македониј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jan 2022 20:33:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македониј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каква е состојбата со коронавирусот по градови во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-po-gradovi-vo-makedonija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-po-gradovi-vo-makedonija-2/#respond Sun, 16 Jan 2022 20:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=620062

Според епидемиолошки анализи на Министерството за здравство во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 109826, Активни 8609 Куманово 13829, Активни 580 Прилеп 11914, Активни 890 Тетово 11726, Активни 266 Битола 11103, Активни 1456 Гостивар 8334, Активни 210 Кавадарци 7976, Активни 413 Велес 7887, Активни 317 Охрид 7428, Активни 565 Штип 7113, Активни 270 Струмица 6669, Активни 321 Кичево 4594, Активни 232 Кочани 4309, Активни 159 Струга 4115, Активни 162 Гевгелија 3258, Активни 242 Неготино 2827, Активни 157 Валандово 1193, Активни 134 Кратово 814, Активни 24 Богданци 757, Активни 57 Крушево 760, Активни 140 Демир Хисар 699, Активни 49 Македонски Брод 588, Активни 39 Демир Капија 454, Активни 18 Македонска Каменица 453, Активни 24 Пехчево 380, Активни 18 Свети Николе 2252, Активни 83 Крива Паланка 2071, Активни 102 Ресен 2079, Активни 166 Радовиш 2014, Активни 180 Делчево 1579, Активни 90 Берово 1538, Активни 52 Дебар 1477, Активни 16 Виница 1220, Активни 34 Пробиштип 1206, Активни 50 Дојран 190, Активни 7. Инаку, од направени 6.141 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови. Oздравени сe 784 пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-po-gradovi-vo-makedonija-2/feed/ 0
Од Авганистан во државава ќе бидат преземени 650 граѓани, се утврдуваат деталите за нивниот престој и транспорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-avganistan-vo-drzavava-kje-bidat-prezemeni-650-gragjani-se-utvrduvaat-detalite-za-nivniot-prestoj-i-transport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-avganistan-vo-drzavava-kje-bidat-prezemeni-650-gragjani-se-utvrduvaat-detalite-za-nivniot-prestoj-i-transport/#respond Fri, 20 Aug 2021 15:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=553102

Владата до овој момент презеде обврска за прифаќање на околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија. Тоа го соопшти владината прес-служба по денешниот координативен состанок што се одржа во Владата во организација на премиерот Зоран Заев со сите вклучени чинители во големата хуманитарна меѓународна мисија за спасување на цивилно мирољубиво население од Авганистан. На состанокот биле разгледани сите оперативни аспекти во врска со привременото сместувањето на лицата во хотели и мотели, до трансферот до нивните крајни дестинации како што се САД или трети земји, за што трошоците ќе бидат покриени од меѓународните организации. Премиерот Заев, стои во соопштението, ги информирал присутните дека последното прифатено барање за обезбедување помош за спасување и прифаќање граѓани е дадено на Меѓународната асоцијација на новинари (IFJ) за 15 новинари, медиумски работници и членови на нивните семејства, со што вкупната бројка на медиумски работници и членови на нивни семејства кои ќе бидат згрижени во нашата земја ќе достигне над 80. -Нашата држава и нашето општество имаат и капацитети и начин на организираност и високо изразено чувство за солидарност и сите ние заедно ќе покажеме и пред демократските пријатели од Авганистан, и пред целиот свет и пред себеси дека во ваквите кризни хуманитарни ситуации не постои поинаков одговор освен веднаш да се помогне со сите капацитети на располагање – спасуваме миротворно население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан и кои беа помош и поддршка и на нашата Армија во мировните мисии таму, рекол премиерот Заев. Во лично и во име на Владата изразил огромна благодарност до сите организации и институции кои, наведуваат од Владата, се вклучени во оваа глобална живото-спасувачка мисија во која Северна Македонија се вклучува како предводник заедно со неколку земји од регионот и со своите сојузници од НАТО, a со која се евакуираа сите македонски граѓани од територијата на Авганистан и со која се спасуваат граѓани од локалното население од демократските мисии во земјата. Владината прес-служба наведува дека на состанокот од Министерството за надворешни работи, информирале дека во овој момент сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома во Македонија. Од Министерството за внатрешни работи, пак, соопштиле дека ја обезбедуваат сигурноста на македонските државјани, но и на авганистанските државјани кои влегуваат во земјата од хуманитарни причини. МВР, потенцираат од Владата, ги презема сите потребни активности кои се однесуваат на граничното работење, преминот на државната граница и останатите аспекти за регулирање на статусот и престојот на оваа категорија на лица во нашата држава. Претставниците на Црвениот Крст на состанокот ги презентирале плановите за прифаќање и помош на граѓаните кои се очекува да пристигнат во следните денови. -Црвениот крст заедно со останатите меѓународни организации ќе обезбедат соодветни информации, превод и комуникација со лицата согласно нивните потреби, основни средства и пакети за хигиена, како и задоволување на сите медицински потреби на лицата во координација со Министерството за здравство, како и средства за комуникација и одржување на работните потреби на луѓето, рекреативни активности и активности за целокупна поддршка на луѓето и децата во овој период, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-avganistan-vo-drzavava-kje-bidat-prezemeni-650-gragjani-se-utvrduvaat-detalite-za-nivniot-prestoj-i-transport/feed/ 0
Анкета на детектор: Граѓаните со проодна оценка за образовниот систем во Mакедонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/#respond Sun, 15 Dec 2019 20:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=277940

Граѓаните на Република Македонија му дадоа само проодна оценка на образониот систем, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење на Детектор. Најслаба оценка од граѓаните добило средното образование, со средна оценка 2,79. Нешто подобро поминало високото образование кое е оценето со средна оценка 2,84, а 2,85 е средната оценка која граѓаните му ја дале на основното образование. Во споредба со последната анкета од во мај годинава, се бележи намалување на средната оценка за квалитетот на образованието. Сепак, 51,6% од анкетираните велат дека генерално не се задоволни од квалитетот на образованието додека 44,8% велат дека во Македонија има квалитетно образование. Споредено со минатото истражување има промени, бидејќи тогаш 49,2 отсто од граѓаните беа задоволни од образованието, а 46,3 проценти не. 54,4% велат дека не се задоволни од квалитетот на учебниците, додека 23,6% се на став дека учебниците се квалитетни. 45,7% од анкетираните велат дека наставниот кадар не е квалитетен додека 34,1% сметаат дека во Македонија има квалитетни наставници. На прашањето каков е квалитетот на образовниот процес во Македонија во споредба со земјите од регионот, 40,1% одговорија дека е полош, 29,8% дека е сличен, додека 10,4% оценија дека имаме подобар образовен систем од земјите во регионот. Анкетата која за Детектор ја направи Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/feed/ 0