренери гласаа за најдобриот меѓу нив. Тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс, оваа награда ја освојуваше во претходните две години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-braun-trener-na-sezonata-vo-nba/feed/ 0