мајки на породилно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Oct 2020 12:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајки на породилно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овие совети од вашата мајка сигурно ве нервирале, но сега знаете дека била во право! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-soveti-od-vashata-majka-sigurno-ve-nervirale-no-sega-znaete-deka-bila-vo-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-soveti-od-vashata-majka-sigurno-ve-nervirale-no-sega-znaete-deka-bila-vo-pravo/#respond Sun, 04 Oct 2020 12:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=412185

Нашите мајки често се премногу грижливи, ни досадуваат и нѐ опоменуваат, но на крајот од денот тоа се жените кои поминале часови и часови во болки за ние да постоиме и тие ни мислат најдобро. Погледнете ги сите оние работи кои ги игнориравте во вашите тинејџерски години. 1. Девојките кои во основно ве третирале лошо, ќе испаднат полоши од вас Се сеќавате на девојката која ве исмејуваше во школските денови? Оваа година ќе најдете фотографии од нејзината свадба со момчето кое за малку очите ќе си ги извадеше во средно. Мајка ви ова го предвиде пред 15 години. 2. Момчињата стануваат подобри како што стареат Вака ве тешеше мајка ви секој пат кога ќе дојдевте дома со скршено срце. 3. Понесете палто Ноќите се секогаш поладни од деновите. Смешно е како сѐ уште не се придржуваме до ова, но таа секогаш знаеше. 4. Не ги бричете/кубете мустаќите или влакненцата од брадата Ако го направите ова тие ќе пораснат погусти и потемни следниот пат. 5. Не ја фарбајте/бланширајте косата Ќе ја оштетите! Потребата да направите трајни промени на косата е толку силна кога сте лута тинејџерка која сака да се покаже пред сите, но веројатно ќе зажалите кога ќе отидете на факултет. Вашата колешка или цимерка ќе има убава и блескава коса во природна боја, а вашата, без разлика колку препарати ќе искористите, никогаш нема да изгледа толку убава како нејзината. 6. Средното образование е важно Ако завршите средно со слаби оценки нема да се запишете на добар факултет и ќе мора да седите дома со вашата мајка која е супер и ви готви. Чекајте дали ова навистина звучи одлично? Искрено размислете. 7. Внимавајте на џепарлакот – не затоа што е „одговорно“ или затоа што таа не сака да ви даде повеќе пари туку така ќе се чувствувате посигурно Кога ви го намали џепарлакот вашата мајка ви мислеше само добро затоа што се сетила како ѝ било неа во 20-тите години кога немала пари и затоа што посакува да израснете во паметна жена која има финансиска независност и знае да управува со нејзините приходи, бидејќи таа нема секогаш да биде тука. 8. Секогаш носете крем за заштита од сонце Ќе изгледате како грчка божица со прекрасен тен во 20-тите и 30-тите, но после тоа ќе изгледате вака. 9. Одржувањето на човечки живот е неверојатно тешко и потценето Сега сте во 20-тите. Имате милениче? Имате растение? Тогаш можеби и разбирате 1/1000-ти дел од тоа колку е тешко да воспитувате дете. 10. Редовно мијте ги забите Или потрошете илјадници денари по забарски сметки за пак да имате грозни заби. 11. Не пушете цигари Нема потреба од дополнителен коментар. 12. Практичноста е модерна Можеби ѝ се смеевте на мајка ви кога носеше широки фармерки, но погодете што? Високите потпетици и тесните фустани не се удобни, а неудобноста изгледа како премногу да сте се труделе. 13. Сега кога сте постари, заблагодарете ѝ се за сите добронамерни совети Без разлика колку ве нервирала порано вашата мајка дури и тогаш била во право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-soveti-od-vashata-majka-sigurno-ve-nervirale-no-sega-znaete-deka-bila-vo-pravo/feed/ 0
Мајките на породилно ќе бараат оставка од Шахпаска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-na-porodilno-kje-baraat-ostavka-od-shahpaska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-na-porodilno-kje-baraat-ostavka-od-shahpaska/#respond Wed, 16 Sep 2020 10:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=403967

Околу 500 мајки на деца до шестгодишна возраст, според пријавата во МВР, се очекува да протестираат утре пред владата, поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Тие барааат да бидат на продолжено породилно отсуство до крајот на годинава, бидејќи децата не им се запишани во градинка поради немање место. Дел од нив воопшто не ни аплицирале за упис во градинка зашто очекувале да бидат дома до крајот на годинава, а има и такви кои се плашат дека во екот на пандемијата на коронавирус и со појавата на сезонскиот грип, престојот во установите за згрижување нема да биде безбеден за нивните најмили. На протестот најавено е дека ќе присуствуваат мајки од Скопје и од градови од внатрешноста. – Средношколците што се по одмори по кафулиња и што знаат да држат дистанца и да се пазат ќе учат од дома ама најмалите кои цело време ги чуваме дома, први ќе појдат во градинка, вели за ,,Слободен печат”, една од мајките што ќе го изрази незадоволството на мирен начин пред владината зграда. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска тврди дека е логично и очекувано од 23 септември, за помалку од една недела, да престане породилното отсуство, затоа што градинките и центрите за ран детски развој се отворени и имаат капацитет да ги примат децата, а ќе функционираат по строги протоколи за да се спречи ширењето на коронавирусот. Учесничките во најавениот протест пак, воопшто не се согласуваат дека имаат можност да ги згрижат своите деца и инсистираат владата да ја преиспита својата одлука. Според анализите на Министерството за труд и социјална политика во градинките може да се примат 19.000 деца и има уште 4.500 слободни места. – Морам да нагласам дека и дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатата недела не ги носеа во градинка. Од тие причини, Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка. Дополнително, приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Од тие причини потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, протоколот се почитува целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала, нагласи Шахпаска. Таа тврди дека родителите досега не оделе на работа зашто градинките не биле отворени, а со почетокот на нивната работа, мерката да се остане дома, губи смисла. Меѓутоа, мајките на деца до шест години го демантираат ова со групно писмо во кое истакнуваат дека приватните фирми не се толерантни за нивното отсуство од работа, па поради тоа, владата под притисок наложила отворање на градинките и тоа со намален капацитет. -Велите дека има место бидејќи предност им давате на децата на самохраните родители и на децата на двајца вработени родители. Дали имате информација доколку сите мајки кои се на продолжено породилно се принудени да тргнат на работа, градинките нема да можат да ги згрижат сите деца? Повеќето мајки кои се веќе на породилно отсуство и на продолжено породилно отсуство имаат уште едно дете до 6 години, кое не го пуштаат во градинка бидејќи ја користат мерката за продолжено породилно отсуство. Доколку тие би ги пратиле двете деца во градинка, со сигурност тврдиме дека капацитетите и тоа како ќе се надминат, односно градинките нема да можат да им излезат во пресрет на родителите и тие ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, велат од граѓанската иницијатива организатор на протестот. Од иницијативата прашуваат зошто министерката не ги зема предвид препораките на Комисијата за заразни болести составена од експерти во полето на медицината. -Доколку тргнеме на работа, знаете ли дека јавниот превоз ќе биде преоптеретен? Не сите одат со автомобил на работа. Вие како Министерка треба да ги штитите интересите на граѓаните, а не да правите калкулации и да ги изложувате на ризик најмалите и најранливите. За средства дека можете да најдете не се ни сомневаме. Дали ги укинавте патните трошоци на пратениците? Дали за тоа има државата пари? Дали сте спремни да превземете одговорност и да дадете оставка, која и тоа како ќе ја побараме доколку се влоши состојбата во градинките? Ние нашите деца не сме ги нашле на улица, а јавното здравје е загарантирано право на секој граѓанин и знаете дека за загрозување на истото може да тужиме, велат мајките чие породилно се укинува од следната недела. Според нив во иста ситуација се и родителите на децата до 10 години, за кои има настава од најмногу три часа дневно, а потоа нема кој да ги земе од училиште, нема каде да престојуваат додека родителите им се на работа. -Дали родителите треба да дадат отказ на работа за да можат да се грижат за своите деца? Дали сте свесни дека ќе го зголемите бројот на невработени? Ние доволно сме загрижени поради целата ситуација, а вие само уште дополнително ни создавате проблеми и главоболки. Дали да ги донесеме децата пред МТСП па таму да ги чувате додека ние сме на работа, за да ја сватите сериозноста на ситуацијата во која не ставивте, се вели во отворениот допис до Шахпаска. Од почетокот на пандемијата со коронавирусот една од првите мерки што беа воведени за да се заштити младата популација беа затворања на училиштата и градинките. Откако мерките почнаа да се разлабавуваат и по строго определени протоколи да се враќаат во функција бизнисите и образовните установи, голем отпор да се вратат на работа се создаде и кај хронично болните и ранливи групи на граѓани, како и кај родителите на деца до 10 годишна возраст кои на почетокот имаа препорака да работат од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-na-porodilno-kje-baraat-ostavka-od-shahpaska/feed/ 0