македон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 15:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малиот Македон доби признание од Пендаровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-makedon-dobi-priznanie-od-pendarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-makedon-dobi-priznanie-od-pendarovski/#respond Fri, 25 Nov 2022 15:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=766625

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. Во категоријата „Најдобар млад научник во општествени науки“ носител на признанието е д-р Виктор Стојкоски, додека за Најдобар млад научник во хуманистичките науки e избран м-р Иван Антоновски. За најдобар млад научник во природно-математички и технички науки е избран д-р Андреј Ристески, а за Најдобра млада научничка во медицински науки е избрана д-р Гордана Георгиева. Во категоријата „Млад талент“ носители на признанието се Македон Димитровски, ученик во трето одделение во основното училиште „Лирија“ од Тетово и средношколецот Алексиј Тасиќ. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата доби Нина Костовска, додека за најдобра млада уметничка е избрана Наталија Теодосиева. Во своето обраќање на церемонијата претседателот Пендаровски рече дека како припадници на новата генерација македонски интелектуалци, овие млади луѓе се дел од креативното малцинство кое има потенцијал да направи значајни пробиви во своите области. „Овие успешни млади луѓе се позитивен пример за нивните врсници, но и за генерациите што допрва доаѓаат. Нивниот пат до успехот не е ни малку лесен, бидејќи бара време и посветеност во континуитет. И затоа од државата мора да биде соодветно награден и вреднуван. Имено, токму тоа е главната цел на признанието „Успешни млади“ – да ја поттикне научната, истражувачката и креативната работа на младите“, рече претседателот Пендаровски. „Но, со ова признание сакаме да постигнеме уште нешто, не помалку вредно – а, тоа е да го намалиме иселувањето на младите, образовани луѓе“, рече претседателот Пендаровски, повикувајќи државата да им овозможи на сите млади таленти еднакви можности да напредуваат, и да ги препознава и наградува најуспешните меѓу нив. „Само така ќе можеме да ја вратиме довербата кај младите дека можат да успеат и тука, во нивната татковина со својот талент, со својот вложен труд и постигнати резултати“, рече претседателот Пендаровски. Признанието „Успешни млади“ се доделува по трет пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-makedon-dobi-priznanie-od-pendarovski/feed/ 0
Касами: Денес имав средба со Македон, му подарив еден од глобусите на нашата општина и таблет https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/#respond Tue, 14 Jun 2022 13:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=690798

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во својот кабинет го пречека Македон Димитровски, второодделенец од градот кој доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници“. Од општината и градоначалникот, Македон како подарок доби глобус и таблет, а Касами истакна дека му нуди целосна поддршка и помош да продолжи со успесите на математичките натпревари. -Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата. Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари. Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат, порача Биљал Касами по средбата со Македон. Седумгодишниот Македон од Тетово има 134 коефициент на интелигенција. Заврши второ одделение во ОУ „Лирија“ во Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/feed/ 0
Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” со остра осуда кон Никола Димитров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-makedoncite-od-egejot-makedon-so-ostra-osuda-kon-nikola-dimitrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-makedoncite-od-egejot-makedon-so-ostra-osuda-kon-nikola-dimitrov/#respond Sat, 16 Mar 2019 15:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=175408

На денешната средба во Дом на АРМ во Скопје, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” остро ги осуди изјавите на министерот за надворешна политика, Никола Димитров и портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски. На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонина, Трајче Димков со потекло од Егејска Македонија и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Членовите на Сојузот едногласно се согласија дека Димитров, кој е по потекло од Егејска Македонија, свесно ги негира своите корени од Беломорска Македонија со изјави дека постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата” и дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседната земја според Преспанскиот договор и дека македонскиот јазик нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци во Грција. -Ние отсекогаш сме зборувале на македонски јазик, дури ни кога не протеруваа од нашите домови, ние не го знаевме грчкиот јазик, мојата баба не знаеше ниту еден грчки збор, изјави еден од членовите на Сојузот. Македонците од Егејска Македонија истакнаа и дека чичкото на Димитров,  Мице Димитров, е истакнат изведувач на македонски песни од Егејот, а Димитров директно го игнорира тој факт и ја погазува целата негова фамилија и неговите достигнувања за Македонците во Егејска Македонија. Од Сојузот „Македон” рекоа дека ќе се борат со сите факти и докази дека тие се Македонци и дека во Егејска Македонија сеуште постојат нивни браќа, роднини и пријатели Македонци, наспроти откажувањето на Димитров и Заев од оваа категорија на луѓе кои најмногу страдале во македонската историја. Тие на средбата истакнаа дека ќе ја дадат целосната поддршка на Гордана Силјановска-Давкова на претстојните Претседателски Избори и и' се благодарни бидејќи таа застана прва во нивна одбрана и ја осуди ненародната изјава на Димитров.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-makedoncite-od-egejot-makedon-so-ostra-osuda-kon-nikola-dimitrov/feed/ 0