македонија – финска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Nov 2020 20:41:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија – финска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финска не беше проблем, патот до ЕП 2022 почна со лесна победа за Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finska-ne-beshe-problem-patot-do-ep-2022-pochna-so-lesna-pobeda-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finska-ne-beshe-problem-patot-do-ep-2022-pochna-so-lesna-pobeda-za-makedonija/#respond Wed, 04 Nov 2020 20:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=425120

Без да стравуваат за бодовите, македонските ракометари со победа ги отворија квалификациите за Европското првенство во 2022 година, против селекцијата на Финска. Пред празни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, аутсајдерот во нашата група 7 падна со 33-24. Македонија ги потврди најавите дека е поквалитетна од Финска за неколку нивоа и затоа на овој натпревар не беше доведен во прашање исходот. Финците парираа една четвртина од натпреварот, поточно до 14. минута, кога водеа со 4-5. Потоа следуваше неизбежен бран грешки во нивните напади, поттикнати од солидната 6-0 зона на Данило Брестовац, во која Никола или Велко Маркоски влегуваа на местото на Кире Лазаров, во транзицијата од напад во одбрана. Не можеа да постигнат гол осум минути, што поради грешки, што поради интервенции на Никола Митревски, па Македонија направи серија од 6-0 и поведе со 10-6. Ова водство беше само основа за продолжението од мечот, во кое не дозволивме позитивата да падне под +5. Првото полувреме заврши со 16-10, што претставуваше највисока разлика, а најзаслужни за тоа беа Лазаров со седум гола и Митревски со пет одбрани. Во вториот дел само ја пробивавме највисоката разлика, полека и селекторот Брестовац почна да го комбинира составот и да им дава шанса на момците од клупата, а тие во најголем дел ја искористија шансата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finska-ne-beshe-problem-patot-do-ep-2022-pochna-so-lesna-pobeda-za-makedonija/feed/ 0