мајонез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 14:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајонез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не е само за јадење: Направете маска за коса од мајонез https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-e-samo-za-jadene-napravete-maska-za-kosa-od-majonez/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-e-samo-za-jadene-napravete-maska-za-kosa-od-majonez/#respond Thu, 06 Apr 2023 14:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=821065

Маската од мајонез е одлична за сува и за оштетена коса. Со употреба еднаш месечно маската ќе ја нахрани, регенерира косата и ќе ја врати влажноста. Како да ја направите маската? Пред подготовка најдобро е да го извадите мајонезот од фрижидер, да достигне собна температура. По отприлика еден час може да почнете со подготовката. Во сад ставете три лажици мајонез и додадете една лажица рицинусово масло. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската рамномерно на чиста коса, па замотајте ја во кеса и држете така 20 минути. Под кесата се создава топлина што дава можност состојките да влијаат на состојбата на косата. По 20 минути измијте ја косата со топла вода, нанесете шампон без парабени и исплакнете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-e-samo-za-jadene-napravete-maska-za-kosa-od-majonez/feed/ 0
ВИДЕО: Дали би пробале сладолед со вкус на мајонез или кечап? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/#respond Tue, 09 Aug 2022 10:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=716032

Многу жители на Лондон се подготвени да пробаат сладолед со необичен вкус - кечап и мајонез, за ​​да се справат со високите температури кои годинава ги надминаа рекордните вредности. Низ светот се познати најразновидните вкусови на сладолед, од мастило од сипа до компир, со активен јаглен, како и корнет, црн, пченка, говедски отпадоци, сланина, пиво, ракија, канабис, коњско месо , маснотии од ирваси, кравји јазик, но и кавијар, па дојде време за вкус на грав. Најновиот проект на британските производители на сладолед за најжешкото лето се состои од низа нетрадиционални вкусови кои, како што пишуваат британските и американските медиуми, можете да ги најдете во шпајз наместо во фрижидер за сладолед, а освен тоа „Мајонез и кечап Heinz“, тука е и вкусот на тавче гравче. Сладоледите се создадени од Ања Хиндмаш, која за главните состојки користела некои од најбараните зачини и готови оброци. Клиентите беа возбудени да пробаат необични вкусови на сладолед, спакувани во традиционални пакувања, со оригиналниот бренд на кечап и мајонез. - Дојдовме рано утрово, бевме возбудени кога слушнавме и моравме да дојдеме да ги пробаме сите овие неверојатни вкусови, вели клиент. - Мислам дека најчудното е веројатно кечапот и тавче гравче. Тоа е најнеобичното нешто што некогаш сте можеле да го замислите. Овој храбар кондиторски проект се планира да трае до 28 август, а еден од вработените нагласува дека за само четири дена ги продале залихите планирани за шест недели и веќе имаат редовни клиенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/feed/ 0
Подобар од мајонез? Неодоливо кремастиот сос кој е готов за помалку од 60 секунди! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/podobar-od-majonez-neodolivo-kremastiot-sos-koj-e-gotov-za-pomalku-od-60-sekundi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/podobar-od-majonez-neodolivo-kremastiot-sos-koj-e-gotov-za-pomalku-od-60-sekundi/#respond Thu, 28 Apr 2022 08:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=669054

Готвачот Мари-Антоан Кареме, кој живеел во 19 век, донел кулинарски „закон“ за четири сосови кои ја формираат основата за сите останати. Тие вклучуваат сосови од бешамел и домати, велуте и шпанскиот сос, а подоцна им се придружил и Холандез. Елегантниот братучед на мајонезот, за кој наместо масло се користи рафиниран путер, е нераскинлив од аспарагус или јајца бенедикт. Холандез сосот го тестира трпението на младите готвачи бидејќи е потребна вештина за да се постигне совршена температура и да не се појават грутки. Класичниот Холандез е тешко да се направи. Ако го готвите предолго, ќе добиете изматени јајца. Ако не го зготвите доволно, сосот нема да се згусне. Ако стане премногу ладно, состојките ќе се расфрлаат и ќе добиете лоша структура. Пред подготовка, оставете ја жолчката најмалку 15 минути на собна температура за да се загрее доволно. Состојки за холандез: 1 жолчка од јајце 1 лажичка вода 1 лажичка сок од лимон 110 гр путер 1 прстофат сол прстофат мелен лут пипер по желба Подготовка: Измешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и малку сол во сад кој одговара на миксер. Растопете го путерот на силен оган со постојано мешање додека не се запени или загрее на 105°C. Измешајте ја смесата со жолчки со внимателно преливање врз растопениот путер. 30 секунди подоцна ќе добиете кремаст сос. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/podobar-od-majonez-neodolivo-kremastiot-sos-koj-e-gotov-za-pomalku-od-60-sekundi/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Ветеринари со мајонез спасиле отруени желки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-veterinari-so-majonez-spasile-otrueni-zelki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-veterinari-so-majonez-spasile-otrueni-zelki/#respond Fri, 05 Mar 2021 09:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=477617

Желки кои се спасени откако биле прекриени од нафта на израелски брег, добиваат мајонез како лек. Надлежните од Национиот центар за спасување на морски желки велат дека мајонезот помага во прочистување на дигестивниот тракт кај ова животно. Излевањето на нафтата во областа е една од најголемите забележани еколошки катастрофи во Израел. Официјалните лица ја испитуваат причината поради која нафтата се излеала. Илјадници волонтери и војници помагаат лепливата супстанца да се отстрани. Јанив Леви кој е основач и директор на Националниот центар истакнал дека успеале да спасат 27 желки. -Сите имаа катран на главата, во очите, носевите, устите, дигестивниот систем и стомакот. Без терапија имаа мали шанси за преживување. Го отстранивме карантинот од нивните носеви и очи за да можат да гледаат и дишат, објаснува Леви. Користеле билно масло, а потоа мајонез за да го отстранат катранот од страните во желудникот и цревата. -Стигнаа прекриени со катран. Во душниците исто така имаа. Им дадовме мајонез за да им се исчисти дигестивниот систем и да се исфрли катранот, изјавил медицинскиот асистент Гај Ивги. Во следните недела или две се очекува целосно закрепнување и потоа животните ќе бидат вратени во вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-veterinari-so-majonez-spasile-otrueni-zelki/feed/ 0
Ќе ви се слоши и на вас: Оваа девојка изеде ненормална количина на мајонез за да постигне рекорд (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-se-sloshi-i-na-vas-ovaa-devojka-izede-nenormalna-kolichina-na-majonez-za-da-postigne-rekord-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-se-sloshi-i-na-vas-ovaa-devojka-izede-nenormalna-kolichina-na-majonez-za-da-postigne-rekord-video/#respond Wed, 04 Sep 2019 06:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=236722

Американката Мишел Леско од Аризона, САД, има дефинитивно добар апетит! Оваа учителка од Аризона поставила нов гинисов рекор во брзо јадење мајонез успевајќи за 3 минути да изеде 2.5 килограми мајонез. Всушност, судиски прецизниот рекорд според Гинис изнесува точно 2/448 грама, односно повеќе од три и пол тегли за само 3 минути! Видеото прикажува како Мишел неверојатно брзо јаде мајонез со лажица додека полека ѝ истекнува времето за соборување на рекордот и поставување нов. Мишел е горда сопственичка на неколку гинисови рекорди меѓу кои се и најбрзо изедена чинија со тестенини и тоа за цели 26,69 секунди како и за рекордот во најбрзо изеден хотдог без користење раце, кој го „смачкала“ во рок од 21,60 секунди! Мишел прв пат се приклучила на натпреварот во брзо јадење откако пријателите се откажале од предизвикот кој требало да го направат заедно. Нејзини двајца пријатели рекле дека не се во состојба да изедат 12 паштети, 12 парчиња кашкавал, зелена салата, домат и хамбургер, ама Мишел не се откажала и се борела без страв како „лавица“. Од тој момент таа била опседнат да се натпреварува во брзо јадење храна. Признала дека нејзиниот брз метаболизам ѝ помага да обработи големо количество храна во краток временски период, ама дека рекордите ги остварила, сепак, благодарение на вежбањето. Таа јаде големи количества храна за да го прошири својот желудник.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-se-sloshi-i-na-vas-ovaa-devojka-izede-nenormalna-kolichina-na-majonez-za-da-postigne-rekord-video/feed/ 0
Колку и да сте љубител на сладолед, ќе се замислите дали да го пробате овој – погледнете од што е! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-i-da-ste-ljubitel-na-sladoled-kje-se-zamislite-dali-da-go-probate-ovoj-poglednete-od-shto-e/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-i-da-ste-ljubitel-na-sladoled-kje-se-zamislite-dali-da-go-probate-ovoj-poglednete-od-shto-e/#respond Thu, 02 Aug 2018 12:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=83868

Слаткарницата Ајс Артисан Ијскрим во Фалкиркук во Шкотска создаде сладолед од мајонез. Сопственикот Кајл Џентлмен изјави дека идејата за овој необичен сладолед дошла од неговата голема љубов за мајонез. Тој истакна дека во домашниот млечен сладолед, кој на самото место е пастеризиран, одлучил да стави и Хелманс мајонез и така добил сладолед со богата кремаста текстура. Слаткарницата инаку е позната по понудата на поинакви вкусови на сладолед, а сопственикот гордо вели дека на луѓето главно им се допаѓа сладоледот од мајонез. Идејата предизвика реакција и на социјалните мрежи и додека едни изразуваат гадење и остануваат верни на класичните вкусови, други велат дека би сакале што побрзо да го пробаат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-i-da-ste-ljubitel-na-sladoled-kje-se-zamislite-dali-da-go-probate-ovoj-poglednete-od-shto-e/feed/ 0