мајски оперски вечери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 May 2022 07:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мајски оперски вечери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на 50. Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-gospogjicite-od-avinjon-vecherva-na-50-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-gospogjicite-od-avinjon-vecherva-na-50-majski-operski-vecheri/#respond Sat, 14 May 2022 07:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=676550

Во рамки на јубилејното 50. издание на „Мајските оперски вечери“ во оф-програмата, на сцената на Националната опера и балет, вечер во 20.00 часот ќе биде изведена атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, балет во девет слики. Балетската претстава е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, а зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографија и режија е на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-gospogjicite-od-avinjon-vecherva-na-50-majski-operski-vecheri/feed/ 0
Започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-50-jubilejno-izdanie-na-majskite-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-50-jubilejno-izdanie-na-majskite-operski-vecheri/#respond Mon, 09 May 2022 19:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=674223

Во Националната опера и балет вечерва започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Настанот беше отворен со операта „Норма“, симболично избрана бидејќи последен пат во земјава била изведена пред 30 години, а „Мајските оперски вечери“ последен пат е  изведена во 1996 година. Во „Норма“ настапи екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои традиционално се отвораат МОВ. Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер Ренато Бонајуто. Настапија и првенките на НОБ, Благица Поптомова во главната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе. Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, а во оф-програмата е балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално, манифестацијата ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-50-jubilejno-izdanie-na-majskite-operski-vecheri/feed/ 0
„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-gi-otvora-jubilejnite-50-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-gi-otvora-jubilejnite-50-majski-operski-vecheri/#respond Thu, 05 May 2022 10:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=672277

Националната опера и балет годинава одблежува 50 години од Мајските оперски вечери, традиција за почит, која и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Празникот на Операта свечено ќе биде отворен на 9 мај со премиера на операта „Норма“ од Винченцо Белини, која ќе биде репризирана и на 11 мај, а на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко – сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди. Директорот на НОБ, Васо Ристов, на денешната прес – конференција, истакна дека изминатите 50 години македонската културна сцена благодарение на престижната манифестација МОВ, активно го живее месецот мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници. -Со изминувањето на годините, се повеќе и посигурно МОВ ги оставруваат проектираните цели и ја оправдуваат потребата за нивното постоење и одржување етаблирајќи се како ценета, престижна и меѓународно етаблирана музичко-сценска манифестација. И после двегодишната пандемија, НОБ успеа да го задржи својот континуитет и квалитете со оглед на предизвиците кои ги носат светската екононска, енергетска енергетската и безбедносната криза, рече Ристов. Уметничкиот раководител на Операта Дејан Прошев нагласи дека за големиот јубилеј на оперскиот фестивал каков нема на Балканот, се одлучиле отворањето на манифестацијата да биде со операта Норма. -Годинава се одбележуваат 30 години од нејзината прва изведба во земјава, а последен пат на МОВ е изведена 1996 година. Имаме екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои по традиција ги отвораме вечерите, рече Прошев. Италијанската артистичка екипа ја сочинуваат диригентот на претставата Енрико Довико од Италија кој се задржа на спецификите и историјатот на Норма како класично оперско дело, со посебна тежина и режисерот Ренато Бонајуто, кој се зблагодари за, како што кажа, доделената одговорност и чест да го отвори 50-то издание на Мајските оперски вечери, со македонските уметници со голем потенцијал. -Завршивме навистина огромна работа, затоа што работевне на текст од 19 век којшто изболилува со терминологија која е неразбирлива и за Италијанците, со оглед дека моравме да обасниме голем дел од тие термини сметам дека успеавме во тоа. При тоа се обидовме на најдобар начин да ги истакнеме ликовите кои се во операта. Да ја претставиме Норма која што е жена мајка, која е изневерена, на начин кој ќе ја долови таа психолошка нитка кај овој лик. Сценограијата ќе изобилува од тн земјени бои, затоа што епохата во која се случува дејствието уште пред римјаните, ги поврзува со земјата, со природата, рече маестро Бонајуто. Во Операта настапуваат и првенките на НОБ, Благица Поптомова која ќе ја изведе насловната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, кои изразија задоволство да бидат дел од отворањето на МОВ и предизвикот да настапат во една ваква добра продукција, вклучувајчи ја сценографијата и костимите. -Норма е една комплексна и виртуозна улога која секој сопран ја посакува, се разбира во малку позрели години, бидејќи доколку не се поседува добра техника и искуство, Норма е голем залак за да биде перфектно изведена. Дадовме се од себе и мислам дека публиката ќе ужива, рече Поптомова Цуцковски посебно ја истакна соработката со режисерот маестро Бонајуто и диригентот Довико, за посветеноста своите знаења за италијанската опера, белкантото да ги пренесат на солистите. Во рамки на одбележувањето на овој исклучителен јубилеј ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1982 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-gi-otvora-jubilejnite-50-majski-operski-vecheri/feed/ 0
„Аида“ ги затвора 47-ми Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/aida-gi-zatvora-47-mi-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/aida-gi-zatvora-47-mi-majski-operski-vecheri/#respond Fri, 31 May 2019 05:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=203783

Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида“, а  оваа година популарната опера на Верди е во продукција на  театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Модерната „Аида“ е спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која, како што најави Националната опера и балет, ќе ја одведе публиката во светот на древниот Египет преку  футуристичко видување со 3Д-проекции на сцената. Со новата постановка на оваа Вердиева опера и почнаа 47. Мајски оперски вечери на 9 мај, но вечерашната изведба ќе има друга, интернационална екипа. Насловниот лик ќе го игра Русинката Олга Романко, а останатите главни улоги ќе ги толкуваат:  Ирина Долженко од Русија (Амнерис), Ѓорѓи Цуцковски (Радамес),  Анџело Веча од Италија (Амонасро) и  Александар Стефаноски (Фараонот). Диригент е  Диан Чобанов од Бугарија. Покрај „Аида“, дел од годинашната фестивалска програма беа уште  две опери на Џузепе Верди  – „Риголето“ и „Травијата“, како и оперите „Лучија од Ламермур“ и „Ана Болена“ на Доницети и „Боеми“ на Пучини и балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/aida-gi-zatvora-47-mi-majski-operski-vecheri/feed/ 0
„Травијата“ на Мајските оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-na-majskite-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-na-majskite-operski-vecheri/#respond Tue, 28 May 2019 05:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=202635

На претпоследниот програмски настан од годинашните Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“ на  Џузепе Верди со Сања Керкез од Белград во главната улога, во режија на Верена Штојбер од Германија. -Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима, соопшти  Националната опера и балет. Покрај Сања Керкез, која ќе настапи во улогата на Виолета Валери, во претставата учествуваат и Благој Нацоски како Алфред Жермон и Грузиецот  Отар Накашидзе како Жорж Жермон. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска. Следен и последен настан на 47. Мајски оперски вечери е „Аида“ на 31 мај. Со оваа популарна Вердиева опера фестивалот и беше отворен на 9 мај.  Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, а за втората изведба за затворањето в петок ќе има меѓународна екипа, со Русинката Олга Романко во насловната улога. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-na-majskite-operski-vecheri/feed/ 0
Вердиевата „Аида“ ги затвора 46. Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/#respond Thu, 31 May 2018 06:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=60339

Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи  сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Снежана Филиповска, а диригент Бисера Чадловска. Во приказната за љубовниот триаголник меѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе учествуваат и Валтер Фракаро од Италија и Софија Јанелидзе од Грузија. Во останатите улоги се првенците на МОБ - Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александара Лазаровска Василевски и Марјан Николовски. На оперската изведба ќе претходи  ретроспектива на достигнувања во оперската уметност на примадоната Данка Фирфова по повод 100 години од нејзиното раѓање. Таа е доајен и една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија, која припаѓа во редот на првите македонски драмски сопрани. Мајските оперски вечери годинава беа во знакот на 160 години од раѓањето на италијанскиот композитор Џакомо Пучини и се одржаа под мотото „Го славиме Пучини“. Фестивалот почна на 9 мај со неговата опера „Боеми“, а беа изведени и „Тоска“ и „Турандот“. На годинашните Вечери гостуваше и претставата „Змејот од Босна“ од Националната опера на Босна и Херцеговина и имаше два гала-концерта - „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/feed/ 0
Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/majski-operski-vecheri-promocija-na-monografijata-za-zina-krelja-i-izvedba-na-turandot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/majski-operski-vecheri-promocija-na-monografijata-za-zina-krelja-i-izvedba-na-turandot/#respond Sun, 20 May 2018 07:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=56150

Промоција на монографијата посветена на нашата оперска примадона Зина Креља вечерва ќе се одржи во рамки на програмата на 46. издание на Мајските оперски вечери. Нејзината богата и успешна кариера и животниот пат се претставени во ова книжевно издание, чии креатори се м-р Снежана Анастасова - Чадиковска и д-р Александар Трајковски. Рецензенти на делото се проф. Фимчо Муратовски и м-р Весна Гиновска-Илкова. По завршувањето на промоцијата на ова дело ќе се одржи пригоден концерт на кој ќе настапат повеќе првенци од нашиот ансамбл. На големата сцена на Македонската опера и балет посетителите ќе имаат можност да ја видат приказната за принцезата „Турандот“, уште едно маестрално дело на големиот Пучини, кое воедно е и последно во неговиот животен опус. Диригент ќе биде гостинот од Република Италија, Алесандро Д’Агостини, додека режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако, исто така од Италија. За светлосниот дизајн се погрижи австрискиот мајстор Волфганг фон Цубек. Во улогата на Турандот ќе ја видиме нашата првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, како Калаф, гостинот од Франција, Амади Лага, како робинката Лиу ќе ја видиме гостинката од Чешка, Ноема Ерба и како Тимур, нашиот Игор Дурловски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/majski-operski-vecheri-promocija-na-monografijata-za-zina-krelja-i-izvedba-na-turandot/feed/ 0
Почнуваат 46. Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuvaat-46-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuvaat-46-majski-operski-vecheri/#respond Wed, 09 May 2018 06:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=51773

Со премиера на операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, вечер во Македонската опера и балет ќе почнат 46. Мајски оперски вечери. Свечено ќе бидат отворени со палење на фестивалскиот оган на платото пред МОБ, по што ќе следува новата постановка на популарната опера на Пучини. Фестивалот годинава е во знакот на 160-годишнината од раѓањето на италијанскиот композитор (1858-1924) и со мото „Го славиме Пучини“, а во програмата се уште две негови опери „Тоска“ на 12 мај и „Турандот“ на 19 мај. Ќе има и гала оперски концерт „Пучини и Росини“ (23 мај) со кој водено ќе бидат одбележани и 150 години од смртта на Џоакино Росини. „Боеми“ - приказна за љубовниците Родолфо и Мими во Париз, кои ги играат тенорот Ѓорѓи Цуцковски и сопранистката Благица Поп Томова, во Македонската опера и балет ќе биде изведена по пауза од 11 години, Новата премиера го следи либретото, има четири чина со една пауза. Во екипата покрај Цуцковски се уште двајца солисти кои учествувале и во „Боеми“ на режисерот на Стојан Стојанов-Ганчев од 2007-ма - Горан Начевски (Марчело) и Ристе Велков (Шонар). Настапува хорот и оркестарот на МОБ под водство на италијанскиот диригент Џанлука Мартиненги. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимограф Марија Пупучевска. На програмата на Мајските оперски вечери покрај „Боеми“, „Тоска“ и „Турандот“ се уште две оперски претстави - „Змеј од Босна“ на Националната опера на Босна и Херцеговина (22 мај) и Веридевата „Аида“ со која традиционално на 31 мај се затвора фестивалот. Како вовед во 70-годишнината од основањето на Балетот на МОБ, што ќе биде одбележано во следната сезона 2018/2019, на 46. Мајски оперски вечери ќе има балетски концерт „Балетски бисери“ (15 мај) кој ќе ги опфати најубавите балетски дела со учество на солисти-првенци,  балетскиот ансамбл и гости од Србија, Хрватска и Бугарија. Истата вечер по повод основањето на Балетот на МОБ ќе биде отворена и изложба „Почетоци“ посветена на првите генерации балетски уметници во Македонија. Во придружната програма се уште две изложби - #retrOpera - со која МОБ се придружува на европската иницијатива Европски оперски денови, и ретроспективната изложба на дела од долгогодишната кариера на Васе Урдин. Во оф-програмата е и промоција на монографија за оперската примадона Зина Креља - првенка и една од основоположниците на МОБ, потоа Вечер со Аки Нуредини - „До ре ми фа Соле“, а на последниот ден од фестивалот ќе бидат одбележани и 100 години од раѓањето на оперската певица Данка Фирфова, која припаѓа на првите драмски сопрани во Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuvaat-46-majski-operski-vecheri/feed/ 0