мајки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/#respond Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=864318

Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница - Штип, Валентина Златковска нагласува дека мајката има право на платени паузи за доење, па потребно е истите да се користат со цел мајката да не прекине предвремено да го дои своето бебе. Валентина Златковска -Оваа година тоа е вработената мајка и вработените родители и доењето. Не треба да биде пречка работата за доењето. Не треба мајките да изберат работа, а да не доат. Тоа се постигнува со основните мајчински права, платеното породилно отсуство, ама и кога ќе се вратат на работа треба работното место да биде прилагодено, да има пријателско опкружување, да има паузи за доење или измолзување на млеко и посебни објекти соби кадешто тоа ќе се спроведе, вели Златковска. Златковска истакнува дека македонското законодавство предвидува платено породилно отсуство, предвидени се паузи за време на работа за да може да се дои детето, но проблем е тоа што ретко овие права се искористени. Апелира до работодавачите да го спроведуваат законско предвиденото, а мајките да си ги бараат своите права. Оддел за неонатологија при Клиничка болница - Штип -Имаме породилно отсуство, кое е добро за разлика од други земји каде тоа е многу полошо и имаме платени паузи во законодавството, меѓутоа не се почитува доволно. Вниманието треба да биде свртено кон тоа овие паузи да бидат спроведувани и мајките да си ги бараат тие права, додава Златковска. Според податоците, половина милијарда мајки на светско ниво се лишени од можноста да ги уживаат своите мајчински права кои ги заслужуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/feed/ 0
Дознајте каква мајка и сопруга сте вие, крвната група кажува многу за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-kakva-majka-i-sopruga-ste-vie-krvnata-grupa-kazuva-mnogu-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-kakva-majka-i-sopruga-ste-vie-krvnata-grupa-kazuva-mnogu-za-vas/#respond Wed, 21 Sep 2022 06:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=735538

Крвна група 0 Жените од оваа крвна група се прилично себични. Во однос на мажите тие се пољубоморни и пострасни. Овие жени се доминантни и силни личности и се обидуваат во сѐ да ги контролираат своите избраници, така што мажот кој ќе се обиде да ги изневери, тешко ќе може да ги оствари своите намери. Овие жени кон мирните и слаби партнери брзо стануваат рамнодушни. Вреди да се напомени дека помеѓу успешните деловни жени и познатите личности, доминираат токму жени со оваа крвна група. Од своите партнери очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги владеат од позадина и често активно учествуваат во изградба на кариерата на нивниот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат пријателски, а своите амбиции ги остваруваат и преку сопругот и преку децата. Крвна група А Оваа крвна група е карактеристична за жените кои се одликуваат со трпение и смиреност. Многу често за нив е присутно мислење дека се несебични, дружељубиви и многу дисциплинирани. Пред сѐ, овие жени ја ценат уредноста и удобноста. Секогаш се стремат за решавање на проблемите без конфликти. Но, сепак, жените со оваа крвна група се многу тврдоглави и понекогаш нервозни. Често себеси се доживуваат како потчинети, а во љубовните односи се многу срамежливи. Тие го почитуваат својот партнер и неговите квалитети. Сепак, поради нивната емотивна и чувствителна природа, тие ќе ги откријат своите чувства дури кога ќе бидат целосно сигурни дека нема да бидат изневерени и повредени. Како сопруги, тие се идеални. Жените со крвна група А се мајки кои внимаваат и ги поддржуваат своите деца, но и многу бараат од нив. Крвна група Б Овие жени се одликуваат со флексибилност на нивниот карактер.  Тие одлично се справуваат со осаменоста, но во голема група луѓе се чувствуваат како риби во вода. За разлика од првите две групи, тие не сакаат ниту да бидат водачи, ниту потчинети. Но, знаат многу добро да извлечат корист од различни ситуации, притоа чувајќи ја својата независност. Таквите жени одлично се снаоѓаат во друштво. Сакаат флерт, па имаат многу пријатели од спротивниот пол. Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание од својот избраник. Во односите со нивниот партнер тие бараат многу и затоа тешко се одлучуваат да стапат во брак. Инаку, кога стапуваат во брак и стануваат мајки, тие се многу лојални и посветени. Крвна група АБ Претставниците на оваа група се многу чувствителни и урамнотежени личности. Тие се многу тактични, пристојни и чесни. Така, овие дами многу тешко донесуваат какви било одлуки. Тие често се сакани, а што се однесува до љубовните односи, многу се искрени. Ваквите жени го обожаваат машкиот авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека имаат можност да останат мистични. Како мајки, тие се многу попустливи кон децата и не бараат многу. Успешно наоѓаат мерка во тоа колку можат да бидат пријатели со своите деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-kakva-majka-i-sopruga-ste-vie-krvnata-grupa-kazuva-mnogu-za-vas/feed/ 0
Пијалаци кои се одлични за мајките кои дојат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/#respond Thu, 28 Jul 2022 20:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711580

За да имате доволна количина млеко многу е важно да останете хидрирани, бидејќи доењето ве ожеднува. Иако најдобро е да пиете вода, со текот на времето ќе ви здосади па може да пиете и нешто друго покрај водата. Од клиниката Мајо препорачуваат додека доите да пиете повеќе вода од вообичаеното. Во просек, секоја личност би требало да испие 8 чаши вода дневно, а со оглед на тоа што додека доите телото преработува повеќе вода, пијте 13 чаши вода, односно 3,1 литар дневно. Водата со вкусови е одлична замена за обичната вода. Ќе ја ублажи желбата за благи сокови. Наполнете бокал со вода, додадете го омиленото овошје, ставете коцки мраз и оставете да отстои преку ноќ. Краставица и диња, јагоди и лубеница, малина и лимон, аронија и јагоди, можностите се бескрајни. Растителните чаеви исто така можат да бидат вкусни за доилките. Освен тоа се многу здрави. Но, мора да знаете кои чаеви да ги пиете, бидејќи не сите билки се добри за бебињата и доилките. Бадемовото млеко е добра замена за кравјото млеко, содржи магнезиум, селен, манган и витамин Е. Може да го направите и сами, од бадеми и вода со помош на блендер. Со овошни сокови не треба да претерувате, но една чаша сок на ден може да биде добар додаток на исхраната. Одбегнувајте дополнителни шеќери, како и сокови од цитрусно овошје. Добра замена за водата се и соковите од зеленчук кои е најдобро сами да ги подготвувате. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/feed/ 0
Третина од жените во земјите во развој стануваат мајки на возраст од 19 или порано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/#respond Tue, 05 Jul 2022 18:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=700596

Речиси една третина од жените кои живеат во земјите во развој стануваат мајки на рана возраст, со 19 години и порано, според студија објавена од Агенцијата за население на ОН (УНФПА), што е специјализирана за сексуално и репродуктивно здравје. Студијата покажува дека речиси половина од адолесцентните девојчиња го раѓаат своето прво дете на 17 години или порано. Со оглед на овие податоци, „јасно е дека девојчињата се запоставени“, изрази жалење директорката на УНФПА, Наталија Канем. „Бременостите што ги гледаме кај младите мајки се јасен знак дека очајно им требаат информации и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје“, додаде таа. Речиси три четвртини од девојчињата кои го родиле своето прво дете на возраст од 14 и порано, исто така, раѓаат второ дете на рана возраст, а 40 проценти од оние со две деца имаат трето пред да ја напуштат адолесценцијата, покажува студијата. Сепак, УНФПА посочува дека забележува охрабрувачки знаци за пад на стапката на раѓања на рана возраст во светот, но стапката на опаѓање е премногу бавна, оценува агенцијата. „Владите мора да инвестираат во грижата за адолесцентните девојчиња и да им овозможат услови за стручно оспособување и за стекнување финансиска сигурност, со што ќе помогнат да се спречи рана и несакана бременост“, повика Канем. „Кога девојките ќе можат да одлучуваат повеќе за сопствениот животен пат, мајчинството на рана возраст ќе биде се поретко“, заклучува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/feed/ 0
Украински министер до руските жени: Чувајте ги мажите дома – украинскиот народ ги чека со оружје, а не со цвеќе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-do-ruskite-zeni-chuvajte-gi-mazite-doma-ukrainskiot-narod-gi-cheka-so-oruzje-a-ne-so-cvekje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-do-ruskite-zeni-chuvajte-gi-mazite-doma-ukrainskiot-narod-gi-cheka-so-oruzje-a-ne-so-cvekje/#respond Sat, 26 Feb 2022 12:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=637133

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика руските мајки, сопруги и ќерки да ги повикаа мажите дома, затоа што во Украина не ги чекаат со цвеќе туку со оружје. -Мајки, сопруги, ќерки на руските војници! Повикајте ги мажите дома! Тие дојдоа во туѓа земја, за да убиваат невини луѓе, за да ги уништат нашите домови. Вашата Влада лаже. Украинскиот народ ги чека со оружје, не со цвеќе. Барајте од властите да ја прекинат војната, спасете ги вашите сакани, пишува на социјалната мрежа на Твитер Кулеба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-do-ruskite-zeni-chuvajte-gi-mazite-doma-ukrainskiot-narod-gi-cheka-so-oruzje-a-ne-so-cvekje/feed/ 0
ТРИ МАЈКИ ЗАГИНАЛЕ ЗАЕДНО СО СВОИТЕ ДЕЦА ВО СТРАОТНАТА НЕСРЕЌА – сите биле од Студеничани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/#respond Tue, 23 Nov 2021 18:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=598975

Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето на причините за трагедијата. – Цела едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани, рече Садику. Садику потенцира дека според информациите што ги има, од седумте преживеани лица, четири се од Долно Количани. – Ова е една голема загуба за сите нас, за цела држава и во име на граѓаните на Општина Студеничани најпрвин на роднините на загинатите им изразувам длабоко сочувство, Господ да им даде сабр за да ја издржат оваа болка, починатите да бидат наградени со Џенет. Оваа голема болка, човек не може да најде зборови како да ја искаже жалоста и болката. Црн ден за целата држава, а посебно за нашата општина, рече Садику.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/feed/ 0
Mајките кои сe на породилно отсуство сo отворено писмо до властите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/#respond Wed, 31 Mar 2021 15:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=490380

Mајките кои сe на породилно отсуство испраќаат отворено писмо до министерството за здравство, за труд и социјална политика, Комисијата за зразни болести и Владата. -Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес... во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови, а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски. Имено голем е стравот за најмалите, најмилите, најнезаштитените. Поради тоа ние мајките, кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација. Малкуте места во градинките, но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство, додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот. Дополнително, да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките, како едно трајно решение, стои во нивното отворено писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/feed/ 0
Доколку мајката го конзумира ова млеко за време на доењето, бебето ќе биде помалку алергично на храна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/#respond Thu, 04 Feb 2021 15:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=464272

Бебињата чии мајки конзумираат кравјо млеко за време на доењето, се помалку алергични на храна, се посочува во истражување на Универзитетот во Гетеборг, Шведска. Истражувачите испитале повеќе од 500 мајки од Шведска за нивните навики во исхраната во 34-та недела од бременоста, па еден месец по породувањето и повторно – четири месеци подоцна. Децата опфатени во истражувањето биле претежно алергични на јајца, млеко или и на едното и на другото. Мија Стравик, доцент на Универзитетот во Гетеборг, изјави дека новороденчињата на мајките кои конзумирале повеќе кравјо млеко при доењето, се поздрави од оние чија мајка не пиела млеко. – Една од теориите е дека мајчиното млеко во тој случај содржи супстанции кои го стимулираат имуниот систем на детето. Друго мислење е дека поголемиот внос на заситени масти во млекото природно може да доведе до потрошувачка на помалку полинезаситени масти, вели таа. Питер Лио, доцент по дерматологија и педијатрија при Медицинскиот факултет при американскиот Северозападен Универзитет, смета дека ова е првиот чекор во дефинирање на потенцијална врска меѓу мајчината исхрана и ризикот од алергија. Д-р Стравик посочува дека иако постои поврзаност, не може да се каже дека кравјото млеко што мајката го консумира е лек за алергиите кај децата. На крајот, и д-р Лио ги предупредува мајките дека сè уште не е потврдено дека само консумирањето млеко го намалува ризикот од алергии. Тој исто така нагласува дека истражувањата во иднина мора да биде пообемно и дека податоците тогаш ќе бидат попрецизни и порелевантни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/feed/ 0
Мајките кои имале коронавирус во бременоста им пренесуваат антитела на бебињата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-koi-imale-koronavirus-vo-bremenosta-im-prenesuvaat-antitela-na-bebinjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-koi-imale-koronavirus-vo-bremenosta-im-prenesuvaat-antitela-na-bebinjata/#respond Mon, 01 Feb 2021 14:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=462701

Бремените жени кои имаат Ковид-19 им пренесуваат антитела против оваа инфекција на своите деца, откриле истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија. Студијата е објавена во списанието ЈАМА педијатрија. -Заштитата на новороденчињата од инфекција првенствено зависи од антителата кои се пренесуваат од мајка на бебе преку плацентата. Ова исто така важи и за заштита од САРС-КоВ-2, сепак, деталите за пренос на антитела во овој случај сè уште не се целосно разјаснети, пишува Газета.ру Истражувачите откриле дека колку порано идната мајка се зарази со коронавирусот, во првите месеци од бременоста, толку е поголема концентрацијата на антитела во крвта на папочната врвца. „Нашите резултати се во согласност со она што може да се очекува од студиите на други вируси“, рече професорот Скот Хенсли, еден од авторите на студијата. Истражувачите следеле 1.714 жени кои родиле помеѓу април и август 2020 година. 83 од нив имале Ковид-19, а кај 72 бебиња научниците откриле антитела во крвта на папочната врвца, без оглед дали мајката имала симптоми на инфекција или не. Кај околу половина од децата, нивото на антитела било исто или поголемо отколку кај мајката, а во една четвртина од случаите било од 1,5 до двапати повисоко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-koi-imale-koronavirus-vo-bremenosta-im-prenesuvaat-antitela-na-bebinjata/feed/ 0
ИМ ПОМАГА НА ЖЕНИТЕ ШТО НЕМААТ ДЕЦА- еве што треба да направите на денешниот голем празник посветен на мајките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/im-pomaga-na-zenite-shto-nemaat-deca-eve-shto-treba-da-napravite-na-deneshniot-golem-praznik-posveten-na-majkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/im-pomaga-na-zenite-shto-nemaat-deca-eve-shto-treba-da-napravite-na-deneshniot-golem-praznik-posveten-na-majkite/#respond Fri, 04 Dec 2020 12:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=438658

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога. Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена. Според народните верувања, сточарите го слават Воведение на Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва. Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир за да се молат цела вечер да добијат пород.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/im-pomaga-na-zenite-shto-nemaat-deca-eve-shto-treba-da-napravite-na-deneshniot-golem-praznik-posveten-na-majkite/feed/ 0