мајка и дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Jun 2023 14:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајка и дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-pek-zaginaa-majka-i-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-pek-zaginaa-majka-i-dete/#respond Sun, 25 Jun 2023 14:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=849472

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ. Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“. Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете. „Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук. Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите. Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување. Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби. Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка. Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-pek-zaginaa-majka-i-dete/feed/ 0