мајк пампео – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Aug 2020 11:00:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајк пампео – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Помпео од Прага ја почна посетата на централноевропските држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-od-praga-ja-pochna-posetata-na-centralnoevropskite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-od-praga-ja-pochna-posetata-na-centralnoevropskite-drzavi/#respond Tue, 11 Aug 2020 11:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=389229

Американскиот државен секретар Мајк Помпео со денешната посета на Чешка ја почна петдневната турнеја на Централна Европа, а со своите домаќини ќе разговара првенственио за Кина и за 5Г мрежата. Помпео во Чешка ќе пресојува два дена, а потоа следат посетите на Словенија, Австрија и на Полска. Тој ќе се обиде своите соговорници да ги убеди во изградбата на 5Г мрежата да ја заобиколат кинеската телекомуникациска компанијата Хуавеј, која за Вашингтон претставува закана по националната безбедност. На агендата на американскиот државен секретар се и разговорите за намалување на енергетската зависност од Русија. Помпео ќе се сретне со шефот на чешката дипломатија Томас Петрицек во Плезен, каде ќе им оддаде почит на американските војници кои во 1945 година го ослободија градот од нацистите. За утре е предвидена средба со чешките и американските бизнисмени, со кои ќе разговара за 5Г мрежата, а потоа следи средба со чешкиот премиер Андреј Бабиш и со претседателот Милош Земан. Помпео в четврток ќе ја посети Словенија при што ќе биде потпишан билатерален договор за безбедносните прашања поврзани со 5Г мрежата. Истиот ден Помпео ќе има средба и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, со кој ќе разговара за американско-австриската трговија, како и учеството на Австрија во мировните мисии во светот. Американскиот државен секретар в сабота треба да ја посети Полска, каде ќе разговара за распоредување на трупите кои се повлекуваат од Германија. Пентагон неодамна објави дека од Германија се повлекуваат 6.400 американски војници, а 5.600 војници ќе бидат распоредени во другите земји-членки на НАТО. Претходно, полското Министерство за одбрана соопшти дека во земјата е бидат распоредени најмалку илјада војници и ќе се воспостави структура на источното крило на НАТО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-od-praga-ja-pochna-posetata-na-centralnoevropskite-drzavi/feed/ 0
Помпео најави турнеја низ Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=387011

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети неколку европски земји. Турнејата ќе започне на 11 август и ќе ги опфати Полска, Чешка, Словенија и Австрија. – Ова ќе биде „многу важна и плодна турнеја“, вели Помпео. Како што пренесува Дојче веле, тој ги коментира и разговорите со Русија за стратешката стабилност. – Постигнавме напредок. Имавме две средби. Се надевам дека ќе се одржи уште една средба наскоро, додаде државниот секретар. Консултациите меѓу двете делегации, на кои се разговараше за прашања од меѓународната безбедност и контролата на оружјето, се одржаа од 27 до 30 јули во Виена. Во последните месеци американската војска се фокусираше на заштита на своите сателити од конкурентските земји. Антисателитското оружје на овие земји претставува закана за американската орбитална група. Вселенската команда неодамна соопшти дека има докази дека Русија тестирала вселенско ракетно оружје. Москва ги отфрли овие обвинувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/feed/ 0
Помпео в понеделник во посета на Лондон и Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/#respond Wed, 15 Jul 2020 14:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=376420

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека ќе ги посети Велика Британија и Данска следната недела, неколку дена откако Лондон најави забрана за кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“. – Заминувам в понеделник во Велика Британија и Данска и сигурен сум дека кинеската Комунистичка партија и нејзината закана за слободните народи ширум светот ќе бидат високо на врвот на агендата на разговори, изјави Помпео на прес-конференција. Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа. Властите во Лондон соопшти дека воведуваат забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“.Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г. Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината. САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/feed/ 0