Мајкл Фокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 10:48:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мајкл Фокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајкл Фокс падна на сцената за време на дебата, Перкинсоновата болест зема замав https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-foks-padna-na-stsenata-za-vreme-na-debata-perkinsonovata-bolest-zema-zamav/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-foks-padna-na-stsenata-za-vreme-na-debata-perkinsonovata-bolest-zema-zamav/#respond Tue, 06 Jun 2023 10:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=842682

Мајкл Џ. Фокс падна на сцената во текот на панел од дебатата „Враќање во иднината“, што викендов се одржа во Филаделфија, пренесува „Дејли мејл“. Пензионираниот 61-годишен актер, кому во 1991 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, ја загуби рамнотежата додека се качуваше на сцената. За среќа, ударот го ублажил каучот на кој паднал, а актерот не се повредил и по падот брзо продолжил со панелот. Во таа прилика му се придружија и неговите колеги од „Враќање во иднината“ Кристофер Лојд (84) и Том Вилсон (64). Медиумите го објавија неговиот пад нешто повеќе од еден месец откако тој јавно изјави дека неговата 30-годишна битка со Паркинсоновата болест се влошува. Фокс, кој го играше култниот Марти МекФлај во сите три филмови „Враќање во иднината“, дојде на панелот облечен лежерно: во црни фармерки и тексас јакна преку бела маица. Во април, Фокс искрено зборуваше за неговата борба со Паркинсоновата болест, велејќи дека станува се потешко и потешко. „Секој ден е се потешко... Така е“, додал познатиот актер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-foks-padna-na-stsenata-za-vreme-na-debata-perkinsonovata-bolest-zema-zamav/feed/ 0