макам транс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 16:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png макам транс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Богоев на средба со претставниците на МАКАМ-ТРАНС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-na-sredba-so-pretstavnitsite-na-makam-trans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-na-sredba-so-pretstavnitsite-na-makam-trans/#respond Tue, 04 Jul 2023 16:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=852631

Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска. Од страна на асоцијацијата изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ги презема во насока на унапредување на царинските процедури преку поедноставување на постапките, со цел забрзан проток на стоки и намалување на трошоците за транспортните компании. Континуираниот дијалог и соработката со бизнис заедницата е од голема важност во креирањето политики за унапредување на трговијата и транспортот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-na-sredba-so-pretstavnitsite-na-makam-trans/feed/ 0
Транспортерите  со околу 200 камиони го блокираа Скопје: Бараат да се укине акцизата и воведување на прогресивен данок (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/#respond Tue, 28 Apr 2020 12:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=338653

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево  се движеше низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата „Макам-транс“ изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот. Колоната од транспортери започна да се движи од клучката кај Хиподром за влез во Скопје, преку Владата и Собранието каде преку свирење го искажаа својот револт. Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. -Би сакала да пратам порака до сите економисти и тие што се јавуваа и говореа дека транспортерите најмногу заработуваат и имаат високи цени да ми кажат како успеавме да донесеме над 200 камиони на протест ако имаат толку многу работа? Што значи нашата работа е преполовена, единствено нешто што од Бог ни падна се цените на нафтата бидејќи се друго ако успееме да добиеме од секоја од мерките значи и треба да вратиме. Така да ова беше предупредувачки протест за да не видат. Ова се огромни инвестиции кои што се вложени кај транспортерите, ние се бориме со невидени работи кои што се случуваат на терен, дали се конвои, судири во тие конвои, нашите возачи остануваат по десетина дена на пат што значи се зголемуваат трошоците за нивни дневници, вели претседателката на асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ Билјана Муратовска. Таа апелира до Владата сите овие барања кои што се доставени и ако сакаат да бидат сите солидарни и рамноправни нека воведат прогресивен данок. -Најбогатите каде што влегуваат банките, осигурителните компании и телекомуникациските оператори и сите други што земаат огромни профити нека платат 2 проценти данок и да го наречеме данок за ковид-19 и назад да се навраќа по еден процент на сите па се до најмалите и без да ги исклучиме асоцијациите како нас и сите други и да одвоиме по 0,5 проценти и да помогнеме на стопанството, додава Муратовска. Протестот  се одвиваше согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата од коронавирусот поради која што се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз. -Дали ќе не послушаат или не тоа е еден огромен срам за нив кога ќе видат колку возила поминаа, секоја Влада треба да е за народот, а не обратно, додаде на крајот Муратовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/feed/ 0
Транспортерите на протест низ центарот на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-niz-centarot-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-niz-centarot-na-skopje/#respond Tue, 28 Apr 2020 10:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=338604

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс израззија протест за покачената акциза на горивата и побараат поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот. Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Протестот се одвива согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-niz-centarot-na-skopje/feed/ 0
Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/#respond Tue, 28 Apr 2020 05:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338399

Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс за денеска напладне најави протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Според Макамтранс, протестот ќе биде согласно со сите мерки за безбедност кои се во сила со оглед на состојбата со коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз. Секој од учесниците во протестот, според најавата, ќе биде изолиран во возилото (влекач, пикап, автобус, патничко возило и сл.). Како што најавија, нема да прават какви било блокади, ниту пак ќе има собирање на маса на луѓе. Колоната од возила ќе се движи по определена маршута. Почетната точка е клучката Хиподром за влез во Скопје, а при движењето низ центарот на Скопје ќе подзастанат пред зградите на Владата и на Собранието каде ќе се движат бавно и ќе ги вклучат сирените за да испратат порака. Ќе се движат по една коловозна лента и со тоа нема да предизвикаат застој на сообраќај на улиците на главниот град. Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари. – Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите правни субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме солидарност и секој ќе го даде својот придонес според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза товарот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, велат од Макм-транс. Намалената цена на погонското гориво, дополнуват, е единствената мерка која ја имаат превозниците, а за која не треба дополнително да се задолжуваат (камати) и да ги враќаат земените средства согласно мерките кои ги спроведува Владата. Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата, одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон минимум 6 месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави. Бараат и подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредбата за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи), која со измените од 2018 година, тврдат, продуцира нефер и нетранспарентна распределба на сите меѓународни дозволи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/feed/ 0
Макам-транс против предлогот за зголемување на акцизата на горивата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makam-trans-protiv-predlogot-za-zgolemuvanje-na-akcizata-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makam-trans-protiv-predlogot-za-zgolemuvanje-na-akcizata-na-gorivata/#respond Fri, 10 Apr 2020 08:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=330067

За Асоцијацијата на камионски превозници Макам-транс е неприфатлива, нерационална и несолидарна мерката што ја предложи Стопанската комора на Македонија за зголемување на акцизата на горивата, со што би можело да се соберат што поголеми средства во Буџетот и би се надминале проблемите со недостаток на средства за помош на целото стопанство. Мак-транс денеска побара Владата да не ја прифати предложената мерка, оценувајќи дека таа нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат, а тоа, истакнуваат, може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали и средни трговски друштва и земјоделците. – Со секоја почит за предлог на мерки кои се рационални и се однесуваат на сите, но со оваа мерка се надминуваат сите граници на  рационалност и солидарност, олигарсите пак сакаат теретот да се префрли на плеќите на сите превозници, но и на сите граѓани на кои драстично се и ќе бидат намалени примањата од нето плата. Предлагаат мерка која нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат , а тоа може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали , средни трговски друштва и земјоделците, вели во пишана изјава Билјана Муратовска, генерален секретар на  Макмтранс. Таа апелира до Стопанската комора да изврши притисок до банките и другите свои членки во овие тешки времиња да преземат соодветни мерки и тие да понесат дел од одговорноста, како што истакнува, со враќање на дел од средствата кои со години ги заработуваа како екстра профит, за да можат по надминување на оваа криза пак да го прават истото. Од Макмтранс појаснуваат дека зголемувањето на акцизата за нафтените деривати би значело постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото , односно да изнесува 17,121 денари. – Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Така, микро, малите и средни бизниси, земјоделците да се жртвуваат, а на олигарсите да не им фали ни влакно од главата. Се надеваме дека оваа тешка ситуација барем малку ви покажа колку се важни превозниците, земјоделците, колку се важни сите мали бизниси кои 80 отсто го полнеа буџетот, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување. Крајно време е после 30 години некој од политичките партии да им каже на олигарсите ДОСТА Е, вратете нешто во стопанството и немојте да барате преку леб погача, стои во писмото од Макамтранс до премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makam-trans-protiv-predlogot-za-zgolemuvanje-na-akcizata-na-gorivata/feed/ 0