МакеДокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 05:17:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МакеДокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-14-festival-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-14-festival-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=867692

Во Куршумли ан вечер во 20 часот ќе биде отворен 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој ќе се одржува до 24 август во Скопје под мотото #пресечи (#cutit). Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови. На првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани краткиот документарен филм од Франција „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон и германскиот долгометражен документарец „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб, а по проекциите концерт ќе одржи групата „Искра“. Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска. „МакеДокс“ во соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“ ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“. Фестивалот ќе се одржува на четири локации – Куршумли ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар и Супи ан, додека мастеркласовите ќе се одржат во Даут-пашин амам. Целосната програма е достапна на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), може да се симне и фестивалската апликација и онлајн да се купат билети за фестивалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-14-festival-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/feed/ 0
Фестивалот „МакеДокс“ од 17 до 24 август, во програмата 75 документарни филмови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-makedoks-od-17-do-24-avgust-vo-programata-75-dokumentarni-filmovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-makedoks-od-17-do-24-avgust-vo-programata-75-dokumentarni-filmovi/#respond Thu, 10 Aug 2023 12:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865512

Со главниот фокус на монтажата, од 17 до 24 август оваа година ќе се одржи 14-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Програмата е составена од 75 документарни филмови, а фестивалот ќе биде отворен со „Танцувајќи ја Пина“ од режисерот Флоријан Хајнцен - Зиоб и ќе заврши со полскиот документарен филм „Вика“, од Агњешка Цвиевка. Фестивалот ќе има четири локации за проектирање - Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, МКЦ, и летното кино Сули ан. Како што најави на денешната прес-конференција Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, пред прикажувањето на „Танцувајќи ја Пина“, ќе се одржи проекција на краткиот документарен француски филм „Над рудникот“ од Тео Аудиоре и Лова Карлсон. Таа потенцираше дека отворањето и затворањето на фестивалот се предвидени како еден вид на танцувачко-музички перформанс. -Во рамките на фестивалот, ќе има повеќе документарни филмови кои што беа дел од најреномираните и најпрестижните фестивали во Европа и во светот. Меѓу другото, тука се и филмовите на српската режисерката Мила Турајлич - „Неврзаните: Сцени од Фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски Герили: Сцени од Фондот на Лабудовиќ“, рече Вељановска. Најави дека оваа година ќе бидат прикажани и македонски филмови. Ќе се одржи проекција на филмот „Тело“ на режисерката Петра Селишкар. Филмот е, како што рече, македонско-словенечка-француско-хрватска копродукција и ќе има светска премиера деновиве во Сараево. Ќе се одржи проекција и на филмот „Лилјан“ на Драгана Стојадиновска. -Покрај „Тело“, како македонска премиера исто така во програмата на „Македокс“ е и филмот „Спроти ветрот“ во француско-индиска копродукција, но значајно е дека на неа работеа двајца македонски монтажери, додаде Вељановска. Исто така, ќе биде прикажан и филмот „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри. -Не случајно оваа година одбравме земја во фокус да биде Данска, со оглед на тоа што монтажата е во фокус на фестивалот, а данските документарни филмови се познати по тоа што се перфектно скроени и перфектно измонтирани. Оваа година заедно со Данскиот филмски институт одбравме 12 долгометражни дански документарни филмови кои ќе ги прикажеме на „Македокс“, рече Вељановска. Како што посочи, ќе биде прикажан филмот „Невиност“ на режисерот Гај Давиди од Израел, кој беше прикажан на Венецискиот филмски фестивал, како и филмот „Планините“ на данскиот режисер Кристијан Ајншој. -Покрај данските филмови во земјава кои што се од оваа програма, секако ќе има и филмови од претходните години, од постарата данска документарна сцена, најави Вељановска. Таа информираше дека во кратката документарна програма, оваа година на „Македокс“ ќе се натпреваруваат 12 филмови. Во студентската програма ќе се натпреваруваат 10 филмови, а во младинската програма ќе се прикажат три долгометражни документарни филмови, а пред нив ќе има анимирани студентски филмови, кои што оваа година се добиени во соработка со Флипбук фестивалот, чие што отворање е денеска. Сара Ферро, координаторката на МакеКоПроДокс форумот на денешната прес-конференција информираше дека оваа година, меѓудругото, во рамки на фестивалот ќе има два мастеркласа кои ќе се одржат на 19 и 20 август во Даун пашин амам. Едниот мастерклас е на хрватскиот монтажер Владимир Гојун, а вториот мастерклас е на српската режисерка Мила Тулериќ. Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот ја спомена мрежата „Doc Around Europe“ која беше формирана пред две години, а еден од основачите е и Македокс. Како што рече, со оваа мрежа оваа година започнуваат нов проект „Doc generation“, проект кој ќе трае во следните две години, а чија цел има да промовира нови млади автори на пет фестивали. -Во моментот во Скопје ќе бидат присутни пет студенти, кои со своите документарни филмови ќе бидат дел од натпреварувачката програма, како и дел од кратката програма и програмата од нови автори кои спаѓаат во склоп на оваа мрежа. Тие под менторство на експерти од Европа и од Балканот ќе имаат индивидуални групни сесии за нивно поголемо вклучување во самата документарна индустрија, рече Набаков на денешната прес-конференција. Тој додаде дека и оваа година ќе има пет натпреварувачки категории. Главната програма - „кромид“, наградата за млади автори - „млад кромид“, наградата за кратки филмови - „сецкан кромид“, студентската награда и награда за етички идеи. Потенцираше дека ќе има интернационално жири со 15 членови, по три во секоја од овие категории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-makedoks-od-17-do-24-avgust-vo-programata-75-dokumentarni-filmovi/feed/ 0
Почнува 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-13-izdanie-na-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-13-izdanie-na-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/#respond Thu, 18 Aug 2022 05:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=720210

Тринаесетото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс” кое започнува денеска и ќе трае до 25 август, ќе се одржи на четири локации во Скопје – во Куршумли ан, плато пред Куршумли ан, МКЦ и „Europe House Скопје“. Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Europe House Скопје“. Програмата Земја во фокус ќе се одвива со тематски наслов „Чешки филмски експеримент – два, нула, два, два“ и ќе опфати осум долгометражни и неколку кратки, анимирани и доку-анимирани филмови кои ќе ја претстават најновата чешка документаристичка сцена, доловувајќи ѝ ги на публиката на „МакеДокс“ атмосферата и темите што ги интересираат авторите на чешките документарни филмови, нивниот начин на работа, како и односот кон протагонистите и развојот на првичната идеја до филм како целосно дело. Време на промени, историски и политички превирања, пандемии, научни откритија, експерименти, авантури – се теми што ги обработуваат најновите чешки документарни филмови. Интересен е фактот што најголем удел при продукцијата на овие чешки документарни филмови има Чешката национална телевизија, која очигледно сè уште покажува особен интерес за презентирање на овие социјални и општествени проблеми и настани на граѓаните и се јавува како главен продуцент во најголем број од документарните филмови. Програмата, како што информираат од МакеДокс, ќе почне утре, со проекција на филмот „Рене – Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102’) на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“. Таа на 20 август во „Europe House Скопје“ ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години. Програмата Земја во фокус – Чешка е поддржана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија и Сивус – Групација „Арикома“. Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“. Медиумски покровители на 13. „МакеДокс“ се: Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Еспресо.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-13-izdanie-na-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/feed/ 0
Вечерва „Исцелител“ на Кино на отворено во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vecherva-iscelitel-na-kino-na-otvoreno-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vecherva-iscelitel-na-kino-na-otvoreno-vo-kisela-voda/#respond Sat, 13 Aug 2022 14:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=718066

Еден од најнаградуваните македонски филмови, кој се прикажуваше на десетици светски филмски фестивали, вечерва пред публиката во Кисела Вода. Од 21 часот, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се емитува на „Кино на отворено“, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”. Како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите се прикажуваат анимирани филмови од архивата на Македокс. Летниот филмски фестивал на отворено во организација на Општина Кисела Вода кој со поддршка од МакеДокс се одржува од вторникот, завршува утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vecherva-iscelitel-na-kino-na-otvoreno-vo-kisela-voda/feed/ 0
Фестивал „МакеДокс“ од 18 до 25 август https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festival-makedoks-od-18-do-25-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festival-makedoks-od-18-do-25-avgust/#respond Wed, 10 Aug 2022 05:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=716278

Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржува од 18 до 25 август во Скопје. Комплетната програма на фестивалот ќе биде објавена на денешната прес-конференција, што ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар. На прес-конференцијата ќе се обратат Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“ и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот. Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институт „Јунус Емре“-Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festival-makedoks-od-18-do-25-avgust/feed/ 0
„МакеДокс“: Проекции на документарни филмови во Виница и Пекљани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedoks-proekcii-na-dokumentarni-filmovi-vo-vinica-i-pekljani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedoks-proekcii-na-dokumentarni-filmovi-vo-vinica-i-pekljani/#respond Fri, 03 Sep 2021 05:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=558589

Со проекции на документарни филмови во Виница и во Пекљани, денеска и утре екипата на „МакеДокс“ ги продолжува своите омилени патешествија низ државата во рамки на Патувачкото кино и по завршувањето на 12. Фестивал на креативен документарен филм. Фестивалот „МакеДокс“ се одржа од 19 до 26 август во Скопје, беа прикажани 70 документарни филмови во пет категории, присуствуваа над 30 гости, а петте жири-комисии, кои беа составени од 15 врвни професионалци од документарниот свет, доделија пет награди и четири специјални признанија. Во рамките на фестивалската програма се одржа и третото издание на МакеКоПроДокс форумот, на кое беше направен пичинг на 11 проекти во фаза на продукција и постпродукција од регионот. Патувачкото кино на „МакеДокс“ оваа година го смени својот формат и се одвива четири викенди во различни месеци од летниот период. Во јуни беше во Кратово (25 јуни) и село Шлегово (26 јуни), во јули имаше проекции во Штип (2 и 3 јули), Кочани (9 јули) и Оризари (10 јули), додека последните две проекции од годинашното Патувачко кино ќе се одржат во Виница, денеска, и утре во Пекљани. Патувачкото кино на МакеДокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион. Сите активности на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се одвиваат согласно протоколите за одржување на културни настани во време на пандемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedoks-proekcii-na-dokumentarni-filmovi-vo-vinica-i-pekljani/feed/ 0
Завршува 12. „МакеДокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-12-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-12-makedoks/#respond Thu, 26 Aug 2021 05:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=555082

На последниот ден од 12. „МакеДокс“ денеска ќе бидат објавени наградите и ќе бидат прикажани краткиот документарен филм „Е14“ на Пејмен Зекават и долгометражниот документарец „Хелмут Њутн: Лошите и убавите“ на Геро фон Бом. Поради голем интерес на публиката, вечерва од 20:30 часот, на платото пред Куршумли-ан, репризно ќе биде прикажана и англиско-македонската документарна копродукција со наслов „Сава“. Гласот на реката Сава во филмот го дава светски познатата актерка Мира Фурлан, која почина за време на правењето на постпродукцијата на филмот. Режисер на филмот е Метју Сомервил, на сценариото работеше Мира Фурлан, снимател е Дан МекКрум, а монтажата е на Горјан Атанасов. Дванаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Град Скопје, Гете институтот Скопје, Институтот „Јунус Емре“, Амбасадата на Украина, Здружението на Украинци во Северна Македонија во име на Лесја Украинка, Норвешката амбасада Белград, Норвешкиот филмски институт, Францускиот институт Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија, УНИЦЕФ, СПОНА, Амбасадата на Република Чешка и Чешкиот културен центар Софија. Партнери се „Петра Пан филм продакшн“, Младинскиот културен центар, Кинотека на РСМ и мрежата на документарни филмски фестивали „Doc Around Europe“. Сите програмски активности на фестивалот, како што информираат организаторите, се одвивале согласно здравствените протоколи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-12-makedoks/feed/ 0
Македонска премиера на филмот „Сава“ на фестивалот „Македокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/#respond Mon, 23 Aug 2021 05:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=553817

На Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ вечер од 23 часот во Куршумли ан македонска премиера ќе има документарецот „Сава“ – патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Посветен е во сеќавање на актерката Мира Фурлан која е наратор во филмот. Копродукција е помеѓу македонската „Ортак филмс“ и „Сава филмс“ од Англија. Неодамна филмот имаше светска премиера на фестивалот „Докуфест“ во Призрен, а беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Режисер и продуцент е Метју Сомервил од Велика Британија, монтажата е на Горјан Атанасов од Северна Македонија, сниматели се Ден Мекрам и Метју Сомервил. Ова е прв долгометражен документарен филм на режисерот Сомервил, кој има завршено документарна фотографија на Универзитетот „Фалмаут“ во Лондон. Во овој филм реката има глас и во улога на наратор е актерката Мира Фурлан, а текстот за нарацијата, покрај неа, го потпишуваат и Мекрам и Сомервил. Музиката е на Робин Шлохтермајер. Фасцинацијата на режисерот поврзана со регионот на поранешните југословенски простори и луѓето кои живеат по течението на реката Сава почнала со неговото прво доаѓање на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, каде што поминал некое време во разгледување на регионот. Така почнал да ја истражува историјата, политичкиот и социјалниот живот на овие народи. Во 2013 година со автомобил од Лондон до Белград тргнал на патешествие низ градовите и селата по течението на реката. – Сакав да покажам како природата е поголема од која било нација, реките ќе течат долго и откако ќе не нема. Реките ги поврзуваат луѓето, повеќе од кое било знаме, култура или етничко припаѓање. Со овој филм сакам да покажам како најдолгата река во некогашна Југославија се уште ги поврзува луѓето, иако границите се поместени. Јас сум антинационалист, кој е вљубеник во природата. Луѓето се многу често изманипулирани и поделувани од страна на политичарите, а медиумите ја имаат таа моќ да ја сменат колективната свест. Сакам луѓето да се слушнат едни со други. Сакам луѓето да забават. Да се прифатиме едни со други и да комуницираме околу природата, вели режисерот Сомервил. Во Лондон во 2019 година се запознал со Горјан Атанасов, кој во тоа време бил на постдипломски студии по постпродукција на Универзитетот „МетФилм скул“. Освен што е задолжен за монтажа на филмот, Атанасов е и копродуцент. Одлучуваат да и дадат глас на реката, за да ги поврзат приказните на луѓето, кои живеат покрај брегот на реката Сава. Во потрага по зрел женски наратор, Сомервил добил контакт на Мира Фурлан, една од најголемите ѕвезди од југословенскиот филм, која успеа да направи и кариера во Холивуд. На неговата е-порака со покана таа да соработува на овој проект, Фурлан одговорила: „Драг Метју, многу ми е драго и се чувствувам почестена што помисливте на мене за овој прекрасен проект. Целиот мој живот го посветив против поделбата. Можам да го потпишам моето име под твојата реченица, каде зборуваш за природата и човечката поврзаност, кои се над сите опасни илузии за национализмот. Како една од граѓаните кои ја загубија својата земја во онаа бесмислена војна во која се бореа новите елити за финансиска корист, ви благодарам за овој проект. Со еден збор: Да. Би соработувала со вас на овој проект“. По една година преписки и постојан контакт преку онлајн-платформите, Фурлан пристигнала во Лондон, каде ја снимиле првата сесија за нахсинхронизација. За време на пандемијата успеале да реализираат уште една сесија преку Зум-платформата, додека таа е во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а Горјан и Метју во Лондон. – Веќе во септември не успеавме да дојдеме во контакт со неа повторно и нејзиниот сопруг не контактираше да ни пренесе дека Мира е болна. Требаше да ја снимиме со неа последната нахсинхронизација, но не успеавме. Следните три месеци беа мачни за чекање. За жал, Мира почина. Филмот е посветен во сеќавање на неа и на нашата бесценета соработка со оваа голема уметница, вели режисерот Сомервил. Во март оваа година филмот беше завршен во Скопје, а постпродукцијата во април, во Лондон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/feed/ 0
Седумдесет документарни филмови дел од годинашното издание на „МакеДокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedumdeset-dokumentarni-filmovi-del-od-godinashnoto-izdanie-na-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedumdeset-dokumentarni-filmovi-del-od-godinashnoto-izdanie-na-makedoks/#respond Thu, 12 Aug 2021 10:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=549658

„Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ фестивалите во Европа. Фестивалот ќе се одржи во Куршумли-ан, МКЦ, Музејот на современа уметност и Музејот на Македонија. Како што посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, мотото симболизира преиспитување што и како да правиме од сега па натаму. – Со самото тоа и мотото на фестивалот гласи „Where do we go now“, односно „Што сега“. Некако во овие две години сите имаме некоја желба да патуваме или да се поместиме од место, всушност сме вкоренети во едно исто место. Можеби тоа треба да го искористиме за да се преиспитаме што сега, како сега и како од сега понатаму, рече Набаков на денешната прес-конференција. Тој посочи дека на фестивалот ќе бидат прикажани околу 70 документарни филмови, поделени во пет натпреварувачки категории. Главната програма која се бори за наградата „Кромид“, на овие автори, односно „Млад Кромид“, кратки документарни филмови – „Сецкан Кродмид“, студенстката програма – „Кокарче“, но и награда за етички идеи, која традиционално се доделува на фестивалот, а е сочинета од филмови кои се наоѓаат во програмите нови автори и главната документарна програма. Ќе има плус уште две програми надвор од компетиција, тоа е Земја во фокус. Оваа година во фокусот е Украина, а ќе има и програмата за деца и млади. Жирито го сочинуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Според Набаков, ново е тоа што за разлика од претходната година оваа година на фестивалот ќе има 30 странски гости. -Сите филмови ќе ги даваме само физички, односно оваа година фестивалот ја зазема физичката форма, немаме хибриден фестивал како претходната година. Освен делот за филмски професионалци, мастер класовите, работилниците, и копродукс форумот ќе бидат онлајн со некоја си хибридна форма, појасни Набаков. Петрула Велјановска, од програмскиот тим на МакеДокс на прес-конференцијата посочи дека фестивалот оваа година ќе биде отворен со филмот „Луѓе од гаражи“ на режисерката Наталија Јефинкиња, тоа е филм од „Њу камер“ програмата, филм кој ќе биде во натпреварувачката програма за дебитански филм. Инаку, во оваа програма исто така ќе се натпреваруваат филмовите како што е „Зиндер“, на режисерката Ајџа Џамаки, еден од филмовите кој ни доаѓа од Африка. Како што рече Велјановска, во главната програма оваа година на МакеДокс ќе се најдат осум филмови, кои биле присутни на светски познатите фестивали за документарни филмови. Во главната програма ќе биде и филмот Гунда на режисерот Виктор Косаковски, кој пред две години беше присутен на МакеДокс. Исто така, во главната програма ќе се најдат и филмовите кои беа фестивалски хитови во 2020 година. -Оваа година на МакеДокс, во фокус програмата ќе биде земјата Украина, земја која изминативе години покажа исклучтиелно добра документаристипчка продукција, филмови кои многу често беа наградувани на светските филмски фестивали и освоија многу награди, рече Велјановска. Отворањето на земја во фокус програмата ќе биде следниот ден по официјалното отворање на фестивалот, зна 20 август, во Куршумли-ан, програмата ќе биде отворена со филмот „This rain will never stop“, кој што исто така ја доби наградата за најдобар дебитански филм на Интернационалниот фестивал во Амстердам. Режисерката на филмот ќе биде присутна на фестивалот, а покрај нејзе ќе има уште пет гости од Украина, кои ќе бидат присутни со своите филмови. Ќе имаме и две гостинки од фестивалот за човекови права на Украина. -Тука е и студентската програма која што ќе се состои од седум исклучителни студентски филмови, тука се филмовите на албанската режисерка Лугина Шкупа, како и на режисерката Виф Ли -„I dont feel at home anywhere anymore“. Во програмата за кратки филмови ќе има околу 17 кратки филмови, додаде таа. И година ќе има детска и младинска програма на фестивалот. Избрани се девет норвешки анимирани детски филмови, но и неколку кратки документарни филмови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedumdeset-dokumentarni-filmovi-del-od-godinashnoto-izdanie-na-makedoks/feed/ 0
Започнува 12. издание на патувачкото кино „МакеДокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochnuva-12-izdanie-na-patuvachkoto-kino-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochnuva-12-izdanie-na-patuvachkoto-kino-makedoks/#respond Fri, 25 Jun 2021 05:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=527718

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска го започнува 12-тото издание со прикажување документарни филмови во осум градови и населени места во североисточниот регион. Оваа година патувачкото кино има променет формат и ќе се одржи во текот на четири викенди, распоредени во месеците јуни, јули и септември, во Североисточниот регион на државата. Прикажувањето на документарните филмови започнува денеска во Кратово и утре во село Шлегово. Патувачкото кино досега има посетено 75 места низ државата, а во најголем дел од овие места никогаш претходно не се одржала кино проекција или имало пред околу 40 години. Организаторите велат дека проекциите на „МакеДокс“ сред село се доживување и атракција за сите жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochnuva-12-izdanie-na-patuvachkoto-kino-makedoks/feed/ 0