македонија блокира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Jan 2019 13:09:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија блокира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Македонија блокира“ бара нивни претставници да присуствуваат на пленарната седница за уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-bara-nivni-pretstavnici-da-prisustvuvaat-na-plenarnata-sednica-za-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-bara-nivni-pretstavnici-da-prisustvuvaat-na-plenarnata-sednica-za-ustavnite-izmeni/#respond Wed, 09 Jan 2019 13:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=150095

Членови на граѓанското здружение „Македонија блокира“, кои протестираат пред македонското Собрание против уставните измени, побараа од полицијата да пушти тројца нивни претставници, кои ќе присуствуваат на пленарната седница и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците. Тие од собраниското обезбедување биле известени дека седницата е одложена за  попладнево во 16 часот. – Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија била и ќе  биде, рече Драган Угриновски од „Македонија – блокира”. Жарко Гроздановски од здружението „Христијанско братство“  го повика претседателот Ѓорге Иванов да им се придружи на протестот и да прогласи воена состојба, бидејќи пред него лично Зоран Заев дал гаранција дека нема да го промени името и уставот на Република Македонија, а доколку тоа не го направи, нагласи дека, и тој влегува на листата на предавници. Претседателот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев изјави дека нивни член е на разговор со претседателот Иванов во неговиот кабинет – Ова е само првата фаза. Ова е полесниот пат денеска да ги спречиме да го извршат националното предавство. Меѓутоа, има уште еден пат што дополнитено ќе следи, доколку ова не успее. Ова е марионетска власт која не сака да го почитува народот. На 30 септември народот јасно си кажа. Затоа, дали треба да и дозволиме на оваа збирштина да избрише се што е македонско, рече Бачев на протестот. Денешниот протест е организиран од граѓанските здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“.  Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата. Протестот, како што велат организаторите, ќе трае се додека не заврши пленарната седница, ќе вршат притисок и нема да дозволат да бидат усвоени уставните измени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-bara-nivni-pretstavnici-da-prisustvuvaat-na-plenarnata-sednica-za-ustavnite-izmeni/feed/ 0
„Македонија-Блокира“ најави протести во 40 општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-najavi-protesti-vo-40-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-najavi-protesti-vo-40-opshtini/#respond Sat, 29 Dec 2018 11:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=146406

„Македонија-Блокира“ за денеска најави блокади и протести и во внатрешноста на земјата, против уставните измени. Оттаму велат дека во текот на денот, во перод од 13 до 15 часот ќе протестираат во 40 општини низ Македонија, а информираат дека блокадите уредно ги најавиле во МВР. -„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише сѐ што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да нѐ провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од ‘Македонија-Блокира’ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише сѐ што е македонско или Македонија ќе победи, велат организаторите. Додаваат дека битката ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, без Зоран Заев како премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-najavi-protesti-vo-40-opshtini/feed/ 0
Отстранет кампот на „Македонија блокира“ од Жена парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstranet-kampot-na-makedonija-blokira-od-zena-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstranet-kampot-na-makedonija-blokira-od-zena-park/#respond Tue, 25 Dec 2018 10:16:46 +0000 https://kurir.mk/?p=144714

Утрината комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ. Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта. Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема. Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstranet-kampot-na-makedonija-blokira-od-zena-park/feed/ 0
„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-kje-go-blokira-patot-kichevo-ohrid-kaj-selo-drugovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-kje-go-blokira-patot-kichevo-ohrid-kaj-selo-drugovo/#respond Sun, 23 Dec 2018 07:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=143780

„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид. Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-kje-go-blokira-patot-kichevo-ohrid-kaj-selo-drugovo/feed/ 0
„Македонија блокира“: Или СДСМ ќе избрише се што е македонско, или Македонија ќе победи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-ili-sdsm-kje-izbrishe-se-shto-e-makedonsko-ili-makedonija-kje-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-ili-sdsm-kje-izbrishe-se-shto-e-makedonsko-ili-makedonija-kje-pobedi/#respond Sun, 02 Dec 2018 11:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=134814

„Македонија-Блокира“ најостро ги осудува лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на Сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, а што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза, се вели во соопштението на Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори. Оттаму посочуваат дека ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на Сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име. Според нив ова значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза. -Исто така, „Македонија-Блокира“ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца. „Македонија-Блокира“ го повикува СДСМ да престане со нервозните реакции на сеење страв оти процесот е тргнат храбро, решително и во интерес на народот и за околу месец дена ќе го видиме резултатот: или СДСМ ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-ili-sdsm-kje-izbrishe-se-shto-e-makedonsko-ili-makedonija-kje-pobedi/feed/ 0
„Македонија-Блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-go-poddrzuva-i-kje-uchestvuva-na-deneshniot-protest-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-go-poddrzuva-i-kje-uchestvuva-na-deneshniot-protest-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 28 Nov 2018 10:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=133010

Македонија-Блокира поддржува секакви протести против ненародната власт и затоа ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската Влада, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“. „Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес. Ова зло што му се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши се што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат и затоа во периодот што следи треба единствени и сплотени да се бориме против уставните промени со кои се брише се што е македонско, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа! Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците. Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-blokira-go-poddrzuva-i-kje-uchestvuva-na-deneshniot-protest-na-vmro-dpmne/feed/ 0