мајка и син – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Apr 2020 15:41:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајка и син – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се расветлуваат нови детали: Како и кога починале мајката и синот од Велес? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-rasvetluvaat-novi-detali-kako-i-koga-pochinale-majkata-i-sinot-od-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-rasvetluvaat-novi-detali-kako-i-koga-pochinale-majkata-i-sinot-od-veles/#respond Wed, 29 Apr 2020 15:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=339416

Од обвинителот на Основното јавно обвинителство се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот со починатите мајка и син и припадниците на МВР постапуваат по нив, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски на денешната прес-конференција. Тој потсети за настанот кога на 6 април во 10:30 часот во нивниот стан на улицата „Ѓорѓи Војтех“, поранешна „4 Јули“ во Велес мртви беа пронајдени мајка и син, а посмртно се утврди дека мајката починала од Ковид-19. Додевски посочи дека 79-годишната сосетка Д.М. која живее во истата зграда на ул.„Ѓорѓи Војтех“ во Полициската станица во Велес пријавила дека од соседниот стан се шири непријатна миризба. -Униформирани полициски службеници и припадници на ТППЕ Велес влегле во станот каде во една од просториите ги пронашле починати К.М.(78) и нејзиниот син В.М.(52). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Основен јавен обвинител телата се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот, при што, од соседите се добиени oперативни сознанија дека, последен пат се видени во првата половина на месец јануари, посочи Додевски. Тој појасни дека по наредба од јавен обвинител, екипа од Институтот за судска медицина извршила дополнителен увид на местото на настанот. -Известени сме дека смртта кај лицата настапила пред три до пет недели од моментот кога се пронајдени. Имаме и известување од „Електродистрибуција“ Велес дека, на броило од нивниот стан последен пат е регистрирана потрошувачка на електрична енергија во месец јануари. Од обвинителот се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот и припадниците на Министерството за внатрешни работи постапуваат по нив, рече Додевски. Да потсетиме, додаде, сето тоа се случува поради различни информации и тврдења за тоа кога починале мајката и синот, дали три до пет недели пред да бидат најдени на 6 април или можеби порано, бидејќи последен пат од соседите биле видени во првата половина на јануари. Сето тоа доведе до полемики и бранување во јавноста дали можеби мајката е прв случај на заразен со Ковид-19 многу порано пред да биде регистриран првиот заболен од Ковид-19 во земјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-rasvetluvaat-novi-detali-kako-i-koga-pochinale-majkata-i-sinot-od-veles/feed/ 0
Детали за ужасот во Велес: Мајка и син пронајдени мртви, таа била стара и глува, а тој имал психички проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzasot-vo-veles-majka-i-sin-pronajdeni-mrtvi-taa-bila-stara-i-gluva-a-toj-imal-psihichki-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzasot-vo-veles-majka-i-sin-pronajdeni-mrtvi-taa-bila-stara-i-gluva-a-toj-imal-psihichki-problemi/#respond Mon, 06 Apr 2020 13:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=328195

Полицијата денеска во 11 часот пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во близина на градинката кај „Жаба зграда“, откако соседите телефонски пријавиле во СВР Велес. – Полицијата ги повикала пожарникарите од ТППЕ Велес да влезат во станот. Екипа на СВР Велес влегла,а смрт кај две лица констатирала медицинска екипа на Брза помош која била повикана од полицијата, информира портпаролот на ЈЗУ Здравствен дом д-р Стархил Тодоров Нивна екипа констатира смрт кај две лица, а за понатамошната постапка е надлежна полицијата и ОЈО Велес. Од ОЈО Велес најавија дека телата ќе се предадат на обдукција за да се утврди причината за смртта. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор.Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми, но не правел проблеми. Посочуваат дека иако имале материјални примања како ранлива категорија не биле соодветно згрижени, а немале семејство во градот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzasot-vo-veles-majka-i-sin-pronajdeni-mrtvi-taa-bila-stara-i-gluva-a-toj-imal-psihichki-problemi/feed/ 0
Син ја претепал мајка си зошто не му дала 500 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sin-ja-pretepal-majka-si-zoshto-ne-mu-dala-500-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sin-ja-pretepal-majka-si-zoshto-ne-mu-dala-500-denari/#respond Wed, 28 Mar 2018 11:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=33877

Пријава за семејно насилство добила вчера полицијата во Гостивар. Шеесет и шест годишната гостиварка С.Г. го пријавила својот син околу 13 часот Д.Г.(44). -Околу 13,00 часот истиот ден синот и побарал 500 денари,  а кога не му го дала бараниот износ физички ја нападнал. Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sin-ja-pretepal-majka-si-zoshto-ne-mu-dala-500-denari/feed/ 0
Исповед на битолчанецот кој ги загуби најблиските во пожар: Гледав како горат сопругата и синот, но не можев да ги спасам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-bitolchanecot-koj-gi-zagubi-najbliskite-vo-pozar-gledav-kako-gorat-soprugata-i-sinot-no-ne-mozev-da-gi-spasam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-bitolchanecot-koj-gi-zagubi-najbliskite-vo-pozar-gledav-kako-gorat-soprugata-i-sinot-no-ne-mozev-da-gi-spasam/#respond Tue, 30 Jan 2018 14:29:35 +0000 http://kurir.mk/?p=16406

Вистинска семејна трагедија се случи во Битола. Вчера, рано утрото, кога се раѓаше новиот ден, згаснаа животите на 53-годишната Фатма А. и на нејзиниот 17-годишен син Дарко, а тешки изгореници од гаснењето на пожарот добил шеесетгодишниот Томе А., кој трауматизиран од настанот, бил хоспитализиран во битолската Клиничка болница, пишува Нова Македонија. Соседите, кои направиле сѐ да го изгаснат пожарот и да ги спасат своите соседи, Фатма и синот Дарко, велат дека глетката била морничава. Пламените јазици веднаш ја зафатиле куќата, посебно поткровјето, кое нешто подоцна се срушило и не можеле ништо да сторат. Таткото, Томе, кој случајно ја преживеа трагедијата, буквално гледал како пламените јазици ги голтаат безживотните тела на својот син Дарко и на сопругата Фатма, но не можел да помогне. Како и тој, беспомошни биле и пожарникарите на битолската противпожарна единица, кои и покрај сите настојувања никако не можеле да го изгаснат пожарот и да ги спасат мајката и синот. Потресен од трагичниот настан Томе задушувајќи се во солзи говореше пред насобраните луѓе. - Само чудо ме спаси и јас да не изгорам во пожарот. Но камо и јас да изгорев. Вака како ќе живеам јас сам натаму, без мојот Дарко и без сопругата Фатма. Кога беа живи, поради болеста што ме надвладеа, тие се грижеа за мене. Сега кој ќе ме гледа мене. За мене повеќе нема живот на овој свет. Му се молам на господ и мене да ме земе, во плач говореше Томе, пишува весникот. Според него сѐ се случило во еден миг. Додека тие биле во длабок сон наеднаш трошната кука ја зафатил пожар, кој брзо се проширил. Тој веднаш рипнал од креветот и почнал да бара помош. Иако соседите, кои се разбудиле по неговите лелеци, се обиделе да помогнат ништо не можеле да сторат. Пожарот буквално ја голтнал куќарката. Кога пламените јазици ги зафатиле гредите од таванот истиот тој се срушил, а под него останале беспомошните јагленосани тела на неговата сопруга и на синот. Повеќе прочитајте ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-bitolchanecot-koj-gi-zagubi-najbliskite-vo-pozar-gledav-kako-gorat-soprugata-i-sinot-no-ne-mozev-da-gi-spasam/feed/ 0