Мајкрософт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 07:38:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мајкрософт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршниот директор на Мајкрософт сведочеше против Гугл на антимонополското судење во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-majkrosoft-svedocheshe-protiv-gugl-na-antimonopolskoto-sudene-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-majkrosoft-svedocheshe-protiv-gugl-na-antimonopolskoto-sudene-vo-vashington/#respond Fri, 06 Oct 2023 07:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885892

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, сведочеше дека се натпреварувал со Google во дигитално пребарување за време на федералниот антимонополски процес против Google во Вашингтон, D.C. Надела му рече на судот дека доминантниот пазарен удел на Google во онлајн пребарувањето значи дека издавачите и огласувачите ја обликуваат својата содржина според барањата на Google, што им отежнува на конкурентите како Бинг на Мајкрософт да бидат конкурентни. Тој, исто така, го опиша предлогот на Мајкрософт да плати милијарди на Apple за да го замени Google со Bing како стандарден пребарувач на неговите уреди. Кога станува збор за онлајн пребарувањето, тоа е на Google веб и сите други играат во него, според конкурентот Microsoft. Тоа беше суштината на сведочењето на извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела пред федералниот суд во понеделникот, како дел од антимонополското судење на владата против Google. Надела му рече на судот дека доминантниот пазарен удел на Google во онлајн пребарувањето значи дека издавачите и огласувачите ја обликуваат својата содржина според барањата на Google, што им отежнува на конкурентите како Бинг на Мајкрософт да стекнат основа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-majkrosoft-svedocheshe-protiv-gugl-na-antimonopolskoto-sudene-vo-vashington/feed/ 0
„Вордпад“ заминува во историјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vordpad-zaminuva-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vordpad-zaminuva-vo-istorijata/#respond Mon, 04 Sep 2023 12:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=874380

„Мајкрософт“ веќе нема да го надградува „Вордпад“, а следи и целосно отстранување на таа програма од „Виндоус“. Инаку, „Вордпад“ е дел од оперативниот систем уште од верзијата „Виндоус 95“. Наместо „Вордпад“, технолошкиот гигант ќе го препорача „Ворд“ - платена програма којашто отсекогаш била многу побогата со функции и можности. „'Вордпад' веќе нема да се надградува и ќе биде отстранет од идните верзии на 'Виндоус'. Го препорачуваме 'Мајкрософт ворд' за долги текстуални документи како што се '.доц' и '.ртф' и 'Виндоус ноутпад' за обични текстуални документи како што е '.тx',“ соопшти компанијата. „Мајкрософт“ претходно најави и ново подобрување на „Ноутпад“ со функции како автоматско зачувување написи и автоматско внесување јазичиња. Технолошкиот конгломерат го надгради „Ноутепад“ и во 2018. - првпат по повеќе години и продолжи со новите дополнувања во „Виндоус 11“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vordpad-zaminuva-vo-istorijata/feed/ 0
„Мајкрософт“ доделува џојстикови со мирис на пица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/majkrosoft-dodeluva-dhojstikovi-so-miris-na-pitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/majkrosoft-dodeluva-dhojstikovi-so-miris-na-pitsa/#respond Wed, 26 Jul 2023 12:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=860236

„Мајкрософт“ честопати знае да ги изненади своите корисници со новости и соработки поврзани со својата „Икс-бокс“ конзола, а овој пат партнер на технолошката компанија е филмското студио „Парамаунт“. Станува збор за соработка со цел промовирање на претстојниот филм „Нинџа-желки: Хаос на мутантите“ (Teenage Mutant Ninja Turtles: Mutant Mahem). Во сѐ тоа, „Мајкрософт“ има удел и со ограничен број џојстикови за конзолата „Икс-бокс“ коишто мирисаат на пица. Нема можност за купување на ваков џојстик, но има наградна игра и извлекување, па за да се учествува, треба да се следи „Икс-бокс гејм пас“ профилот на социјалната мрежа „X“ (Твитер), како и да се сподели објавата најдоцна до 13 август. Се работи за четири различни дизајни посветени на четирите „нинџа-желки“ - Леонардо, Микеланџело, Донатело и Рафаело. Освен вградениот распрскувач за вештачки мирис и обликот на „ТМНТ“, ова е стандарден џојстик за видеоигри. Оние кои сакаат само да го пробаат џојстикот, можноста за тоа ќе ја имаат на 2 август во комплексот на „Мајкрософт“ на „Петтата авенија“ во Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/majkrosoft-dodeluva-dhojstikovi-so-miris-na-pitsa/feed/ 0
Мајкрософт мора да плати казна во САД поради прекршување на санкциите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-mora-da-plati-kazna-vo-sad-poradi-prekrshuvane-na-sanktsiite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-mora-da-plati-kazna-vo-sad-poradi-prekrshuvane-na-sanktsiite/#respond Fri, 07 Apr 2023 18:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=821656

Американското Министерство за финансии во соопшти дека го казнува Мајкрософт со 3,3 милиони долари поради кршење на санкциите. Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии. Тие ги прекршиле санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството. Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на Мајкрософт, соопшти Министерството за финансии, предупредувајќи на слабости во процесот на проверка на Мајкрософт. Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим. Министерството за финансии на САД забележува дека Мајкрософт соработувал и дека признал дека ги прекршил правилата. Мајкрософт нагласи дека соработувал во истрагата и додаде дека е задоволен од спогодбата. „Мајкрософт“ многу сериозно ја сфаќа контролата на извозот и почитувањето на санкциите и затоа, откако дознавме за пропустите и прекршувањата на неколку вработени во процедурите за верификација, доброволно го пријавивме тоа кај властите“, изјави портпаролот на софтверскиот гигант.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-mora-da-plati-kazna-vo-sad-poradi-prekrshuvane-na-sanktsiite/feed/ 0
Дали „Мајкрософт“ ќе ја саботира „Call of Duty“ за Плејстејшн? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dali-majkrosoft-ke-ja-sabotira-call-of-duty-za-plejstejshn/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dali-majkrosoft-ke-ja-sabotira-call-of-duty-za-plejstejshn/#respond Fri, 24 Mar 2023 13:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=816015

„Сони“ веќе извесно време пројавува загриженост за купувањето на „Активижн близард“ (Activision Blizzard) од страна на „Мајкрософт“, тврдејќи дека тоа во иднина ќе значи послаби верзии на видеоигрите „Call of Duty“ (КоД) за конзолите на „Плејстејшн“. Меѓу другото, „Сони“ истакна и дека „Battlefield“ не може да се споредува со „КоД“ и дека „Гејм пас“ (Game Pass) значително води во споредба со „Плејстејшн плус“. Од „Мајкрософт“ велат дека нема причина за грижи. Во своето последно обраќање до британските регулаторни органи, „Мајкрософт“ одговори на поплаките и тврди дека сегашниот предлог ќе ги поттикне креаторите на видеоигри и издавачите на „КоД“ да создадат верзија за „Плејстејшн“ којашто би била оптимизирана за таа платформа. „'Мајкрософт' ќе го нуди секој можен поттик да развие игра со оптимизирана поддршка за својства на 'Плејстејшн 5', за идните конзоли да ја максимизираат продажбата на таа платформа“, се вели во предлогот. „Сони“ изрази загриженост поради можноста „Мајкрософт“ да ја зголеми цената на насловите на „КоД“, со истакнат приоритет на верзијата за „Икс-бокс“, што наводно може да донесе неисправни верзии за „Плејстејшн“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dali-majkrosoft-ke-ja-sabotira-call-of-duty-za-plejstejshn/feed/ 0
Мајкрософт додава вештачка интелигенција во „Офис“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/#respond Fri, 17 Mar 2023 08:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=813005

„Мајкрософт“ објави нови планови за вештачката интелигенција и достапноста за повеќе корисници до неа, како одговор на достигнувањата на „соперникот“ „Гугл“ во истата област. „Мајкрософт“ вчера го претстави новиот „Копилот“ т.е. асистент со вештачка интелигенција, за новиот пакет „Мајкрософт офис 365“ што вклучува „Ворд“, „Ексел“, „Пауерпоинт“ и „Аутлук“. Овие програми во иднина ќе може „да разговараат“ со корисникот преку вештачка интелигенција, што, како што се наведува, веќе го докажа својот потенцијал. Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци заради креирање нова содржина. - Веруваме дека оваа следна генерација вештачка интелигенција ќе донесе нов бран на раст на продуктивноста, изјави извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, на денот кога акциите на компанијата пораснаа околу четири отсто. Потпретседателот на „Мајкрософт“, Џон Фридман додаде дека разговорот со апликацијата е од огромно значење за учењето на една таква програма. - Корисникот, на пр., може да побара „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе повлече податоци од мејлот, состаноците и разговорите од тоа утро. А, на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана... Често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги градиме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас, нагласи Фридман. Компанијата „Опен-АИ“, што ја создаде апликацијата, оваа недела ја објави и новата верзија „ГПТ-4“. Таа ги има функциите на „Копилот“, кои „ќе охрабрат повеќе луѓе да го користат пакетот 'Офис' и ќе го одвои уште повеќе од конкурентите“, се наведува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/feed/ 0
Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-ke-ukine-10-000-rabotni-mesta-kako-del-od-podgotovkite-za-retsesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-ke-ukine-10-000-rabotni-mesta-kako-del-od-podgotovkite-za-retsesija/#respond Wed, 18 Jan 2023 17:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=789125

Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто. „Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција“, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од пет отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки“ позиции. Мајкрософт ќе потроши околу милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-ke-ukine-10-000-rabotni-mesta-kako-del-od-podgotovkite-za-retsesija/feed/ 0
ФОТО: „Мајкрософт“ и „Орео“ создадоа посебно колаче https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-majkrosoft-i-oreo-sozdadoa-posebno-kolache/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-majkrosoft-i-oreo-sozdadoa-posebno-kolache/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:57:02 +0000 https://kurir.mk/?p=785446

„Мајкрософт“ и „Орео“ повторно ги здружија силите и создадоа посебни, специјални колачиња… Се работи, всушност, за шест различни дизајни на „Орео“ колачиња на тема – видеоигрите за „Иксбокс“. Од нив, едниот го содржи логото на „Иксбокс“, а останатите ги претставуваат копчињата на џојстикот. Колачето е сочинето од класичната „Орео“ комбинација на чоколадо и крем, но пакувањата ќе содржат и специјални шифри за видеоигрите, како што се „Halo Infinite“ „Forza Horizon 5“ и „Sea of Thieves“. Специјалните пакувања од колачињата ќе бидат достапни во 22 земји, но залихите се ограничени. „Мајкрософт“ не открива за кои држави станува збор. Ова не е прва соработка меѓу „Мајкрософт“ и „Орео“.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-majkrosoft-i-oreo-sozdadoa-posebno-kolache/feed/ 0
„Мајкрософт“ нуди 69 милијарди долари за фирмата-создавач на „Call of Duty“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-nudi-69-milijardi-dolari-za-firmata-sozdavach-na-call-of-duty/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-nudi-69-milijardi-dolari-za-firmata-sozdavach-na-call-of-duty/#respond Fri, 23 Dec 2022 08:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=779469

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ соопшти дека нуди 69 милијарди долари за компанијата-создавач на видеоиграта „Call of Duty“ – „Активижн близард” (Activision Blizzard). Според известувањето, понудата ќе им користи подеднакво и на гејмерите и на гејмерските компании. Мајкрософт го изнесе аргументот со цел да го убеди судот на американската Федерална трговска комисија да дозволи продолжување на договорот, откако повереници, во жалба за блокирање на спогодбата, изјавија дека спојувањето на компаниите ќе ѝ пречи на конкуренцијата во индустријата за игри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-nudi-69-milijardi-dolari-za-firmata-sozdavach-na-call-of-duty/feed/ 0
Мајкрософт ќе отпушти околу илјада лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-kje-otpushti-okolu-iljada-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-kje-otpushti-okolu-iljada-lica/#respond Wed, 19 Oct 2022 09:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=747549

Мајкрософт планира да отпушти околу илјада вработени поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Виндоус, јави американскиот информативен портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор. Отпуштањата ќе бидат на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава Аксиос. – Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно правиме структурни прилагодувања. Во наредната година ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст, изјави за Аксиос портпарол на Мајкрософт Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени, по редовните „структурни прилагодувања“ на почетокот на фискалната година. И многу други технолошки компании, вклучително Мета платформи, Твитер и Снеп, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на глобалниот економски раст поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, јавија американски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-kje-otpushti-okolu-iljada-lica/feed/ 0