Мајкл Рајан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 08:18:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мајкл Рајан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рајан: Следните три недели ќе го одредат исходот од војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajan-slednite-tri-nedeli-kje-go-odredat-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajan-slednite-tri-nedeli-kje-go-odredat-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=661161

Следните три недели ќе го „одредат исходот од војната“ во Украина, смета поранешниот заменик помошник секретар за одбрана за Европа и НАТО, Мајкл Рајан, а ставот го образложи утринава за „Скај Њуз“. Според него, додека Русите ја „преоценија својата цел во војната“ за да се фокусираат на источниот дел од Украина, нивниот главен проблем е дали ќе можат да „реконструираат доволно борбена моќ“ за да се соочат со многу искусните украински сили на исток. – Доколку ние на Западот ја зголемиме потребата од итност во снабдување на Украинците, доведена до нивото на Берлинскиот воздушен мост, Украинците навистина може да излезат од ова со победа, додаде Рајан. Говорејќи за неодамнешното назначување на генералот Александар Дворников од страна на Русија, Рајан појасни дека тој верува, оти новиот командант ќе им се врати на „класичните руски тактики“, вклучувајќи „масивни воздушни и артилериски напади“. – Тоа ќе бидат тешки услови за нив, бидејќи, едноставно, не проценуваме дека имаат енергија за да можат да спроведат таков вид кампања. Ќе предизвика голема бруталност, како што предвиде претседателот Зеленски. Ќе изгледа како Втората светска војна, како што напомена украинскиот министер за надворешни работи, подвлече Рајан. Но, на крајот, Русите ќе претрпат уште повеќе жртви со овој пристап, тврди Рајан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajan-slednite-tri-nedeli-kje-go-odredat-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
СЗО со порака до властите: Ставете ги контактите во изолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-poraka-do-vlastite-stavete-gi-kontaktite-vo-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-poraka-do-vlastite-stavete-gi-kontaktite-vo-izolacija/#respond Tue, 20 Oct 2020 06:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=418355

Во ек на вториот бран на пандемијата на коронавирусот и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на службата за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан упати порака до властите: ставете ги контактите во изолација. – Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид е во карантин за потребниот период, да се скрши ланецот на пренесување, рече Рајан на прес-конференција во Женева. Според него, тоа не е направено ниту се прави на систематски начин и тоа е една од главните причини што има толку високи бројки. – Околу половина од земјите во европскиот регион на СЗО минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на инфекции, рече Рајан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-poraka-do-vlastite-stavete-gi-kontaktite-vo-izolacija/feed/ 0
Мајкл Рајан: Европа пред пресврт во борбата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkl-rajan-evropa-pred-presvrt-vo-borbata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkl-rajan-evropa-pred-presvrt-vo-borbata-so-kovid-19/#respond Wed, 16 Sep 2020 06:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=403822

Европа е соочена со пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус поради зголемениот број на заразени лица, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан. – Време е да се запре „ловот на фатаморгана“ и да се донесат тешки одлуки со цел да се заштитат најранливите и да им се овозможи на децата да одат на училиште, дури и по цена на неизбежни жртви, рече Рајан. – Во Европа, луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворените простори. Притисокот од инфекцијата ќе се интензивира, рече официјалниот претставник на СЗО на виртуелна прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkl-rajan-evropa-pred-presvrt-vo-borbata-so-kovid-19/feed/ 0
СЗО: Не сме ни блиску до нивото на имунитет неопходно да се запре ширењето на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-sme-ni-blisku-do-nivoto-na-imunitet-neophodno-da-se-zapre-shirenjeto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-sme-ni-blisku-do-nivoto-na-imunitet-neophodno-da-se-zapre-shirenjeto-na-koronavirusot/#respond Wed, 19 Aug 2020 05:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=392401

Светската здравствена организација соопшти дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на имунитет на стадо, каде што доволен дел од населението би имал антитела да ја запре епидемијата. Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Некои експерти,сепак, сугерираат дека ќе се даде заштитен ефект дури и ако барем половина од населението има имунитет. Таквата теорија вчера ја отфрли официјалниот претставник на СЗО, Мајкл Рајан, кој кажа дека не треба да живееме со надеж дека ќе добиеме имунитет на стадо, пренесоа американските медиуми. -Како глобално население ние не сме ни блиску до нивото на имунитет, неопходно да се запре пренесувањето на оваа болест. Тоа не е решение и не е решение што треба да го бараме, рече Рајан на вчерашната редовна прес конференција. Повеќето досега спроведени истражувања покажаа дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-sme-ni-blisku-do-nivoto-na-imunitet-neophodno-da-se-zapre-shirenjeto-na-koronavirusot/feed/ 0
СЗО: Можeн e нов пораст на смртност од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozen-e-nov-porast-na-smrtnost-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozen-e-nov-porast-na-smrtnost-od-kovid-19/#respond Wed, 08 Jul 2020 05:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=371361

Директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, доктор Мајкл Рајан изјави дека коронавирусот сè уште е во пораст низ целиот свет. Со оглед на тоа што е регистриран значителен пораст на бројот на потврдени случаи во последните пет или шест недели, тој предупреди дека наскоро може да следи скок на смртност. – Во април и мај имавме 100.000 случаи на ден, рече Рајан за време на брифинг. Тој рече дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 засега се чини дека е стабилен, но предупреди дека честопати има застој помеѓу зголемувањето на потврдените случаи и кога се пријавуваат смртни случаи поради времето што е потребно за вирусот да убие пациент. Тој, исто така, ја отфрли идејата дека значителен скок во случаите е последица на пообемно тестирање и рече дека епидемијата забрзува. Рајан изрази надеж дека колективното знаење стекнато за ефикасно лекување на пациенти со Ковид-19 ќе помогне да се задржи стапката на смртност релативно ниска, но тоа не може да се гарантира. – До овој број на зголемени случаи дојде во последните пет до шест недели, така што мислам дека не треба да биде изненадување ако стапката на смртност повторно почне да расте, заклучи Рајан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozen-e-nov-porast-na-smrtnost-od-kovid-19/feed/ 0