македонија-германија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Oct 2021 05:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија-германија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милевски по поразот: Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-po-porazot-protiv-germanija-ne-e-dovolno-da-odigrash-samo-edno-dobro-poluvreme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-po-porazot-protiv-germanija-ne-e-dovolno-da-odigrash-samo-edno-dobro-poluvreme/#respond Tue, 12 Oct 2021 05:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=577438

Македонија пред повеќе од 15.000 навивачи на „Тодор Проески“ не успеа по втор пат да ја изненади Германија. Победа од 4:0 за гостинот и прв пораз за Милевски на кормилото на А тимот. Повредата на Адеми се чини ги наручи сите планови и концептот на игра кој го постави Милевски на почетокот од дуелот. Не одеше од помош ниту времето, дождот дополнително предизвика несигурност во играта на дел од нашите репрезентативци кои на крајот мораа да прифатат дека беа надиграни. -Им ја честитам победата на Германија, која е заслужена. Од друга страна од првото полувреме не` можам да бидам незадоволен од нашата игра и транзиција, но не искористивме ниту еден обид, шанса. Во второто полувреме, сите четири гола беа поради наши грешки. Мислам дека момците по првиот гол паднаа физички а можеби и недоволната подготвеност на одредени играчи донесе до индивидуални грешки. Адеми и тоа како важен играч за тимот, важен играч во тактичката поставеност, по неговата замена имавме пет шест минути проблем додека Стефан фати ритам. Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме. Ако сакаш да оствариш позитивен резултат. Тие секоја грешка ја казнуваа. На нас останува да продолжиме на начинот на кој игравме до сега, особено како првото полувреме. Ни остануваат уште два натпревари до крај, благодарност до навивачите и секако ги чекаме во уште поголем број да не бодрат на домашниот натпревар со Исланд, изјави Благоја Милевски, селекторот на Македонија. Во следното коло од квалификациите за СП, Македонија гостува кај Ерменија а во последното коло го дочекува Исланд. -Ние не се откажуваме од второто место во оваа група, но потсетувам дека создаваме тим кој треба да биде конкурентен во квалификациите за ЕП во 2024 година. Секоја можност што ќе ни се пружи ќе дадеме се од себе за да дојдеме до тоа второ место во Ј групата од мундијалските квалификации за Катар, додаде Милевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-po-porazot-protiv-germanija-ne-e-dovolno-da-odigrash-samo-edno-dobro-poluvreme/feed/ 0
Македонија – Германија со пренос и на францускиот телевизиски канал ЕкипТВ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-germanija-so-prenos-i-na-francuskiot-televiziski-kanal-ekiptv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-germanija-so-prenos-i-na-francuskiot-televiziski-kanal-ekiptv/#respond Mon, 11 Oct 2021 13:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=577107

Француските љубители на фудбалот ќе можат преку директен пренос да го проследат натпреварот меѓу Северна Македонија и Германија, што ќе се прикажува на спортскиот телевизиски канал ЕкипТВ, кој може да се гледа во Франција без претплата, јави дописникот на МИА. Како што пишуваат француските медиуми, додека Германија гледа да се пласира на следното Светско првенство што е можно поскоро, Ханзи Флик сака да ја докаже својата способност победувајќи ја Северна Македонија. -Тие (Македонците) не се џинови, но го победија претходникот на Флик дома во Германија. Бидејќи ова е последен натпревар од оваа меѓународна кампања, тренерот на Германија може да избере да го стави експериментирањето во мирување во корист на само собирање на трите бода, пишува „Марсеј Њуз“. Германија сака да се квалификува, а германските новинари заборавија да го прашаат Ханзи дали сака даго менува составот или не (благодарам момци!) Така што немаме идеја дали ќе има нови имиња во селекцијата. Сепак, со оглед на тоа што Флик беше тренер на Баерн Минхен околу една и пол година, веројатно можеме да ги очекуваме можните апсолутни минимални промени, вели порталот. По поразот на Германија од Македонија, францускиот печат изобилуваше со статии посветени на поразот, но и победата на македонските фудбалери и посебно на Горан Пандев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-germanija-so-prenos-i-na-francuskiot-televiziski-kanal-ekiptv/feed/ 0
Македонија ја пречекува Германија: Ќе паднат ли овој пат „панцирите“ на Градски? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-ja-prechekuva-germanija-kje-padnat-li-ovoj-pat-pancirite-na-gradski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-ja-prechekuva-germanija-kje-padnat-li-ovoj-pat-pancirite-na-gradski/#respond Mon, 11 Oct 2021 07:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=576816

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 20:45 часот е домаќин на Германија во натпревар од 8. коло Ј-група во квалификациите за Светското првенство 2022. Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавуваат голема борбеност и обид за ново изненадување против силниот противник кој веќе еднаш беше совладан во овој циклус. Капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција во пресрет на мечот побара дисциплинирана игра. -Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Тие за мене се најголемата репрезентација на светот. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи сè што ќе ни се пружи, рече Ристовски. Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. На другите две средби од ова коло играат: Романија – Ерменија и Исланд – Лихтенштајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-ja-prechekuva-germanija-kje-padnat-li-ovoj-pat-pancirite-na-gradski/feed/ 0
Билетите за мега-дуелот Македонија-Германија од денеска во продажба, на стадион само со сертификат за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/biletite-za-mega-duelot-makedonija-germanija-od-deneska-vo-prodazba-na-stadion-samo-so-sertifikat-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/biletite-za-mega-duelot-makedonija-germanija-od-deneska-vo-prodazba-na-stadion-samo-so-sertifikat-za-vakcinacija/#respond Mon, 04 Oct 2021 05:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=572494

Фудбалската федерација на Македонија ги објави цените на билетите за мега-дуелот со Германија на 11. октомври и тие чинат од 100 до 500 денари. Преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од денеска започнува продажба на билети за квалификацискиот натпревар на македонската А репрезентација против Германија кој ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостинските навивачи. Бројот на љубители на фудбалот кои ќе присуствуваат на Националната арена „Тодор Проески“ за мечот Македонија - Германија е ограничен на 50 проценти од вкупниот капацитет согласно мерките утврдени за заштита од вирусот Ковид-19 и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините. Продажбата на билетите ќе се одвива електронски преку системот на MKTickets, додека билетарата на Националана арена ќе биде отворена за физичка продажба на влезници на 9, 10 и 11 октомври во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложен документ за идентификација. Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи: - Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест - Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/biletite-za-mega-duelot-makedonija-germanija-od-deneska-vo-prodazba-na-stadion-samo-so-sertifikat-za-vakcinacija/feed/ 0
Македонија против Германија за прво место во групата на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-protiv-germanija-za-prvo-mesto-vo-grupata-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-protiv-germanija-za-prvo-mesto-vo-grupata-na-ep/#respond Wed, 17 Jan 2018 08:28:05 +0000 http://kurir.mk/?p=12061

Македонската ракометна репрезентација против актуелниот европски шампион Германија вечерва ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска. Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин. Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија. На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија. На прес-конференцијата која вчера се одржа во тимскиот хотел во Загреб, нашите репрезентативци го искажаа задоволството од досегашните резултати на првенството порачувајќи дека ќе одиграат во свој стил, максимално борбено и посветено и против фаворизираната Германија. Натпреварот почнува од 18:15 часот во „Загребска Арена“. По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин. Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка и Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-protiv-germanija-za-prvo-mesto-vo-grupata-na-ep/feed/ 0